Малку да си држи до себе и да не се бламира себе си и мажот и со бележење територија. Тоа и е мој совет.
Епа исто вака може тебе да те изренда некој колега што вознемируваш некого дома, како тебе бившиот на работа.
Ау ау ау, прејаки мислења. Мислам, односно убедена сум дека не постои жена која не би искажала љубомора ако осети дека некоја се упикава на маж ѝ. Ама видиш, имало и ендемски видови. Не биле сите скроени по женски типичен крој. Па оттука и муабетите до даље: ќе почнела и на други жени да преиспитува, ќе драмела, била опседната блаблабла. Значи, проблемот е женава што дојде да се искаже, да пронајде можда слична ситуација со друга жена, мисла, а не е проблем упикавањето на типката. Т.е ѝ се нафрлија уште неколку сценарија на членкава, а таа колешката била затрупана со работа или пак навистина го барала само за работа. Колку сигурни коментари пишавте, а ја направивте откачена зошто реагирала. Никогаш не сте осетиле љубомора и потреба да обележите свое, што толку глумите дека тоа е крајност? Знаеме ние како жени какви сме ако нѝ се допаѓа некој маж како да го пикираме. И јас би така како @Hecate И јас би се запрашала што потреба толку барање на телефон по работа и би испитала од околу, а потоа и директно на маж ми. Неговата реакција ќе каже сѐ. Засега, остави, доволно е тоа што си изреагирала на маж ти. Ако осетиш нешто друго, ќе го прашаш пак. Многу мразам пикаторки, како без работа ми се. Имам забележано пример, кога бевме дечко и девојка, во разминување со некоја женска, а бе оваа упорно го гледа дечко ми, дури се разминиме. Онака ко жениве да си докажуваат дека де посакувани и кај машки зафатени. Им храни его тоа. Мрш у три лепе.
А тие некогаш си помислила да збориш за ова со човекот со кого си во брак? Ако толку ти смета, кажи му и најдете решение. Иако длабоко верувам дека ваљда не е толку глуп ако сака или има нешто со неа да збори пред тебе со неа. Ама ако толку стрес ти ствара толку бенигно нешто, дефинитивно мораш да си го решиш проблемот со него. Мислам дека тука не доби ни еден добар совет освен тапшање по рамо и ууу срамота за колешката. И најдобронамерно ти препорачувам да почнеш да правиш нешто за да што поскоро се натурализираш во новата средина, да стекнеш пријатели, да научиш јазик, да најдеш работа. Не е нормално животот да ти се сведува на тоа да чекаш еден човек да се врати од работа. Едит: Сега гледам сте решиле со сопругот, супер. Ама за вториот дел сум стварно озбилна, мораш да најдеш нешто друго продуктивно, освен тој саат јога. Тешко е, ама ќе се аклиматизираш.
Аха,а демек ако таа одеше на работа и имаше пријателки па еве и деца да речиме,автоматски ова со колешкава нема да и смета а? Дека ќе е робот затрупан со обврски и нема да осеќа љубомора? Дај бе малку бидете реални,чувства се во прашање.
Епа ако си до толку љубоморен да ти смета во нормалното функционирање, тогаш е психички проблем кој се решава или ублажува со терапија. Како и секое друго нешто кое смета на нормалното функционирање на човекот. Сигурно нема да не работи за навек зошто е љубоморна, веројатно ако дотаму е дојдено, а не верувам дека е, ќе бара решение за агонијата. А факт е дека седење дома и неправење ништо само ќе и ги зголеми стравувањата од сешто, не само поврзано со мажот и. Било кој психолог истово ќе ви го потврди, немање ништо да се прави, никаква обврска, никаква занимација и исполнетост на денот, многу често води до анксиозност, неретко до депресија, зошто секако мозокот ќе најде нешто со кое ќе се занимава. Неврзано со конкретниот проблем, во нејзин најдобар интерес е што побрзо да се вклопи. И самата скоро пишуваше за совети за истото.
Реално е дека девојкава сама пишуваше пред скоро за совет како да се уклопи, зошто цел ден и се сведува на чекање на мажот и да дојде од работа. Ти колку се напна на темава, ќе помислам и ти имаш некој проблем сличен
Ако се работи за работно место кога сите работат во исто работно време тогаш да, не е во ред да се досадува дома освен ако не е нешто ептен хитно и инцидентно. А во случај каде што секој член на тимот е дозволено да сам си организира работно време, е тогаш нема од 8 до 16 и чао. За жал во такви фирми сите треба да се достапни. Сега јасно е малку?? Кај типов р поставено како вториот начин. Е сега што е тоа колешка а не колега е малку заебано заради несигурноста на членкава. И совет до @Hecate. Не се понижувај и не се брукај и себе си и мажот ти со одење во канцеларија да обележуваш територија. Ова ти го кажувам најдобронамерно.
Доволно време се заедно на работа за да дискутираат и да прашуваат се што не им е јасно. Во ред е еднаш,два пати да му се јави во месецот ако стварно има причина,ама постојано јавување и оправдување дека е за работа,секоја жена би се посомневала,и би го седнала да разговара и да го праша. Плус ако се сомневаш,верувај секогаш на инстиктот,обично ние жените не грешиме.