Ете не за развод. За кола собирај или за стан. Се нешто може да ти притреба. Јас велам да се има секогаш. Не дека немам јас доверба во мажот, туку муабетот што го наслушнав ме поттикна да размислувам. Бидејќи кога ни е арно си уживкаме и ич уво не нѐ боли за утре. Ама не можеш да знаеш што те очекува. Еве моите баба и дедо 20 години зборуваат дека ќе умрат или оболат, ќе немало кој да ги гледа, па од страв со години штедат пари за приватни болници, осигуровки плаќаат од неколку стотици евра за болести и сл. Оти не дека немаат доверба во децата и внуците дали ќе ги гледаат туку не се знае никогаш што може да се случи.
Како што читав тука се дебатираше за собирање пари за адвокати во случај да дојде до развод. Едно е животна заштеда друго е такви глупости.
Јас реков, ама не мора за развод, може и за друго. Мажите што ги наслушнав не зборуваа за брак. Нешто нелегално беше во прашање, едниот планирал и не се замарал, другиов му рече планирај ама чувај и пари за адвокати, да не завршиш во затвор. Еве другарка пари чува за абортус, за недајбоже ако се случи непланирана бременост.
Не мора да е конкретно развод во прашање. Ама да дојде до било каков проблем или до развод секогаш жената е таа што се сели и го напушта домот, а повеќето жени често поминуваат преку некој работи или се прават слепи само затоа што немаат никаква заштеда за да почнат нов живот.
Нов живот не се почнува само со заштеда. Жена /маж треба да имаат добар ментален склоп и самодоверба за да почнат нов живот (да се отргнат од партнерот) Тој што има дете сигурно дека нема да се раздели поради (лајк стави на слика се каравме цела ноќ ).
Финансиска самостојност мора да постои. Дали во случај на развод, отказ, болест, смрт, небитно. Смешно е и наивно со глава со ѕид да се оди, да не се осигураш со пари.
Секако, сите фактори се имаат предвид. Самодовербата сама по себе не се јаде и не плаќа сметки. А на тоа треба да се работи во секој момент и пред и за време и после брак. Работата на себе е клучна за квалитетен живот.
Со самото тоа што ќе си има финансиска сигурност ќе има и самодоверба. Тоа жената дома, заеднички ни се парите , остајте за во19 век.. Ако сами не си мислите на себе си и на децата ни маж ни никој нема да мисли. Сакајте се, имајте си бракови ама секогаш бидете си спремни да сте си сами на своето.
За тебе кога дебатиравме, како да не дебатиравме. Очекуваше тапшање по рамо. И какви се овие изрази курва. Таа не ти е крива,маж ти е.
А што ти е крива другата и сите за тоа што ти си била доволно глупава да даваш твои пари на туѓ имот? Сега колку сакаш викај ја неа и сите други после тебе курви и како сакаш, него давај му секакви епитети ама факт е дека само ти си одговорна за тоа што си се заебала и си потрошила твои пари а не е твое. Било па прошло нека ти е за памет за друг пат. А бе шајка не ставам во туѓо а не па и заштеди и да влегувам во долгови .. Стварно сте будали некад.
Таа што го прима створот дома кај себе си а уште и створот ја малтретира во нејзина кука има финансиска стабилност ама нема самодоверба и пак ќути и трпи.
Да видиш само колку мнолгу делат таква судбина ехее.. Баш @WildMk секогаш труби како предаторите умот ќе ви го завртат а вие нема да сте свесни па макар и три куќи да поседувате.
Душо јас да можев да бидам манипулирана до сега ќе бев во Бардовци. Пред брак раскинав зашто видов со кој си имам работа. Не романтизирам јас брак и семејство. Жал ми е за децава што се земаат со некои идеали недостижни, мислат дека бракот е бајка а брак е најтешко нешто да одржиш.
Зошто си се согласила да работиш две работи, а он да бира што ќе работи ? Разбирам да се остане без работа и другиот партнер да застане позади него, се разбирам затоа сте партнери. Ама не разбирам јас да се убивам од работа со две работи, а он да ми вика е тоа не сакам да работам, во ова не се гледам итн. Кога имаш криза се ќе работиш додека не се снајдеш. Инаку да секогаш треба да се има пари на страна.