Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Jovys

    Jovys Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2022
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Се наоѓам во фаза "припрема за брак". Еве што се случува во 90% од нашата врска, ова се работи кои едноставно никогаш не ги сфатив, а многу ме болат.
    - Јаде сам, никогаш не ме вика да јадеме заедно (единствено кога заедно готвиме)
    - Никогаш не ми нуди ни вода
    -Цело време зборува за брак а свесно одложува.
    - Знае за мојата ситуација, договорени сме дека за почеток нема да можам да работам поради факултет, живееме заедно никогаш ми нема оставено пари дури кога сум била и без 10 ден и го знаел тоа.
    - дома ништо не помага, секој ден ми зборува "да го спремам" за работа (па јас го перам/пеглам, па му барам алишта)
    - цело време ме дави со муабети од работа и е окупиран со тоа, ме нема прашано како сум јас и најчесто кога зборуваме тој зборува за работа. Еве баш вчера добив една добра понуда и му кажав, цела возбудена тој не ме ни сослуша и си зборуваше за неговите колеги и работата, неколу пати се вратив на мојата тема и видов дека намерно ми зборува за друго затоа што очигледно е љубоморен што имам шанса да успеам во тоа што го сакам. Исто така друга причина за љубомора е неговата сестра која стои во едно место во животот и зошто таа не успева туку јас. Секогаш кога е со неа се топи јадниот, секој ден зборува со неа па и дава пари па ја вика во станот негов да живее со нас па тој за се ќе и помогнел а таа 26 години место да планира живот со дечко и се гура во нашиот живот. Не му е ќерка па да ја финансира и да ја прибира дома при живи родители и куќа.
    - во неговиот стан иако има простор и живееме заедно и јас го оддржувсжам, тој за сите соби зборува дека се негови у смисла (еве седам во мојата соба), спиеме у иста соба ама тоа не е спална туку има свашта у неа, толку не се потруди ни правилен распоред да направи, се чуствувам како да не постојам и не се бројам во неговиот живот. Мајка му ја гура сестра му со него да била тој да ја чувал ЌЕ ПОЛУДАМ. Скоро 3 години сме во врска на еден одмор немаме отидено, одмор е и многу, еден викенд немаме отидено никаде,не му се трошеле пари тоа било пролазно. И да, зборувам за човек кој има пари и кој има добра професија и функција. Ебати мојата среќа.
     
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Бегај!!! Не ти треба таков ни како дечко, а уште помалку како маж. Не си го уништувај животот, млада си, ќе си најдеш подобар. Не знам како воопшто издржуваш врска со таков и како помислуваш на брак... Сами си ја кроиме среќата, не си приморана да бидеш со него.
     
    На Golden, CameliaMiller, Marialolly и 25 други им се допаѓа ова.
  3. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.335
    Допаѓања:
    11.919
    Пол:
    Женски
    Човеков е црвено знаме у движење.
    Глеј си се себеси, ваков не ти треба па макар и последен да е.
     
    На Marialolly, tessie, Luna91 и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Чоек читајќи да се запраша,
    Зашто си сонего?
     
    На tessie, Luna91, Aschenputtel и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Оди си. Не си му старател за да го одржуваш во живот. Остави го нека се смрди за да почне сам да се "спрема".
     
    На Осе, WildMk, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.742
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Шо гледаш позитивно во човекот па дури и брак планираш?
    Гледај, млада си, паметна, немој да си го зацрниш животот со некој ваков дебил. Ќе се каеш цел живот.
     
    На CameliaMiller, Amelia., Осе и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    + како ќе биде кога ќе сте во брак финансиски? Тој ќе ги троши неговите пари за него, а твоите за сите? Кога ќе имате дете пелени само од твои пари? Пошто ќе рече ти си го роди... ако е ова припрема за брак треба да се знае дека финансиите се заеднички. Ќе има ситуации и кога само ти ќе имаш примања а тој не. Доста и е веќе од тоа "се знае кој е главен во куќата" оти носел пари. Те третира како слугинка.:envy:
     
    На Осе, WildMk, Jovys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Jovys

    Jovys Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2022
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Позитивно е што е единствена личност што ја знам што нема одено со други свесно (исто како мене). Јас тој пат го одбрав уште во средно а тој е единствен што го запознав со иста цел. Дури мислам од што е глуп не знае како да се понаша, не мислам дека немерно ми прави се ова а и од што е наивен мајка му му ја утрапува сестра му тој да ја оправи во живот т.е (да ја чува, рани, финансира) и се тоа до цел мене да ме нервира што уште не сум му жена туку девојка и мене да ми докаже дека сестра му е побитна и џабе што тој живее со девојка тие што ќе кажат тоа ќе биде.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Имаш и претходно барано совети, ама уште си со него и препрочитај што сè имаш напишано и препрочитај дека сите ти рекле да го оставиш, ама ти упорно одиш со главата во ѕид. Ако мислиш дека тој во брак ќе се промени многу се лажеш! Јас читајќи те не видов ништо позитивно да кажеш за него, јас стварно не знам како уште си во врска и бараш совети, ама си тераш по свое.
     
