Јас не бирам работа се можам да работам, од роднините ништо не можам да барам во најтешките моменти ме оставија сама а не пак сега, сите за себе си гледаат и за своите деца зошто некој мене да ме чува и да ми помага. Знаете како е кај нас и како секој секого гледа да го спречи во нешто за да не биде успешен. Тој ми помага единствено за факултет и тоа ми е срам да кажам ама кога стигнав до тука тоа ми е. Тој тврди дека ми помага затоа што сака и мило му е јас да сум среќна ама затоа и се дели на мое твое и спремен е утре и во брак сестра му да ја всели и не разбира зошто ме провоцираат неговите...затоа што сега немам моќ и тие се главни а ја да ќутам. Јас сакам секако да работам да имам свои пари и да сум успешна, ама еве утре во брак се ли ќе делиме по пола. Има многу луѓе во брак па жената е во негова куќа /стан, дали треба кирија да му плаќа? Нели се фамилија, а не цимери. Секако за сметки за храна нормално е и јас да учествувам, ама многу ми е жално да не можам утре да кажам "мој дом" /"моја куќа" /"моја соба" само затоа што не е на лист хартија мое туку на маж ми.
Од се срце ми е жал за ова што го трпиш. Видов дека си на медицина? Пробај во некои лаборатории, приватни болници, кај лекари што имаат отворено нешто. Пробај и во аптеки. Пробај во фирми за лекови нешто така, испрати ЦВ во Алкалоид, познавам многу што се вработија уште пред да завршат факс. Праќај редовно ЦВ и не по еднаш по повеќе пати или јави му се директно, закажа средби. Стави го ова во твои раце, кога ќе најдеш добра работа гледај да се одтргнеш. Под кирија со цимери за почеток најдобро, и најефтино. Штеди си секој месец по нешто и сама ќе го покриеш факсот. Денес ќе пробам да најдам нешто некои фирми што и да е и ќе ти пратам во ЛП за да им пратиш ЦВ. Само кажи ми дали во Скопје?
Заедно сте од корист..Нема тука ни љубов ни почит.Тебе ти треба покрив над глава,и некоја ‘сигурност’ додека завршиш факс.Нему му треба перачка,чистачка.Во брак ни под разно не влегувај.Дека кога тогаш ова ке заврши со развод.Ако си навистина на медицина тогаш верувам си паметна девојка,трудољубива.Не си уништувај животот со ваков абдал.
@Jovys, немој никако да се мажиш. Велиш дека тој ја одложува венчавката, па искористи го тоа и не ги туркај работите кон реализирање на брак, туку напротив, искористи ја неговата ладнокрвност и гледај да одложуваш што е можно повеќе. Ако запне, инсистирај дека ти е неопходно прво да завршиш факултет, дека не можеш да се фокусираш сега на свадби и 300 чуда. Ако ти вели дека нема да имаш потреба од работа затоа што тој ќе заработува доволно за двајцата, вози му го филмот и кажи му дека веќе си вложила премногу труд и не сакаш да ти пропадне, а и не би сакала постојано да си дома во иднина, дека ти е неопходно да се чувствуваш корисно и да работиш. Фати го на емоција, додај дека штом сака сè најдобро за тебе, еве ти му кажуваш дека ова ти е неопходно. Не си дозволувај да те притисне во брак, после ќе ти биде уште потешко да излезеш. Дали знаеш англиски и дали мислиш дека би те бивала за пишување? Братучед ми кој е студент, кој исто не може да се вработи регуларно, работи од дома како content writer. На почетокот му било потешко, ама веќе се навикна и многу побрзо пишува. Како што вели, не посветува многу време и не го постигнува месечниот таргет, ама пак зема 150 евра за малку работа, како хонорарец. Доколку редовно го исполнува таргетот, би земал веројатно минимална плата, односно 300 евра. Можам да се распрашам за фирмата и за контакт, или и ти сама побарај каде сакаш, ама мислам дека е добра опција. Ем нема да губиш време до на работа, ем немаш фиксно работно време - ќе си го распределиш времето како што сакаш, ем ќе можеш да подзаштедиш нешто. Ако можеш да скриеш, не мора ни да го информираш дечко ти за работата, со цел да не те тера да ги трошиш и тие малку пари што ќе успееш да ги земеш - да не ти вели троши си од ТВОИТЕ пари. Или евентуално, да му кажеш дека земаш многу помалку, со цел да не те тера да ја трошиш цела плата.
