Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.113
    Допаѓања:
    21.885
    Пол:
    Женски
    Мене искрено ми смета кога му вртат по работното време,без разлика кој му врти.
    Си имат работно време јавно истакнато,на врата, на фб, на веб секаде...
    Добро, можеби има врска и работната позиција, ама шо сака нека е, после работно време не кревам на повици(освен ако не е во опис на работно место,пример дежурство).
    А за тоа, дали е сомнително, едноставно може и да не се слушаат а да има нешто меѓу нив.
     
    На Skorpija25, Stressed Out, Мамичка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Абе ајде?? Освен ако не работи трета смена, нема што некој да те замара во 12 вечер за работа. Се знае колку е работното време. Јас разбирам да има период во којшто има потреба од повици вон работно време, АМА ПЕРИОД. Плус, само колешкава му ѕвони? Нема други колеги? Нагалено го вика? Дајте да не се лажеме, голема е веројатноста членката да е во право. Не мислам дека маж и е дел од ова( ако би бил, немаше толку слободно да му ѕвони ќе се прикриваше) ама мислам дека таа и те како му се пушта. Не се работи тука за доверба кон мажот, и 100% да му веруваш( а ни сами не си веруваме 100%) неубаво е некој да му се пушта. Плус сигурно има и други колешки и други женски лица во негово опкружување што не и сметаат. Една конкретна колешка е во прашање, значи нешто има.
     
    На Ugly Duckling, Lavender4, Skorpija25 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    А жити се мислиш дека да има нешто он толку ноншалантно ќе остави да се јавува таа ? Или ќе и рече срце ај пишувај ми или јас ќе ти звонам!?
    Кај секого што го сакаме постои доза на љубомора и посесивност. НО да одиш во работно време со умисла да носиш кафе и да и кажуваш за бебиња е надвор од секој памет според мене. Јас така размишљам за другите не знам.
     
    На BlackNight и Leucadia им се допаѓа ова.
  4. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Па реков дека од негова страна мислам дека нема заинтересираност. Најверојатно му е непријатно да и каже да не му ѕвони затоа што сепак се работи за колешка, а она не му де пушта толку ДИРЕКТНО за он отворено да и каже да не му се јавува. Значи женава флертува и се вади на работата. Во врска со одењето на работа, се согласувам дека е претерано, јас лично не би постапила така, ама ете сакала да види дали и е оправдан сомнежот, и се воспоставило дека е оправдан. Е сега, прашањето е што понатака, затоа што конкретно решение нема баш. Глупа ситуација.
     
    На Stressed Out, cresa-jagoda и Hecate им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Било кој колега или колешка да му ѕвони после работно време ќе ми смета.
    И мене да ми ѕвонат ќе ми смета и ќе им кажам да не ми ѕвонат и од него ќе барам да им каже.
    Не знам зошто би било тешко да се каже на колега да не ти ѕвони.
    Не ми е ни тешко ни глупо.
    Поглупо е времето што ми е наменето за семејството да му го посветувам на некој без осет.
    Нашето работно време е фиксно.
    После тоа слободното време е за нас.
    Ако на колешката толку и е битна работата нека се пресели во канцеларија нека живее.
    Мене шефот ми пиша 8 мин одкако ми заврши смената дека заборавив да направам нешто што требаше да го направам, а пораката ја почна со извинување што ми пишува после смена, а не пак титкање секој ден.
    Членката не го разбира јазикот, да го разбира се кладам дека сите тие работи за кои колешката го бара, чекаат до другиот ден.
     
    На Oneo, H.VAGA, Ugly Duckling и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Од каде е личноста толку сигурна дека фацата не била зш па оваа ми кажува мене? Мислам да ми се избаци некоја типка што не сум ја ни видела некогаш и да ми кажува такви муабети и мојата фаца ќе е таква.
    Секогаш ќе има некој што му се пушта на твојот партер или тебе ( за сите важи не конкретно за тебе) неможам и не сакам да одам од човек на човек, ако видам дека маж ми не дава знаци-доволно ми е.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Да, довербата е клучен фактор. Ама како го оправдувате ѕвонењето 500 пати по работно време и нагалено обраќање? Ако на некој му се обраќаш нагалено, значи ти е драг, близок, зошто тогаш не би слушала за неговите планови за дете? Не и раскажувала сексуални фантазии побогу.
    Плус, многу е различно да му се пушта рандом жена во продавница рецимо која лесно ќе ја избегне, а друго е некој што е цело време во твое опкружување. Нормално е да не и е сеедно, на никој не би му било.
     
