Јас мајка ми суптилно ја избркав после 8 дена затоа што сакав да се навикнеме на бебето сами со маж ми. Кажи дека ќе пробате сами и дека сакате сами, ако има потреба од помош дека ќе ја замолите ако е слободна и ако сака да дојде да ви помогне. Ама со куфер поголем од твојот плакар, не.
Едноставно е. Кажи си. Ако сакаш сами, седете сами. Ако сакаш помош, побарај помош. Сите се различно. Јас не би можела освен на гости неколку саати да ми се плетка некој. Ама индивидуално е, јас така функционирав и за првото и второто. Не ми требаше никој. Кога ми требало да ми се причува да завршам некоја работа сум побарала. Кој како сака нека си функционира. Ни едното ни другото не е погрешно.
Бреееј ова колку е точно. Додека е мало сите се тука да ти го научат на думкање, после сите зафатени. Не за џабе ослабев 10кг кога породуваше малиот, помош од никаде.
Прво честитки, да ти е живо и здраво За да дојде со куфер сигурно некој ја викнал жената, ако ти смета и ти сметаш дека можеш сама со сопругот и обврските околу бебето, а верувај дека е тешко сум осетила сама на своја кожа, колку само олеснување е да има некој да ти зачисти, да направи ручек а ти целосно да се посветиш на бебето, ама тоа вие си знаете, ондак кажи му на сопругот дека не ти треба помош сега за сега
@Snowflake99 Јас би и кажала директно да си оди. Тргнувам од мене, од мое искуство. Кога се породив со првото дете, мајка му на мм ми се тупнуваше така, повеќе нервоза ми создаваше и хормони до плафон имав караници со маж ми. Трпев една недела, ми пукна филм и и кажав дека ако ми треба помош, ќе побарам, не треба она да седи постојано. Истото и на маж ми му го кажав, го седнав и му објаснив дека јас го носев тоа дете 9 медеци, јас го раѓав и не ми треба некој да ми изигрува втора мајка. А секој може да се организира, да не претеруваме дека е потребно некој да ти дреме нонстоп.
Ако некој бил толку некултурен да ти се тупне без покана со намера да не си замине во догледно време, не гледам причина зошто на културен начин да не му се каже дека неговиот план и не е баш така прифатлив и остварлив.
Кога одлучив да родам дете значи дека сум доволно зрела за сама да си го чувам и да не ми треба помош од други. Сопствената мајка не ја викнав да ми помогне и да смета дома, не сакав помош од никого. Мирот дома е бесценет. Директно и кажав, малку се навреди, но си замина. Ако сакав да живеам со други и да ми се мотаат дома, немаше стан на кредити да купувам кога свекорот има огромен стан. Си сакав мир и сами да сме си. Паметно постапив и не се каам што и кажав да си замине. Од вчера вечер сме сами и одлично ја поминавме првата ноќ, многу послободно се чувствувам вака.
Од друг град ли е? Со куфер кај млади да дојдеш е крајно некултурно. Ти ако сакаш да искористиш помош, викни ја на гости, прошетајте, ама да дојдеш со куфер...
Не живее во друг град. Само е осамена жена и го гледа маж ми како син, многу е поврзана со него, мислеше дочека прилика да ја угостиме со денови. Кога кажавме дека со сопругот ќе се земеме на 22 години ќе припаднеше, како толку млад сама ќе ја оставел, како ќе се снајдеме. Ништо не ни фали, одлично ни оди брачниот живот. До некаде сакам да ја разберам, но не сум јас крива што одлучила да е немажена и без деца, сега на 50 години се жали на самотија, но не и го земав јас внукот. Само се жали сега колку и е криво што немала деца и маж, досадно било сам, да сум си родела повеќе деца, тие биле богатство. Се си има мерка и разбирање до некаде. Често доаѓа на гости, некој саат не ни пречи, но со денови, едноставно не може.
Точно. Си има граница. Не можеш ти да ск реметиш мир за други. Терај како ти е убаво. Нека доаѓа на кафе да ти помага. Куфери никако.
Точно. Си има граница. Не можеш ти да ск реметиш мир за други. Терај како ти е убаво. Нека доаѓа на кафе да ти помага. Куфери никако.
