Фала ви мнову девојки, незнаете колку ми значат вашите зборови и поддршката во оваа состојба. Ве сакам
Постот кој ќе го напишам не се однесува на никоја конкретно. Жени не дозволувајте да ве навредуваат, не дозволувајте да ве напаѓаат физички. Од кој вид да е лошото однесување, без разлика дали физичко или психолошко тоа е сепак насилство. Имав врска со човек кој "ме сакаше многу" но на сркој од страна кој ќе ме погледнеше без разлика дали сум забележала или не, маста ми ја вадеше, потоа. Навреди, удари, понижување... А јад и покрај се го сакав, мислев на сите им е така. Потоа ЗА среќа се појави еден дечко, кој слободно можам да кажам дека ме спаси од него, бескрајно сум му благодарна, како да фојде и да ми одржа лекција како тоа треба жена да се сака и почитува! Тој човек сега не е дел од мојот живот, но сега имам сопруг кој во душа е добар човек, човек кој 10 години не се скарал со мене, јас сум таа која се кара, а тој ме тоѓерира, му се восхитувам на смиреноста! Да некогаш ми доаѓа преку глава од се и сите, а на него можам да му кажам се па го добива подебелиот крај, некогаш сум во пмс па пак он ќе си го добие, некогаш и задлужува да му се налутам, ама за 10 години колку што сме заедно не ме опцул а камоли рака да крене на мене. Да знаете, сите луѓе во животот ви се подарок, сите ви се лекција која еднаш ве учи како треба а еднаш како не треба. Насилство никој не заслужува, не трпете насилство, не дај боже може и со живот да платите. Сркогаш прво потпрете се на дамите себе а потоа на било кој. Јас ќерка ми ќе се трудам да ја научам дека насилство не се поддржува и не се седи со насилен човек па колку и да го сакаш, секогаш треба човек да си замине достоинствено! Ако како дечко е надилен, во брак ќе се зголеми насилството, во брак има периоди кога проблемите само се трупаат па не з аеш од каде да почнеш со решавање. Брак не се спасува со раѓање дете, така состојбата само се влошува. Треба многу да се вложи за да бракот успее, има многу откажувања но и поддршки за целата приказна да има среќен крај.
Кога некаде по темиве пишам дека сакам вистински маж покрај себе и пример да ме заштити кога треба,ми пишаа нешо ко у стил демек сме сакале да се тепа... Лоша претстава имаат некои за вистински маж. Тие кои имаат таква претстава уствари не виделе вистински маж, па машкоста ја гледаат само во силата. Ама проблемот е од дома, еве имам другарка која ја научија да си го гледа она мажот, за цел живот и бил. А бракот катастрофа, не би сакала да зборам(нема насилство). Од тука е проблемот. Од тоа воспитување да е жената поттчинета. Јас не можам да замислам така да се однесуваме со мм. Факт е дека ниеден брак не е совршен и има различни проблеми. Ама ништо не е толку вредно за да имаме кавги до степен на дерење, викање, вреѓање, тепање... Уствари и немаме кавги, ваљда зошто седнуваме и разговараме за проблемот. Нема што да се плашам да кажам, или да трпам пошто имаме дете. Ама и стојам зад тоа дека некои работи се решаваат пред брак. А верувам, верувам дека и него му дошло преку глава во одредени моменти од се, ко што и мене ми доаѓа. Никој од нас не е цвеќе за мирисање, сите грешиме.
Ме изневерувал девојки и со факти и докази дознав се, поради тоа што не кревав на мобилен и ме немаше неколку минутки си помислил дека ги правам истите работи како него. Работевме на бебе, знаете како го опишував и тука а и пред други како совршен маж, толку години фрлив на некој што ме правел будала. Крваво работев за станчето, да имаме свој дом ама ете...Седам и плачам како се ова ми се случи, шок по шок, која будала сум била да верувам во машки збор и "љубов". Затоа девојки внимавајте убаво со каква личност си влагате во врска или брак дека е многу лошо да се чувствуваш понижено и искористено.
Така и си мислев… мора да има причина за такво агресивно однесување, не може преку ноќ тебе да те шамара зш не си му кренала на повик. Психо! Манипулатор!
zatoa glavata gore,napred,dostoinstveno cekori i grabni go svetot,ne e samo toj eden i edinstven i centar na svetot,mozes ti,mlada si i jaka,show must go on….i pravilo broj eden -vo maz verba nikogas,toa sto te varal ne go pravi fraer,toa go pravi opinok licno spored mene,najlesno e sega da izleze covek i da vleze vo takva avantura,zatoa i gospod tie raboti ni gi vraka so pandemii i vojni,ne ne drzi zemjava,btw odi so mototo -mlada sum i ke uspeam vo zivotot,voinstveno.