    На Lavender4, Осе, Stressed Out и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    Па шо ако му звонела за работата, големо чудо. Ништо ново, се случува, на толку работа и од дома да го побараат. Чупето претпоставува, и реагира врз база на шо? Нагалено го викала глупости кујзнај шо има сватено, не разбира јазик, потслушнала не до слушнала, таму и е умот.
    А шо кога ќе го побараат за викенд пример да работи со колешката?
    Или да оди на деловно патување и таа да е дел од тимот?
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Секако дека маж ти ако не дава знаци тоа е доволно.
    Ама тоа на работа.
    А не после работно време, ти да си излезена со него на кафе, тој со колешката на телефон.
    Или спремаш пуканки за филм да гледате, тој со колешката на телефон.
    Непочитување е кон твоето време.
    Секоја една би сакала мажот да и рече на колешката - Кажи ми што имаш да ми кажеш до 4 саат пошто после ќе шетам со жена ми и нема да сум достапен за никој освен за неа.
    Сите колешки можат да му се пуштаат, ако тој не дава зелено светло кој ги врти, така?
    Епа тоа е муабетот, тој ако сака да испадне верен сопруг во ситуацијава треба да и каже на колешката во колку му завршува смената.
    Не да и дава зелено светло да се упикува кај што не и е место.
    Не е битна колешката, битен е неговиот став - да им се најдам на сите жени што ќе ме побараат.
    Џентлемен прав.
    Доктор на итна не добива 500 повици после работно време, повиците на оваа колешка не можат да почекаат до утре?
     
    На Oneo, Lavender4, Skorpija25 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Hecate

    Hecate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2022
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    947
    Пол:
    Женски
    Не дека дојдов јас кај нив на работа и реков еј планираме бебе. Туку повеќето од неговите колеги и колешки беа таму кои ги имам запознаено уште од претходно секако и една од колешките е бремена и се појде муабетот дека едвај чека да и се роди бебето и јас спомнав дека и ние сакаме бебе. Само ми извртуватњ зборови... Некоја колешка да го вика вашиот сопруг со нагалено име плус да не разбирате ништо друго што зборуваат верувам дека нема да ви е сеедно.
     
    На Lavender4, Stressed Out, anastasijaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Hecate

    Hecate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2022
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    947
    Пол:
    Женски
    Плус они се цел тим од 7 луѓе од сите баш на мм не мора да му звони,може и на други.
     
    На Lavender4 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.045
    Пол:
    Женски
    Јас па незнам што толку чудно ви падна со бременоста што ја спомнала женава. Цел ден го верглате муабетот безвезе....

    Што може жена да и каже за бременост? Освен ооо прекрасно, со среќа, јас не гледам друга нормална реакција.

    И друго, да знаеме дека форумов е полн со работни, амбициозни луѓе.... Вредни, предадени на работата.
    Сеедно, ако јас спијам а на мм му звони тел у ниедно време - лошо ќе биде, небитно дали е колега или колешка.
     
    На Oneo, Lavender4, Skorpija25 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    @Hecate , многу е непријатна ситуацијава, како за тебе така и за маж ти. Обавезно разговарај со него отворено и објасни му дека ти пречи таков однос. Дај му до знаење дека му веруваш, дека знаеш дека е за работа и дека он нема лоши намери. Ама дека на неа не и веруваш, дека лошо се чувствуваш, и би сакала да и даде до знаење кога му завршува работно време, и да постави дистанца. Ако те сака и почитува ќе те разбере. Не бараш премногу. Во однос на тебе, прочитав дека си во нова средина, немаш пријатели, не искачаш. Пробај да го смениш тоа во најбрзо време. Сега немаш што да правиш и се оптоваруваш со лоши мисли, и се ова во твојата глава изгледа поголемо. За почеток, работи повеќе на тоа да го научиш јазикот. Не знам дали во средината во којашто живееш има македонци, срби, балканци? Пробај прво со нив за да здружиш, барем една пријателка да најдеш па понатака ќе ти се прошири кругот. Ќе се осеќаш поисполнето и помалце време ќе имаш да overthink-аш за колешкава. А со маж ти обавезно разговарај, нека и даде до знаење каде и е местото.
     
    На Hecate му/ѝ се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Ќути, тука никоја не рекла аман веќе кога ѝ звонат после раб време постојано. Да замислам дека имаат дете, а мажот е постојано на тел и не обрнува внимание на детето, (што може да е реална ситуација) па жената прашува за совет, веднаш знам што одговори ќе имаше. Ама вака во оваа ситуација она е крива, никако мажот
     
    На Skorpija25, cresa-jagoda, Hecate и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Nikolina35

    Nikolina35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.045
    Пол:
    Женски
    Затоа реков, све хирурзи - пациент на маса им умира па не бе нема везе и после работа 1000 пати ме бараат. Флексибилност јбг
     
    На cresa-jagoda и Hecate им се допаѓа ова.
  16. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    А од каде знаеш дека не му звони и на други?
    А колега ако му се јави пошто машко нема да ти смета, нели.
     
  17. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Ти бааги претера,извини вака.
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.561
    Пол:
    Женски
    Па тоа трубиме цело време,дека ништо немаат,за колешкава коментираме,стварно алал за отпревртување муабети,овде да му е страв на човек да праша нешто.
     
    На pikabu5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Имаше еден професор зборевме за љубов и рече "верувај ама проверувај".
    Така и ти @Hecate .
     
    На Lavender4, Skorpija25, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    Претераната неоснована љубомора мора да се пресечи уште на почеток, ако затера во тие мисли ќе се навлечи на нови испади и нов стрес за џабе и за ништо, за доброто на неа, сопругот, бебето, колешката.