Зборот ми е да се навикнеш дека нема определено фиксно работно време и да не ти прече што е постојано на телефон. Не секој го сака тоа
Браво! А додека на работа го следиш што муабети и со кого? На пауза со кого оди, каде оди? Зашто нели само ако му се јавува колешка после работа е проблем.
Фала на сите за советите. Седнавме и разговаравме со маж ми. Си ги сфати грешките. Ќе работи од дома еден период и ќе ми помага, за понатака ќе бараме решение. Малиот тргна во градинка и малку се вратив во нормала.
Аааа значи сега си сто посто раат. И една познаничка како тебе беше раат, немаше колешки мажот и, имаше фиксно работно време... Ама ете си се фати со сестра на колега. Така да ако немаш доверба во мажот ти, јас не знам што бараш со него. Јас не поднесувам љубомкра и контрола во врска.
И што ти е поентата сега? Кажав дека не секој сака да го замаарат после работно време, дека не секој сака да работи нефлексибилно раб.време. Не знам зошто пробуваш да омаловажуваш за да се направеш дека си нешто попаметна
Не сум попаметна, само ти кажувам гаранција за верност нема. Освен доверба да имаш во мажот ти. Јас да имам некој во тим, кого жена му или мажот и не му дозволува да комуницира за работа после 4, а работата му е таква, и заради тоа трпи.. Отказ добива ако не си среди. Битно е работата да се заврши, а за љубоморни испади изабрани од брачни партнери не го занима шефот.
Што ви е со коментариве што ја правите болно љубоморна? И мене и на секој нормален би му сметало толкава блискост и јавување секој ден после работно време. Женската интуиција ретко кога лаже. Ако осеќаш дека му се пушта и нејзиниот однос е малце повеќе од колегијалност најверојатно е така. Мене според ситуацијава ми изгледа дека и маж ти е свесен ама не и возвраќа. Разговарај со него отворено и смирено, кажи му дека имаш такво чувство и прашај го за негово мислење. Не си луда, не си посесивна, не ги болесник што го врзува маж и во подрум, туку си жена со чувства која моментално е збунета.
Како и се напнавте на женава небаре сте пресигурни дека стварно само за работа разговараат со колешката и дека таа нема задни намери,валда не е љубоморна на секоја жена околу маж и,ете за оваа едноставно нешто ја копка,што вели @WildMk интуиција е во прашање,и мене никогаш не ме излажала
Работа е работа, кој сака работата да си ја носи дома? Зависи и од тоа што конкретно работи ама реално кој сака за време на семеен ручек да му ѕвони телефон без разлика дали е колега или колешка? Син ми ќе го чека татко му од работа да си играат, тој ќе збори со колешката и јас ќе сум ок цело време? Не е само љубомора во прашање туку квалитетно поминато време дома. Исто како што јас не вознемирувам никого во фирма, така не сакам дома да ме вознемируваат. И маж ми нема колешки ама исто ми се крева коса кога дома 100 пати ќе му се јават за работа.
Леле озбилни сте биле со ова женска интуиција никад не лаже, јас мислев иронични сте Не ми се верува дека го пиша ова, најискрено Демек јас безбедна сум, мислете му ја другите хахахаххахаха. Боже боже пресмешно
Три збора ти е мислењето, не е книга од Кафка па да ја толкуваме, поприлично јасно беше, нема што да се испреврти