Ја мислам никако без неа да не идат. Нека иде и она, ако ја избегаваат нека си тера свој филм, нека куцка овде бе. Ама никако да не одбие да оди. И она да биде присутна, ама не како слугинка на неблагодарници, ами како госпоѓа и некој којшто е достојна поддршка на маж ѝ, оти и самиот тој ѝ е поддршка и сама рече, се обидува да ја вклучи.
Јас така би направила. Нека ме гледаат и нека се нервираат бе. Ем јас да сум жртва на воопшто не занемарлив психолошки притисок ем да се повлекувам. А и маж ѝ се залагал да ја вклучи во дискусија, не ли би било тоа поддршка и за него ако не оди сам... Мое мислење, може сум грешка не сум експерт. Јас се повлекував на времето и сфатив дека само кеифот сум им го правела. И плус ми падна на ум друга работа... злите јазици да не проработат во нејзино отсуство. Нека се помачат малку. За такви соочување и културно во лице све.
Кај тебе дома, ти одлучуваш кој може да доаѓа, кој не. Ако дечко ти 'мора' да се види со нив, нека излезат на кафе.
Дали отсекогаш така се однесувале кон тебе или нешто ново им е тоа однесување? Јас би да не ги пречекуваш дома. Не си ти должна да спремаш за некој да ти дојде дома и се прави како да не постоиш. Излезете на кафе, на ручек, било кај. Ете колку да не ги одбиете. Ама да одиш и ти. Мене не би ми било сеедно ако оди само мм со нив, освен ако се сите мажи, па тогаш ајде од мажи да речам се излезени.
Очигледно не те сакаат, не сакаат ништо од тебе храната или да разговараат со тебе. Можеби имаат причини што се однесуваат вака, а можеби и немаат. Како би се однесувала? Како тие со мене така јас со нив. За спремање само нешто за пиење и така не јадат ништо, нека си разговараат со мажот, ако ми текне може да се истуширам и да си прошетам со пешкир на коса, да си вртам на моб. да поразговарам, да си уклучам тв или да си излезам ако ми се здосади од се.
Претходно имавме искочено во кафана пред неколку години, исто беше однесувањето, едноставно не комуницираа со мене ама не замерив тогаш, не знам помлада бев, мислев ај тазе запознаени... а многу бев возбудена да ги запознаам зошто ете мм ги фалеше, а и реално многу му се најдоа за некои работи. А на пример на социјални мрежи постојано ми оставаат коментари, позитивни, со се срциња и салтанати Кога зборат со мм секогаш прашуваат за мене. Ама лично со мене ладно мраз. Не знам. А буквално со остаток од цело семејство сме супер и муабет и смеење и се. Инаку имам правено муабет со маж ми, го прашав да не случајно сум имала рестинг бич фејс ама сепак не. На него му е криво, знае дека јас сакам кога некој ми доаѓа дома да се осеќа убаво и опуштено ама и јас со нив исто, не сфаќа каде би можел да лежи проблемот, во главно двајцата сметаме дека немало ни прилика ниту причина да ми замерат. Може едноставно не кликнуваме како карактери иако јас никогаш во туѓа куќа не би можела вака да се однесувам, а пред се сама да му дојдам. Но, не има секакви. Фала на сите.
Ама ваквите уште полоши се. Пред светот лице праат со коментари, срциња, прашуваат за тебе, а во твој дом те игнорираат и се прават дека не постоиш? Ја не би гостувала вакви ма што сака нека му се на маж ми. Што ако му се нашле во животот, имаат право вака да се понашаат спрема неговата жена? Тоа значи дека и него не го поштуваат, колку сака нека изгледа дека си живеат, ти си му жена, негова прва фамилија, ако го поштуваат него, воедно и тебе. Сум била присутна на вакви дешавки затоа знам колку е непријатно. Зет од братучетка вака правеше на тетка ми. Човекот испадна подолу од г*мно да ми извиниш. Се надевам дека не е до толку случајот кај тебе ама мој совет ти е да се почитуваш самата себе доволно и за нив кои не те почитуваат и да не им изиграваш домаќинка на возрасни луѓе кои имаат време и трпение да делат добро однесување спрема маж ти, а лошо спрема тебе. Кој филм им е на луѓево бре Да се едитирам, јас да сум ако веќе сте се договориле да дојдат, ќе му кажам на мм дека ништо нема да има спремано јадење за да се осетат, тој нека им даде пијачка ако сака и само што ќе дојдат ќе кажам пријатно, договорена сум имам планови. Ни рака да подавам на некој од нив, ништо.
А ти на тие коментари враќаш? Јас да сум ќе зеам и ќе им ги избришам а кога ќе дојдат ни здраво нема да им кажам и ќе се договорам со мм да им праи он кафе/пиење а ја ќе дремам на телефон. Евентуално ќе си викнам другарка ќе наместам клуб маса за нас со пиење со се. Па и онака те игнорираат.
A so se zamaras? Ti bidisi kulturna i fina prema niv. I sekogas smej se, ako se ljubomorni da dopukaat.
