Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Па шо седиш тогаш?
    Зошто ти е тој?
    Само терет ти е.
    Не имаш некоја корист од него.
    Батали го мори. :hug:
    Не вреди гаќите да му ги периш.

    Мажи има, колку ти душа сака.. па уште и не мора да му ги периш гаќите, ако не ти се дома :D
     
    На Snowflake97, Oneo, sparklie и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Nesrekjna

    Nesrekjna Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2022
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Девојки фала ви премногу на сите што ме сослушавте и што ме трпевте. Поради низа настани од денес за кои не сакам веќе да зборувам одлучив да си ги земам децата и да си заминам. Ја премина секоја граница, почна да ми ги навредува и родителите и да се заканува а преку тоа веќе не можам да преминам. Разговарав и со моите и конечно сфатија со каков лудак си имам работа и ги прашав дали сакаат жива ќерка ама разведена или "во брак" а мртва. па оставија на мене да решам а кај нив сум добредојдена.
    Фала уште еднаш на сите. :hug:
     
    На Medical girl, marlonbrando69, Konfetka и 54 други им се допаѓа ова.
  3. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Ајмооо, конечно некој со ваква одлука.
    Се најдобро:hug:
     
    На Anah, ALISA0000, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    Браво,биди храбра и се да ти тргни најубаво во животот:l:
     
    На ALISA0000, Nesrekjna и WildMk им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Браво за храброста!
    Биди горда на себе! :hug:

    ... ти ја посакувам цела среќа на овој свет :*:
     
    На ALISA0000, M&M, sikica7 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    14.091
    Пол:
    Женски
    Прекрасна вест. Само храбро и не потклекнувај на неговите закани, само кажи му дека ќе се видите на суд. Ништо не може да ти направи, напразно ќе се заканува. Тој додуша не е ни толку храбар за да направи било што. Се најубаво ти посакувам :hug:
     
    На ALISA0000, WildMk, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.689
    Допаѓања:
    11.192
    Пол:
    Женски
    Браво за одлуката! Ќе ти биде подобро, мирна глава. Ништо не ти може, кај твоите ќе си безбедна. А и децата мирно да си живеат.
    Да бидеш среќна, девојко. :hug:
     
    На ALISA0000, riba79, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Tanjat78

    Tanjat78 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    3.334
    Пол:
    Женски
    Со среќа и не заборавај,сега најмногу работа на себе,инвестиција во твојот ментален живот,јас би одбрала психолошка терапија!
     
    На ALISA0000, Bonbon Ce, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво, постот е за двете теми па наместо да го дуплирам ке го пишам тука.

    Веќе цела година како сум кај вереникот со кој немам некои големи недоразбирања, проблем ми се мајка му и сестра му.

    Имено, двете имаат многу дрзок пристап и тоа не само со мене него и со сите други. Ова го нагласувам зошто сфатив дека тие се такви какви што се, но проблемот е што јас не знам како да ги прифатам. Едноставно не сакам некој дрско да ми се обраќа, да ми се дере и да ме прави како да сум најдолно ѓубре.

    За жал, ја немам поддршката од вереникот (со кој за 10 дена треба да стапиме во брак).
    Според него тоа се негови родители и јас морам да ги прифатам, не смеам да се карам нити пак да враќам на нивното однесување. Единствено во случај кога некоја од нив ке ми се испонаша за нешто, тогаш дури и вереникот и татко му пресекуваат им даваат до знаење и тогаш завршува дискусија.

    Поради тоа што немам разбирање ни поддршка од него јас се повлекувам од тој наш однос, неможам да бидам опуштена со него.

    Барам само совети како да поминам низ ова, зошто искрено не сакам ваков брак (а ке мора да сме во заедница уште долго - зошто сме во странство и е финансиски проблем како да се одделиме, мада и до сега не паднал муабет да сме се одделиле од неговите).
     
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Маж ти е сељак,извини вака што ти кажувам. И на крај свет да отиде, селото нема да излезе од него. Тие да ти се понашаат,а ти да не смееш да им преречеш? Вау,од кој палата се излезени госпоѓите. Зошто мислиш дека е потешко за одделување таму? Тој ли така ти кажа? Штом до сега не паднал муабет за одделување, нема ни да падне. Таквите мажи за кои мама е пред сѐ нема ни да сакаат да се одделат од неа дури ни женети.
    Седни сега со него додека не е касно, разговарајте за тоа кај ќе живеете,дека нема да можеш со такви луѓе да живееш,дека сакаш приватност.. додека не ти биде касно. Игнорирај ги нив колку можеш, ма да тешко е да ги игнорираш штом сте во заедница. Не знам што да ти кажам. Да одам во странство кај што има далеку подобри услови од тука, а да седам во заедница со свекрва и золва ми е надвор од секоја логика
     
