Да. Ќе збориме и цела година и 10 години, ако треба. А ако ви е тешко да повторувате, едноставно, не пишувајте на тема каде треба да се делат совети и да се пружа поддршка.
Вајлд не е работата у тоа дека ме мрзи или ми е тешко, работата е у тоа дека нема поента пошто жената не бара излез никаков бара издувен вентил. Кој и е планот? Нема. Што сака да постигне? Не се знае Што е сменето од минатиот пат до овок? Ништо Не викам јас дека она требала да го остави или не. Нејзино право. Ама со што очекува да се подобри ситуацијата? Со кукање по фемнина? Тоа е исто ко да ти речам Вајлд сакам ама многу сакам да се иселам од овде и ти да ми дадеш 10 предлози и ја да не преземам ништо и после месец дена пак да ти речам ама знаеш Вајлд јас многу сакам да се иселам од овде.
Егзакли.Башка нема поента ако ги вртиме истите зборови а нема ефект.Тоа е веќе ,,ја зборам, канти тропаат” И со другаркиве ми е така.Ја им кажувам еднаш-два пати.Си барала мислење/совет, сум го дала.Сакаш примени го, сакаш не.Ја дека ќе повторувам ко папагал, ќе си трошам време и нерви, а некој да не го прифаќа тоа и да тера по свое? Нема поента И ја сум таква за банални работо. Една другарка, 5+ години се знаеме, секогаш ѝ праќам неколку слики ако не знам која да ја постирам, и пак ја ставам јас таа што сакам.Бидејќи јас потајно во мене сум решила шо сакам.И еднаш убаво ми рече: шо ме прашуваш кога тераш по свое. Така и ова
Човекот нема три чисти, слободно кажи му го на зет ти тој муабет, може ќе му го дотера умот. Развод и ништо друго. Под хитно
Wow никој тука нема слушнато за ни една од наведените точки, стварно ги просветли сите. Прво, никој тука не знае каков ѝ е бракот во целост, а второ темата е за брачни совети, значи нормално дека сите ќе ѝ речат остави го и ќе ја поттикнуваат да го направи тоа. Што треба да се каже според тебе? Да, знам колку ти е лошо, во врска си со емоционален насилник и еве ќе плачам јас и ти плачи и ќе плачеме цел ден. Не, темава е за попрактични совети и поддршка да се напушти лош брак, за чисто ислушување може по лп, на кафе, на телефон...
Добро де,едноставно некој пишува за да си ја олесни душата,иако е формулирано како прашање,многу често сите знаат што би ги советувале и што е правилно и не се спремни за тој чекор,јас ги чувствувам како да сакаат разговор,а не дека треба одма да ги напаѓаме за постапките и одлуките или зошто не не послушале.
Не ги напаѓа никој. Нивни живот нивен избор. Ама ако еднаш сум пишала и сум добила совети што очекувам да добијам од втор пат на истата тема.?
Па искрено потсвесно не ни бараат совети некои,туку дискусија,мислења и тапшање по рамо. Ама муабети од типот "ваква си,таква си" не зборам конкретно за тебе,ама ич не им помагаат,бидејќи верувам дека доволно е згазена и психички уништена една жена што маж и ја вика курва
Ама очигледно истата таа за која што ми е стварно жал, не е доволно уништена за да собере парталите и да си оди. Имав еден близок пример ваков кај што дечкото ја викаше курва другарка ми, ја и братучетка и нерви искинавме на маса објаснувајки се,нервирајки се типката седеше си се чупаше и стана и отиде кај него. Е може затоа ми е пристапот таков каков што ми е
Ист случај. На поранешна најдобра другарка, дечко и` ја вараше со која стигне, ја вреѓаше ама не само со курва, онака се` по список и` ебаваше, нејзините сите ги вреѓаше, и` се закануваше, ја уценуваше, она на секое плачеше кај мене, и ја се карав со него, и она, и и` зборев тргни се.. не бе ко да и` викаш иди еби се со него.Ја се откачив од нејзе, али еве ги уште прават иди ми дојди ми.. курва последен пат кога ми кажа машко, пред 5 другари ми се извинуваше на колена, и тоа одамна беше, сеа да ми рече...неќам да знам шо ќе му се деси
Немам јас проблем со делење совети и сослушување, ама едно те исто ја да те сослушувам 100 пати а знам дека нема да има резултат никаков неможам и на крајот од денот и не сакам. Јас на прва братучетка после неколку пати кукање за истата тема односно дечко и и реков ај више не ми кажувај ништо не ме занима, терај како знаеш. Може е добро може е лошо не знам. Таква сум.
