Ако во странство ти е проблем да се одделиш од нечии родители, тогаш навистина сте во незавидна ситуација. Според мене енергијата треба таму да ја насочуваш, елем , економска независност да стекните како пар. Ако работи само тој, почни да работиш и ти. Да ги смениш нив двете, сигурно не можеш од позиција на снаа. Чисто што имаат предност дека си во нивен дом, а не тие во твој, ќе ги прави спремни да си го покажуваат простотилукот. Ниту пак мора да ги почитуваш ако се однесуваат непријатно со тебе. Едно е почит , а друго е цивилизирано однесување . Почитта се заслужува, не паѓа од небо . И јас се сложувам со другите кои напишале дека имаш проблем со вереникот, повеќе отколку со нив.
@*Amethyst* Како некој што живее во заедница со таква жена ( свекрва ) која притоа е ,,најпаметна" нели. Би ти рекла да инсистираш на одвојување и на колку можеш поголема дистанца од нив. Доколку тоа е проблем за твојот вереник тогаш стварно имаш ситуација за решавање , нешто што јас од мојава гледна точка би го решила со прекинување на се , ама да ми беше овој памет пред 3 г.
Од лично искуство бегај што подалеку, ехх камо да ми е овој памет сега пред 6 години. Ти да почитуваш и да ќутиш, а они да си лечат комплекси на тебе. Само да знаеш секој ден ќе ти биде многу тешко да живееш со такви личности. Ќе дојде момент да си ставиш на душа 300 болести, нервозна да бидеш за најбанална работа и еден ден нема веќе да се познаваш себеси. Животот е премногу краток да го посветиме на такви личности.
Никогаш не дозволувај некој да те навредува, никој! Кажи му, нагласи му, дека не сакаш кога некој ти се дере, ако треба и ќе вратиш. Културно нека биди изнајди зборови. Не се спуштај на нивно ниво но, не ги оставај така да прават, ќе му вратиш некако, па ќе ги игнорираш , па ќе се лутиш на крајот. Избегнувај ги, знам дека тешко во заедница, но секој контакт со нив нека ти биди мн краток здраво чао. Исполни си го слободното време со позитивни луѓе, нека не те нервират, не му обрнувај ич внимание.
,Duso moja samo Eden sovet imam da ti dadam BEGAJ Jas za zal seuste ziveam so takov covek Kade sto negovite se najdobri iako ne vlozile Eden denar vo nasata kuka,a moite so davaat se ne cinat Nema da imas ubav zivot so toj covek veruvaj
Како би изреагирале ако дознаете дека маж ви крие пари од вас? Поточно, верував дека до сега нема скриено денар од мене ама сега се сомневам. Имаме заедничка сметка ама јас никогаш не водам сметка колку имаме, ниту гледам извештаи од банка, ниту знам колку и дали имам пари во новчаникот. Ете таква сум.. Синоќе пред да си легнеме мм ми вика стај ми го телефонот да се полни и во исто време му стига порака од мајка му: 2000 торта, 2000 ден. пици, 500 сокчиња итн.. ја кога прочитав торта мислев дека ја има нарачано за нас за прославата (оти и реков да не порачува, дека јас порачав, а она нешто ми се инатеше демек ќе купела и она) и сон немаше да ме фати ако не ја отворам пораката. И кога читам мм и свеки организираат роденденска прослава за внуката, од негов брат Односно мајка му е организаторот, а мм плаќа. А родителите на детево нигде ги нема, не се замараат. Нормално и јас не би се, доколку има некој да плаќа. Тоа што немаат купено ништо на моето дете е друг муабет. Греота ми е за детето оти ќе се радува ептен за роденденот, ама многу сум лута и гневна за тоа што мм крие од мене. Веројатно му е незгодно оти се нешто им фали, се жалат пари немале и им имаме праќано во последната година 3 пати, ама оваа не можам да го премижам. Направив грешка прво што ја отворив пораката, друго што не изреагирав во моментот и преќутев. Не знам дали да си преќутам, па кога-тогаш ќе се испуштат пред мене па голема ќе биде или да оставам атер за детето да не му го расипам роденденот…
Не сум паметна што да ти кажам за да не се нервираш !!! само прашај го маж ти дали би било ок вие д а плаќате родендени и на твојот брта или сестра?? и притоа да не знае тој??? се додека с епремолчуваат работите е лошо и нездраво за вашиот брак..