Имаш време да си ја промениш среќата со тоа што ќе избегаш на време. Никогаш не е доцна а најмалку кога ништо не ве врзува(брак,деца). Ќе успееш сама само треба да веруваш во себе и тоа повеќе него да останеш со овој токмак. Сами си ја кроиме среќата, затоа и по цена една година да паузираш факултет оди си, вработи се, заштеди некој денар и продолжи со факултет и остварување на своите соништа. Млада си ќе се појави дечко поред кој ќе цветаш а не да венееш. Ти посакувам храброст и среќа за да ја донесеш правилната одлука @Jovys и да се надополнам дека бракот е заедница и еден куп компромиси, а кога ќе дојдат и деца е тешко и потребно е многу разбирање, подршка и љубов. Ако сега ти е тешко, во брак ќе ти биде пеколно. Типов е себичен саможивник и никогаш нема да се промени, може да биде само полошо. Ако сега не си среќна во брак уште помалку. Затоа размисли си и на време остави го затоа што дечкото вришти со црвени знаменца. Ништо позитивно нема што би те задржало да останете заедно и да основате семејство. Секое добро
Повторно двојни аршини. Маж да го напишеше ова одма ќе му рипневте што ја искористува девојката, а сега неа ја направивте светица, а него никаков. Кога се сака се се може, ама на неа полесно ѝ е да го искористува дечкото за пари, па после мајка му и сестра му не чинат.
И мене ми личи на quid pro quo. Ниту се сакаат, ниту пак делуваат вака од муабет компатибилни. Таа мисли дека тој е скржав и под влијание ( не дека не е ) , тој си сака "вредност" за парите него како што му одговата. Тотално не звучи како добар иден брак.
Devojko ti si od korist so deckovo kako sakas da te pocituva?Dovolno e toa sto te izdrzava ne zivees pod kirija,ti plaka smetki i fakultet.Ti ne si mazena za nego-toa VO PRIPREMA ne se vazi samo bidejki zivees so nego.Ova e zenski forum i ti davaat podrska,da bese obratno ke ti recea kako mozes da zivees so nekoj sto te koristi .I ne znam sto ima loso vo toa sto majka mu raboti vo butik i bile situirani,a tvoive so dobri plati a ti si bez pari i zavisna.Voopsto ne si za zalenje bas ubavo si gi namestila rabotite ,nekoi zeni vo brak legalen i so deca dobivaat pomalku od tebe.Sekako ova i sama go znaes .Temata treba da se premesti problemi vo vrska,ne vo brak.Izvini na iskrenosta ,nemam namera da navredam nikogo.,bas bi sakala i jas nekoj da mi finansira faks,ama nema .