Решена бев ама немам храброст зошто немам подршка од моите. Да ме подржуваа и да ми речеа што и да решиш тука сме немаше ни еден ден да се мислам. Не им ни кажувам повеќе, си трпам. Само на сестра ми и тоа не секогаш. Само кога ептен ми е тешко и сакам да умрам. Јас како реагирам...бесна сум. Многу сум бесна и на него и на себе и на Господ и на животот.. Не се плашам од него. Во никој случај. Од ништо не се плашам секако обврските околу децата и домот ги извршувам сама. Јаде, пие, оди на работа, шета до сабајле и цел ден спие. Нема да ме вратат но знам дека низ нос ќе ми го извадат разводот или што и да е. Брат немам. Една сестра мажена е. Камо да тролав и ништо од ова да не преживував. Толку ќе кажам.
Многу ми е жал шо се наоѓаш во ваква ситуација, ама и сама знаеш дека единствено решение е да си заминеш. Ако твоите се толку бездушни и како шо викаш да ти го извадат низ нос разводот, тогаш ни тие не заслужуваат твое присуство. Штом немаш поддршка дистанцирај се и од нив, тргни се шо ти дава негативна енергија. Верувај дека така подобро ќе размислат и ќе сфатат колку ти било тешко во бракот. Па побрзо ќе добиеш помош и поддршка од другарка/колешка/роднина отколку од свој. Размисли каде би одела привремено, или уште сега побарај работа ако немаш и стан каде би отишла. Документите за развод на маса остави му ги и број од адвокатот, не заслужува ни да разговараш со него. Мораш да си цврста и одлучна ако сакаш да живеете мирен живот со децата. Искрено се надевам дека правилно ќе одлучиш, со седење и чекање нема напредок, само ќе тониш.
@Nesrekjna, ти ги прочитав мислењата и сега и од претходно. Според мене, првото нешто што треба да го направиш е да го смениш начинот на размислување, што е многу потешко отколку што звучи. Значи, ти треба да сфатиш дека не треба да се „криеш“ зад другите, да очекуваш тие да ти го решат проблемот. Не се работи овде за тоа дали имаш туѓа поддршка или не; се работи за тоа што ти сакаш во животот и што сметаш дека е правилно. Не е важно што мислат твоите, сестра ти, околината, значи никој не е важно што мисли, затоа што на крајот од денот тие ќе си се вратат во својот топол дом, а ти ќе го носиш тој терет. Да, боли да знаеш дека родителите не ти се поддршка и не си ни прва ни единствена, почнувајќи од тинејџерки, па сè до возрасни жени со свои семејства. Тоа не значи дека нивното е исправно, само затоа што ти се родители, а како што гледам, и ти си свесна дека објективно не се во право. Тогаш, зошто чекаш потврда од нив? Ама биле родители... Што сака нека се, нивниот срам или било што и да е (што воопшто не треба и да го има), е буквално зрнце во споредба со тоа со кое ти секојдневно се соочуваш. Ним треба да им е срам што не застануваат зад тебе кога те гледаат дека патиш, а не ти да се туфкаш леле не ме поддржувале. Не ти треба да те поддржуваат. Ти си возрасна личност и ти имаш право на свои одлуки во животот, свои ставови кои нема да им се допаѓаат на сите, па и на твоите родители, пријатели. И мораш да „созрееш“ и да станеш имуна на туѓи мислења кои се неконструктивни, необјективни и служат само за да ти го скршат духот. Ти фали самодоверба, не знам дали постојано си била под туѓа закрила, па сега страв ти е сама да го направиш првиот чекор, ама ако сакаш нешто да постигнеш во животот, мора ти да го водиш животот, а не да дозволуваш тој да те води тебе. Следно: не губи време во