Не знаев која тема би била соодветна за ова прашање. Вака, јас со мм сум долго време заедно и супер си стоиме и двајцата со семејствата и блиски и далечни роднини. Е сега има само едни од странство роднини кои се однесуваат со мене како да не постојам. Они му се некои братучеди. На пример, цела вечер само со мм ќе праат муабет, мене не. Ова кај нас дома. Кога јас ќе почнам нешто само збор два ќе одговорат и толку, се вртат кај мм. Он примети и цела вечер така намерно ме вклучуваше во муабети ама они ништо. Према него во животов испаднале многу фер, му се нашле и со него се супер. Ние сме луѓе што кога ни доаѓа некој на гости, гледаме секогаш да има послужено и храна и пијалоци и се на маса. Мерак ни е. Јас не спремам класика ручеци за никого освен за нашите родители, туку на пример еве скара, млечни, сувомеснати производи ставам на маса. Зошто ете му се нашле и нив сакав да ги пречекам и цела вечер се понашаа како да им е гадно. Не, не сакам, нејќам. Ми скурчи, не ќе ги молам. На идење дел само пружија рака, дел само свртеа газовите и си отидоа. Мм вика со никого друг вака не се однесуваат. Сега еве пак ќе доаѓаат. Значи не ги викам ја, сами се најавуваат, као мора да дојдат. Да напоменам, никогаш ништо не сме се расправале, ниту лош збор разменет. И сега како би се однесувале вие према нив?
приреди им странски дочек,културно но ладно,со пијачка на маса и тоа е тоа,биди европеец до крај,културнаа ,ладна и со единствено прашање што ќе се напиете,без предјела,главни јела,десерти,итн
Мене би ме интересирало дали можеби сум им погрешила или сум ги навредила без да знам. Ќе сакам да ја знам причината.
Мене повеке ми личи на љубомора А Нена многу фино ти пишала да се однесуваш странско према ним Само една пијачка. Тебе животот ти е убав го живејш како што сакаш а тие цела година р’мбаат за тука чалами да продаваат и сега дури и криво им иде што им правиш чест и ги понудвиш со разни јадења
Мм имаше другарка што се понашаше вака со мене (не беше заљубена во него да потенцирам) Ја праша дирекно кој и е проблемот, буквално на маса седнати сите таа само со него збори. Одговорот и беше само сме си замислувале, немало врска. После уште два три пати излеговме, мислевме ќе се смени после муабетот, ама не. Не излегуваме повеќе. Со братучеди е потешко, особено ако многу му се нашле, ама вакви луѓе јас би избегнувла. Ќе се најават сами да дојдат - не сме слободни. Значи не може и не може дома да ми доаѓаш и да се понашаш така во мојот дом, ни рака да подадеш за поздравување, па кој сакаш биди.
Ама они не живеат тска. Исто какој кај нас функционираат. Кај свекрва ми се најнормално е. Не е до храната, до мене е. @CameliaMiller не сум имала прилика да ги навредам
Може е подобро да излезете негде, кафана, ресторан наместо да Ви доаѓаат дома. Така нит ќе ти се мрштат за јадењето, нит ќе треба да ги служиш. Ќе ја истераш вечерта колку за почит кон маж ти, максимално резервирано и без замарање и тоа е тоа. Јас со такви луѓе кои не ме почитуваат и така се однесуваат но ете морам да ги испочитувам ради склоп на околности така би постапила.
Очигледно е дека е љубомора ова. Може си замислиле друг живот со мт и сега ти и стоиш на патот. Јас ако сме стварно блиски фамилијарно и ми е битно да ми се во животот, би прашала директно каде е проблемот. А ако не ми е гајле, би игнорирала и уште толку би правела да имат на што да љубоморат. Стално насмеана, со шеги и муабети со мм. Тие нека гледаат па и да пукнат од мака
Јас бев во слична ситуација ,со ептен блиска личност од мм,и бидејќи ми беше многу незгодна ситуацијата најмногу затоа што се смени преку ноќ односот.Одговорот беше као ти си знаеш,а јас и ден денес немам појма,ама барем не ми е криво, се одалечив колку што се може ,и можеби подобро вака.Јас сум секогаш за искрен ,директен муабет ама не сите луѓе се такви ,како во мојот и твојот случај. Така да совет од мене не им се замарај ,ако веќе си ги прашала не Можеш на сила да ги натераш да ти кажат
@Emotional123 јас не би ги викнала нареден пат, или кога би се најавиле дека ќе дојдат, ќе ги одбијам. Не е културно, во твој дом, да немаат почит спрема тебе. Епа не ми ни доаѓајте тогаш. Јас на твое место, би оставила маж ти да ги пречека, а ти отиди си некаде на кафе (ако веќе мора да дојдат).
