Ама преку глава ми е од ваквите, не смее да ти се јавува дома после работа. Ало, ако има работа ќе се јавува и кај маж и кај жена што има врска тоа. РАБОТА Е!!
Благодарам за мислењето но не го видов не дека го одминав. Сега го читам , јас сум свесна дека до некаде не е во ред но ми пречи и затоа побарав совети ,јас не очекувам сите да ме подржуваат и да ми викаат да да така треба. Затоа што јас да знаев како да постапам немаше да барам совет.
Значи конкретно за овај случај со женава кој и е изборот? Мажот ќе го смени на 31 година? Па кантер игра со друштво до 4 на сабајле. Развод со бебе на 40 дена и 2 год друго? Можи да си замини и каде? Пак кај некој со ќе и помогни, еве мајката нека биди. Ако остани дома вака и нема кој да дојди а мажот е незаинтересиран, жената ќе западни психички и физички. Ако имам потреба за помош од некој дали свекрва, мајка јас ќе барам, за тебе не знам.
Не знам што да ти кажам, ама мислам дека не прифаќаш ниедно мислење сем она што ти вика ДА ТИ СИ ВО ПРАВО! Не, не си во право. Пред тебе тој човек имал живот, не можеш сега ти да му кажеш Не смееш да контактираш! Да е маж ми ќе ти кажеше досега Епа тоа е што е, не можеш ти да ме контролираш како да живеам и со кој да контактирам. Ма ја да бев па ќе го речев истото. Тоа не е живот, да конторолираш некој цело време. Поработи на себе, ако имаш цврсти докази онда можеш и треба да реагираш, ама вака од сомнежи само, ќе си го упропастиш бракот.
Е барај, ако се погоди ваков како шо го опиша жената, шо го бара на болно дете, таа трудна а тој си продолжува да си игра, па ни добила помош, ни ќе добие.
Па тој нема да има ни жена ни дете од моментот кога не сака да дподе за болно дете и продолжува со игри
Тој еве велиме не е битен, да не се фокусираме на него. Шо ќе прај женава сама ќе ги гледа децава и не треба да викни помош како свекрва, мајка оти не е нивна должност, нормално треба да е сама остаена оти секој си има свој живот , па не треба да се гледа за најблиските, кога му е најлошо. Бабиве нека служат само да фрлат некоја паричка од празник, за празник.
Баш така. Примарно е она да закрепни, да се одмори да ојача и психички и физички па нека мисли што ќе прави со тинејџерот маж. Реков свекрва да дојде зашто е негов станот па може не сака мајка и да доаѓа.. секакви ги има.
Едно ќе ти кажам: Дур маж кажува немаш причина за грижа,а дур крие имаш. Она ако сака да се упикува,нека се упикува ама дури он не сака нема што да се секираш.
Ако даде отказ од работа, нема да ја гледа секој ден колешката. А ако го врзиш в подрум за радијатор, никоја жена освен тебе нема да го гледа. Иронична сум, се разбира. Стварно се чудам како стапувате во брак со луѓе во кои што немате доверба. Тој ако сака или прави нешто со колешката и да не се слуша кога е дома, пак ќе сака/ќе прави. Јас да сум на негово место би се лутела. Не можам да поднесам љубоморен партнер кој за сѐ ќе ми се качува на глава. Ако денес ти смета шо му се јавува колешка за службени работи (па и приватно да е), утре ќе ти смета ако некоја на улица гледа во него. Најди си издувен вентил како да ја канализираш љубомората, оти таа главна причина за сите кавги ќе ви биде.
Маж ми во ек на работа претходните 3м се слушаа по 6-7 пати на Тимс со колегите, некогаш само со колешката, некогаш сите и во и вон раб време. Се дур е темата работа и околу работа, не се замарам.
Каква навика кога има потреба, навика е да пиеш пиво пред спиење со маж ти и да гледаш филм, консултации за работа е потреба. Девојкава само и треба некоја работа да си најде да нема време да си ствара филмови во глава без потреба.