Аман Црешке небитно е тоа жената има друг проблем, сигурно не и е до математика дојдено па да рачуна точно.
Сите овие работи, поставете си ги да го начекате малиот вас или па хипотетички замислете син или ќерка имате, дали би ги советувале да имаат врска/брак со личности како шо имате вие.
Во врска те изневерува, те прави будала, простуваш еднаш, двапати, трипати и после забораваш да броиш, он знае дека си слабак и дека што и да направи нема да си тргнеш. Па затоа имаш незаштитен секс (освен ризикот за полово преносливи болести) и си забременуваш. Он ме ти испижунува ниту едно барање или ветување и ти пак се враќаш. Правиш исти дела очекуваш различен резултат? Како? Ми се гади колку немате самопочит и потпаѓате на две солзи додека он си го лади к.... кај стигне. Ако не си трол, спаси си го детето и удри му клоца на говедото. Сеа извадил брз кредит на твое име, утре да не купи памперс случајно? За другата девојка немам коментар. Ако некој проба да те дави пошо не си му дигнал на телефон 30мин, нема да е последен пат. Прости и чекај да те удри лошо и да те убие. Ретко коментирам на темиве ама некои "проблеми" се толку очигледни што е банално да прашувате на форум за "други мислења".
@Dejanaaaa ако ја немаш прочитано "Ова завршува со нас", прочитај ја и се ќе ти стане јасно. За почеток добро е што си заминала од таму, плус па и ти се заканил, сигурно има нешто. Исто и јас како некој погоре помислив дека си ја има мувата на капата па сега си бара кавга. @bella108 вие шпанска серија сте биле. Овој очигледно дека не те сака, туку му си повеќе како сигурна опција да не остане ерген. Вака си вика "ај бе ќе ја земам оваа колку да не ме замараат домашниве, па после ќе си терам кејф". Ти за то време ќе седиш дома со 1-2 деца, невработена, тој дома не ќе се прибира и ако е вистина дека зел кредит на твое име, ќе земе пак или на друг начин ќе те заглави да не знајш кој пат да го фатиш. Имаше еден таков случај на форумов сега брзо. А тоа дека спиел пред врата, плачел, па бил многу добар и правел по твое, воопшто не значи дека е презаљубен и не може без тебе. Е сега ако сакаш претпоставката погоре да ја одбегниш, знаеш што да правиш. Сигурно дека да гледаш сама дете е тешко, ама уште потешко е ко ќе имаш дополнителни нервози и проблеми со ваков тип. Ние овде можеме секакви совети да ти дадеме ама на крај секој сам си ги носи одлуките.
Па ги советуваат тука ако типот што вадел кредити без да знае и ја лаже каде стигне, ја изневерувал ама ако контактирал со бившата само онака за да праша на мсн што правиш- ок било
Жени убави… читам неколку страници уназад и се нанервирав до степен да чурам! Кај ги наоѓате бре овие мамлази? Овие патетични лузери од мажи?? Каде ви е самодовербата? Не ми е поентата да се праам паметна и да држам продики овде, ама осеќам потреба да пишам нешто! Абе МАЖ е да те сака и почитува, кога ќе те здогледа у гужва оддалеку, прв инстинкт да му биде да ти се насмее од уво до уво, да те слуша како кукаш за лошиот ден на работа и да ти стави пица у скут, со пуштено Friends на Нетфликс, да ти биде и љубовник и најдобар пријател во едно, да му зрачи лицето од среќа, кога си ти среќна, да ти биде боксерска вреќа кога те маваат постпородилни хормони и да не ти го зима тоа за зло зошто ТЕ РАЗБИРА. Темава е полна со страници за плуканици од мажи. Па уште и не сте на чисто дали треба да ги шутнете пропалициве или не?! Абе газете тој џган све по ред! Станете од кревет, напијте се кафе, пуштете си музиче, нашминкајте се , погледнете се во огледало и ветете си на самите себе дека веќе нема да дозволите никој да ви го труе духот и животот. Среќно!
pocna da mi se stvara losenje od samiot zbor ,,maz,,,sekoj sto ima dole penis ne e maz,ne sekoj sto go ima toa dole e maz…nazalost
Ја откажав свадбата девојки собрав храброст некако им се доверив и на моите, мајка ми малку ми викаше да не брзам и да размислам, да разговарам со него сепак години биле во прашање ама затоа татко ми и сестра ми застанаа цврсто до мене и не сакаа да го слушаат неговото име. Незнам ни татко ми а ни братучед ми како сум ги спречила да не се направи белја голема. Него го блокирав, меѓутоа сеуште се јавува од други броеви и праќа пораки како му е жал и се останато, се заканив дека ќе го пријавам во полиција. Денеска забележав како ме следи со колата додека одам на работно место. Само знам колку вредам, сум правела грешки ама моите родители не кренале рака на мене па не дозволувам ниту еден маж. Му се објаснати како стојат работите. Неможам да простам насилство.
