Да, може да работи со тоа што нема шанси да заврши на време, туку место 6 ќе студира плус уште 3-4 години. Затоа што факултетот не е структуриран да може истовремено да се работи редовна работа. Ѝ давате совет што уште толку ќе ја завлечка. Другата опција е да го стави на паузирање, да се врати дома и да работи, па да продолжи со студирање кога ќе се извлече од ситуацијава. @Jovys не пишав прееска, да аплицираш за во студентски дом? Плус, сигурна сум дека имаше некоја помош за луѓе со еден родител. Исто така можеш да плаќаш на рати за семестрите.
Тешка ситуација за двајцата. Јас никогаш не би прифатила дечко да ме издржува финансиски и да ми плаќа факултет. Плус не е уште испит , два таа има уште две години. Дечково се понудил да и помогне но сега мислам дека му е срам да и каже дека не може или не сака да ја издржува финансиски плус сигурно и неговите го притискаат . Треба и мора искрено да седнат и да си кажат кој што може и сака понатаму во животот и дечкото и девојката.
Да си жива за муабетот. Другар, за 5 дена ги погреба родителите. Со пензијата што следува на редовен студент, до 26 год. заврши медицински факултет, положи за возачка, купи мало количе да го служи и живееше со тие пари. Не заврши се одеднаш, полека , но сам на светов без никаква помош од никој , од никооој. Он е сега доктор. Душава ми се грее кога го гледам до каде изгура сам , а ми се кине што неговите починаа и не беа тука на неговото дипломирање и земање лиценца за самостоен др. Се се може. Јас не успеав да раб и студирам и баталив, ама пак сестра ми работеше на две места, заврши и магистратура се со оцени 10, а нема воопшто лесен факултет. Идеше и на семинари, спремаше проекти, идеше на обуки, идеше на волонтирање, работеше приватно во согласност со студиите. Се се може да не се лажеме. Девојката е студент, ако родителот што го загубила работел, неа и следува пензија додека студира до 26 год.
Читам и не верувам... До пред неколку години се гледав со еден дечко и мислам дека од тогаш себичноста ми стана најодвратна особина, дечково беше исто ти како што го опишуваш овој, јаде а не вика, купува а само знае да покаже што купил, нити некогаш да рече еве ти купив и на тебе (пример само давам) ајде викам, дека уште не се знаеме, помина време ајде во врска да бидеме, дечково освен себе не гледаше друг, таа врска се распадна бидејќи секој ден се повеќе почна да ми се повраќа од неговата себичност, колку ми беше тогаш тешко дури и будала бев, да имаше некој да ме утепа тогаш, сега ќе му простев, барав причини да останам со него ајде викам период период е, ма каков период, подобро сама, одколку со таков, да не ми даде господ никогаш да сретнам таков, од тогаш до ден денес, а приметам таков себичнак, нема ништо од тие луѓе, не си го комплицирај животот, немој да се мажиш само за да имаш некој.
На дечкото или му пукнал филмот или кај да е ќе му пукне од целата ситуација. Неможе да глумиш жртва со изговор дека студираш притоа ништо да не работиш и да чекаш од него чаша вода да ти носи. Има многу студенти што семејните ситуации им се тешки може и потешки од твојата па на секој начин се труделе да успеат во животот. Пред 15-16 години кога студирав јас, на колешка моја цимерката во соба и доаѓаше од едно село. Девојката исто беше на медицина живееше во студенскиот дом Стив. Родителите нејзини работеа како аргати на туѓи ниви тежок и мачен живот водеа. Додека сите студенти за викенд си одеа во своите домови, девојката одеше и влезови од стамбени згради чистеше. Имаше најдено и 2-3 стана што одеше да им ги чисти. Само она знаеше колку тешко и мачно и беше, додека сите одеа на журки и се дружеа на кафе шема она си седеше во соба и учеше, или пак работеше. На многу тежок и трнлив пат успеа девојката, пред некој месец се сретнавме сосема случајно на клиника она работи таму ми кажа дека не продолжила да специјализира нема парични средства за тоа, дел од плата нејзина им испраќа дома. Проблемот не е во твојот дечко, во тебе е. Сега има многу повеќе можности за заработка на парични средства за да не бидеш зависна од некого, наместо да гледаш некој начин да придонесеш нешто плус во тој дом каде што живеете ти се споредуваш и ја гледаш неговата сестра што прави во животот.
извини ама да си родител со дете па да речеш немаш избор можам да разберам. Вака не можеш да немаш избор. Сама со работа и стан под кирија многу можеш. Немој да се заглавиш уште повеќе и скрос да пропаднеш психички па тек тогаш да немаш излез од состојбата. Факултет секако се завршува. зошто да немаш опција за вонредно студирање? Јас бев редовен студент 2 години а 3тата се префрлив на вонредно.
vo princip zapadnjacive se takvi,bas kako sto go opisa i za niv e toa normalno i taka funkcionirast i vo vrska i vo brak,egoisticki nastroeni
Колку бивши имаш "западњаци", па вака си сигурна во тврдењето и генерализираш? И 100 да се малку е, не пак 1 или ниеден Скоро слушнав сл. изјава од некој што нема никаква допирна точка со семејства што живеат/потекнуваат од една земја, ама пак затоа убедено коментираше дека браковите им се ладни за разлика од тие во Мк
Не си во право, сори препрочитај што си напишала. Врска што не функционира и е токсична се прекинува. За тебе, ако си студент, има студенски дом во кој има и храна. За болдираното за сестра му што се однесува. А ти што си му да те финансира и прибира дома, ќерка!? Велиш на одмор или викенд немате отидено, па нели немаш средства. Или мислиш кај ти дал живеачка и за одмор треба да те финансира.
Веќе видено. Мојата најдобра другарка за жал. Ова мислам дека е почеток на се. Сега ќе ги смири страстите и ќе биде така како што ќе кажеш, но не за долго. Тој што тргнал по тој пат назад многу тешко. Жал ми е многу стварно. Оти знам неа колку ја болеше. Навистина. И ветуваше и се колнеше, даваше исто картички, се. По 7-8 месеци со л.карта земал кредити, ги враќаа заедно да му помогне оти сакаше да верува дека ќе биде вој пат подруго, но.... Стави конечно крај пред некој ден, со едно детенце кое го сакам како мое да е.