Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Баш се изненадив колку луѓе и кажаа да бега, да се спаси и дека нема надеж и нема спас.
    Да бидам дирекна- Животот ќе ни приреди секакви искушенија и ситуациии, секогаш постојат опции ама СЕКОГАШ и никогаш работите не се црно на бело. Видов дека пиша доста убави работи за него и ете овие лошиве (кои се катастрофално лоши). Познавам луѓе кои се спасиле од пороци и имаат нов живот, познавам луѓе кои генерациите после нив ги заглавив со тешки маки. Ќе најдеш секакви примери само знам дека не постои човек кој не платил за своите грешки. (ме изненади коментарот погоре дека фамилијата најмнг страда а не коцкарот, не се согласувам со тоа)

    Според мене кажаната вистина на глас пред најблиските ги става на светлина гревовите и фамилијарно му се помага на човекот. Колку повеќе се ќути и се преќутува, се живее во темнина, подобро потпри се на твојата и неговата фамилија и кажете ја ситуацијава. Второ ако се стварно кае, нека ти докаже колку е сериозен- значи да побара психолог, да иде да разговара со свештеник, да стави на мобилен тракер за да знаеш дали иде до кладилница, да ти биде пристапен да мобилен секогаш, парите ете сите ти ги дал ама не е тоа решеније, треба внатрешно духовно и умствено да работи за да го надмине ова поради себе и фамилијата ваша. Ако мислиш дека ќе се реши проблемот само доколку ти се одговорна за парите а ништо друго не се презеде, нема шанси, тој порок не исчезнува туку така, ќе најде друг начин да искочи од него. Сите сме имале или ќе имаме периоди од животот каде ќе бидеме искушувани на различни начини и од различни луѓе. Не е само спакувај се и бегај спаси се себеси остај го човекот. Ако СТВАРНО СЕ КАЕ (иако веќе еднаш ја изневерил довербата нејзина) и со сета душа и срце сака да успеат како фамилија тој ќе се смени и ќе го победи пороков но само но помош, подршка и континуитет. Верувам дека црквата мнг може да помогне, да си побара духовник кој ќе го води низ сето ова и ќе одговара и пред него, не само пред тебе и вашите фамилии.

    Само уште нешто, искрено, додека не се расчистат некои работи немој да се мажиш, иако си трудна.
     
    На emiliana, Madrugada, Autumn Love и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.938
    Допаѓања:
    6.176
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам премногу од срце за секој совет. Баш затоа и пишав овде зашто ми е потребно размислување од двете страни. Сеуште не знам што ќе одлучам. Катастрофа сум психички, ми се уништи секоја замисла што ја имав за животот со него. Моментално го гледам како грешка и ако останам и ако заминам. Ќе ве читам уште доолго се што напишавте, истражувам на темата преку видеа од стручни лица и се повеќе сфаќам дека проблемот е многу поголем одколку што ми изгледаше до вчера. Во странство сме и почнав да тражам стручни лица или некои групи овде на наш или српски јазик, зашто со германски мислам дека нема да има големо подобрување. Тој прифаќа терапија, дури и прифати заедно да почнеме на брачно советувалиште плус. Знам дека немам многу време, за 3 недели ќе морам или да потпишам брак или да го напуштам. Не можам да одложам зашто голем дел од трошоците се веќе платени, а ќе правиме регистрација во ресторант со 100 души. Ќе биде или откажување скроз или прифаќање…
    За сега ја донесов одлуката да ја вклучам и фамилијата во ова, и многу сум ви благодарна што ме охрабривте. Знам дека ќе имам голема подршка и од двете страни, и ќе ми биде од голема помош. Прво да се соземам психички и да прифатам се што се случува, па ќе го направам тој потег.
    Секој што има искуство со некој близок со вакви проблеми, ве молам да го споделите колку и да е болно, отворена сум за секое мислење. Ви благодарам уште еднаш од срце на сите. Одлуката не е донесена, ама со вас сум се поблиску до неа :l:
     
    На Oneo, Waverly Raven, pikabu5 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    Штом прифаќа, свесен е дека згрешил. Се надевам дека ќе успее да го надмине пороков и дека никогаш повеќе нема да влезе на такви места.
     