Мене мм ме побара за жена додека уште студирав, претпоследен семестар ми беше. Се во врска со факултетот моите си платија. Јас не работев тогаш. Ќе ми беше срам од него да барам пари. А од дечко па не знам колку треба да си без осет за да бараш да ти финансира факултет
Благодарам за советите. Како што кажав, да имав избор супер, никогаш во животот не очекував дека ќе морам да зависам од дечко ми, до пред неколку месеци барем имав свој дом и среќно семејство, загубив родител ненадејно, изгубивме се што имавме и останавме на една просечна плата. Цел живот би живеела во беда само да можам повторно да сме сите дома, после се полошо би се чуствувала да барам пари од една плата што влегува во мојата куќа од која се купува храна, се плаќаат сметки, и се чува многу помало дете. Во врскава од почеток беше од љубов од моја страна, како поминуваше време се покажа се како што е навистина. Тоа што тој е тука да ми помогне за факултет јас не го гледам како поклон туку како вид на кредит што утре ќе го враќам. Ако сакав пари немаше да барам начин да се спасам. Поздрав
Жал ми е што ти се случила таква трагедија, но само да ти го кажам моето искуство. Живеев со моите и сестра ми, бевме со една плата од татко ми таксист, во една трошна куќа/барака и знаев дека нема да можат да ми плаќаат факултет, а многу сакав да учам. Си реков ќе се снаоѓам како знам и умеам. Во прв уписен рок ме примија на медицински факултет ама во приватна квота, ама јас имав само 100 евра заштедено за во државна квота. Во втор уписен рок ме примија на биохемија во државна квота и почнав на факултет. Одев пешки, не јадев не идев по кафиња туку само запнував да положам се и да фатам стипендија. Ја фатив па две години семестрите од тоа ги плаќав. Само што запишав факултет се вработив во мекдоналдс, после една година во кафич работев, па најдов од дома работа како content writer. Работев до 3-4 сабајле и секој денар го делев за мене на факултет и за дома за сметки/јадење. Ги продавав старите книги за да си купам нови. После ја најдов моменталната работа, ама заради паралелно учење и работење факултетот го завршив за 7 години, не за 4 како што е. Работев на компјутер во соба во која спиевме сите 4ца, куцав претивко да не ги будам, учев со флешлајт од телефон, спиев со перница на биро ама не се откажав. Сакав и направив да можам, се друго е изговор извини вака. Тогаш имав 6 годишна врска со дечко што имаше и пари од мама и тато и топ место за живеење ама ни на крај памет не ми текна да живеам таму или да се мажам за да се спасам од бедата. Ако требаше ќе го превртев цел свет наопаку ама не се откажував од замислата. Среќа и што така размислував и бев упорна затоа што денес сум мажена со љубовта на мојот живот, си имаме бебе и не зависам од него ниту он очекува јас да сум му куќна помошничка. И извини вака ама немаш право да се жалиш бидејќи свесно остануваш таму и свесно го искористуваш и си кажуваш зошто си со него. Не знам што очекуваш ние да ти кажеме друго.
Ти не си му должна на него за тоа што ти помага со факултетот сѐ додека му го одржуваш станот, го переш, го пеглаш, готвиш сето време. Дури и тој самиот те третира како слугинка, па и направил сѐ за да не се чувствуваш убаво и добредојдено таму. Тоа што тој не ти оставил пари кога знаел дека немаш е затоа што и тој е убеден дека си со него за пари, дури мислам дека така би се понашал со било која затоа што е едноставно таков скржав, и таков и ќе си остане. Да не мислиш дека ќе го одврзе ќесето еден ден, тоа нема да се деси. Убаво ги опиша неговите, да знаеш тоа би биле вие по 20 години. Џабе се оптеретуваш со него и неговата фамилија кога треба прво за тебе да се грижиш и да не чекаш од него или други. Кога веќе се занимаваш со чистење, да ти кажам дека денес се бараа жени за чистење апартмани во Охрид за сезонава со цени по 600 денари од саат, па сега ти направи си пресметка, секако освен ако не сакаш да бидеш независна тоа е друга работа.
Ако сакаш да се спасиш-работи. Девојче едно у кафич работи и од сабајле иде у СРЕДНО. Толку од тоа како не е возможно.
Или ќе ќутиш и трпиш се што ќе ти сервираат он, мајка му и сестра му или ќе се дигнеш на нозе. Не вреди таа пара што ќе ти ја даде за некој да те третира како непостоечка. А смешни сте со коментариве не си му жена сааамо живеете заедно. Ебај го, лист хартија многу значело. Ај ко бабине на чешма муабет
@Jovys ако добро разбрав, типов не ти е ни сопруг, а ти живееш без надомест кај него и ти плаќа факултет? Па тоа е сон на секој студент од провинција Стварно такви дечковци постојат?