@Ladybug98 не си воопшто себична туку само си свесна дека не може вас да ве искористуваат и манипулираат. И не им треба спирала, доволни се само кондоми.
@Ladybug.89 Хмм, de gustibus non disputandum est,(за вкусовите не се расправа) што би се рекло во слободен превод сите сме различни. Но тоа не значи дека треба да ги прифатиме работите како такви и да не реагираме. Мислам дека имаш право да реагираш и да ги кажеш своите ставови и да ги браниш. Сеуште не си во брак, но мојот став за бракот е дека двајцата треба да имаат свои ставови кои се надополнуваат за да се има успешен брак. Не мора секогаш да сте стопроцентно компатибилни, секогаш има можност за некои разијдувања во некои прашања. Што се однесува до конкретната ситуација можам да кажам дека е во ред да се помогне, но тоа не треба да биде правило и не постојано. Зе треба да има граници. Морам да ти кажам дека во бракот не е ништо едноставно. За секоја работа треба двајцата партнери да се потрудат за да биде во ред. Во таа ситуација секој трет може само да ги усложни работите. Погоре гледам дека има коментари дека кога ќе дојдат децата поинаку треба да се размислува. Да во право се, со даоѓањето на децата целиот концепт на бракот си добива смисла. Имаш некој за кого треба да се грижиш и кој зависи потполно од тебе. Сепак ќе треба да направиш здрав "муабет" со партнерот, да ги расчистиш работите. Кога ќе бидеш во брак доцна е за таков разговор.
Не можат цело време кондоми да им купуваат, спирала нека и стават 7-8 илјади и раат ќе бидат 4-5 години, после треба да се смени..
Ете маж и на членката ќе даде, свекрвата ќе даде, ќе се соберат пари, возрасни луѓе се. Подобро така него пак да направат уште некое бебе, па овие да им го одгледуваат.. Они им е гајле, научени се да се гребат, овие треба и за нив да мислат..
@Ladybug98 И тебе те разбирам и него. Имам внука за која се би дала и направила. Само требал да биде искрен со тебе,верувам дека не би одбила да ја направите среќна малата. За родителите,што да речам
Абе Нина возрасни луѓе се. Не може другите да мислат за нив и да даваат пари за нивни хирови. Не треба ич да се замараат со нив, само жално за детето.
Тие така се навикнати од почеток, фамилијата на мајката се откажа и не и помага веќе со ништо(иако има можност) остана уште другата страна. Не ми се верува дека ги оговарам вака на форумов, не дај боже и да се препознаат овде Не се тие криви, ја најдоа слабата точка и си уживаат. Мојот е крив што се прави многу мангуп. Не знам на луѓето што им е толку тешко да бидат искрени. За сите овие години да ги соберам имаме дадено над 1000€ за добротворни цели и сега за е*ени 50€ си ја рушиш довербата. Не ми е јасно.
@Ladybug98 мажот треба да си го подбереш. Да дава на други и да двои од устите на децата, морее има пердуви да летаат, ама најсериозно. Брат за брат, внуци за внуци, но не дозволувам да се двои од мене и од децата за нив. Точка.
И да се препознаат, уво нека не те боли, ако ќутиш не значи дека не приметуваш дека те користат и што прават.. Паметен човек да прочита вакво нешто за себе би се засрамил, би си рекол чекај што правам јас, луѓево стварно имаат ли вакво мислење за мене..
Ostavete gi bez pomos vie i svekrvata da vidis kako za 2 dena ke najdat rabota.. Znaat deca da pravat ,a ne sakaat da rabotat nisto...
@*Amethyst* типична македонска фамилија со турски корени. Жал ми што маж ти не размислува поинаку и нема свој став. Не гледам зошто не би можеле да живеете одделно, па зарем тие се неопходни за вашата егзистенција? Млади сте, здрави, ако се сакате лесно може да постигнете сѐ, треба разбирање да имате вие, да не дозволувате други да ви се мешаат во животот. И јас сум во странство 15 год. без никој, многу ми било тешко ама кога ве читам вака си велам поубаво, една нервоза помалку. Еве две деца растам без свекрвата да мора да е главна (како твојата) што сакала да помага, фала богу најадени, перани, пеглани се бива и без баба. Многу фамилии наши вака функционираат, како вас. Како можат не знам, ама тераат. Има некои дури и две јатрви со свекор и свекрва што седат. Ах бре Македонче, до кога вака? Кога веќе Европејци се правиме зошто не гледаме пример од нив, на 18 год. децата самостојни да си бидат. Ама на секое одење во Мк во гради се удираат, како децата многу ги слушаат, кај нив си седат и глас не пуштат Ова е општо, бидејќи 70%од фамилиите што ги познавам овде функционираат вака во заедница и синот не ја испушта сукњата на мама. Совет мој би ти бил, ако веќе свекорот е поразумен како што рече да пробаш да разговараш со него, да кажеш дека сакаш да одите сами да живеете, нормално дека маж ти е тој што треба да земе став ама мора да бараш излез. Во меѓувреме игнорирај ги жените во куќата за да не се нервираш. @Ladybug98 и мене нема да ми биде сеедно мм да направи такво нешто.
За среќа тој е најразумниот тука и кога тој е присутен многу не си зимаат за слобода да се однесуваат со мене така како што се однесуваат. Имам зборено со него на таа тема, и негова идеја е да купиме стан и да си се повлече со свекрвата во Македонија, тој уште некоја година ке е тука а таа без него не може. Ни ваму ни таму сум…
@*Amethyst* бегај што подалеку од таков маж додека е време што се вели. Потоа со деца уште потешко ќе биде. Ај мајка му и сестра му не те почитуваат, но најбитен е тој, а гледам од постовите оти не те почитува ни најмалку. Остави го.