Ако вистина не ти смета да дадете за детето и можете да си го дозволите тоа, е една работа. Меѓутоа, апсолутно не треба да преќутиш. Главна причина е тоа што сопругот не се консултира за тебе за поголеми трошоци. Заедничка е сметката, не е само негова. Не може самостојно да решава за вакви суми. Не е само да имате заедничка сметка, битно е и да имате заедничка замисла и план на што ќе ги трошите парите. Целта е да спречиш да се случува ова во иднина, ти ја изиграл довербата сега. Ќе мора тоа да му го објасниш или да почнете заедничка само за трошоци што се заедничи, а други различни да си имате за вакви екскурзии ако сака да си прави тој.
Првата реченица кога ја прочитав си помислив ништо страшно. Ние и двајцата си имаме пари на страна, а за се друго заедничко учествуваме заедно. Ама ова е нешто друго и не треба да преќутиш. Ќе се израдува детето зошто да не му организирате, сигурна сум да те прашал немало да одбиеш категорично, не знам зошто би криел. Може мисли дека ќе се налутиш. Јас би седнала да разговарам, да му објаснам дека не треба да крие вакви работи, да го решиме тој проблем за да не се повтори. Нема да урлам зашто сепак имал убави намери.
Па не сум сигурна колку можеме да си дозволиме затоа што јас не работам, а тој е турбо на работа за овие неколку месеци да избуткаме вака додека да се средиме. Плус он е тој што цело време уфка како имаме трошкови многу периодов. Ако го гледам вака детето само жал ми е и би дала, ако ја гледам целовкупната слика детето + родителите не би дала ни денар.. До сега имаме плаќано и трошено за нив многу пари и никогаш не сум преговорила за ништо, не знам зошто би криел од мене сега. А можеби и си имал праќано секој месец пари кај неговите оти мајка му секој месец нешто реновира дома. Можеби и грешам ама триста филмови си направив од вчера па наваму.. јас на сестра ми и немам ништо купено без повод, ниту пак на моите дома и никогаш немав ни размислено на таа тема да споредувам.
Не би знаела да кажам што да направиш во врска со роденденот, тоа ќе зависи од вас и вашите можности. Си ја знаете ситуацијата најдобро. Ама за другово има едно решение. Не е добро решение, меѓутоа е нешто за кое што може да размислиш. Ако имате електронско банкарство, ќе може појасно да гледате колку вади, каде трошите, што плаќате. И да договорите ако вади таа и таа поголема сума од банкомат да мора да сте и двајцата сложни за трошокот. За ова сигурно ќе се буни, ама реално тој ја има прокоцкано твојата доверба со ова. На кој друг начин би ја вратила назад?
Провери дали и колку има вадено од заедничката сметка и прашај го. Види како ќе реагира, ако те излаже, знае дека тоа што го прави не е во ред и фер спрема тебе. Секако и ако не те излаже не би требало да ќутиш, не е проблем за карање, но дај му до знаење дека не ти е сеедно.
Не можам да имам увид точно затоа што зима голем дел од парите и на црно и од никогаш не сме воделе сметка кој колку трошел.. ама се договараме претходно за поголеми трошоци или пример ако сме биле дента некаде си кажуваме купив тоа и тоа за мене или за дома. Обично тој ги троши парите кеш што ги зима, а јас од сметка затоа што не сакам да носам пари со мене. Џабе му е веќе се, ќе чекам да помине роденденот и после ќе му кажам. Сега одам на шопинг за сестра ми
Mene samo Edna rabota ne mi e jasna zosto e tolku tesko da si IKSREN I da ne LAZES Luge lesno e probajte ke vidite
Мора да се вклучиш повеќе во финансиите, сметки , штедење и пари. Мене тие пари како за поклон за внук од сестра, брат не ми се многу плус можеби ги делат со мајка му, на пола да му го организираат роденденот. Секое дете заслужува роденден да му се направи, греота. Мислам не се фаќај на ситници сепак правите за детето, не за родителите. Дали поклон ќе дадете дали вака, за детето е тоа. Инаку не се согласувам со тоа сопругот шо крија од тебе, можеби дека вака ќе реагираш. Сепак за тоа и тебе треба да те вклучи. За роденден е сосема ок. Но така да се расфрла со пари постојано не би требало. Еднаш ќе помогниш, ќе позајмиш(како позајмица) и ќе го нагласиш тоа. Кажи му прво дека не сакаш да крија од тебе, нема врска шо само тој работи, утре ќе работиш и ти. Кажи му дека треба да си штедите за вас, за вашето дете имате трошоци, како шо расти ќе имате и повеќе. Почни со тоа шо ќе ги плаќаш ти сметките, па да правиш сметки за храна, облека, тек после ќе увидиш колку штедите. Ако сака да му дава пари нека биди со позајмица оти така е исправно, така треба да биди. Оти луѓето ако се навикнат на тоа дека му даваш пари насекое секогаш ќе се жалат и ќе бараат, без да помислат дека треба да вратат. Шо се однесува со роденденот нема шо тука да се лутиш. Но кажи му дека сакаш да му дадеш поклони или пари, но во врска со организираноста нека остани следно за друг роденден на родителите и бабата. Знам има трошоци еве сега нема да се лутиш на ова, но еднаш се прави роденден за детето еднаш во годината, тие треба да си заштедат за тој ден. Колку шо имаат. Секако ќе се вратат парите преку поклони.
