А таа бога моли да се омажи, нели читаш дека дечкото стално го одолговлекува стапувањето во брак. Не @Jovys ниту сте пред брак, ниту треба да бидете. Разбирам јас и тешка ситуација и све, ама од овој дечко само здравје ќе си уништиш и живот ќе си скратиш, недајбоже и дете ќе родиш и ќд го осудиш да расте со трауми. Јбг, ниту за нешто го бива, ниту па го интересираш, МОРА да си најдеш друго решение на животните проблеми, и да бегаш главном без обѕира, а не да се туркаш од ,,пред брак,, во брак.
Луѓе, медицински факултет не е шала, особено ако е на општа. Стварно не може да работи паралелно. @Jovys знам дека ти е тешко, ама не можеш да седиш дома кај некој да те финансира, а притоа да не се сакате. Разбирам дека е тешко со еден родител, со мала плата, во мал град. Ама има начини. За студент со еден родител има намалување на партиципацијата за семестар, распрашај се за ова. Плус, стипендија пробај да фатиш, таа социјалната секако можеш, и оброк-и ете ти, 8500 месечно, и рата за семестар ќе можеш да платиш, и студентски дом, и да ти остане нешто. Е сега нема луксузирање, ако имаш време за викенд и да поработиш нешто, ќе стегнеш заби ќе издржиш уште две години.. Начин има, само треба да се излезе од зоната на комфор, и да издржиш. Не треба да трпиш некој да те теретира како слугинка, да те омаловажува, а моментално и те како му даваш моќ за тоа. Главата горе!!
Мое мислење е дека дечкото чека ти да си одиш. Ниту те сака тебе, ниту ти него, само му е жал да те остави зошто се претставуваш да има сожалување за тебе. Тргнете по различен пат, за двајцата подобро.
Знам дека е тешко ама не невозможно. Имам другарка што паралелно работеше уште од стартот и еве ја сега само што го положи тој државниот испит и треба да земе лиценца или како и да се вика тоа.
Не ми е јасно зошто го напаѓате човекот кој од авион се гледа дека таа со него е само ради финансии... Не сакам да бидем лоша и погрешно сфатена, ама да беше обратна ситуацијата ќе го нападневте пак него од гомно подоле дека ја користи за пари. @Jovys жал ми е за загубата, но животот оди напред и мора сама за себе да мислиш. Тој не ти е должен да ти плаќа факултет, тој не е должен да ти дава пари! Тоа што се однесува со тебе ко слугинка, тоа е ради тоа што сама си се довела до таа ситуација да зависиш финансиски од него. Има многу што учат факултет и работаат истовремено. Во вашата врска има многу црвени знамиња и најпаметно е да си го ставиш животот во свои раце и да продолжиш сама.
Медицина не може да се студира со истовремено работење. Едноставно факултетот е захтевен. А дека не се сакаат, или се сакаат на некој извртен начин, прилично јасно. Взаемно користење.
I agree. Жената е хранителката од кога постои човекот. Не готвиш -не храниш -не си мајка -не си жена.
Колку сте злобни. Пиша дека ѝ се случила трагедија и единствениот кој можел да ѝ помогне бил он. Да не треба да отиде да биде бездомник само за да не испадне ваква или онаква? Бог да чува. Ако тргне да работи по кафичи или на пола работно време факултетот ќе го заврши за четири-пет години место за две. Буквално никако не ѝ оди во прилог. Освен да побара работа од дома како што спомна @pdb123 што не би одземало толку време и нема да е обврзана секој ден да оди на работа. @Jovys четврта си колку што сфатив, од октомври ќе си петта? Јас би те советувала да се стрпиш уште малку и да гледаш сите испити да ги завршиш на време и побрзо да земеш лиценца. Фокусирај се на тоа, за да можеш побрзо да се вработиш. Некој претходно спомна алкалоид или лаборатории, без диплома никаде нема да те вработат. Разгледај ја опцијата и за работа преку интернет, нешто што е помалку захтевно. После тоа, б е г а ј. Ако не сакаш да го живееш овој живот уште многу години, бегај. Единствената позитивна работа што си ја напишала за него е дека не одел со други и ти помогнал, а тоа е она најминимално. Така да си знаеш...
Оти му одговара да има контрола. Имам еден другар, вика: “Љубовта е симбиоза на нашите взаемни потреби“ Ич не ми се бендисваше муабетот... млада тогаш ко зборавме, полна со ентузијазам... Ама љубов!?? Ама пеперутки!?? Абе, драпај си меот. Бракот е спогодба. Договор. И се работи на него. Најубо е, ко ќе се погодиш со некој, со кого скроз се согласувате и ве пали и после 70 години. Ама генерално, сите сме некаде на спектарот. Не познавам супер-задоволни луѓе.