    На tanjita, Marialolly, jacqueline.s и 25 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ситуацијава ваша ми е баш онаа типична македонска ситуација, жената оди да живее кај мажот без свои пари, тој очекува таа да го пере и пегла, таа не смее да зборне ништо пошто реално кај него дома е дојдена и секој ден е потсетувана на тоа.
    Совет мој ти е да си почнеш да заработуваш пари и после да мислите на брак и деца.
    Не е битно тој дали има добра работа, не е битно дали има добра плата, битно е дека секогаш може да ти рече МОЈ Е СТАНОВ и реално ти ништо не можеш да кажеш, пошто реално е негов.
    Може утре сестра му да ја викне да живеее со вас, пак ништо не можеш да речеш.
    Секој во животот може да остане без работа во секој момент, и треба партнерите да се поддржуваат еден со друг, ама ова нема врска со него, ова има повеќе врска со тебе што се согласуваш без работа и без пари и без сопствено место на живеење да стапуваш во брак.
    Прво стани независна колку што можеш, после мислете на брак.
    Што е позитивно во ова?
     
    На S.W.A.G, Luna91, Waverly Raven и 14 други им се допаѓа ова.
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува поради што го трпиш. Ќе најдеш и друг верен дечко, а и овој кој знае дали стварно ти е верен. А дека мајка му и сестра му се проблемот, само си се залажуваш. Проблемот е исклучиво само тој што ниту те сака, ниту те цени, туку те гледа само како бесплатна слугинка по дома. А и како некоја што ќе му служи за расплод во брак.
     
    На tessie, Luna91, katalina и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Ова вака на крај ќе излезе ти последните 10 денари на развод да си ги дадиш.

    ние несвесно одиме со други? Какво е тоа несвесно? Дали веруваш на тоа отишол со некоја ама бил пијан и не бил свесен, ама после успешно се вратил дома?
     
    На Nikolina35, Осе, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Jovys

    Jovys Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2022
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Проблемот е поголем од колку што изгледа. Да имав избор немаше да останам во оваа врска. За жал ми се случи голема трагедија во животот која освен што е премногу тешка сама по себе исто е и причина што сум со него. Немам избор, немам како и каде, немам со кого. Од се ова сум на антидепресиви и се борам сама со себе. Да имав избор ќе се спасев.
     
  14. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што ти се случило трагедија, ама верувај дека секој почеток е нов крај. Има луѓе без родители, браќа сестри, буквално од 0 градат убав живот. Потребна е воља и љубов кон себе.

    искрено мене ми изгледа дека дечко ти ја користи твојата ситуација да те брецне дека немаш каде и немаш пари, ти докажува дела тој има и дека и а стан и соба. Јас не гледам љубов овде...

    почни да работиш на себе, прифати ја понудата за работа што си ја добила. Остани таму додека не најдеш место ново и слично, ама стави го на игнор. Не го пеглај, можиш само да одржиш хигиена во домот за тебе.
     
    На tessie, Luna91, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.732
    Допаѓања:
    16.383
    Пол:
    Женски
    Не се сакате, во тоа е проблемот.
     
    На Luna91, Осе, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Jovys

    Jovys Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2022
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Моментално во мојата ситуација немам избор, морам барем факултетот да го завршам и нешто да работам колку имам слободно време а после тоа да правам нешто повеќе. Ако го оставам факултетот за да работам цел живот ќе ми е мачно. Немам никого, ми требаат пари, ми треба таа диплома. Ако сега ставам крај јас ќе немам начин да преживеам.
     
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Каде живееше пред да живееш со него? Зошто неможеш да се вратиш во својот дом? Ако треба стави го во мирување факултетот почни да работиш и да се тргнеш, оди под кирија со цимери, секој почеток е тежок, ама животот и бракот со него ќе ти бидат уште потешки. Животот е во твој раце, бори се, верувај во себе дека ќе успееш.
     
    На tessie, Luna91, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Колку имаш уште од факултетот?
    Не можеш да се вработиш и напоредно да студираш ко вонреден студент?
    Ако немаш избор сега, барем не стапувајте во брак, уште повеќе се комплицираат работите.
     
    На Luna91, Snowflake97, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Можиш да работиш пола работно време за почеток, најчесто во кафич. Или друга студентска работа, било каква. Нема срам од работа.
    Побарај помош од роднини, било кои сигурна сум дека повеќе ќе ти помогнат од дечко ти. Тој ли ти плаќа за факултет и општи трошоци па што се понаша така спрема тебе?
     
    На Ouravanture и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Jovys

    Jovys Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2022
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Имам куќа далеку од тука ама и да се вратам таму ништо нема да решам во животот. Треба да завршам факс, треба некоја пара да имам, да работам било што за да се снајдам. Ако се вратам дома автоматски останувам без факс и најверојатно со долгови бидејќи една сметка не можам да платам. Немам опција за вонредно студирање.