Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. GrevGrevosan

    GrevGrevosan Нов член

    Се зачлени на:
    12 јули 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    52
    Жени кралици фала ви многу.:hug::hug:
    Знаев дека храброста и здравиот разум ќе го најдам тука.
    Премногу беше тешко да се признае за мене ваков личен неуспех па макар и на анонимен сајт а камоли во "вистионскиот свет".

    Јас и ќерка ми сме на сигурно па здравје Боже се ќе биде како треба. Барем се надевам.
    Дотичниот до сега нити пробал да се е јави нити да пише. Што се однесува до мене нај директно што ќе ми се обрати е преку адвокат.
    :hug::l::hug::l::hug::l:
     
    На tessie, Серотин, CameliaMiller и 27 други им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Убаво ти објасниле све.
    јас само би додала- не се секирај, нема да памти бебето, премало е.
    а ако не се појавува во нејзиниот живот та ни него нема да го памти (второво ќе си разговарате како ќе биде).
    мој совет ти е-со оглед дека е насилен, и да се разведеш, гледање на детето строго под твој надзор ќе бараш и ќе нагласиш во социјално за тоа. ќе си кажеш отворено дека типот е со краток фитиљ односно насилен и се плашиш за безбедноста на твојата ќерка.
    се надевам нема да се предомислиш од страв и да оставиш детето утре да гледа како не треба да се живее.
     
    На crazylady, CameliaMiller, Oneo и 5 други им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.433
    Пол:
    Женски
    Ти ја посакувам сета среќа на светот.
    Добро е што си се одлучила на тој чекор, ти си една многу храбра жена, браво.
    Од сега само убавини.
    Ќе биде подобро, ќе видеш.
     
    На crazylady, CameliaMiller, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Потполно те разбирам.
    Ама да знаеш, дека со време ќе го надминеш тоа чувство и ќе бидеш неизмерно горда на себе.
    Затоа што си била храбра и си се изборила со проблемот.

    Ти ветувам :hug:
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda и Сара Лав им се допаѓа ова.
  5. angelbaby

    angelbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека е до (не)воспитувањето со оглед на тоа каква му е фамилијата. Едноставно немал здрав пример за тоа што значи здрав и нормален брачен и партнерски живот.
    Плус тоа дојде вчера и почна да ми зборува ова било она било ( тоа му е начин на извинување) , но овој пат не попуштив му ставив убаво до знаење дека неможе така да се однесува и дека сум лута и навредена.
    Ако јас не сум била подршка и потпора и ветар у грб низ сите овие години заедно бујрум нека најде друга, јас повеќе од ова не дека неможам туку не сакам, сметам дека е доволно. Нека се потруди и он малку.
     
    На Lemon, Corika, Malesia и 7 други им се допаѓа ова.
  6. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Zeni, imam potreba od sovet od vas.
    Vo brak sme nekolku godini, nemame deca, sami ziveeme. Pred eden mesec koleska na maz mi od rabota mu zvonese bukvalno 20 propusteni imase, sto od nejzin broj sto od skrien. Koga vidov , i krenav, i mi iskluci. Posle toa i se prejaviv, i prasav sto go bara tolku, kaza demek ke odele na kafe kolegi od rabota zatoa go barala.
    Maz mi na toa odgovori deka ona stalno go zamarala na rabota kafe da pijat ama toj i kazal deka e zenet i ne moze nasamo.
    Posle toa zenava pak zvoni nokje i toa vo 1 saat po polnok, koga vidov mu rekov na maz mi da kreni i da pusti zvucnik, i ona go prasuva , dali mozis da zboruvas? E tuka ona seti deka e na zvucnik i vednas posle toa spusti.
    Maz mi uporno negira deka ima nesto so nea. Cat pat izleguva so drugari na kafe ili do kladilnica , toa odprilika 2 pati nedelno. Ne znam dali treba da se somnevam, sto da napravam, sto bi napravile vie na moe mesto ?? Ve molam za najiskren sovet.
     
  7. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.483
    Допаѓања:
    5.264
    Пол:
    Женски
    Ќе и се јави пред мене и ако не може на спикер, ќе снима и ќе слушнам отпосле. Ако е чист, нема што да се противи. Верувај ама проверувај. :)
     
    На tessie, Anie93, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    На твое место ќе му речам него или да ја отера у триста лепе или ќе рачунам дека има нешто со неа.
    Толку слобода да си зема таа да се јавува во 1 саат после полноќ треба или да е таа крајно невоспитана, или тој да и дозволил.
     
