Ааа ја помешав со другата членка Секако лажго и варање чим биднале ќе се повторуваат ставот ми е исти. Олеснителна околност нема деца. Нека бега додека не е пропадната до гуша у гоВн*.
Па мислам не е ок, зошто со бившата негова здраво како си да прави муабет? Еве јас не сметам дека е ок ако мм прави бош муабети со бившата на мсн Нема логика и се гледа дека и смета на членката
Е аман, јас со бивши одам на кафе, на искачање, другари сме од средно па одиме некогаш сами некогаш со други другарки, другари... На свадба ми беше... Значи љубоморава спрема бивши не ви ја разбирам, еве стварно, ако требало нешто да се деси нема да идеш на кафе кај што сите може да те видат, ќе се криеш.
Леле, од кај да почнам. Што се не прочитав. Извини, ама јас поинаков пристап ќе имам. Не му ја префрлај вината нему. Никој не може да ти дозволи или не дозволи да раскинеш. Си одбрала ти да не раскинеш. Се беше супер, ама ме изневери и криевме дека сум бремена. Чекал толку, затоа што едноставно не сакал да се венча со тебе. Си останала бремена, те видел како посигурна опција, па ај дај што даш. Подобро да се венча со тебе, него да остане сам. Тебе секако пак ќе може да те матка. Кога ќе раскажуваш во иднина, кажи се е супер, врската ни цвета, ама (вметни го овој дел). Нема да коментирам за ова, ама ќе кажам друго. Дали мислиш дека ќе биде супер за детето да гледа како татко му цело време ја изневерува мајка му? Дали ќе е супер да те гледа како се нервираш секој ден? Ако чекаш тој да се смени, нема да дочекаш. Нема причина зошто би се сменил. Ќе те изневери, ќе се полигави, ќе му простиш. Врти го ова на repeat. Она што може да се смени е трпеливоста на твоите. Не е фер да ги изложуваш цело време на оди ми, дојди ми. Чим ќе имаш дете, доволно си возрасна и ти да се воозбилиш, па да има детево барем еден родител што ќе е озбилен и ќе има самопочит. Доста си играш игри и му поставуваш тестови. Или имаш доверба или немаш. Размисли убаво, донеси одлука и држи се до таа. И не ги користи другите како изговор дека те предомислувале. ----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Прв пат е. Ама имај предвид дека ова што го направил е премногу сериозно за да го простиш. За да те убие доволен му е еден обид. Се надевам сфаќаш дека да те држи за врат додека не изгубиш воздух е обид за убиство. Вереникот пробал да те убие. Наместо да ги криеш модриците, кажи им одма, уште во моментов на твоите, а потоа одете на лекар. Пријави во полиција со лекарското уверение. Џганот просперира кај нас затоа што никој не пријавува. Се надевам исто ти е јасно дека еден ист совет ќе добиеш од тука - сите мислиме дека свадба не доаѓа предвид. Бегај од него.
Ти ти одиш ама членката го проверува нонстоп телефонот за тие разговори. Очигледно и смета, ако тебе ти е ок, некој не му е. Маж ти бил неверен спрема тебе, вадил брзи кредити без да знаеш? Едно е да си имаш некој муабет со бивш и да остане на тоа, друго е да криеш и наоѓаш изговори кога жена ти ќе ти ги најде разговорите со неа Споредуваш баби и жаби
Не е мажена, има околу 20 год. Па на фб и инста не комуницираат дефинитивно оти му ги знам пас. Од разговори само тие што ги пишав по еден во неколку месеци од неколку минути Смс пораки нема Едино останува на вибер да комуницираат ама зошто тогаш би си дозволил да ја бара и онака кога знае дека би видела. Онака секогаш е достапен на тел едино ако се гледале ноќно време откако ќе каже дека ќе оди да спие или за овие 5 месеци кога јас сум кај моите.
Немој да те лажел умот, да си се вратила! Никогаш поќе! Преку физичко насилство не се поминува! Ќе му се повторува, да бидиш сигурна!
Знаеш како може и да не праел ништо а ти секогаш да се сомневаш. Штом веќе си дошла до тука твое е да одлучиш дали ќе му дадеш шанса минатото да го оставите назад да расчистите и да тргнете напред или сама ќе го растеш детето. Не е лесно ни едното ни другото. Кој и да вика дека е подобра опција сама, лаже. Кој и да вика подобра опција со него,па те лаже. Нема подобро посебно тоа со кредитот е многу неубава работа. Ама верувам ако ина љубов разбирање почит дека има некакви шанси. Е сега зависи ти што сакаш. Велиш 5м не сте ни заедно малтене. Бебе нема да ви ги реши проблемите напротив нови ќе ви накалеми: нервозни, неспиени,па било болно па ти вака ја така тек караници ќе дојдат. Секој почеток е тежок. Ама затоа ни твојте ни неговите , седнете разговарајте и видете дали сакате нешто да се спаси или ќе го гледа бебето за викенди.
@Dejanaaaa , штом наеднаш така љубоморно изреагирал, прв пат, насилно, за тебе неочекувано (а порано да не бил таков), постојат големи шанси да те изневерува тој и на овој начин да префрли вина на тебе. Чести ситуации се тие.
Двете приказни се : се е совршено, освен... Прво сами на себе да си признаете дека нема ништо совршено, ваљда чекор до реалноста ќе биде . Ниту вие сте совршени, ниту партнерите. Луге сме сите со маани, совршенство само на инстаграм во зависност од филтерот. Плус ако целта е "савршенство без мане" стално разочарувања ќе следат. Некој од чиста мира да ме нападне физички, ќе се посомневам сериозно во психичкото здравје негово, и апсолутно свадби-мадби ќе одложам. И бремености. И ќе барам да оди да се прегледа. И кај психијатар меѓу другото. Плус првата приказна и дупки има. Ја запросил во 6ти месец бременост, во брак се 5 месеци, а бебето не е родено туку таа е 9ти месец трудна Свашта. Ај можи од шокови им се бркаат пресметките и датумите.
@bella108 Овај човек тебе не те сака, те манипулира и е со тебе ,,ради реда,, Мислам дека има чуства спрема таа девојка што и пишува нон стоп не знам.. Не сакам да те уљандисувам ама секое вракање кај него ке биди истата песна.. одлучи си како сакаш да живееш сама
Можеше да биде со таа девојка никој не му бранеше не го терав со сила да биде со мене дури и го буткав слободно да си проба ако има чуства кон неа
И пак нема логика... Во 6 месец те запросил, сега си 9 месец уште непородена, значи пред 3 месеци те запросил, а кога се регистриравте? Значи сигурно помалку од 3 месеци си во брак
Балканските мажи немаат м*да за то.. Ти му си била посигурна сте биле 6 години заедно, сте се знаеле фамилијарно али неговите чуства мислам дека се повеќе пријателски настроени кон тебе. А и манипулатор е сигурна сум дека ке успее да те врзе нешто пак...