Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.600
    Пол:
    Женски
    Da ne treba i brat mu i negovata familija vie da gi izdrzavate?
    Jas ne bi kutela,bi prezela vo svoi race smetki i povekje bi gledala kade se trosat parite sto se zaednicki,zasto sigurno ova ne mu e prv pat na maz ti.
    A na svekrvata sigurno i e krivo sto sinot e kockar,ama vie ne ste dolzni niv da gi finansirate non stop.
     
    На Daniela93, Осе, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  2. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Дечки ви благодарам на сите до еден за несебичниот одговор и за вашиот поглед кон ситуацијата.
    Касно станувам свесна дека некои работи се избрзани и преќутени.
    Зборев со него, за сега се држи став дека на почеток ке сме со неговите, јас секако ке се трудам и да се одделиме.
    Во врска до мајка му и сестра му, самиот кажа дека бил свесен ама они биле такви, при што му кажав чим така тогаш ке држам дистанца и само формално со нив двете.
    Нешто што не сакав да си го признам е тоа дека не е совршен и веројатноста е дека секогаш ке и фали тоа партнерско разбирање и поддршка за вакви работи. :sweat:
     
    На mal.ecka, WildMk, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Душо, ако ти е утеха никој не е совршен. И јас и мм не сме, ни бракот не ни е совршен. Се функционираше супер додека дојде детето, тогаш почнуваат првите реални проблеми. Но, разбирањето и комуникацијата се клучни. Ако ова го немате стварно размисли убаво. Со среќа :hug:
     
    На Oneo, Idedemja, Осе и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Hecate

    Hecate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2022
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    947
    Пол:
    Женски
    Конечно си најдов работа без да треба да знам Руски ,имено се вработив во една фирма каде што е предност англискиот. Многу ми се допаѓа и се поисполнета сум и не сум дома затворена и депресивна но мм многу е негативен и постојано ми зборува како тоа не ме плаќале доволно дека сум губела време да земам дома да учам програмирање и да дадам отказ он ќе ми го давал тие пари. Постојано споредува со неговата плата па како може да споредува кога он е софтвер инжинер со 15+ години искуство и нормално дека зима огромна плата како може да се споредува со мене. Ми зборува како тоа не морало јас да работам дека финансиски имаме повеќе од доволно ,јас пробувам да му објаснам дека не ми е само за парите и дека не сакам постојано дома да седам дека ме фаќа депресија и он пак инсистира да дадам отказ да учам дома програмирање кога веќе сум сакала да работам барем да земам добра плата . Постојано се расправаме за ова откако се вработив во неколку наврати ми рече дека сум "мала" и дека не размислувам правилно се чувствувам како да ме гледа како помалку способна само поради нашата разлика во години. Наместо да ме поддржи и да се радува затоа што конечно си најдов работа да не седам дома он е толку негативен. Како сите што работат нешто друго освен во ИТ да се глупави.
     
    На mal.ecka и WildMk им се допаѓа ова.
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    @Ladybug98 Според мене ова не е во ред. Кај е вашето дете во приказната? И самата велиш дека ти се невработена, тој работи премногу само за да си дозволите убав живот, за на крај да ги дава заработените пари на неговите. Да е ерген да го разберам, ама сега кога има фамилија не е воопшто во ред. Па сите се работоспособни, и на крај краева родителите се тие што треба да му овозможат на детето, а не чичкото кој веќе си има свое дете и свои трошкови. Од ваша страна се купува поклон, а не се плаќа целиот роденден. Ај само тортата, ама и другото... Ја мислам дека не треба да премолчуваш до роденденот, кажи му уште сега, зошто да се јадеш до тогаш, и веќе кога ќе е сѐ завршено да му кажеш дека ти сметало?
    Едит: а тоа што не ти кажал, за срамота. Зарем од тебе треба да крие вакви работи?
     
    На Daniela93, cresa-jagoda, Ladybug98 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    14.091
    Пол:
    Женски
    @Ladybug98 овие ве искористуваат на големо. Не може маж ти скришно да плаќа за роденден на внуката, а ти дома се секираш шо не работиш и имате други трошоци. Тоа дете си има родители, крај краева па ако ептен не можат да си дозволат, па нека не се расфрлаат со скапи организации. Значи јас ако немам доволно пари нема да порачам торта од 2000 - ќе си направам сама. Нема ни да барам декорации - ќе купам балони сама ќе си украсам. Ама нема да чекам од сестра/брат секогаш да ми ги покрива луксузите, а маж ми да се коцка.
    Јас не би преќутела, очигледно не е ни прв пат да живеат на баш грб и притоа да се луксузираат. Јас би му рекла смирено дека ги видов случајно пораките и дека моментално не сме во можност да си дозволиме толку пари за туѓ роденден. Мора да сфати дека за се има граници, шо ако не дај боже вие имате финансиска криза, мислиш ќе се понуди некој од нив за помош? Нема шанси
    Извини вака можда грубо звучам ама се изнервирав, а и на брзина пишав шо ми дојде на ум. :D
    П.С Тебе ти е грев за детето, а родителите мува не ги лази, како бе? Нека ја чукнат малку главата и нека се засрамат, зошто за нивното дете ти треба да одделиш од твоето, а тие ќе се прчат како организирале роденден.
     
