Да бев во Мк до сеа ќе отидев на психолог певенствено за свое добро а и за советување, би отишла и тука кај што сме ама овдека ретко кој разговара лице у лице се даваат линкови па ти читај си и учи си снаоѓај се. Ама кога ќе дојдам Мк ќе одам лично за себе иако често се преисппрашувам кај грешам. Инаку за швалерка не знам, фб и сите социјални мрежи (што јас ми ги знам до сега не сум нашла со некоја нешто али денеска све е можно нели). Повеќе мислам дека очекува нешто друго од мене. Имам чувство дека сака да го живееме заедничкиот живот исклучиво како што он сака или не знам како... Фала за советот и мислењето ❤
Види, некој дел од вашиот брак е скршен. Ти колку и да му идеш по неговата замисла за брак, ако емоциите и страста ги снемало- ќе ги нема и да му читаш мисли. Ти треба психолог, но и брачно советување. Секако и на него му е потребен, ете имал проблеми, па да си помогне сам себе си, но не можеш да го натераш.
И покрај сите промени околу обавезите во бракот со деца жената секогаш се чувствува запоставено бидејќи и мажите се уморни и веќе со други сваќања (Како да придонесам за фамилијата) малку стануваат послаби од жената Малку и мажите ги фаќа постпородилно, дај му време стој на нозе сакај си го уживкај гушкај го и ти! Пумпај му го егото и ке се врати. Со контра само контра ефекти ќе имаш ќе слушаш такви муабети што ни ти не сакаш да ги слушнеш ни тој ги мисли!
Сериозна си со советов?! Ај ако не па да цркне од премореност, дали мажето ќе се свести тогаш дека и тој има обврски во домот. Нормално дека нема да му текне кога веќе ѝ кажал дека друга жена ќе најде да му ги чува децата. Затоа што жените молат туѓи деца да гледаат за да му служат на господинот, нели сите освен тој се должни да му ги гледаат неговите деца. @angelbaby чувај си го здравјето, посебно менталното. Ако маж ти не прифаќа стручна помош, ти барај си за тебе но не мора тој да знае. Со оглед на менталитетот негов ништо чудно понатаму да го злоупотребува тоа против тебе, посебно ако е од оние типови кои мислат дека психолози се само за лечење болести. Според ова што си пишала не мислам дека се работи за друга жена туку дека воспитувањето му е такво затуцано и нема обзир и свест дека треба да гради живот со други луѓе, т.е. неговите сопствени деца. Едноставно тој си мисли дека ти си должна за сѐ околу фамилијата и него. Не сфаќа дека тој не е дете туку возрасен човек. Единствено што можеш моментално е да извршуваш обврски само према тебе и децата, а ако ти префрла само дигај рамења и кажи дека толку можеш да престигнеш сама. Колку што разбрав сеуште си на породилно па претпоставувам дека планираш да се враќаш на работа. Мора да му дадеш до знаење дека ќе мора и тој да се вклучи во одржувањето на домот и гледањето на децата. Ако сега ти е тешко потоа уште повеќе ќе ти биде, никој не е должен да се жртвува за туѓа (не)одговорност. Во меѓувреме батали состојбата на државата и светот, зачаран круг е тоа. Нормално дека ќе се интересирате, но наместо вести гледање направете прошетка или било каква активност со децата. Ако тој не сака, оди сама, ако ништо друго барем ќе се излуфтираш.
"Pumpaj mu go egoto i ke se vrati" izreka koja i pokraj toa sho sme vo 2022 godina me potsetuva deka sepak ne sme mrdnale od Sreden vek. Aj verojatno do 3022 ke se opraime.
За жал... Ете уште само мажите се уморни. Специјални нежни снегулки, треба да подработи и само да рчи и да се гушка, гали и храни. Уште газот да им се брише. А жената, па жената може и работа и деца и јадење и чистење и пеглање ама не, не е жената уморна, па уште и на факинг мушко его треба да мисли. 21 век, еј 2022 година.
Zhanata mora na se da misli! Mashkoto ego treba da e vo centarot na mislite na zhenata! Zhenite ne se fokusiraat na pumpanje na mashkoto ego i koga mazhot ke gi izneveri plachat. A oni se vinovni, da pumpale kako sho treba soprugot nikogash nemalo da ja izneveri.