И јас за својот стан кога ќе дојде дечко ми кај мене си го нарекувам „мојот стан“, „мојата дневна“... затоа што е моја. Јас сум собирала денар по денар 13 години за да го уплатам. Моите родители ми помогнале некој процент, да, но никој друг. На моите само им понудив ако сакаат да се наведени како сопственици, и ќе ми беше драго, но тие не сакаа ни да чујат. Така што, секако дека е мој станот. И да дојде да живее со мене, мој е. Животот на многу луѓе е потежок од мојот, свесна сум за тоа и сум многу благодарна за се што имам. Но, исто така знам дека толку многу жртви сум направила во животов, низ претешки психолошки пероди сум минела и толку многу убавини сум си ускратила за да си дозволам и стигнам до каде што сум сега. Би се осеќала бедно да треба да зависам од некого и неговите пари, неговите 10 денари... Ако некој е здравствено или ментално неспособен за работа, тоа е сосема поинаква и ранлива ситуација. Но ако некој е здрав, нормален и способен за работа, не е во ред да се потпира 100% финансиски на партнерот (или на родителите). Дечко ти на некој начин ти „плаќа“ за домашните услуги кои му ги вршиш. Имате некоја недодефинирана „трансакција“. Пробај да си најдеш работа, да се осамостоиш, да застанеш на свои нозе, а не да ползиш околу него. Ќе видиш и тој како ќе се промени...
Добро во ред, ама најверојатно немало да може да продолжи со факултетот и ќе требало да се откаже. Дечкото ѝ понудил помош, нема ништо лошо во тоа што прифатила. Тоа што ја вселил кај него не го оправдува да ја третира како туѓинец.
Многу ми е криво што читам како некој кука а го мрзи да се бори за себе и за свое. Тешко е,се е тешко. Кој видел дека е лесно?Кај има да е лесно??? Жално е да седите и да трпите се само од корист.
Не ја гледам,си кажува сама. “Немам избор,немам избор”. Што повеќе да се каже? Колку луѓе има што изгубиле и двајца родители па не се предале,не кукаат како мора да трпат сѐ. Се борат.
Како тоа ја мрзи да се бори за себе? Девојката буквално учи за да биде доктор, и не е доволно тоа да ти каже дека се бори во животот. Татко и починал пред некое време. Има само мајка со минимална плата која издржува и друго помало дете, за кое исто така требаат пари. Ај ти се молам, мрза било. Туку така мислиш се станува доктор, секој ден имаат предавања и пракси од сабајле до вечер? Кога да работа и кога да учи?
Па работи по дома секако, а не е платена. Извини, ама подобро ќе работам за пари отколку за трошки и да ме понижува некој. И што ако учи за доктор? Не смее да работи, мислите дека сите студенти на медицина некој фул ги издржува?
Јас колку шо разбрав со дечкото живее 2 години, а родителот и починал пред некој месец, значи нема врска муабетот дека нема избор и само заради тоа седи со него. Таа од старт знаела кај оди и зошто, плус и во други теми се жалеше од дечкото дека имале проблеми како не ја сакал и слично. Девојче, жал ми е шо се наоѓаш во ваква ситуација, искрено и јас не би знаела како да постапам, но сепак ти 2 години вака живееш, ама треба искрено да си седниш да размислиш дали сите овие нервози околу дечкото и неговото однесување вредат за парите шо тој би ти ги... еве да се изразам поблаго-позајмил за факултет. После треба и со него да си направиш искрен муабет околу вашава ситуација и да си решите што понатаму. Брак не доаѓа во предвид во никој случај, ако ти предложи пак, верувам дека нема да е искрена понуда и ти си го знаеш тоа. Треба малку и ти да се потрудиш да најдиш привремена работа ете од дома најдобро, по неколку сати колку да почниш од негде да си заработуваш за себе, не се потпирај само на дечкото и немој да се жалиш дека си во безизлезна ситуација, за се има решение доколку сакаш.
Ама зошто да го искористи детето и да си оди. Да и доплати и да си бега. Нека си бега сега. Дали и на вашите синови, браќа ќе им викате, од жал да седат и да плаќаат на некоја да учи, а не им оди, па после можеби ќе си одат, можеби не... Двајцата се однесуваат така зошто не се сакаат.