    Последна измена: 21 април 2022
    На januari19, Oneo, Daniela93 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    39.491
    Јас од моја гледна точка не би замерала за трошоци за внуци.
    Бабата сигурно сака да се покаже па веројатно таа ја имала првичната идеја да организираат нешто. Ако приметила дека родителите мува не ги лази.
    Детето не е виновно ако татко му се коцка или мајка му не работи и нема пари, не дека мора фенси роденден, ама ваљда не изнајмува бабава ресторан, туку игротека или дома.
    Кога јас не работев, купувавме од на маж ми парите и за неговите и за моите внуки, и никогаш не ми пререкол ,ниту јас па него, чак јас бев иницијатор за да се купи за сите слично и одев и бирав, оти се работи за девојчиња.
    Роденден на внуче и "позајмување" пари на коцкар се сосем различни работи, ама изгледа тебе токму сега ти прекипело.
    Криењето Е проблем, тоа да. Инаку, тој што го бива, пак ќе заработи, другиот пак стално ќе си биде " нека е жив и здрав".
     
    На Idedemja, manako1, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Речи му тој да учи за бизнис менаџмент, и нека биди ЦЕО на некоја корпорација.
    Џабе се матка за ситни пари.

    Извини, ама глупости траска маж ти.
    За него можи да си одлучува што ќе учи и што ќе работи.
    Не за тебе!
     
    На simoncelicius, marlonbrando69, IRBBB и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Знам од каде дошла таа идеа.
    Свекрвата се јави, детето било кај нив и го прашале нешто за роденденот па тоа жалното и рекло оти не си го слави со другарчиња оти нема никој да дојде. Уствари, по моја претпоставка од дома и имаат така викано и научено.
    И ништо само искоментиравме дека е жално и зошто не се замараат за тоа, никогаш и немаат славено роденден ниту со едно другарче и со еден тост. Не зборувам за луксузни прослави, туку за дома со еден сок од 50 денари и грицки. После мм и се има јавено на свеки скришно, да организира се оти рачунајте како она да му е мајка се понаша.
    Ама они се посебна приказна, да земам да пишувам и да раскажувам овде ќе незнаете дали да се смеете или да плачете.
    Само ќе кажам оти не секој заслужува да има деца.
    Да не бил мм - немало да има никаква торта, ама оти сега тој плаќа имаат нарачано од слаткара.
    Ќе немало ни прослава, ни ништо - сега дури се прашани и што сакаат дали пици или тостови.

    Извинете, немам на кој да се искажам па овде пишувам.. на крај јас ќе испаднам пак најлошата.
     
    На marlonbrando69, andrejko82, Arjanit2021 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Абе во секоја фамилија има некоја комплексност.
    Ќе се учите попат како да функционирате двата, без премногу да ве реметат надворешни влијанија. :hug:
     
    На Doc, pikabu5, Ladybug98 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.757
    Допаѓања:
    19.542
    Пол:
    Машки

    Мое мислење треба мажот ти да постави граница до каде можат тие да одат и да ви се мешаат, треба малку повеќе да те заштити и дај поддршка. Тоа "такви се ваму таму" ми е ред флаг, искрено.

    Секогаш кажувам, не сум во брак, ама сум бил во врска...
     
    На Madrugada, Осе, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Никој не е совршен, но разбирање и подршка се едни од најголемите причини за стапување во брак, а ти ги немаш, едноставно не те есапат. Не го земаш само маж ти во твојот случај туку цела негова фамилија и ништо нема да биде меѓу вас двајца само. За секоја одлука во животот, ќе имаш уште тројца на глава да ти накапуваат.

    Навикни се, затоа што ми стои дека сакал само да те откачи за живеење сами со муабетот дека е само за на почетокот. Размисли си убаво колку ти е паметно да се врзуваш за некој што не те почитува. Сега ако ти е тешко, после 100 пати потешко ќе ти биде.

    Мажот ѝ уште сега не ја подржува, после потписот па ич.
     
    На Daniela93, Idedemja, Noemi и 4 други им се допаѓа ова.
  13. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    @Hecate маж ти ми мириса на нарцис. Глеј си животот и патот свој. Најбитна е твојата самосталност отколку да зависиш од него.

    @Stark & @Mikha4 не дека сте далеку од вистината, уште сега чуствувам страв за тоа што ме чека.
    Пак ке почнам со терапија за да можам уште потрезвено да размислам и да направам цврстам одлука.
     