Не знам што им е на постариве реално без разлика мајка,свекрва,тетка како си даваат толку за право да се мешаат у нашите животи од како ќе имаме дете , пробуваат на секој начин да се мешаат у начинот на чување на бебето,”помош” која што и не е нешто потребна у првите неколку месеци од животот на бебето,должни се и интимноста да ни ја нарушат , па и со полн куфер да доаѓаат непоканети Веднаш да си правиш муабет со маж ти за ситуацијава кој сака нека е од горе наведените моментално ви треба мир,спокој да се навикнете на бебето а и оно на вас и да не ви смета никој во интимноста.
Devojki se somnevam deka maz mi me izneveruva, pa potrebna mi e nekoja aplikacija dokolku znaete za prislushkuvanje na razgovor vo telefon ama bez on da znae
Здраво на сите! Сакам да си го споделам мојот проблем и да слушнам совети од вас. Вака јас и мм сме 12 ипол год заедно од кои 4 во брак. Живееме во странство и тука сме сами немаме никаква фамилија ниту роднини. Имаме две деца кои се многу мала разлика и да речам и двете се бебиња (едното е баш бебе другото година ипол). Мм оди на работа а јас сум уште малку на породилно, така да сум сама по цел ден дома со децата. На мене се сите домашни обврски плус пазарење најчесто, не викам дека он не оди ама јас ги пазарам поголемите работи ( или што викам ја се товарам ко магарица да ми извините на изразот). Он кога ќе дојде од работа ќе се поигра со децата и поголем дел од времето си го поминува со мобилниот во рака. Не викам дека не ги менува пелени или дека не ги припазува и ги игра децата, но она што мене ми смета е тоа што никогаш не рекол седни ти малку јас ќе ја пуштам машината или ќе соберам ѓубрето да го фрлам или јас ќе измијам овој пат садеви... Плус тоа имаше некои здравствени проблеми лани и сега уште се вади на тоа, ако децата плачат он си излегува од соба и ми ги остава на мене затоа што он не може да ги слуша му сметало на ушите, ако јас кажам ме боли грбот се вкочанив или нозете ме болат цел ден не сум седнала неговиот одговор е и мене ми е исто или ако му речам па не е баш така се лути и ми вика немој ти да се споредуваш со мене мене ми е полошо. Плус тоа односот помеѓу нас како маж и жена скоро и да го нема. Целиот наш разговор е за ситуацијава во дежавата тука или за Мк, за работата, за децата и тоа. Никогаш не изразува потреба од тоа како маж да дојде да ме гушне да ме баци, ниту пак за секс ( ретко имаме секс кој секогаш е на моја иницијатива). Да напоменам дека тоа не беше така пред да се роди првото дете дури и кога бев трудна со голем стомак секој ден не гушнуваше ме бацуваше да ми извите знаеше и да ме удри или потфати за задникот. Секој ден ми го галеше стомакот. После кога му се појавија здравствените проблеми човекот се смени, стана себичен и си мисли само на себе. Јас бев 100% присутна во неговата состојба со подршка со одењр по лекари резултати иако детето ми беше новороденче плус прво дете. Кога останав трудна со второто ниту еднаш не ме баци ниту еднаш не ме гушна ниту еднаш не ми го погали стомакот... Во последно време секој пат кога се расправаме одма спомнува разделби, како насила го држиме бракот, како демек мене ми треба друг маж ( се си мислам дека он сака друга жена). Па уште знае да каже како сум немајка како сум се жалела, вчера ја прелеа чашата и ми вика ако нејќеш да ги чуваш децата да најдам друга жена да ги чува ( а кој може да ги сака и чува моите деца повеќе од мене јас ги носев 9 месеци јас ги родив мои деца се). Јас уште имам исти чувства за него иако сум лута и навредена длабоко во себе јас него го сакам, ама не знам до кога ќе можам да живеам вака...
Леле каква клошарска фраза - ќе најдел друга жена да ги чува децата што ти си го родила. Никогаш немаше да легнам до него после ова јас, а не па секс да иницирам. Ако сакате да работите на бракот - брачен терапевт. Тешко дека вакви проблеми со комуникација сами од себе ќе се решат. Вреѓање, некомуницирање, нема разбирање, нема емпатија, невнимателност, некој трет треба да му посочи дека сето тоа не е во ред. Ама тоа ако сакате двајцата да работите, и тој ако сака. А ако нејќе, не знам што чаре. Истражи убаво дали има швалерка, јас тоа ќе го истражев.