Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Ми делуваш на добронамерна личност која за жал налетала на пропалица.
    Мое прашање е..Зошто твоите го дозволиле сето ова?
    Ако еднаш шврља и му простиш, искрено, нема да бидеш во право да се лутиш ако се повторува тоа. Сама го имаш дозволено.
    А овој дел многу ми прободе во око:
    Апсолутно не ти треба ничија дозвола за да му раскинеш на некој. Тоа е исто ко да фатиш тањир и да ја прашаш мајка ти "еј мамо, може да го скршам?". Сигурно ќе ти рече не.
    Тоа дете не заслужува да живее меѓу напнатост, тензија и нервози ради татко му. Ако имаш поддршка од твоите, оди понатаму, не чекај. Човек со исти навики не се менува, ма колку сака нека збори со празни ветувања кои не се оствариле со години.
     
    На Роберт 7, simoncelicius, lovely91 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. bella108

    bella108 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Бидејќи моите што се не пробаа за да ми укажат дека е таков каков што е и нема да се смени, де забрани, де казни, де совети буквално на секој можен начин и дигнаа раце само да бидам среќна па макар и најлош да им е на нив ако си мислам дека е арен за мене.
    Со тоа дека не ми дозволи да му раскинам сакав да кажам дека не ми е јасно на толку обиди за раскинување на буткање и вреѓање од моја страна тој никогаш не се согласи да раскинеме дури и се закануваше дека нешто ке си направи ако го оставам до толку неможел во животот без мене. Јас му велам ако има потреба од друга зошто не оди со нив не проба врска било што. Туку упорно сака да ја зачува нашата не се откажува а потајно шврла.
     
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    39.491
    Маж ти е неизживеан лигуш, сори ,нот сори. Вака по описов твој, јас во глава си замислувам некое максимум 22 годишно со извинење петле, кое по потреба се лигави во јавност со солзи, по потреба праќа пораки до 'противници 'преку женски, по потреба зема брзи кредити, а по потреба се алкохолизира толку да као наводно не знае зошто врти нечиј број.
    И плус хабитуелно подлажнува.
    Ние на форумов не го знаеме маж ти 6+ години како ти, и она што си го видела до сега е најверојатно она што ќе го гледаш и понатаму со него.
    Не дека рикверц не е можен, туку тој видел дека лигавењето му успева ( "пред вратима спавала ко пас" работата) па солзите и драмењето за него се 'бизнис ес јужуал'. Драма - квин.
    Сигурно има и некакви квалитети, штом ти значи , ама кои се тие , пак ,ти си знаеш. Јас ни еден не прочитав. Ако се друго е по твое, освен лажењето и варањето, ти треба да си одлучиш дали е тоа доволно за уште 30-40-50 години партнерство.
     
    На Роберт 7, TheBluePhoenix, buba4e89 и 30 други им се допаѓа ова.
  4. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Ах..
    Ама океј, штом ти толку сакаш да си со него помири се со 40 годишно партнерство со нервози, изневерувања и плачки од него, како што кажа членката погоре.
     
    На Konfetka, honey.11, Noemi и 4 други им се допаѓа ова.
  5. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.344
    Допаѓања:
    11.944
    Пол:
    Женски
    Куче што лае, не каса.
    Да не можел во животот без тебе, немало да се шврља на страна.
    Ти посакувам лесна бременост, и да си родиш живо и здраво бебенце. :hug:
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Dejanaaaa

    Dejanaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    350
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво. Не знаев кај да пишам. Со вереникот никогаш немавме кавги и недоразбирања, се беше преубаво ама после многу години од врска и време поминато заедно како живееме, еве скоро цел ден и цела вечер имавме кавга голема што никогаш во живот не сме ја имале и тоа само затоа што сум и поминала на другарка ми во бутик на работа на едно кафе да пиеме набрзина а и да е видам новата роба на облека. Сето тоа траеше на 30 минутки. Мобилниот ми беше на вибрации и во ташна па не сум слушнала кога ме барал, кога дојдов дома почна да си прави филмови како јас сум го изневерувала и слично и дека не сум била во бутик затоа не сум одговарала на повици туку зафатена со други работи, ако сум била таму требало прво да го известам пред да влезам (што тоа никогаш не било така во нашава врска се беше со доверба), викаше премногу. Вечерва не го препознав, почна да ме плука в лице, ме влечеше за коса а и почна да ме стега за врат (до степен да изгубам воздух) имам модрици каде што ме држеше за раце и слично, му се колнев во све дека ништо немам правено и слободно мојата другарка да е побара и да е праша. Значи излегов да платам сметки за мобилен и влегов кај другарка ми во дуќанот. Спакував работите и си дојдов кај моите, беа изненадени и тие ама некако успеав да им скријам ми помогна и сестра ми... Незнам што да правам веќе ова е прв пат вака а и треба свадба да правиме ама после оваа случка многу се мислам дали би сакала пошто мнпгу знаете колку сум против насилство...
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    39.491
    ..јао , и закани за " ќе си направи нешто" . Како не ќе си направел. Типична манипулаторска фраза..
    Ке те напиња до максимум, па нема да го гледа детето, за да ти створи кривица дека ете дете си делиш од татко, па ќе ти кмиши каде и да си, па не дај боже да имаш нова врска, тек тогаш циркус ќе биде.
    А таа што и телефонира, веројатно го знае што мустра е , нејзина сорта, па само за забава и служи, сигурно на крај нема да вресне од радост, и нема дома да си го однесе.
    Родителите правилно постапуваат. Колку го тргаш некого од некого друг, толку повеќе се засилува привлечноста.
     