Ќути, фала на Бога, си се отарасила навреме. Голем шок е, ќе се опоравиш, ама бар знаеш дека си спасена. Инаку ќе те малтретираше и вина ќе ти набиваше за нешта кои тој ги прави. Рогат еден.
Bog te zastitil da ne ti go unisti zivotot I tvojot I na decata. Kolku mnogu devojki ne mozat da go prepoznaat vistinskoto lice na partnerite I so chisto srce vleguvaat vo brak , ragjaat deca I potoa trpat sekakvi manipulacii. Glavata gore.Sigurno ima barem eden chovek koj cheka na tebe I ke te napravi srekna vo vistinska smisla na zborot. Minatoto sfati go kako lekcija za da go prepoznaes vistinskoto. Ne se zatvoraj vo sebe I ne se obvinuvaj. Pominalo.Misli na utreshniot den I ubavo pogledni pred sebe, mozebi nekoj zasluzuva tvoe vnimanie I te obozava. Smeni telefon, socijalni akaunti za da ne te manipulira personata non grata. Dishi dlaboko I bidi blagodarna. Materjalnoto se nadoknaduva, zivotot odi ponatamu I zatvori ja taa stranica.Ne baraj odgovori, ne se prashuvaj zosto I kako, ne pravi filmovi, ne se navrakaj.Site odgovori sami ke ti se dadat posle poveke godini.
Не ми се верува дека дојде ред јас да пишувам на оваа тема… и тоа за човекот кој што го мислев за многу поинаков. Мислам дека има проблем со зависност за коцка. Да објаснам се. Уште кога го запознав (пред 7 години) знаеше да изигра некој денар во кладилница. Некогаш и заедно игравме на по 50-100 денари… Сам заработува од негови 14 години. Доста е стабилен, интелегентен и затоа ова сето сега ми е шок. Потекнува од не многу богата фамилија, ама е добро воспитан и со прекрасни родители каде што никаде не дужат ниту еден денар. Пред една година дознав за некои позајмици што ги криел од мене, а се истрошени во кладичница, за кои се многу каеше и вети дека повеќе никогаш нема да влезе таму. Минавме 2 месеци криза голема, бев скршена и воопшто не му верував. Му се заколнав дека ако уште еднаш се случи и за 1 денар ќе го напуштам. Поминавме низ тоа, се среди се и јас останав бремена. Го посакувавме тоа и двајцата многу. За да вчера дознаам дека пред 3 месеци земал лихва од 2000 евра и ги ставил на една утакмица и изгубил за пола саат. Сега ги врака. Кога приметив дека фалат пари во месечниот буџет го напнав со прашања и тогаш ми кажа. За 3 недели треба да се регистрираме, а јас дум во шок. 5ти месец бремена, а сега не знам дали сакам со ваков човек да го поминам својот живот. Кога го прашав зошто ми кажа сега, рече дека се измачувал криејќи од мене и дека не сакал со оваа тајна да влеземе во брак. Се колнеше, плачеше и ветуваше дека нема да се случи никогаш повеќе. Ми ги даде сите пари и картички на мене и ќе трошел само толку колку јас ќе му дозволам. Не знам што ми се случи. Изгубена сум и не знам кој пат да го фатам. Ни моите ни неговите не знаат ништо за ова. Знам дека ми треба помош, знам дека не можам да го сносам ова сама, ама се срамам да разговарам со некој од нив. Ве молам доколку го има некој ова поминато, помогнете ми да го најдам патот…
Уф, многу ми е жал. Искрено, не познавам човек што се извлекол од ова, знам само за лоши примери. Се надевам кај вас ќе има среќен крај. Јас најпрво би инсистирала да посети психијатар или некоја установа која помага за зависности додека е свежо и се кае. Второ, би побарала поддршка за мене зашто знам дека фамилијата ова го поминува потешко од самиот зависник. Доверба не би имала зашто се страшни манипулатори, пристап до финансии никакви. Ако можеш отвори се дома кај твоите, побарај поддршка. Мислам дека пошироката фамилија треба да знае зашто не можеш сама оваа борба да ја водиш. Не знам како ќе заврши ова и не можам да речам не се мажи или остани со него. Можам да замислам колку ти е тешко и твоја е одлуката. Само ќе ти посакам убав исход за тројцата
Бегај од коцкар! Тоа е порок од кој нема враќање, колку и да плаче и да се кае на моменти. Ете гледаш дека по втор пат ја изневерил твојата доверба и тоа за огромна сума пари. Не дозволувај да продолжи да те манипулира и да ти го уништува животот. Спаси се навреме, сама гледај си го детето. Инаку ќе си го зацрниш и својот и на детето животот со таков коцкар. Еј дете ќе имате, тој зема пари од лихвари за коцка, наместо да мисли за тебе и за бебето да ви овозможи мирен и пристоен живот. Па знаеш ли колку е опасно да се земе пари од лихвари? Затоа бегај, да не ти се закачат и тебе лихварите поради него.
