Ок ајде да се договориме дека неможеме да се договориме. Неможам на секоја поединечно што сте ме цитирале. За мене е тоа нормално. На мајка ми и се јавувале и у 00 и у 7 сабајле и уште и се јавуваат, што од колеги/шки, што од газда, на маж ми исто мене исто. Постојат едноставно и такви работни места. Не ксповетувам ничиви муабети јас сватив дека членката отишла со умисла тоа да го направи се извинувам. Се и да е вистина да му се пушта додека нема фитбак ја би била мирна, најверојатно и ќе паѓаат заебанции на нејзина страна уз кафе со мм. Ама секој со својот став и карактер.
Не е претерана и неоснована. Кога живееш со некој знаеш многу добро во која ситуација како реагира. Ако има отскокнување од регуларното однесување, ќе заприметиш. Тоа е интуиција, всушност. Акумулирано знаење од минати искуства.
Ниту е претерана ниту неоснована,а дека треба да прекине тоа сите ја советувавме и се согласивме,а верувам не е лесно воопшто,влегол црвот тука.
Сама е, нема пријатели, не знае јазик, премногу слободно време, одење на работа кај негови колешки, зборење, упикување , проверување со која како стој и шо се дешава таму, кој како му звони , слушање шо се збори, обележување територија, и тој си е мој преку бебе тема, немање доверба и покрај тоа шо тој и вели дека е само за работа, еден испад, друг шо ќе биди, следење проверување по сто пати на работа, место да се фокусира на себе, се замара за ништо. Додава работи шо е прашање дали и така било или само колку да не биди погрешно сватена. Ми нема логика едноставно.
Не знам за нејзе, ама од мое искуство, ако за нешто се сомневам, во право сум. Индикативно е што сомнежот е за една личност, не за сите жени кои се во негова близина.
Друшке јас од нејзиниот муабет сфатив 'тој ништо не прај, ама јас му се лутам оти сум љубоморна на колешката'. Ако има чоекот фиксно работно време и нема потреба да комуницира со колегите, океј е да ѝ смета и да бара компромиси, ама ако е работа во која шо постојано треба да контактира, стварно е детски да се лутиш. И уште подетски ми е муабетот 'речи ѝ да не ти се јавува'. Не знам, ако јас мислам дека маж ми прај нешто, то шо ќе престани да се слуша со некого пред мене, нема да напрај да верувам повеќе во него, напротив.
Таа работи на неговиот проект, и му се јавува на мобилен, затоа е кон неа вниманието. Утре другиден ќе биди друга, пример да не е мажена или бремена, тешко на колешката и на мжот. Љубомора е во прашање. Испади на љубомора и извртување на ситуација.
Таа не ни сумња ко шо сфатив во сопругот,едноставно и смета пикањето на колешката,карактери,не знам шо да речам. За болдираново,таа е свесна и ете самокритична до некаде. И кажавме да не се замара,ама јас потполно ја разбирам и се ставам на нејзино место. Не ги попречува во работните односи зошто очигледно не го бара само за работата и би барала од него да си најде начин да не му ѕвони толку,ако мм не може да ми обезбеди мир во душава свршивме работа,пак ќе повторам за основано сомневање,ѕрцкање по неколку пати вон работно време секој ден може да е само период,се друго е too much.
Ама овде не станува збор само за РАЗМИСЛУВАЊЕ,таа не е љубоморна на сите негови колешки,на една е. А овие колешките од маж ти му се јавуваат така лабаво нон стоп вон работа?
Оток се тие жени што се љубоморни. Од аспект на сингл ќе ви кажам. Ние што сме сингл не сме очајни па да ловиме маж по секоја цена, и ако некој вам ви бил добар за нас не е. На вашите мажи таквите не им се поинакви него на некој друг слободен. И да знаете дека во најголем број случаи женетите се пуштаат на слободни а не слободни на женети. Никоја нормална не сака да си комплицира живот.
Ако има потреба и по пола саат збори и го слушам по збори и не глеам проблем. Пре би да знам него да му се качам на глава па да крие. И јас исто пред него зборам и неам што да кријам
Погоре пишав. Истото е и кај мајка ми што ја бараат колеги колешки од 7 сабајле до 12 навечер маж ми јас Такада може затоа не ми е чудно. Од мала знам дека "функционираат" работите така. Што е со другите членки не знам. Јас за мене зборам. Стојам позади тоа дека немам проблем.