    На buba4e89, honey.11, elenaklasik и 9 други им се допаѓа ова.
  8. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.360
    Допаѓања:
    26.249
    Пол:
    Женски
    А зошто му се правдаш бре жено каде си била и што си правела
    Ако не сака тој да верува негов проблем
    Леле читам и нервоза ме фаќа
    А и што се мислиш сакаш нареден пат наболница да лежиш заради неговите испади ? Ајван си ти па ке те третира така ?
     
    На Golden, Роберт 7, Серотин и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Dejanaaaa

    Dejanaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    350
    Пол:
    Женски
    Прв пат во ваква ситуација се наоѓам жими све, немам сон од нервоза и од страв. Долго време сме заедно ама никогаш не помислив дека ќе се најдам во оваа ситуација и дека ќе пишувам тука за оваа тема, се било убаво и совршено и незнам како оддеднуш настана вака, пробав да објаснам мислејќи дека ќе ме разбере ама не, незнам зошто таква недоверба кон мене а со години сме заедно и било преубаво... Сега кога ќе замижам ги гледам неговите раце на мојот врат, неговите раце на мојата коса како ме влечат, плукањата в лице и слично. Незнам модринкиве како да ги кријам... И најлошото ми беше што кога ги собрав работите за да одам кај моите ми рече: Оди оди сега кај тој ама татко ти ќе неможе телото твое да го собере дека на делови ќе те најде. Хелекс сум пиела и пак неможам око да склопам, никогаш не сум изневерувала и сум била против тоа, незнам што да напишам веќе. Ми се згрози секое машко што постои.
     
  10. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    :|..
    Готово. Како поставувате прашања дали да останете со вакви луѓе?!
     
    На Ciel, Konfetka, _Monroe и 19 други им се допаѓа ова.
  11. Dejanaaaa

    Dejanaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    350
    Пол:
    Женски
    Ова прв пат во животот ми се случува и најчудното ми е зошто ваква недоверба кон мене има тој... Да сакав да останам со него немаше да дојдам веднаш кај моите, само што сега почнав да живеам во страв мислејќи што би можел да направи понатака, не го препознавам веќе човекот што најмногу го сакав и имавме планови за иднина... Свадба требаше да правиме, со години заедно живееме па ова све ми дојде како шок. Татко ми да е дознае вистинската причина зпшто сум тука па мислам дека ќе го убие.
     
  12. hotsauce

    hotsauce Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2022
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Може ќе бидам премногу директна ама како можеш да не знаеш што да правиш? Утре да имаш ќерка што совет ќе и дадеш ако некој и го направи ова тебе што ти се случило? дали ќе можеш мирно да спиеш ако ќерка ти се омажи после оваа случка за тој човек?
    жено глава горе, пријава во полиција, има да кажам и на моите и на неговите што гомно е. Со целата таа поддршка, секако си кај твоите, не се плаши. Самата кажа татко ти може и ќе го убие ако слушне за тоа, значи не подржува насилство, не е некој турски тип од 18ти век каде жената морала да трпи се. Го кажувам ова бидејќи на мојата свекрва првиот брак и бил со валви случки, дури кажала дома од немај каде, а нејзините и рекле не може развод, што ќе кажат другите.
    Си се разведе таа и си го најде подоцна свекорот.
    Сакам да ти кажам ич нема што да мислиш, за ваква банална глупост што не си кренала телефон, па мисле дека лажеш за тоа каде си била, значи доверба нема, ниту пак ќе ја има. Згора на тоа, како да е малку психичкото насилство кое го трпиш, па одозгора и физичко.
    Самодоверба, потсети се колку вредиш, немате деца, не е толку комплицирано.
    Со еден збор - БЕГАЈ

    Едноставно кажано, маж ти е навикнат и научен да прави с*ања, да поплаче и да се извини и знае дека пак ќе те добие.

    Не може да е “не ми дозволи да му раскинам” туку нашол некоја премногу слаба точка кај тебе каде научил дека со молење и фарси ќе му се вратиш. Цени се самата себе, заслужуваш многу повеќе од овој неизраснат, неиживеан мочко кој лечи комплекси врз тебе.
    Им веруваш на тие изговори зошто цело време контактира со девојката? Не ми е јасно.
    Згора на тоа, имате дете, тој си седи до 5 сабајле, вади брзи кредити, спомнуваш неверства.
    Немој да ја испуштиш и оваа шанса да го оставиш, колку и што уште треба да ти направи и повреди, за да сфатиш?
    После ќе поминат години и ќе се каеш за изгубеното време со овој човек. Има многу повеќе во животот, треба да се живее и вреди за убавите моменти. Не да чекаш што скеч ќе направи следно
    Млада си, животот е пред тебе. Нема да си ни прв ни последен самохран родител, од ова што ги напиша со него немаш никаква иднина.