    На Hecate и Mikha4 им се допаѓа ова.
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.558
    Нема никогаш да се одделите, пак ќе има кавги, факт е дека тој не сака да се оддели од неговите, само кажува изговори, не сега, понатаму, и потоа пак ќе биде понатаму. Цел живот тоа ќе ви бидат кавгите. Јас би поставила услов или ќе се одделиме сега или ја одложуваме свадбата за кога ќе се одделиме. Ако сега уште како вереница немаш поддршка од него, натаму ќе биде полошо затоа што ќе те земе здраво за готово као во брак сме сега, нема што да прави.
     
    На Oneo, WildMk, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Srcka28

    Srcka28 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    2.781
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека најдобро да си ставиш крај на се , немој да ме сватиш погрешно , не ти треба човек до тебе што нема да ти биде подршка во животот за било што , сум била во твојата ситуација за жал, меѓутоа јас неможев да издржам таков притисок . Не се треселе моите родители врз мене за некој да си лечи комлекси.
    Од денешна гледна точка сум многу благодарна на бога и на самата себе што собрав сила да ставам крај и не ми беше важно што другите мислат , уште сто пати би го направила истото затоа што со мирот и љубовта што ги имам сега сваќам што ќе сум пропуштела во животот.
    Никогаш не е лесно , но некогаш треба да бидеме себични и да мислиме и на нас самите .
     
    На Oneo, _Monroe, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.537
    Допаѓања:
    12.739
    Пол:
    Женски
    Извини вака, едно прашање надвор од темава, ама ако родител нема пари еден роденден на дете да му организира од 1500 денари најмалку, со дома правена торта и украси нели, што останува за другото, детето има трошоци сигурно, пари за градинка/школо, облека, воннаставни активности, патики, кој ги плаќа тие работи ако родителиве немаат пари за еден роденден што викаш да организираат?
     
    На manako1, Осе и nevermet18 им се допаѓа ова.
  17. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    17.113
    Пол:
    Женски
    @Ladybug98
    Немој да имаш грижа на совест зошто се лутиш.Разбирам да имате онака бајаги одвишок па да поклонувате.Ама маж ти цел ден на работа,ти цел ден сама со децата,и на крај и без пари.
    Зошто само вие да сте жалостливи,зошто на нив не им е жал што твоето дете е цел ден дома без таткото,за они да уживаат во неговите материјални добра.

    Ние имаме сл проблем,не би го нарекла проблем зошто не ме тангира,ама нас ни се лути,скарани,зошто не сме им давале пари а сме имале.Прво немаме,имаме за скромен живот,второ за да имаме маж ми оди на две работи а ја со децата постојано.И на крај да ги дадам за некој што се коцка?Нека повелат и они да си работат по две работи па нека имаат.
     
    На januari19, Oneo, andrejko82 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Па еве вака мм ќе прати нешто, рачунај за родендени и празници се купува облека, и со позајмици. Баби, дедовци ги жалат од околу и сите плаќаат по нешто колку за месецот да го поминат, таткото ако фати на коцка нешто.. имаат и друго бебе, последно немаа пари за адаптирано па и праќавме за тоа, да не го бутат детето со чај и вода.
    Преку еден ден се на гости кај свекрвата, таму немаат никаков трошок рачунај.
    Не знам и јас како излегуваат крај со крај, верувај. Мислев дека не е возможно ама еве јас 4 години ги познавам и така се. Двајцата невработени.
    Мажот во тие 4 години смени 5 фирми и тоа одеше по 1-2 месеци макс на работа, после си даваше отказ.
     
    На mal.ecka и nevermet18 им се допаѓа ова.
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.537
    Допаѓања:
    12.739
    Пол:
    Женски
    Немам коментар, па уште и друго дете направиле а немаат пари ни за првото, жално за тие деца, ќе пораснат гледајќи ги другите деца што имаат а тие немаат, не викам дека е лошо што им помагате ама мајкава и татково убаво си ја наредиле, други им ги гледаат децата а они само прави деца. Не знам колку си блиска со золва ти или што и да ти е, ама дајте и совет ти и свекрва ти да оди спирала да си стави да не раѓа веќе и да не останува трудна, кога нема пари, дајте и вие, само нека не раѓа бидејќи така деца не се чуваат..
     
    На cresa-jagoda и Ladybug98 им се допаѓа ова.
  20. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    13.204
    Пол:
    Женски
    Нив не им се работи затоа што знаат дека и вака можат да преживуваат, од сожалување. Мизерно. И време е некој да се соочи со нив, да им се спротивстави. И јас за малку ќе имав ваков девер и јатрва. И ден денешен така функционираат, тие невработени од пуста мрза, сите роднини купуваат АД за детето наизменично, му купуваат алишта и сл, они само го створиле тоа дете, цигарите и коцката им се побитни од него. (facepalm)
     
    На Youknow, riba79 и Ladybug98 им се допаѓа ова.