    На CameliaMiller, simoncelicius, januari19 и 29 други им се допаѓа ова.
  11. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Би сакала да прашам. Зошто не смееш ти да вратиш на нечиво дрско однесување, а од друга страна истото да биде редовно дозволено од друг?
    Што мислиш ќе се промени кога ќе стапиш во брак?
    Дали мислиш дека ситуацијата нема некогаш да ескалира?
    Дали познавајќи се себе си, можеш да останеш присебна и опуштена во таква ситуација?
    Одговорот лежи во тебе. Не треба никој да посакува таков брак, однапред условен со кавги и несоодветно однесување.
    Најмногу што можам да ти помогнам е да разговараш со вереникот, за тоа како ја замислува иднината со тебе. Точно тие се негови родители, но за 10 дена нема да бидеш само една минлива девојка, туку сопруга, а во иднина и мајка на вашите деца. Мораш да застанеш зад себе и да веруваш во своите чувства. Бидејќи ако твојот вереник не дозволува да се одбраниш кога си нападната, најдобро е да си најде порцеланска кукла. Бракот не изгледа и не треба да изгледа така, како што твојот вереник си зацртал.
    И да заминете под свој покрив, ова претставува голем проблем. Ми личи како да си ставена под тест, а твоите чувства, ти и твојот карактер се целосно анулирани. Бори се за себе и за она што ти пречи. Не оставај на случајност или надеж кон подобро.
     
    На CameliaMiller, Idedemja, Luna91 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    @forumce @Alexandrite на почеток јасно му укажав и нему и на нив дека не сакам таков однесување спрема мене.
    Негов одговор е дека тоа му е семејство и бил свесен за тоа ама мора да ги почитува а со тоа морам и јас.

    Најтешко од се ми паѓа што немам поддршка негова и што дури сега јасно гледам се.

    За одделување еднаш падна муабет ама мајка му се навреди нешто во стил демек не сакате помош од нас тогаш не барајте помош кога ке имате деца...
    Да е до мене, немам гајле и така сум цел живот оставена сама на себе, ама вереникот нема таков мајндсет.

    Работа е што и да им каже он лично они нема да се сменат, тие се такви со сите и затоа не знам излез, не знам како да минам низ ова и малку посветло да видам во иднина.
     
    На mal.ecka и Alexandrite им се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Имаш и те како недоразбирање со вереникот.

    Како ова не е голем проблем со вереникот? Да, тие се какви што се. Ама да не можеш да се браниш? Кој е тој да те условува што мораш, а што не мораш да правиш?

    Мислам знаеш и ти дека ништо нема магично да се смени на подобро со ставање на потпис. Дури и бетер ќе биде. Седни го и разговарајте како најбрзо да се одделите од заедница. Направете некаков план. Може ќе откриеш дека не ни сака да се оддели од неговите. Одлучи што ќе правиш после разговорот. Дали ќе имаш надеж за да успеете, дали ќе мора да се помириш со ваквата ситуација уште долго време или ќе има некоја трета опција, која мислам дека знаеш што е и самата.
     
    На CameliaMiller, Oneo, Idedemja и 12 други им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Ауу бабичка да не е,внуците сами на себе ќе се оставени. Бре бре.
    За каква помош зборува мајка му, на кој начин ви помагаат? И зошто мисли дека уште треба да ви помагаат? Мајка му нема право да се лути ако вие сакате да сѐ одделете,живеете заедно и создадете ваше семејство. Што е со тие парови кои основале семејство во странство без ничија помош? Зошто родителите мислат дека вие сте неспособни за сѐ и имате потреба од нив? Голем дел од родителите во Мк се вакви. Мене лично мојата свекрва ми рече дека мислиле да не се они, нивните деца(возрасни, женети со фамилија и деца) нема да се снајдат за ништо. Мхм,видовме. Само им набиваат комплекси да мислат дека не можат сами. А далеку се од реалноста
     
    На Snowflake97, Oneo, Nausicaa и 21 други им се допаѓа ова.
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    @*Amethyst* Од блиските околу мене, подобро се снајдоа тие во странство сами отколку тие тука. Станови, коли, шетање буквално се можат да си дозволат. За чување деца, да потешко е сами ама не е невозможно.
    Многу касно си почнала да размислуваш за ова, верувај венчавката само полошо ќе направи во ваква заедница. Не брзај.
     
