Секоја жена,почувствувала на момент љубомора,чувство на несигурност и сомнеж во одредена ситуација. Според мене кога една жена ќе се посомнева во одредена ситуација,треба да верува во својот инстикт. Така да вие што кажавте дека не ви смета ништо,имате потполна доверба,без сомнежи,не ви смета што сопругот е опкружен со други жени и сл.мора да признаете дека барем еднаш сте биле во ситуација каде сте се сомневале без разлика дали е на почеток на врска или во брак. Но,можеби сте се конторлирале и не сте се изјасниле,додека некои не го чуваат тоа во себе и кажуваат,во тоа е разликата. Нема потреба со навреди,цинични коментари,не само на оваа тема,туку општо.Можеби за вас не е нормално и осудувате на оваа тема,но некој не се согласува со вас и на друга тема.Сите ние сме различни,имаме различно мислење и сваќање,но најважно е да си бидеме поддршка едни со други,и да покажеме почит.Можете и на културен начин да и кажете дека греши,без навреди. Пак ќе зборувам за мене и ќе кажам дека сопругот работи со флексибилно работно време,и постојано се слуша и допишува со колеги/колешки и мене ниту една не ми смета,се јавуваат и после 21ч.зависи од потребата и консултација,и не сум имала причина за сомнеж,но пред 4 год во старата фирма имаше колешка која и покрај тоа што знаеше дека е во долга врска,бараше начин да му привлече внимание.Јас се посомневав само во неа (иако имаше други колешки) поради нејзиниот начин на комуникација,смешкање,се нејзе не и е јасно и сл.го седнав и му кажав дека ми смета и дека се сомневам во нејзините намери,но и дека разбирам дека се колеги и треба да се во постојана комуникација. По извесен период девојката даде отказ,и по еден месец му пиша за некоја апликација што ја правеле и у спат да се видат затоа што имала симпатии према него. Нормално он и пишал дека доколку се договорат цела екипа да излезат може,но сами они двајца на date не,затоа што има девојка и не сака да ја изневери.И ми вика абе во право беше,види што ми пиша.. Далеку од тоа дека секој сопруг,партнер е совршен,ниту ние не сме совршени,но сепак доколку се трудиме,разговараме,можеме на некој начин да имаме совршена врска/брак. Лично јас сум среќна што имам совршен партнер покрај мене.
Јас сум уште на истото место. Немам храброст... Последно ме нарече курва, да не ме земел ќе сум се е*ела со кој ќе стигнам,а најлошо од се е што ми рече оди д*пи се со зет од сестра ми без разлика што бил маж од сестра ми јас сум била таква. Расипана.
Те читав и претходно. Звучеше решителна дека скааш да заминеш, ама дека немаш поддршка од твоите. До каде е таа работа? Разговараш со нив, имаш кажано на некој друг за ова? Ти како реагираш кога он ова го кажува? Зошто немаш храброст да заминеш? Од што се плашиш? Од недостаток на поддршка, од него, од обврските, од што? Ова ги проаѓа границите на нормалата. Не знам зошто трпиш, што размислуваш, но ова не е здраво семејство. Исто така те читав дека имате секс. После овие зборови, сеуште си интимна со него?
Во кој смисол немаш поддршка од твоите? Што ако едноставно со алиштата им се појавиш пред врата, мислиш дека нема да сакаат да те примат назад? Имаат син што живее со нив? Мислам да не ги прашуваш за поддршка, туку само да се спакуваш и отидеш дома со децата.
Ова е дел од пост што го ставив пред малку во друга тема, а мислам дека тебе ќе ти користи: http://av.gov.mk/pocetna-ns_article-ipa-staff-mc3.nspx Имам гледано огласи и за други работни места, а на сајтот на АВРМ има и други ресурси, која сака може да го разгледа. Мтсп имаат други програми, дали и колку се спроведуваат може да го знаат само оние кои ги побарале или аплицирале за нив, а овде никој нема споделено, барем по темите кои сум ги прегледала. Еве комплетна листа од МТСП: https://www.mtsp.gov.mk/uslugi-i-prava.nspx Гледај превземи нешто за тебе и твоите деца. Јас не знам што се случува кај вас дома, но ова е нездраво за сите. Знаеш дека постои психичко насилство? По закон е исто казниво како и физичкото. Еве ако сакаш помош околу програмите слободно пиши, колку можам ќе те посочам.
Не знам зошто прашуваш по втор пат, пак ќе ги добиеш истите одговори. Значи сопругот постојано те малтретира психички, немаш никава поддршка од него, ниту финансиска, се правиш сама, а ваму за да заминеш ти треба поддршка. Искрено мислам дека тролаш.
Имаш храброст, само си ја заборавила поради стресот. Оди разговарај со психолог, можеби ќе ти помогне да си се вратиш на себе си.
Зашто да немаш храброст? Што имаш во тој дом што нема да можеш сама да го оствариш. Прво ќе ти кажам одма, он тебе не те сака повеќе. Нема љубов во некој така што збори и се однесува. Да те сака, па да речеш чекај се сакаме да пробаме да го оправиме бракот. Тоа е. Подобро сега, него покасно.
Поседи си уште малце. Види со што наредно ќе те изненади. Немаш потреба да го оставаш, ова е совршен брак
А шо помага? Кога викавте да си иде, она рече ќе седам, плус со додаток епитет најлош шо добила. Џабе и со лошо и со добро, она си решила
1.Разбирање за што? Дека он се понаш идиотски а она му ќути? јас лично тоа не можам да го разберам 2.Рамо за плачење, добро ќе поплачеме, ќе се сослушаме, а решение за ова? Ова не е здрав брак.Курва да ми рече, со тава ќе го удрам. Од жалење и сожалување сме вакви.Некогаш треба погруб пристап, и шамар реалности.Не само плачки 3.Мотивирање, ѝ беше кажано да го остаи, има поддршка од жено, макар и во виртуелен свет, не е сама, ја сослушавме и ја посоветувавме. Она ако неќе да си иде, ние може и на глава да рипаме и џабе
И пак се навраќаме на мојот муабет од другата тема. Овде не се бара решение, овде никој не применува совети. Овде само се жали и кука и после пак по старо. Ако она не сваќа дека таму нема просперитет и нема ни љ од љубов џабе јас и вие ќе трубиме три дена и ноќи и ќе се препираме на крај.
Точно. никаде не пишува да и' велиш: “Џабе ти збораме, ништо не преземаш“ Жртвите на насилство многу тешко се одлучуваат да заминат. Статистички во просек, 7 пати го напуштаат партнерот, па се враќаат, пред засекогаш да го остават.
Епа дај ако не ќе збориме цела година додека она не пројдат тие 7 пати и не одлучи засњкогаш да го остави друго чаре не гледам.