@angelbaby, кај многу луѓе кога ќе се јави болест, се јавува онаа себична страна, му е криво што другите се појаки. Ама, ова кај вас почнало многу пред тоа. Ти си традиционален тип на балканска сервилна сопруга. Знам многу добро каква е таа и како завршува. Што рекоа требало егото да му се пумпа, да ама преку убедување дека е од некое фајде за домот. Малку менаџирање. Ќе можеш ли, ќе сакаш ли, не, јас ова ќе фатам ти тука помогни ми, све со убаво, со осмех, така требало. Сигурно има исклучоци, но маж коешто на секое вика ќе си идам, ќе си иде кога најмалку очекуваш. Така што ти убаво истражи си кои права ти ги дава државата како самохрана мајка и на наредното ќе се разделиме, ти само пресечи, штом ти така си одлучил ти си знаеш. Па да го видам, со деца ќе се заканувал ај гитла, што последното е сериозен прекршок во нормален свет. Гледај си здравјето, информирај се и делувај. И нема потреба да ги разгалуваме мажите. Нашите драги свекрви тоа толку интензивно го прават, вакви безрбетни семејни столбови создаваат. Не сите, алал да им е на исклучоци
Здраво на сите Најпрво да се извинам на долгиот пост ќе пробам ситуацијата да ја доловам нај кратко што можам. Со сопругот се земавме лани во јуни, до тука се беше во ред. Патешествието почнува од тука. Прв пат кога крена рака на мене бев бремена 6-7 месец, се налути зошто сум прифатила на инстаграм од работа колега почна да ме кубе јас се собрав да одам во другата соба зема и ме фрли на земја. Се колнеше ветуваше дека ќе се смени бла бла не се смени. Не знам ни колку пати во кавга од тогаш навака си го имам добиено, но врвот беше денес кога при глупава расправија зема столот што беше накај нас да го клоца накај мене додека ја држеше ќерка ни (7) месеца. Таа плачеше и јас го прашав дали очекува од неа да седи кај него во скут и да ќути тоа беше причината. Пробав да ја земам за да ја смирам не ми ја даваше и не можејќи да ја слушам како плаче влегов внатре он влезе после мене и ја остави да вришти и јас отидов ја земав, почна со погрди имиња не ни памтам искрено и да ме мава додека ја држам јас некако успеав да ја заштитам бидејќи ми беше во раце (нјаголем страв ми е да не и остане ова траума искрено). Он после се искочи као си отиде. Немам на кого да се јавам немам ни што да правам во случај да сака да се врати. Станот е мој не е негов ама искрено не можам да се тепам со него а премногу ми е страв за малото. Не знам како понатака сама, имам уште 2 месеца од трудничко и на работа по сите муабети нема ни да се вратам односно газдата ми рече врати се медец два сама ќе си отидеш јас морав да се снајдма во меѓувреме ти може и пак да раѓаш као не си ми сигурна. Многу ми е тешко а највеќе за малата. Не знам што да правам и како да ја заштитам он секогаш ќе и биде татко ама со него више ни секунда не ми е сигурна.
Искрено не можам да верувам жто прочитав моментално, те клоцал, мавал додека си бремена па и сега со бебе во раце, не знам , жено , земи жтом е станот твој исфрли го , ако не сака викни му полиција бре пријави го, какви се овие бездушни луѓе не ми е јасно. Ккао бе така , на мајката на своето дете да дига рака плус па додека е бремена , не знам јас да сум на твое место веднаш ќе сум ѕвонела на полиција и ќе го исфрлам со се партали. Ако имаш фамилија кажи им да те заштитат пошто моронот нема овде да застани ќе продолжи да те тепа, имаш мало дет емисли на него најпрво. Со среќа !
Пријави што поскоро или јави се на некој близок кажи. Не чекај да се врати и пак да се ставиш во ваква ситуација. Штом е толку насилен може и пресуден да ти биде наредниот пат. И обавезно смени си брава. Ќе се врати сигурно, да знаеш.
Пријави во полиција и итно мењај брава. Како да ти објаснам...ќе удира додека не изгуби целосна контрола...па или ти или детето ќе останете...во најдобар случај повредени. Родители, брат немаш?
Имам фамилија ама не е тука, надвор се сите. Тука се што имам се луѓе што ги гледам од оф на леле. Бравар до сабајле тешко дека ќе најдам, гледам и 80% од работите дека ги оставил додека он се "пакуваше" јас искочив на тераса и тек сега се свртев да видам што земал што не значи ќе се враќа...
За детето ми е и највеќе страв многу е мала, трауми не знам дали ќе и останат ја гледам и плачам откако отиде.... Мојте се сите надвор, сега и да се јавам нема ништо да можат да направат.
Заврти го клучот за да не може да отклучи однадвор. Ако случајно дојде дури сте дома јави се во полиција. Најмалку што можеш е да пријавиш веднаш, и да не реши тоа ништо во моментот ќе ти биде во прилог во иднина.
Каде се твоите надвор? Викни полиција одма и потенцирај им дека си со 7 месечно бебе. Се надевам нема да останеш со него пак. Работа ќе најдеш друга или на работа кај што си ќе ти помогнат ако им кажеш што си доживеала. А станот штом е твој исфрлај го одма од дома клошарот.
Ќе и останат трауми ако ништо не превземеш во скоро, убави совети ти дадоа погоре, не се грижи за работа ќе ти помогнат твоите чим се странство, раскажи им се. Се најдобро