жалење. Океј, си згрешила, океј, не си добила тоа што го сакаш, океј, се наоѓаш во многу тешка позиција. Но, има една добра мисла: Ако секогаш го правиш тоа што секогаш си го правел, ќе го добиваш тоа што секогаш си го добивал. Со други зборови: работите нема да се решат сами од себе додека ти седиш и чекаш. Што чекаш? Чекаш маж ти да пресечи, комшивката, сестра ти, твоите родители? Се надеваш дека маж ти ќе се разбуди еден ден и преку ноќ ќе биде друг човек? Не, така? Е па, што е чекањето? Некако си имаш зацртано дека се наоѓаш во безизлезна ситуација и толку е, немаш опции. Се однесуваш како утре да ти е судниот ден и еве готово, нема назад, уништен животот, ништо не може да се смени. Колку и да ти звучи неверојатно, твојот живот не е готов. Еве и 40 години да имаш, па и 50 имај, имаш уште пола живот да изживееш. Зошто се закочуваш сама и си велиш „толку, ми замина животот“? Батали муабети на родители, комшии, македонскиот менталитет и сето тоа, што и разведени и постари жени за маж ги третира како да се ниска класа на луѓе, иако верувам дека со новите времиња доста се сменале овие мислења. Ама еве и да речеме уште ги има, што е важно? Ти за туѓи желби живееш, туѓи очекувања да исполнуваш, да живееш начин на живот согласно туѓи замисли и правила? Ти го разбирам комплетно мајндсетот, сум се пронашла во таква фаза од животот, макар што еве јас го немам бремето на брак и деца. Мојот заклучок е дека сè додека не почнеш да веруваш сама во себе, сè додека не почнеш да преземаш некакви чекори со кои сама ќе се охрабруваш, сама ќе си ја креваш самодовербата, согледуваш дека можеш да се снајдеш, дека си способна, макар изгледаш и себична во туѓи очи, макар си критикувана, ќе се наоѓаш заглавена. Слушај го својот глас, не туѓиот. И знаеш која е најголемата иронија? Што додека ти седиш и се самосожалуваш, додека си велиш леле катастрофа ми е животот, каква несреќа сум имала, готово е сè за мене, додека ти го правиш тоа, животот ќе си тече и еден ден ќе сфатиш дека навистина ти поминал животот така. Ќе се свртиш назад по 20 години и ќе си речеш: „јас цело време си мислев готов е животот за мене, а јас изживеав уште 20 години кои можев да ги искористам на друг начин“. Е дури тогаш мислам дека ќе те боли. Или не дај Боже да ги гледаш последиците од твојот брак (за кои и сега си свесна) кај твоите деца како тинејџери, како возрасни индивидуи, па дури тогаш да „скубиш“ коси што си направила со својата инертност и тапкање во место и кукање. Тогаш ќе испадне уште толку да потонеш затоа што си била целосно свесна што ќе се случи со твоите деца доколку продолжат да се во ваква средина и си ги гледаат родителите како лошо функционираат, а сепак си избрала да не правиш ништо. Значи, не ми е целта да те обвинам или да те додепримирам, само се обидувам да ти понудам мотивација, поттик за да преземеш нешто. Не очекувам утре да си заминеш. За тоа ти треба ептен да чувствуваш сила во себе и да немаш толку ниско мислење за себе. Затоа и ти реков дека прво мораш да поработиш на тоа. Само ти сама знаеш што ти дава сила, што ти прави да се чувствуваш силна и способна. Не мора да е ништо екстравагантно. Почни од нешто ситно - можеби се чувствуваш способно кога читаш или учиш нешто, можеби можеш да размислиш да најдеш барем хонорарна работа или работа со скратено време. Или еве ти го цел интернет, можеби можеш да почнеш да научиш некој