    На ALISA0000, Anturium и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.938
    Допаѓања:
    6.176
    Пол:
    Женски
    Многу, ама многу сакам да верувам во ова. Сега мислам дека прифаќа се само за да не го напуштам. Немам верба дека ќе остане така откако ќе влеземе во брак… За жал :(
     
    На manako1, WildMk, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Се што си одлучила да направиш звучи одлично, терапија обавезно, поддршка од фамилијата обавезно и многу внимателно и редовно работење на проблемот.
    Не успеваат оние кои несериозно пристапуваат, кои по некое време се откажуваат од терапија, а реално, пороците не се нешто со кое се бориш неколку месеци туку цел живот треба одржување на свесноста и силна воља.
    Искуство од пријатели можам да ти споделам, богати беа ептен, прокоцка се сопругот и сега живеат во станче од 43 квадрати, но среќни се, ги прифатија тој дел од животот, работеа на бракот, жената лично ја познавам и знам дека искрено е среќна, но се опорави тој само одкако замина во центар за зависности и со психолог или психијатар не сум точно сигурна, работеше долго и напорно, сам никако, обидите сам да го реши проблемот, немаа долготраен ефект.
    Ако не сакаш да се омажиш сега, подобро одложете, дури и да се изгубат дел од парите, реално е сериозен проблем и јас не знам дали би влегла во брак со толкав стрес.
     
    На Anturium, LadyLollypop, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.938
    Допаѓања:
    6.176
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу :l: Доколку дознаете нешто за психијатри или работилници на српски или македонски јазик во Швајцарија, ќе ми значи ако споделите. Може и да ми пишете во лп за вакви инфо. Засега најдов 2ца психијатри малку подалеку од нас, им пишав емаил па ќе видам што ќе направам со нив
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.971
    Јас познавам брачен пар исто мажот заглави ама со сума многу поголема од ова. Не дека е утеха некоја. Ама се среди човеков. Исто беа пред оставање со 2 деца. Па се разделија па ги мафтосуваа децата,на крај по псхолози психијатри и некако се смири топката.
    Ти најдобро си го познаваш каков е и дали има можност да се среди. Сепак не би избрзувала со ништо имате бебенце на пат.
    Регистрација оддложи мање битно парче хартија. Ама прво истуркај ја бременоста, сега бебето е во прв план. Па види како ќе се одвиваат работите понатаму.
     
    На mal.ecka, KittyAgnes, Justicija и 2 други им се допаѓа ова.
  8. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Машки

    Криел работи од тебе, те лажел, првата шанса ја прокоцкал, запрашај се после ова сама дали би останала.
    Теле се учи а не вол.
    Иди си од него.
     
    На cresa-jagoda и Anturium им се допаѓа ова.
  9. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    18.183
    Пол:
    Женски
    Супер што ќе почнеш од негде.
    Јас имам два спротивни случеви.
    Еден е девер ми ,коцкар, заглавен до смрт. Жена му го оставила, две деца има. Дури сега некако почна да се свестува, отиде да печали надвор од државата, ама чисто сумњам дека би се оправил, зашто капак на се има и еден тон извршители, неплатени алиментации и се по ред. Само зајмува и проблем за враќање е после. А предобар човек кој се би направил за секого. Рече откако ќе се врати веќе не вртел никого ќе се средува. Дај божеее.
    Друга ситуација е тетин за една тетка кој од тон пари, станови тука и црна гора, благодарение на коцка и алхолол губи се, паралелно и жена и дете што му биле тогаш, посетувал стручни лица и веќе 20 години нема капка алкохол и денар прокоцкано. Живот преубав имаат сега.
    Муабетот ми е , а и сама си решила да кажеш на твоите и неговите со цел да му помогнеш. Мора и сам да прифати помош, он е свесен дека тоа е лошо, особено лихварите, он ти кажува дека се ќе се среди и ќе биде, но ако ти си решена да останеш со него, треба многу помош, работа со стручни лица и неговата желба за излез од тој проблем највеќе.
     