    На tessie, Elf, Oneo и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Сара Лав

    Сара Лав Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2021
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Чим и крева пред тебе и е транспарентен може стварно да нема ништо и едноставно жената да е слакната во главата. НО, не би оставила така би побарала баш како што ти пишале да ја отера пред мене во три лепе или ќе се сомневам дека нешто има. Да и се јави пред тебе и да направи муабет зошто му звони и што сака па да слушнеш нејзин одговор, така и ќе знаеш дали нешто има. Велиш пред еден месец, дали тоа сеуште трае? Или престанала да му звони и замара? Не би верувала слепо но и би побарала нешто да превземе за тоа да престане. Иначе тоа што велиш дека не излегува немора ништо да значи. Ако прави нешто со нејзе може во било кое време за време на работа или после работа. Иако во целава ситуација малку ми е чудно некој да си дава толкава слобода а притоа ништо да нема, освен ако таа стварно не е шлакната во главата.
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda и Kasiopaja221 им се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    8.607
    Пол:
    Женски
    Јас би се сомневала. Тоа колку пати излегува сам, е ирелевантно.
    Тој што мами ќе најде начин, место и време. Ако е колешка негова, може и на сред бел ден, во работно време да се сретнуваат.

    Конечно не е само физичка и сексуална измамата, некогаш е емотивна.
    Некогаш е проблемот зошто се таи од партнерот дека има несексуална врска па дури и комуникација со некоја друга. Дури и да го напаѓа таа, зошто не ти кажал сам туку чекал ти сама да откриеш?
    Дефинитивно имате проблем со довербата, во најдобар случај.

    И мене ми се наметна така со ајде сами на кафе инсистирање еден школски на ФБ. Јас го одбивам со фино, тој упорен. И тој женет згора на се. Многу ми дојде непријатно, зошто го знаев како другар од детството, прв контакт со него после години, и така да се наметне. Стварно ме затекна дрскоста. Се осетив нападнато некако.

    Јас во таква ситуација се на маж ми му кажав уште истиот ден. Немав што да кријам од него, зошто немав од што да се срамам и плашам. Љубоморен или не, подобро да дознае од мене, него да дознае случајно некогаш сам.

    Јас би ја истражила малку ситуацијата.

    Моја пријателка во речиси иста ситуација беше како тебе. Исто вака фати повици од колешка. Маж и негираше до крај дека има нешто меѓу нив, вртеше, се правдаше, лажеше.
    Таа зема без негово знаење листинг на повици од неговиот мобилен број и виде дека подолго време имале разговори ама во последно време престанале. Го фати во лага дека било изолиран случај, демек само тогаш го барала. Му го покажа тоа, тој тогаш призна дека подолго време се во контакт, но негираше дека е интимна врската, твредеше дека само разговарале. И призна конечно дека самиот бил во некој период на слабост и дека се свестил, дека излегол од него и тогаш прекинал секакви контакти со неа.

    Ја изгуби пријателкава довербата во него.
    Дури и да немало секс, ја мачеше мислата зошто во случај на криза не и се обратил на неа која треба да му е најблиска, туку се доверувал скришно на некоја од работа.
    Неверство е и тоа.
    Се разделија физички некој период. За тоа време таа преку својот вибер, преку нејзиниот телефонски број, ја најде дотичната, ја истражи преку профил и сл. и ја дозна која е, од каде е и дека и таа е мажена со семејство.
    Пријателкава отиде до таму што му пиша на маж и.
    Рече како што јас посакувам некој да ми кажеше, така и маж и треба да ја знае вистината. Стапија во контакт и човекот и кажа дека и тој имал сомнежи во жена му и дека само му се потврдиле.
    Пријателкава беше спремна да се разведе, но конечно реши да не го направи тоа. Спремни беа и двајцата да се посветат само еден на друг, да го остават минатото зад нив и да работат на меѓусебните проблеми. Него веќе не му се повторија такви излети на страна.
    Сега се добри, иако долго време пријателкава имаше флеш-бекови од периодот, проблеми со враќање на довербата во него и сомнежи, но постепено и тоа се намали. Повеќе беше проблем да се врати довербата кон него и да се премине преку неверството отколку тој да престане да шврља, зошто тој очигледно тој избор го имал направено уште пред пријателкава да ги фати и расчистил сам со себе.
    Како и да е сега се постабилни од кога и да било, врската им е и подобра од што беше. Мислам дека многу созреаа и двајцата после таа бура.
    Они ми се пример дека може да се прости и да се продолжи ако се сака.
     
    На Vanwik, Anturium, _beautyy_ и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Ako dobro se sekavam te imav citano vo temite dali da se raZvedam? Uste pred godina nekaden, i toa slucajno koga jas imav maka i guglav niz tie temi. Deka imase nesto problem so nego. Posle mislam deka te imam citamo i deka si ostanala bremena, a sega velis nemate deca. Ne navleguvam. Za mirna glava ubavo ti kazaa clenkite pogore. Neka krene i neka zbore pred tebe. Na kraj kraeva jas nekogas ni samata sebe ne si veruvam ne na nekoj drug.
     
  12. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Da, problemot bea parite, toj sedese doma i zemase minimalec a jas rabotev dve raboti i toa ne mu bese dovolno, stalno se zalese. Nejse, toj period za sreka, pomina, sega drug problem iskoci. Inaku bev bremena ama imav spontan.
     