занает, јазик или сеедно, прво како хоби, а потоа можеби ќе можеш да правиш и колку-толку пари од тоа. Јас сум свесна дека ова се ситници и не очекувај нешто wow и да настане некој wow пресврт, само мораш да се научиш како да се чувствуваш вредно и корисно и како да ги игнорираш туѓите мислења за твојата вредност како човек. Воздигни се, на некој начин дури и постави се арогантно спрема маж ти, свекор ти, свекрва ти, твоите, било кој; не мора да е тоа отворено, туку внатре во твојот ум: не знам, пример ете гледаш дека некој од нив е неизживеан, приглуп - кога ќе ти рече нешто, зошто дозволуваш да ти ја намалува вредноста? Речи си: „што има да ми треска глупости овој нискоинтелигентниот, не може да ми се фати за прстето!!!“ Понатаму, имаш опција да најдеш психолог кој ќе ти помогне да работиш на себе, ако не можеш да си помогнеш сама себеси. Не мора никој да знае и да ти врши притисок или да те обвинува. Еве членката @Mikha4 ти понуди и линкови, информации за помош. @Mantub исто така знам дека знае доста организации. Можеш да ги контактираш, можеш да почнеш да се информираш. Полека, не мора големи одлуки да ги носиш наеднаш, туку кога ќе си спремна. Колку повеќе информации имаш, колку повеќе опции согледуваш, можни решенија, начини на кои можеш да се снајдеш, толку подобро за тебе. Ем ќе работиш кон тоа да се ослободиш од таа токсичност, ем ќе си ја враќаш сигурноста и вербата во себе, што како што кажав, е најважно. И за крај, еве ти нешто што исто може да ти даде самодоверба: што има ти да го најадуваш, да го чистиш, периш, па уште и секс да му даваш на мажето мало????? Како демек ќе престане да те навредува, обвинува??? Па и да престане, не треба ти роб да си за да престане, понижувачки е. Ти зборувал, те навредувал, ти со други мажи, ќе си најдел друга, не знам ти што. Прво, тебе ти е чиста совеста дека немаш други мажи, така што нема што да се правдаш и не треба да те тангира тоа што тој треска. Ти немаш потреба никому да се правдаш, само треба пред себе да се оправдаш. А второто, ќе најдел друга - како демек тоа треба да ти смени нешто? Демек многу добиваш сега од него дека немал друга... Тоа е буквално најнебитното за тебе во ситуацијата. Во кратки црти: - добиј самопочит, самодоверба и сфати дека ти треба сама на себе да се потприш и да не чекаш друг да те „спасува“, ти сама треба да се „спасиш“ - апсолутно е небитно што мисли било кој друг освен ти самата - животот НЕ ти е завршен, уништен, упропастен итн, иако ти изгледа така. Исто така, многу туѓи животи изгледаат совршено однадвор, а не знаеш што им се случува дома, така што не се споредувај со нив, односно немој да мислиш дека на сите им е подобро. - побарај помош од луѓе кои се на твоја страна и не очекувај дека само затоа што некој ти е најблизок, дека ќе биде на твоја страна, но од друга страна, тоа не треба да ти е пречка во животот - не се понижувај самата дополнително; ти не си предмет и го знаеш тоа, но од некоја причина самата дозволуваш тој да те третира така, му го правиш филмот со тоа што потклекнуваш и му ги исполнуваш желбите, а апсолутно НЕ мораш.
Фала ти премногу. Навистина охрабрува ова што си го пишала. ЌЕ си го зачувам ова и се надевам ќе применам нешто. да да, секако сама се грижам за се. И финансиски и секако. Најново од денес се налути зошто со сестра ми сум зборувала лом ме направи, што сакаш прави од мене веќе ништо да не бараш.