    На Anturium и mira.mira им се допаѓа ова.
  10. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Kockanjeto e porok koj najteshko se lechi, zatoa shto ima mehanizam na potkrepuvanje ( sum igubila 5000 denari, ama sega pak ke se kockam i ke gi vratam ili dobiv 5000, pak ke prodolzham da se kockam za da dobijam povekje), ama ne e nevozmozhno da se izlechi pod uslov chovekot da e svesen deka mu treba terapija. Vo tvojot sluchaj e taka, on prifakja deka mu treba terapija, shto znachi ne e nevozmozhno da se trgne od toj porok, ama treba redovna terapija, poddrshka, svesen e deka toa sho go pravi e losho i sl.
    Ako reshish da prodolzhish so nego, iskreno razgovarajte, dogovorete se deka site pari ke gi chuvash ti i deka toa e za negovo dobro i za dobroto na vasheto dete.
     
    На manako1, Anturium и Just.do.it им се допаѓа ова.
  11. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Дали ова е поврзано некако со твојот престој во Германија? Извини, но сериозно не мораш без разлика колку сте платиле и колку луѓе чекаат. Знам дека притисокот е голем но знам ситуации поради големи големи проблеми и катастрофи цели свадби се откажувале, пари паднале во вода, НО тие луѓе што ја одложиле венчавката а го надминале проблемот сепак на крајот се земале (макар било после 3 години со мнг скромна свадба) не е битна свадбата сега според мене....
     
    На st2007 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Ако однапред не се мисли на тоа дете пред да се роди, отпосле па ич. Уште по хардкор ќе се нафати на коцка кога ќе имате и најмали финансиски проблеми.
    Не си давајте лажна надеж :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Trust your instincts. Што ти вика шестото сетило, тоа и направи, најверојатно си во право.
    Да немаше бебенце во игра, ќе те советував да го напуштиш, ама вака работите не стојат исто.
    Позитивно е тоа што прифаќа терапија, што сака да се излечи. Не го сфаќај лично или како лажење, како нарушување на доверба, затоа што зависноста од коцкање е иста како и сите зависности-болест. Посилно е од него, он сам се лаже првично.
    Вклучи ја и поблиската фамилија во овој проблем, нема да го носиш сама товарот. Воопшто не е лесна ситуацијава, ама ти посакувам среќа што и да одлучиш.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sikica7

    sikica7 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    1.994
    МНогу ми е жал низ што се моментлано поминуваш , посебно што си бремена и многу е лесно да ти акжам остави го итн, но сепак размисли си добро дали навистина сакаш животот да си го поминеш со некој што те лаже.Ајде остави ја лагата настрана, постави си го прашањето дали сакаш животот да си го поминиш со коцкар, бидејќи маж ти очигледно е зависник од коцкање, во ова тешко време каде што луѓето едвај крпат крај со крај тој 2000 евра да искоцка, не знам дали е океј.
    Мислам дека треба да разговарш најпрво со твоите и да им кажеш како стојат работите , а подоцна и да си заминеш ако си спремна на тоа , бидејќи коцкар не се оправа, многу тешко реално. Жал ми е многу !
     
    На Mikha4, cresa-jagoda и mira.mira им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Еднаш зависник, секогаш зависник.
    Дури и да престане да се коцка, секогаш кога ќе е под стрес, ќе чувствува потреба да се врати на истото.
    Тоа е поубавата верзија.
    Полошота е, ќе останете на улица и ти и детето.
    Висок е рецивизмот кај болестите на зависност.