    На crazylady и Leo-nora им се допаѓа ова.
  13. tigrica92

    tigrica92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Vaka , zeni, update na situacijata, na zenata jas i vrtev da ja prasam sto e problemot sto go bara tolku, i napraviv film deka ke se razveduvavme ionaka ama sakam da znam sto mu si ti? Ona se kolnese vo dete deka nemala nisto so nego, ni na kafe ne bile, samo nekolku poraki navodno razmenila onaka 'sto pravis kako si', rece nekjam problemi nema da se povtori, od druga strana razbrav deka zenava ima dolga vrska, pa moze zatoa ne saka ni da priznae. E sega prasanjeto e dali da mu kazam na decko i, ama pa da ne mu otvori problem na maz mi da iskocat problemi.
     
  14. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    jas mislqm deka taa ke mu kaze na maz ti deka si i se javuvala. Podobro ti e da sednis so maz ti da raZgovaras ne so nejze. Vo ovoj sluvaj ne e samo taa kriva, kriv e i maz ti sto go dozvolil toa ili na nekoj nacin dal pricina. Taa sekako vaka ili taka nema da ti priznae, sto e mnogu jas ni jas ne bi priznala niti ti, realno. Razgovaraj so maz ti ao aite otvoreni karti. Deckoto na taa ke go mesaj, bar do sega ne. Kaj vas e problemot tretata licnost ne cetvrtata.
     
  15. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.483
    Допаѓања:
    5.264
    Пол:
    Женски
    Речи му на маж ти да и се јави пред тебе. Нека каже знам дека ... ти се јавила, кажи ми што и кажа, имам проблем. Не требало нејзе да и ѕвонеш, секако дека нема да ти признае што и да има.
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    13.457
    Која глупост, извини вака. Што има да и вртиш нејзе? Мажот ќе си го седнеш.
     
    На samovila.red., Oneo, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Malku chudna situacija iskreno.
    Koja koleshka ke zvoni vo 1 saat po polnokj i ke prasha: "dali mozhesh da zborish"?
    Koja e prichinata da zvoni tolku kasno?
    Ubavo te sovetuvaa chlenkite: rechi mu na mazh ti da i se javi pred tebe, i da pushti na zvuchnik da vidish sho ima da kazhat. Ama ova ako go pravish pravi go bez da mu najavuvash na mazh ti (vo smisla posle ke i se javish pred mene i ke vidime sho ima da kazhe) zatoa sho mozhe on da ja izvesti za toa vo megjuvreme.
    Ne gledam dobra prichina nekoj da zvoni vo 1 saat po polnokj osven ako mazh ti imal neshto so koleshkata ili pak ona da e tolku nenormalna i da si ima zamisleno neshto vo glavata pa da go zamara mazhot ti.
    Ama sepak indikativno tuka mi e toa sho mazhot ti ne ti kazhal ako nekoja koleshka go zamara i ne go ostava na mir.
     
    На crazylady, _beautyy_, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Значи нема да и се јавуваш нејзе и да ја прашуваш ништо.
    Ако маж ти те изневерува денес со оваа, утре со друга, не ќе им се јавуваш на сите швалерки, не е мало дете маж ти да го браниш од цел свет.
    Гледај убаво да дознаеш дали имаат нешто маж ти и таа пошто пак ќе речам во 1 саат по полноќ да му се јавиш на некого и да го прашаш Дали можеш да зборуваш, треба да имаш или невидена дрскост или слобода што и ја дал маж ти.
    А ако дознаеш нешто што 100 % сигурно потврдува дека те изневерува со нејзе, после ќе мислиш дали да му кажеш на дечко и, мислам јас би му кажала, а таа ако нејќела да си прави проблеми, немало да се јавува во 1 саат :angel:
     
    На _beautyy_, cresa-jagoda, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    @tigrica92 извини вака, но ти ги читав и претходните проблеми околу бракот, сакав да добијам поголема слика за вашата врска, еднаш имаш пишано дека те давел, те удрил од ѕид и зел шише и ти рекол дека ќе ти го искрши од глава?
    Изневерувањето со ваков човек ти е најмал проблем.
    Ако има насилство, па изневерување, што брак е тоа?
    Ти се мислиш дали да му кажеш на дечкото од колешката да не му направиш проблем на мажот, а мажот ти те тепа?
    Многу го пазиш човекот што прво те давел и те удрил од ѕид, второ, ако не сакал проблеми, немало да дозволи да му ѕвони колешка во 1 саат.
    Јас на твое место ќе се разведев сигурно, ќе му кажев на дечкото дека девојка му се јавува во 1 саат на други мажи и секој нека си сноси последиците од постапките.
    Што правиш уште со ваков насилник, бегај што подалеку, па уште читав дека 3 пати повеќе пари земаш од него, што е тоа што те држи.
     
    На naturally, Oneo, crazylady и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.246
    Допаѓања:
    8.487
    @tigrica92 Зошто си уште со овој човек? Ако маж ти го "замара" колешката ќе ја блокирал до сега. Никој не е обврзан да комуницира со колеги надвор од работно време, посебно не во 01 по полноќ.
     
    На crazylady, IRBBB, _beautyy_ и 3 други им се допаѓа ова.