Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    2.580
    Пол:
    Женски
    И пак жената крива што помислила дека мажот има нешто со колешката :)
    Ако и е ок што колешката го бара цело време, тогаш “како можеш ништо да не приметиш, пред очи ти се швалерисувал, а ти си мижела” и слично!
    Секој од нас горе доле исто би изреагирал.
    И мене не ми било сеедно некоја да му ѕвони на маж ми цело време, па уште и да зборат на јазик на кој не го разбирам.
    Знам многу вакви “колешки” кои пробале или растуриле нечив брак. Не дека сите се исти.
    Затоа кај секоја од нас се пали некоја сијаличка на претпазливост или мал сомнеж, без разлика колку му веруваме на мажот.
     
    На Oneo, Nausicaa, elimkd и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Ако не сфаќаш ти зошто, јас секако не можам да ти објаснам :D
     
  3. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Пробај,те молам.
     
  4. Hecate

    Hecate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2022
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    947
    Пол:
    Женски
    Сите ме нападнаа ме направија болно љубоморна. Едноставно не убаво се осетив тоа малце време што го имаме заедно му се јавува неколку пати додека ние бевме во едно паркче во природа гушнати и таа се јавува зборуваат нешто ни збор не разбрав он ми вика дека е за работа но слушнав дека го вика со нагалено име. Зошто така го вика ? Он и е само колега од работа нема потреба така да го вика. Го прашав сопругот што зборуваа ми рече само за работа. Едноставно не дека не му верувам до сега ме нема излажано но сепак сакам да сум претпазлива не можам слепо да верувам на никој. Плус многу ме вознемири фактот што кога отидов кај нив на работа со неа така зборувавме и она кога и кажав дека планираме бебе како да и се смени изразот на лицето(во негативна смисла). Место да ме осудите сите и да ме правите болно љубоморна може да се обидете да ме сватите сама сум во непозната земја само сопругот ми е и никој не познавам едвај разбирам нешто некој зборчиња уште го учам јазикот. Тука многу ретко кој знае англиски. Почнав на јога да одам за да се занимавам со нешто по малце така се разбираме до инструкторката. Исто така осеќам голем притисок затоа што тука се е испозатворено цели молови ,има постојано немири поради војната. Многу работи што ги нема во медиумите ,невини луѓе во Русија меѓу кои и јас патат поради војната и ги трпат последиците.
     
    На Oneo, Sexybaby86, ALISA0000 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Сомнежот ти е оправдан,гледај да не ти премине во опсесија,убаво пиша некоја членка погоре,можеби таа пробува нешто,тој не сака,ама сепак му е колешка и мора да одржува комуникација,сигурно глупаво му е да и рече да не му се јавува,не верувам дека имаат нешто,пробај помалку да се нервираш и разговарај со сопругот.
    Инаку искрено и мене би ми сметало ако е секојдневно и толку често,никој не може да ме убеди дека е нормално,работа преку глава може да е периодично ден два,ама постојано не би рекла.
     
    На Oneo, anastasijaki, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Да бе, сами им се качуваат на мажите, а тие невини бегаат од нив.
    Ако не сака ништо да направи, милион можности да има, нема ни да помисли на друга, ама ако сака, врзи му и раце и нозе и очи, пак друга во мислите ќе има.

    Океј, разбирам интуиција, ама ако имам интуиција ваљда треба да проверам некако дали сум во право или не. Тоа шо таа ќе престани да му ѕвони вон работно време нема да ми докажи апсолутно ништо. Ако имам некаков сомнеж, пак ќе ме копка и да не се слуша со неа.

    @Hecate ете си разговарала со него, ти објаснил. Ако одлучиш да му веруваш на тоа, сметам дека не треба повеќе да го замараш за колешката ни воопшто да ја спомнуваш и наместо времето шо го имате да го поминувате квалитетно, вие да разговарате за неа.
    Можеби е љубоморна таа на тебе, ама додека ти го имаш со тебе и до тебе тој шо треба, ич не треба да се грижиш за неа.
    Претпоставувам дека тој е колега со неа уште пред да е со тебе. Ако е така, не мислиш дека немало да е со тебе ако сакал нешто со неа?

    Ова е мое мислење, се разбира сите сме различни карактери, со различни мажи сме во брак, различно ни функционираат браковите.
    Ете, јас секогаш ќе одберам заедничкото време да го поминиме меѓу другото во разговори за нас, отколку за други луѓе, освен ако тоа некако не нѐ афектира нас.
     