Имав многу никаква ситуација со блиска роднина и се чувствувам лошо. Ми пренесе некои работи што партнерот ги кажал, бидејќи стануваше збор за сериозни работи зборував со партнерот и се испостави дека тоа не е вистина и не е кажано на тој начин, на крај истата се налути и не сака да збори.. Навистина не знам како со вакви луѓе..
Ти си таа која треба да се љутиш, а не она. Ја би ја избришала од мојот живот веднаш. Каде има муда да ми зборува лаги во кој е вклучен и мм, па и на крај она да не ми збори. Море само игнор на ваквите
Не е буквално лаги и спомнал некои работи во доверба но не мислел на тој начин да не влегувам во детали, начинот на кој таа ми ги пренесе работите беше филмуван и звучеше како нешто за што мора да се зборува иако таа ми кажа да не кажувам ништо... кога му кажав се вознемири до степен што и се јави со цел да се расчисти ситуацијата но место тоа таа се налути.. Искрено немам коментар, не можам да ја сфатам, што беше целта со кажаното и со лутењето сега...
За мене менување на вистината е исто со лага. Ако си сигурна дека мт не те лаже и тој ја зборува вистината, ја не би простила вакво нешто. Би ставила голема дистанца и повеќе никогаш нема да дозволам она да ми зборува за мм. Ако со на две и не знаеш во што да веруваш, тогаш проблемот е меѓу тебе и мт. И искрено мене би ме замислило зошто она рекла да не кажувам ништо на мм. Ако ја зборува вистината баш така како што е, без да врти, нема да се плаши мт да дознае…
Успеав конечно да најдам 5 минути да напишам што ме мачи додека сопругот и ќеркичката моја спијат. Тазе породена сум, минатата недела се породив природно, си дојдовме дома со мојата среќичка, се навикнуваме полека со сопругот на се ова што ни е ново. Немам проблем со сопругот конкретно, со тетка му имам проблем. Родителите на мојот маж се разведени кога бил мал, не е близок со мајка му, на неколку месеци се гледаат, си има други деца и сопруг. На кратко, маж ми е пораснат со татко му и тетка му. Тетка му нема свои деца и не се омажила никогаш, го гледала како мајка, многу се блиски. Откако сме дома, останува кај нас за да ни помогнела. Почна да ми пречи некако тоа, сакав ние тројца да сме си сами, а не тетка му да влезе во улога на свекрва и да ни го наруши спокојот дома. Не живееме во заедница, самата се понуди и самата си дојде во нашиот стан. Донела и поголем куфер, нема намера да си оди за брзо. Првите 40 дена ќе ми требало помош, после лесно ќе ни било. Знам дека се радува на бебето, немала никогаш свое бебе, премногу сака деца, но вака не може да продолжи ситуацијата. Како да му кажам на сопругот на културен начин да и кажеме да си оди, а да не се навреди? Маж ми многу ја сака и е близок со неа, не сакам да се расправаме поради ова.
Вака како што пишуваш овде, дека ова се моменти што сакаш да ги поминеш заедно само со сопругот и бебето, само вие 3ца како семејство. Плус треба да и покажеш на неа дека не ти треба помош. Ќе си го бањаш сама бебето, ќе гледаш да си ги правиш сама сите работи околу бебето, без да ја вклучуваш неа. Голема грешка ти е ако си дозволила она да ти го бања бебето. И како така може да дојде дома кај вас со куфер. Не те праша сопругот дали може да дојде, дали ќе ти треба помош? Плус не знам каква е ситуацијата со твојата мајка? Друго дали таа имала деца мажена немажена си е нејзин избор, ти си мајка на тоа дете и ти треба да се поставиш граница. Не разбирам како си дозволила да ти се пресели дома ако сама не си побарала помош? Е сега ако сопругот побарал помош од неа да дојде тогаш прво со него ќе расчистиш кој ја повикал да дојде. И ќе си кажеш јасно и гласно на сопругот, хормоните ми се до плафон и сакам да си бидам сама дома со тебе и бебето, кажии и на тетка ти благодарам за помошта ама да не остави сами, не ни треба помош.
Ај малку олабави, ти дивеат хормони. Чекај мало е бебето кога ќе почнат грчеви, неспиење ќе бараш некој да ти помогне. Не мисли лошо жената сигурно. Ако не ви се меша во бракот, ако не фрла отрови зашто ти смета да ти помогне, да те одмени. Бидете малку мудри, искористи помош дури можеш. Некои се би дале да имаат помош дома кога ќе се вратат со новороденче.
Лепо фино ќе му кажеш дека не ти е потребна дополнителна по ош, доволно е он да си обабува свои обврски и дека сакаш тројцата да сте сами. Биди отворена со партнерот. И ова погоре што пишале чекај ќе видиш, тоа се глупости. Пред се, треба да се навикнете вие со бебуш, да се научите. Никој друг нема да може и да го смири ни да биде со него кога ќе има грчеви и сл. Мирот е незаменлив.
Ако пред партнерот не можам да бидам отворена и да кажам шо ми смета и шо ме мачи тогаш на кој? Фино лепо ке си направите муабет и тоа е тоа, кој колку сака нека биде близок семејство сте вие тројца. Сакаш да бидете сами шо е скрос нормално. На бебето без разлика дали има нема грчеви, спие не спие му требаат мајка и татко не тетки, свекрви и ред други.