    На Snowflake97, Oneo, Idedemja и 12 други им се допаѓа ова.
  16. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.239
    Допаѓања:
    3.595
    Пол:
    Женски
    @*Amethyst* Зошто да неможеш да возвратиш на мајкаму? Зарем да дозволиш нешто што ти смета да ќутиш и трпиш? На долг рок ова многу лошо ќе резултира. Мој совет не трпи и реагирај со време, ако собираш во себе тоа ќе биде само темпиран вулкан и прашања на време кога ќе ескалира ситуацијата и за најмала ситница.

    Еве деновиве јас имав недоразбирање со свекрвата, лом се направивме, бидејќи 4 години ќутев и сега бум избувнав за ситница. Затоа подобро е на време да се решава се а не отпосле како кај мене, па сега најлошата снаа испаднав. Ама сопругот воопшто не се меша во мојот однос со неа. Ни јас во неговиот. Слободно си разговараат они како син мајка ама од мене не смее да бара да ја почитувам или ќутам кога не добивам ист однос назад, и тоа му е многу јасно на него.

    Треба да разговараш со идниот сопруг и тоа да се реши уште сега, покасно многу поголеми проблеми може да искочат. И разговарајте за опцијата да се одделите.
     
    На Idedemja, AneSk, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Не треба мајка му да се навреди за ваши планови за иднината. Вие ќе оформите ново семејство кое треба да биде самостојно. Треба обострано да си ги сакаме и почитуваме сопствените корени. Но, растеме и во одреден сегмент решаваме дека е време и ние да создадеме сопствено семејство кое не треба да дава репорт, ниту пак да бара дозвола за своите постапки. Ова е уценување, а и помош не ти треба верувај ми од такви личности кои гледаат низ фокусот на посесивност.
    Немаш апсолутно никакво решение за промена на туѓ карактер, но има огромно решение за своите постапки. Зацртај ја границата сега или за жал ќе мораш да се помириш со она што ти е понудено. Ништо не мора да се случи, ако не си спремна и чувствуваш немир. Постави ултиматум. Или ќе живеете во хармоничен однос или хармонијата ќе си ја бараш на друго место. Еден живот имаш, за да го дадеш на поклон на друг да ти го решава. Постави му ја ситуацијата од обратна перспектива, дали би било во ред, твоите родители да имаат лош однос со него и ти да му викаш молчи, такви се они, мораш да ги почитуваш. Само сопствените родители и своја крв мораш да почитуваш и сакаш, останатото, апсолутно не е ни правило, ниту морално, ниту неизбежно да го правиш.
     
    На Idedemja, cresa-jagoda, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  18. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.656
    Допаѓања:
    57.236
    Пол:
    Женски
    Девојче навистина размисли каков живот сакаш и прашај се себеси најискрено, дали можеш да прифатиш или ќе оставиш се зад себе..тешки луѓе околу тебе и партнер недораснат. До твојата одлука е!
    Секое добро ти посакувам..
     
    На peperutkaa, Idedemja, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Девојко,
    Ако нешто ти смета сега дури во брак ќе ти смета пута 10.
    Не разбирам зошто на мајка му и сестра му се дозволува такво понашање?
    Дали вие некако зависите од нив?
    Во секој случај сметам дека вереникот твој е недораснат за брак. Неможе некој да го навредува мојот допруг и да му се понаша како ќе му текне а јас да ќутам па чак и мојте да се во прашање ако не де во право ќе им укажам дека не се. Ако се повторува не ме почитуваат мене првествено па мојот сопруг и нема што понатака да се дискутира на таа тема доколку не се поправат и извинат. Муабети од типот такви се ми е смешно и да ги коментирам дај јас ќе дојдам ќе ве шамарам секој ден а вие трпете ме пошто сум таква. .
    Размисли си убаво јас на твое место убаво би размислила дали да се земам со таков човек.
     
    На Idedemja, *Amethyst*, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Дали типот те убедил дека почитување значи твое понижување?!
    Свесна си дека ни неговата фамилија ниту тој те почитува, така?
    Вереникот твој е најверојатно од оние типови кои мислат дека жената е само додаток кон неговиот живот со сопствената фамилија, и досега ако не си го сфатила тоа, ќе го сфатиш за жал во брак со погрешната личност. Штом пишуваш тука, веќе ти е јасно како стојат работите и нема назад. Гледам дека ти пречи ама ако за некое чудо вереникот не се смени преку ноќ, само ќе си го упропастиш животот. Ако сега си зеле ваква слобода, во брак уште 100 пати полоши ќе бидат.

    Само едно ќе ти кажам штом си во странство: твојот пасош е твој и ничиј за да ти го "чува", што и да правиш не го давај на никој.
     
    На Oneo, Nausicaa, Idedemja и 11 други им се допаѓа ова.