    Последна измена: 16 март 2022
    На Hecate му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Женски
    Јас имам фиксно работно време. Еден период бев малку пофлексибилна и сватив дека грешам и дека е добро да си го одделам приватниот од професионалниот живот. Сега ми е поубаво. Верувај дека не е воопшто убаво некој за те бара после 16-17ч и тоа секој ден, по неколку пати.
    Имав слична ваква ситуација каде што ми се јавуваа после работа и ќе прашаат нешто за консултација и после си започнува приватен муабет и почнува со комплименти како сум одржала состанок или сл. Имав чувство дека сака да флертува и тогаш јасно и гласно му реков дека после работа несакам да не ме замара со вакви банални работи бидејќи моето работно време се знае во колку завршува. Дека нема потреба од циле-миле и јас сум од луѓето што одржуваат строго професионален однос на работа. Сепак до некаде треба да се има граница. Од тогаш веќе внимаваше како воопшто ми се обраќа дури почна да ми персира. Во толку години работа ова е единствен случај што сум го имала со ваков испад бидејќи со мене секогаш знаат на што се и што смеат а што несмеат.
    Но гледам примери на колеги и колешки кои флертуваат, им се упикуваат, ги бараат после работа особено тие што се над нив со работна позиција само за да извлечат корист и помош од нив. Накратко за да ја сокријат својата неспособност. Некои завршуваат и со тајни врски. Мене тоа ми е одвратно да го гледам а камо ли да правам нешто.
    И едноставно е, времето кое го поминувам со моето семејство ми е свето време и не дозволувам никој да ми го ремети или троши безполезно и не правам отстапки освен ако некаде гори а тоа е 2-3 пати во година некој да ме побара надвор од работно време.
     
    На Oneo, Sexybaby86, Izaabella и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Абе друшке интуицијата е дека колешката сака да му се упика и најверојатно е така,членкава не дека нема доверба во маж и туку едноставно и смета што е таа нападна,мене ми е скроз тоа оправдано,е сега од неа зсвиси понатаму како ќе се справува со ситуацијата,а можда и сопругов треба да преземе нешто за мир у кучи,пошо очигледно оваа атварно не го бара само за работа,па нека пресече и тој,нека ги редуцира тие јавувања,нека не и крева некогаш. Јас исто би се нервирала најискрено.
     
    На wildqueen, cresa-jagoda и Hecate им се допаѓа ова.
  9. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.468
    Допаѓања:
    17.115
    Пол:
    Женски
    Ние можеме да бидеме претпазливи ама ако маж ми решил да ме вара не постои начин да го спречам
     
    На Skorpija25 и RAK91 им се допаѓа ова.
  10. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Ама членката никаде не пиша дека мисли дека маж и ја вара и нема доверба,туку дека и смета упикувањето на колешката. Е не може магично да престане да и смета.
     
    На cresa-jagoda и Hecate им се допаѓа ова.
  11. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Јао луѓе.
    Муж ми работи со женски. Млади. Убави. Некоја повеќе некоја помалку.
    Ако размислував така оде воз у кукуруз ќе беше до сега.
    Ако нема доверба, џабе е се.
     
    На loverboy09 и nena2010 им се допаѓа ова.
  12. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    Не знам дали само мене така ми изгледа, но делот кај шо од нигде никаде и кажуваш на колешката дека планирате бебе со мажот ми е чуден.
    То не се кажува посебно на некој шо ти не го ни познаваш, не е ни до тебе да кажиш ако сака мажот да ја пренеси таа информација, ќе кажел.
    Место здраво како си, ти шериш ту мач инфо за твојата интимност, не ти другарка сепак ти си знајш, но изгледа непотребно и чудно.
    Плус тоа ти не знаеш руски, таа не доволно англиски, дали те има сватено како шо треба или ти како си кажала..
     
    На Oneo, Skorpija25 и stsmua05 им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Жената не пиша дека ѝ смета тоа што работи маж ѝ со жени, туку што постојано се слуша надвор од раб.време со колешката. Зошто си вртите како ви одговара не знам
     
    На Angie1432, AneSk, Stressed Out и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Hecate

    Hecate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2022
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    947
    Пол:
    Женски
    Намерно и кажав за да видам како ќе реагира инаку не дека на прво гледање и реков еј ние планираме дете. Инаку она добро разбира англиски. Не беше тоа рандом од никаде туку натака одеше муабетот се правеше нешто муабет за негова колешка дека е бремена и јас спомнав ние планираме дете .
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    Втф. Ете затоа така ти реагира тебе и тоа ти било намерата.
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.331
    Допаѓања:
    102.942
    Пол:
    Женски
    Алелуја некој друг примети.
     
  17. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Па ако му е колешка ќе се слушаат во зависност што работи. И ќе се слушаат и по 20 пати во денот ако треба. И во 12 вечер му пишувале на маж ми, па да размислував вака ќе требаше да седи дома и да гледаме у плафон.
     
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    13.473
    Па тоа не значи дека му е швалерка.
     
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Добро ете ти не размислуваш така, она размислува и тоа е тоа.


    Точно. Не значи дека му е швалерка, никој не рече така. Жената бараше совет, мислење. Ете на некој ќе му смета ако партнерот постојано е на телефон вон раб време, на некој нема да му е проблем. Не сме сите исти. Јас сакам да изработам од 7 до 15ч и толку, да не ме замарат. Други сакат флексибилно време за работа. Позади прашаа кај има фиксно раб време. Сите што ги знам и со кои најмногу комуницирам се со такво раб време. Не знам што е чудно толку да сакаш фиксно раб време
     
    На Stressed Out, MeowMeow и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  20. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    Како сакаш постави ги работите, додај си ги, не е здраво тоа, чупе ептен си љубоморна, следно шо ќе напрајш? Нов испад? Посети психолог