@*Amethyst*, одложи ја свадбата. Многу сериозни прашања не се расчистени меѓу вас и не сте спремни за брак. Секако дека имате опција да се тргнете на страна двајцата. Штом во Мк може да се оди под кирија, со нашите плати, можете и вие. Разговарајте уште еднаш и решете се што ќе правите, дали ќе одите да живеете двајцата сами или ќе раскинувате. Зошто нема иднина за тебе во таа куќа. Во заедница со културни и нормални луѓе е тешко, ама со идиотки? Мачење. И на крај пак ќе си одиш, вака барем поштеди се од нервози и болести со време.
Razmisli si ubavo pred bilo kakva odluka, brakot e seriozna odluka od koja ti zavisi cel zivot.Da ne si ja treskas glavata posle.
@*Amethyst* немој да си се потпишала, пред да го решите станбеното прашање. Сериозна сум. Едно ќе попуштиш, друго ќе попуштиш, па еден ден ќе си ја чукаш глата. А ти @Ladybug98 , не им правите услуга со тоа што ги финансирате. Ако човекот е зависник, you are enabling his addiction.
Доста бе со тоа кирија. Кога некои ропаци ќе живеат сами со жената тешко на жената. Ќе снема ропакот пари (оти нели се он ќе плаќа веќе сам) и душата ќе и ја вади, ќе ја тепа итн.
Само да си ја испразнам душичката и да видам мислења од страна. Со маж ми сме скоро 5 месеци во брак. Пред тоа врска од 6 години со изневерувања од негова страна.... Имам пишувано за проблемите на форумот. Никогаш не дозволи да му раскинам, плачки, молења, спиење пред врата, молења пред моите да продолжам со него. Моментално сум бремена 9ти месец. Ме запроси дури во 6ти месец од бременоста во меѓувреме се си функционираше супер заедно по прегледи, грижливост од негова страна, си доаѓаше кај мене си одев кај него. Се беше супер освен што не ја знам ни ден денес причината зошто мораше да чека толку многу за да ме запроси а секако за тоа време и криевме дека сум бремена иако нашите знаеа а се правеа дека ништо незнаат. Пред да ме запроси му најдов разговор од неколку минути со девојка што ме има изневерувано додека бевме во врска. Тогаш ми кажа дека причината била што дечко и кој му е другар бил пијан па ја барал за да си го прибере од град, пак плачеше се колнеше како ништо друго не е причината како сум можела да мислам дека има нешто со некоја кога чекаме дете. Помина тоа иако како и секогаш не му поверував на изговорот. Неколку дена пред регистрација пак најдов разговор со истата девојка ја упропасти цела регистрација изговор толку бил пијан што незнаел ни самиот зошто ја барал им кажав и на мојте и неговите дознаа се, не сакав ни да се мажам со него, неговите молеа, твореа само да не го оставам, тој се колнеше на маса дека се кае пред мојте се извини они разговараа со него. Од моја страна му кажав дека ако не е сигурен во неговите чувства дека нема потреба да влегуваме во брак детето сама си се нафатив да си го чувам кај мојте бидејќи ја имам сета нивна подршка. Имаше две недели да одлучи дали сака брак без да шврла или да си продолжи со која сака и да ме остави на мира. Се регистриравме пак дадов шанса заради детето, и еве пред месец пак разговор со истата личност иако знае дека му го проверувам телефонот не се ни трудел да скрие. Изговор се скарал со некој низ град па она била со него и се јавил ко демек таа да му пренесе да се прибере. Си ги собрав работите и си дојдов кај мојте си седам кај нив од тогаш. Во меѓувреме дојде да збореме и се испокаравме како јас сум немала доверба за ништо, како можам да мислам нешто од разговор само, не се растурало брак само од обичен разговор бла бла и толку беше изнервиран што не му верувам дека е само обичен разговор што кога му реков дека нема да му дозволам детето да си го виде ми рече дека сака днк, се сомневал дека е негово. Мојте го летнаа низ врата истиот момент послем тоа плачеше го рекол тоа само за да осетам како е да обвиниш без причина. Се колне дека ме сака и мене и детето што чисто се сомневам од причина што јас да сакам некој и да знам дека нешто му смета нема да го правам па макар и обичен разговор да е. Исто ми обеќаше дека нема да пие ич од драмата пред регистрацијата и пак си продолжи да си пивнува на излегувања со гости иако не се напи му замерив и за тоа оти не си застана на зборот, исто излезе за викенд со другари еднаш и се врати дури во 5 сабајле што исто му замерив и го фатив како ме лаже за брз кредит ме дал за лице за контакт и не ми кажуваше уште колку рати има и зошто не го плаќа на време туку остава камата да му се собира кога имаме пари. Ама јас си добив детален извештај од тие за кредитот и видов и пак беше упорен дека не е точен извештајот. Од разводот ме одвраќа малку причината што е премногу грижлив кон мене, скоро се е по мое за сите останати точки, за се друго се сложуваме. А пак си мислам сега на почеток на брак ако кикснува и фаќа кривини што ке биде понатаму. Му поставив малку нереален услов за да останеме во брак чисто за да добијам на време и да видам дали ќе се обиде да го исполни иако е многу тешко за исполнување во моментот.