Никогаш не сум се бунела дури и јас сум одела и сум купувала подароци за нив, затоа не сум се сомневала никогаш дека може да крие од мене. Пари “позајмени” сме праќале милион пати, буквално како црвен крст сме. Никогаш не ни потсетиле дека ќе ги вратат, детето не е криво што татко му е коцкар, мајка му никогаш не работела ама сега кога добив и јас дете почнав да гледам на тие работи, оти ништо немаат купено за моето. На мм му е слаба точка внуката и свекрвата ако спомне дека немаат пари за патики пример, одма се праќаат пари да се купи. Нема да станам сиромашна за 2-3000 денари, ама сакам да знам. Иако тој само заработува во моментов, не значи дека немам право на тоа. За сметка на тоа јас го чувам нашето дете и ги вршам сите обврски околу домот. Да се делат трошоците нема шанси, не верувам затоа што и свекрвата се на една плата и таа само организира и поттикнува дека треба нешто да се купи и прави. За кај нив дома купуваше теписи, фрижидери, нова кујна, клима а во меѓувреме се жалеше и она дека немаат. Кога ја прашав од кај тие пари за нови работи кога се жали, ми одговори на рати дека земале се. Сега почнав да мислам оти мм им има праќано оти тој да може и душата ќе си ја даде.. не само за нив туку донира секогаш за било каде. Јас сум таа поскржавата во семејството.
Иако не е во ред што криел, ( најверојатно е тоа оти те познава па да не се налутиш оти ова не ми личи на прв пат да се случува сигурно и има и други трошоци покривано за нив ), јас би седнала, би направила муабет нормален и би ставила граници. Ако ви си имате интерна организација, тој работи ти дома , воопшто не треба да се намалува значењетп твое дека седиш дома и ,,не придонесуваш,,. вие сте заедница и заедно одлучувате.ставете граници- им треба помош? колку-толку/можиме во моментот-не можиме. и тој треба да разбери дека неможе секогаш. јас го имав истиот проблем, мм има многу внуци и сестри, некои поимашливи некои не, но откако имам дете и вложуваме во свој дом, работам по 12 сати на ден и јас и тој, и тоа како ќе ги ценам парите(не циција) туку едноставно не се заработуваат туку така, колку можиме и АКО можиме, иако тие спрема нас секоггаш скромно најскромно.Граница само.а мајкаму мора да ја реши и држи настрана.мој совет. ти посакувам се најубаво.
Ти благодарам. Ќе си поќутам до роденденот да не правам збрки, а потоа кога ќе спомне дека треба и поклон да купиме ќе му кажам дека е доволно тоа што сме го платиле цел роденден. Не може јас да се мислам дали да купам нешто затоа што периодов имаме големи трошоци и гледаме да не трошиме пари на непотребни работи додека да почнам и јас да работам, тој да се расфрла и да глуми дарежлив и хуман чичко.
Се знае кога се дава, нели. За децата само, за роденден, нова година, еве сега нешто за велигден и толку. Како поклон. Пример шо сакаш за роденден еве патики ок од нас нека се. По едно чоколадо кога ќе се видите, некое играче ситница. Дават и за сведителствата нешто некој денар. Тоа треба. Нека си бара работа братот, мора тој проблем да се реши. Не можите вие за сите така да давате. Ај сега земи и на твоите давај само. Не е во ред. Мора граница да постои. На мајка му сте купиле шо сте купиле и крај со тоа, ептен хитна ситуација ако можите ќе помогните, те лажат овие,стварно е е фер према тебе, не е убо тоа.