Па на мајка ми и кажав дека се однесуваше лошо, не во детали баш све дека знам како е со здравјето ама да, ми го кажа тоа. Но како поминуваа денови ме гледаше во која состојба сум и ми рече, соземи се не е единствениот, ако сакаш крај и сакаш да откажиш све така нека е.
Браво девојко, само така и држи се храбро, немој случајно да попуштиш, пријави го и во полиција за вознемирување ако треба, се е полесно кога нема деца и кога не сте венчани, ќе си најдеш човек кој ќе те цени и нема да те тепа, човек кој ќе ти верува..
Нека трепка за пример! Која и да сака да бара совет понатаму за како да се справи со насилник, треба да те прочита. Браво!
You go girl! Ќе видиш колку аполутно поубав ќе ти биде животот. Ако те вознемирува пријави во полиција
Фала ви девојки И не ми беше лесно воопшто, имав такви измешани чувства. Со оглед на тоа што сум растена во многу убава и хармонична средина, што по многу години кога ќе ги погледнам мајка ми и татко ми како се гледаат со љубов, почит, разбирање а и доверба, што никогаш ниту тој а ниту таа не си повишиле тон еден на друг ми ја дале дефиницијата за љубов и како треба да се функционира во една среќна средина и сум била многу против насилството. Не ми беше лесно воопшто, на моменти сакав да попуштам ама тогаш ги гледав сите оние неубави работи што ми ги направи, и тоа само еднуш ми ги направи а беа пресудни да ставам крај на сите наши идни планови. Тогаш си седнав и размислив што понатака? Што ако попуштам? Сега да влезам во брак и се деси истото, треба да се плашам од него? Треба да спијам во ист кревет со некој што кренал рака на мене? А што ако имам дете и би било сведок на сето тоа и расте во токсична средина. Како ќе му биде? Човек ако еднуш крене рака, ќе крене и втор а и трет пат. Си добив трауми за понатака, ама тоа е ете. Уште сум во шок што ми се деси, воопшто не сум фокусирана на работа, све ми е како гром од ведро небо ама ќе помине, мора. Се надевам дека нема да досадува, да ме прати, да ме моли, да ме бара и пишува од други броеви дека тогаш ќе му нема спас дефинитивно. И пазете се девојки чувајте се, не трпете насилство, многу вредиме како жени и многу сме силни.
Ова е школо, не е грешка, да ми го памтиш зборо. Да видиш како во иднина ќе ти бидат ококорени двете-четири Браво за храброста, знам дека не беше одлука која лесно се носи. Ти ја посакувам сета среќа на овој свет
И јас како стрина на дете (дете на брат на мојот мм) секоја година за 1 септември за школо обавезно се купува ранец, патики, облека... Нова година поклон, роденден поклон и то се по желба. Девојчето има 13 год.никигаш не била на море јас и мм прв пат пред две години ја однесовме на море буквално и ги исполнуваме сите желби дете е. Една работа што јас ја имам научено од моите родители - постапувај со другите како што сакаш другите да постапуваат со тебе. Ама каква е реална слика : Татко не работник цел живот на грб на свекор ми. Битно секој ден е во кладилница и пуши кутија цигари од 150 денари. Јатвра ми работи во фабрика за минималец исто пуши кутија цигари од 150 денари. Јас трудна уште некој месец ќе се породам никој од нив телефонски не ми се јавил да праша како си а не дај боже да прашаат да не треба да се купи нешто за бебето. Се седам и си мислам кој е луд во ситуацијава? За да ја направиме среќна малава стигнавме со желби за патики од 100 евра.
Девојко,секоја чест!Насилство не се простува,се друго да,ама насилство е кривично дело.И не се плаши од демнење,само пријави во полиција,те молам.Со пријавата за која ќе доставиш и лекарска потврда него нема ништо да му се случи,но ако почне да загустува пријавата ќе го доведе брзо во ред!Само напред