Провери од каде имаат потекло и да не имате мјучл френдс. Не ретко се дешава "да чуле некоја измишљотина за тебе што ни најмалку не е точна" па се понашаат ко да си им згрешила нешто. Со гадењето од храната даваат таков впечаток. Ко ти нешто да си им направила. Имам чувство ко некој да лаел за тебе пред нив. И патем, не се нервирај. У секој случај се ситни души чим стапнале во дом кој е и твој и вака се однесуваат.
Јас не би се гледала со нив. Аман бе 21 век е, што и да било, сите имаат уста, па можат да си кажат ако нешто си им згрешила Не ќе му мозгаш ти за нив, што им е и зошто така. Имав слична ситуација, канети на свадба, дечко и девојка уште, а родителиве на невестата ги канат свекор ми и свекрва ми и секако нагласиле и нас двајца Леле луѓе каков поглед добив од невестата, као у стил, што бараш ти тука, и одтогаш реков, неќам да ја видам, ако сакаш да ти дојде на гости, кажи ми,ќе излезам. Иначе никад не сме ни праеле муеабет или било што, за нешто да сме си згрешиле една на друга.
Маж ти може да ги праша, макар по телефон " приметив не ви е пријатно со ...... , се има нешто случено, да не ви згрешила нешто" ако се вадат , нека им даде пример.. Возрасни фамилијарни луге како надурени тинејџери да се, ми е смешно. Не ни морале да доаѓаат ако не им се свиѓаш. Ама така перфидно демек 'не те мирисаме' , ич не е кул. Во маж ти е решението, ако некој може да им рече е тој. Ако му е срам, нека си ги вика насамо во кафана, или излези си ти кога доаѓаат.
Не би се замарала, очигледно си имаат нешто замислено, или некој им има кажувано нешто за тебе. Ке ставам се на маса, ако сакат да си земат арно, ако не пак арно. Ќе си земам телефонот и ќе си седам на интернет цело време. Ќе се вклучам на кратко во некој муабет и толку. Нека си се муабетат со маж ми. Или ќе си средувам во кујна наваму натаму цело време. Што они тебе те игнорираат врати со исто.
Не можам да речам мн е чудно едноставно не знаеме какви се тие луѓе Ако се знаете многу време не би требало така да се однесуваа кон тебе.... Служи им тоа што имаш колку да се има на масата. Ти не си ги викнала за ручек или на кафе едноставно сами се најавија така да... Али пример јас со мм би праела муабет зошто така што сум им погрешила се чуствувам како да не постојам како да си зборам со дрво... Ако и понатака се однесуваа истото не би имала поќе со нив контакт а мм треба да ме почитува. А инч ако се млади можда е љубомора али сепак направи муабет со мм твој...
Ја жими се би го лупнала на маса, па куд пукло да пукло. Тоа ваше странство вака ли ве исшлифуе со манири да немате почитување кон домаќинка на чијашто маса леб јадете? Тоа ли е сега модерно по европски. Ама, јас знам и едно друго европско. Не може кога сакаш по дома да заседнуваш. Така решивме и ние, да бидеме во тек со вас. Ама како шега, на смеење. И мене ми праеле братучеди и тоа не од странција. Јас, пак, ни на крај памет служење на такво понашање. Де едно трпи, де пет, де петнаесет, па со убаво, па прашувам невестата од кај купила нешто, па и прашав директно, на улава ме напраија, па си почнав вака. Додека они ќаскаат, каучот, далечинското или телефонот во рака. Смеј си се во телефонот. Гостите нешто сакале. Одма на него ,, Злато, во фрижидерот, третиот рафт од горе. " Не им текна веќе така да се понашаат, па ни да дојдат.
@Emotional123 нека ги однесе маж ти на пијачка или на ручек некаде надвор и готово. Не си должна такви луѓе дома да чекаш и софри да им спремаш. Во твој дом да те ставаат на игнор, боже свашта. Јас би ги ставила сега на игнор, по заслуга. Штом со маж ти се океј и си живеат ете нека се видам штом дошле во државата и доста им е. Непочит тотално од нивна страна.