    обично размислувам добро пред само да напишам оставете се, ама не можам да разберам како си можела волку да трпиш, уште и услов да останување во брак си му дала. За него ова е добро позната игра. Мислам дека треба да излезеш од комфорт зоната(ако може да се наречи така, знам дека не ти е комфорно ама друга е поентата) и да дадеш чекор кон нова иднина, ќе виде тешко ама ќе си многу посреќна
     
    Последна измена од модератор: 27 април 2022
    На Monella, nevermet18, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  13. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Сега ти е шансата да се спасиш! Ако сега не го оставиш, понатака многу потешко. За да си помогнеш сама на себе, пријави во полиција и кажи им на твоите, немој да криеш. Блокирај број, блокирај социјални мрежи и никако немој да се видиш сама со него.
    Ако сега не превземеш вакви мерки може многу лесно да те убеди да се вратиш и понатака да трпиш многу потешко насилство.
    Изневерувач можеби и се менува, насилник никогаш!
    :hug::hug::hug:
     
    На Luminary, Monella, manako1 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.656
    Допаѓања:
    57.234
    Пол:
    Женски
    Девојче како воопшто твоите ти дозволиле да се омажиш со човеков??? кога апла се знаеле..заштити се како знаеш и умееш..среќно..
     
    На Noemi, *Amethyst* и Just.do.it им се допаѓа ова.
  15. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    А што да и праат да ја врзат за радијатор?
    Глеаш дека дамата вика ради мене. Она сакала.
    Најубабо би било уште од старт да се прекине ова. Кој еднаш удрил ќе удри и втор и трет и петти пат. И секој нареден потежок од првиот случај.
     
    На Bezimenka90 и Осе им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Тој нема шанси да се промени.
    Не те сака. Може има страв да биде сам, да не биде во врска, па затоа толку те молел да се смирите. Ако сметаш дека вреди со ваков човек да бидеш во брак, тогаш ок, само биди подготвена на константно изневерување.
     
    На Lady D ❤️, *Amethyst*, Youknow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.971
    Разговор на месинџер или се слушале?
    Ако е по пораки добро што се пишуваат?
    Ако е здраво како си што си...ок.
    Ако си пишуваат "те сакам, ми фалиш" е тогаш не е ок.
    Зависи што толку има со неа? Таа мажена е?
     
    На *Amethyst* и Осе им се допаѓа ова.
  18. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.656
    Допаѓања:
    57.234
    Пол:
    Женски
    Чекај, што е тоа премногу грижлив кон мене?? колку години имате??
     
    На *Amethyst* и Just.do.it им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.902
    Пол:
    Женски
    Јас искрено да имам толку недоверба во некого не би можела да живеам со него. На страна од тоа дека овој е говедо според муабетот, ама ти немаш апсолутно никаква доверба во него, цело време го проверуваш... Небитно дали е он говедо или не, ти се понашаш спрема него како спрема дете, му забрануваш, му поставуваш ултиматуми, немаш доверба во него, дефинтивно не си сигурна во таа врска да ја наречам пошто е веќе и брак нели, не знам зошто уште му даваш шанси. Ако он е таков како што го опишуваш и не сака да се смени нека си тера животот, ама каков год бил, толку големи притисоци и контрола и ултиматуми, не се во ред. Јас би си го оставила да си живее живот каков што си сака сам, нема да му давам веќе шанси. Мене фактот што он не се крие ми е едноставно доволен одговор дека не прави нешто страшно, туку едноставно комуницира со таа личност и тоа е тоа. Јас не би му опростила неверство, ама кога веќе си опростила си дала шанси остај го малку да дише, не го контролирај до толку, стварно мене ми делува ко он да ти праи за инат се дека ти го држиш премногу строго, да не пие, да не искача, да не се слуша на телефон, да не се дружи, да не ова, да не она... Да напоменам, он е недораснато говедо, лигуш, идиот, се што може е, според твоето кажување, ама никој во животот каков бил не заслужува таков живот ограничен од сите страни, ако не ми одговара си одам и чао пријатно. Извини, не те наоѓам крива, напротив, се трудиш да си го спасиш бракот и врската, ама најискрено ова ќе те кошта многу главоболки ако не ставиш крај.
     
    На simoncelicius, Indiegurl, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  20. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.656
    Допаѓања:
    57.234
    Пол:
    Женски
    Не пишала членката дека ја тепал туку дека е патолошки лажго..е сега има подршка од родителите за се па ваков тип не и треба покрај неа..а тие како постари, поискусни веќе виделе која драма од плачење , солзи а сепак изневерувања претрпела по мое не би требало да и дозволат брак..ама ок тоа е по мое мислење..нејсе има проблем треба да го реши, небитни се родителите сама мора да изнајде начин и решение..човек што лаже еднаш цел живот ќе лаже !!!