Најдобро е да се обратите во некоја установа за зависности... И да ти ги даде сите пари и картички, тоа нема да го спречи да се позајмува од други лица, што подоцна може да биде во подлабоки долгови. Разговај со родителите и со неговите кажи им каква е ситуацијата.
Ако не си признае дека тоа е болест, кога тогаш пак ќе потклекне . Да добиеше во кладилница, дури и ти да му речеше дека е лошо тоа, ќе ти трубеше дека еве , за вас ризикувал и направил пари. Проблемот е што не се ни негови, туку позајмени. Маж на позната, преку граница мораше нелегално да бега и на црно да работи за да врати. Па таа 2 недели да не знае дали е жив уопште. Луге убиваат и се самоубиваат за проблеми со лихвари. Не знам што да ти речам, јака ти душа. Јас би им кажала на сите, уште поарно: тој нека им каже. Зошто со бебе да се нервираш? Ако е глуп, тој нека си пати, не ти и бебето. Лихварите пак, чиста финоча се, полни трпение.
Не познавам коцкар кој се извлекол. Имам во фамилија и е толку задужен што и децата ке му плааќаат дугови после него. Не би знаела што совет да ти дадам, но знам дека он ќе најде 101 начин да дојде до пари и само ќе се заглавува од еден на друг , дал другар, дал лихвар. Нив мислата им е само како да дојдат до пари и пак и пак да се коцкаат. И да си збориш со неговите, т.е ќе ги викнеш и он ќе си каже проблемот.
Па од тоа што го прочитав не е баш свежо дека сега почнал да се коцка. Тој длабоко си е навлечен, штом стигнал до степен наеднаш да искоцка дури 2.000 евра, еј не е тоа 2.000 денари, туку евра. Денес се кае, утре пак ќе отиде кај лихвари поголема сума да земе, а членкава сè поголеми стресови ќе доживува и ќе мизерува со таков коцкар. Членкава треба да мисли и на детето што ќе се роди да има мирно и среќно детство. Затоа мислам дека не треба да се омажи за него и да не дозволи да ја манипулира дека ќе се промени, еднаш и ветил, ама не си го одржал ветувањето, сега уште повеќе ја разочарал со толку голем долг.
Мислев свежо дека најверојатно сфатил што направил и се кае. Можеби тоа што чека дете му го дотерало паметот. И јас би рекла дека е најдобро одма да го остави ама од друга страна секој заслужува шанса. Таа најдобро го познава и веројатно ќе ја донесе правилната одлука.
Една шанса си дала ја изкоцкал Изкоцкал и пари и тебе те изкоцкал со тоа шо изгубил доверба Две варијанти се у игра Да го оставиш Да се помириш и да живееш излажана навредена натепана и страдна за 1 коцка чоколадо
Отарсај се од него додека не почнале лихвари по дома да ви доаѓаат, тие воопшто не се фини само да знаеш, кажи им на твоите, и на неговите, ништо не криј, и ако имаш поддршка од твоите веднаш оди си од кај него, не си свесна што се можат да ви направат они, и да го утепаат можат, и пак до денар долгот со огромна камата ти да го вратиш.. Еднаш коцкар, секогаш коцкар, не си го уништувај твојот живот и животот на детето поради него, а крајот на сите коцкари е ист, додека не дојдат до просјачки стап нема да им дојде памет, а и тогаш е дискутабилно..
Тој веќе една шанса добил, затоа мислам дека нова шанса не заслужува. Плус тој се задолжил 2.000 евра на лихвари кога веќе таа била бремена, така да не верувам дека му дошол памет штом откако добил уште една шанса од нејзе тој таа шанса ја искоцкал и тоа додека била бремена велејќи си дека штом е бремена нема да го остави, а тој може да си прави што сака.
Ова ветување дека нема повеќе ми е слично на оние што ветуваат дека нема повеќе да кренат рака на жената, се дури не се изнервираат пак, па пак ветувања. Тежок порок е коцката, мора да се лечи, побарајте помош, побарајте центар за зависности, психолог, обавезно овие работи. Мора да си признае дека има проблем кој не треба сам да покушава да го реши зошто сега и бебе ќе имате, а со давање картички тебе ништо посебно не направил, за жал не мислам дека толку едноставно ќе е решението.