    Јас не би влегла во брак со него.
    Би одржала комуникација, би му била другар, сигурно и не би го отсакала веднаш... може никогаш, ама не би делела финансии.
     
    На Oneo, mal.ecka, lovely91 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    39.491
    Шо финансии да делат кога таа меѓу другото и за документи треба да стапи во брак, како што ми изгледа од напишаното? Ако имаа за делење, ќе имаа и да вратат.
    Најстрашно е ми се чини од некој нестабилен да зависиш финансиски . Рает да не си никогаш.
    Девојче, ако сакаш да останеш таму, мажи се, и од кога ќе потпркне бебето барај работа..ако му се повтори, шутни го.
     
    На Ordinary, elimkd и nevermet18 им се допаѓа ова.
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Сега додека да те убеди дека се кае и дека нема веќе да се коцка ќе седи мирен до свадбата. А после? Што дека ти ги дал парите и картичките? Без да знаеш може пак да отиде кај лихварите со лична карта и да си земе пари и да ги искоцка и после кога парите и картичките се кај тебе кога нема да има од што да врати, кога ќе ви дојдат на врата лихварите ќе се чудиш што ве снашло, па пак тој ќе плаче, ќе се кае, а ти тепај глава од кај ќе најдеш пари долговите да ги враќаш, а детето да ти трпи за леб. Па како негова сопруга тогаш лихварите и тебе ќе те тормозат. Имаш среќа што пред да ставиш потпис во матично си открила дека е коцкар.
    Ај да не бидам толку крипи, ама морам да кажам дека има и случаи кога мажот немајќи веќе пари, како залог на коцка си ја дава и жената, така да јас не би можела да се тресам секој ден што следно ќе направи колку ќе се задолжи и до кој степен на пропаст ќе нè донесе.
    Дури и да се лекува никој не ти гарантира дека ќе се излечи, а на детето му треба силна и среќна мајка, целиот тој процес на лекување верувај психички ќе те измори.
    Еве и да се излечи мене довербата во тој човек ќе ми биде уништена и нема да можам да живеам секој ден со помислата случајно пак да не и се врати на коцката. Затоа што лесно може да се залаже и пак да излезат проблеми и долгови.
     
    На Серотин и Indiegurl им се допаѓа ова.
  18. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.938
    Допаѓања:
    6.176
    Пол:
    Женски
    Малку забегавте од темата. Кој некаде спомна документи? Дај сменете си го мислењето дека сите во странство се мажат за документи. Тоа е застарено време. Денес има многу што немат никаква врска со документите. Ете кај нас желбата за брак се роди само од љубов, од никаква друга причина. Јас имам целосни документи кои си ги средив сама, тој има документи… визата не ни зависи воопшто еден од друг. Живееме заедно 3 години, работиме и двајцата јас дури школо терам тука… Финанскиски сме стабилни, речиси од двете страни фамилијата е тука сите во посебни домови. Проблемот е само еден меѓу нас, јасно го потенцирав кој е. Знам голем е, знам дека голем дел сте во право за се што пишавте. Ама да не забегуваме со темата во погрешен правец. Едно е да дадеш совет и мислење, друго е да си даваш претпоставки за приказна која е твоја, не и моја! Ви благодарам многу на советите, гледам дека некој од вас се овде само за да лечат комплекси и затоа нема да барам повеќе мислења. На другите кои стварно беа добро намерни и искрени со мислењата искрено ви се заблагодарувам, ми помогнавте и сами не сте свесни колку
     
    На butterfly6223, Oneo, mal.ecka и 22 други им се допаѓа ова.
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    @Anturium девојко одлучи се и договори се сама со себе, си во брак или не си или тука членките будали ги правиш?
     
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не е во брак и никаде не напиша дека е, ниту пак будали ги прави членките, совет побара за сериозен проблем и толку.
     
    На Oneo, mal.ecka, Emy867 и 14 други им се допаѓа ова.