Не си ти крива. Си верувала, си се надевала. Тој те манипулирал, лажел, изневерувал и бил насилен кон тебе. Никогаш да не се обвинувате за туѓите одлуки. Оти се свесни одлуки и се нивни. Знаат многу добро што прават.
Епа бидна, памет во глава, не се враќај назад, ова нека ти е школо за во иднина. Млада си, животот е пред тебе не вреди да гледаш наназад.
Жена да работи 2 работи, а маж да лежи? Во време кога на прв состанок, меѓу првите 3 прашања што ги поставуе господинот е ,,што работиш?" Тешка работа...на здрав, прав, работоспособен маж да не му е срам, згора на тоа и сојки со дојки да мава...море . Порано и јас мислев поинаку, ама сега сфаќам дека во помалку развиени општества, со чест на исклучоци, мажот мора да е подобро стоечки, порастрчан, на тоа поле подоминантен. Маж којшто седи дома и дозволува жена му да работи 2 работи да го рани , а е Балканец или од по на исток и не е од духовно богати и во умот тро просветлени исклучоци, автоматски почнува да се чувствува инфериорно и ќе се обидува да си ја докаже вредноста на разни начини. Не зборам за спреченост од оправдани причини. За лични фондови одделни во брак сакам да го кажам следново. Имав колега од источна земја, којшто потекнува од средина коишто буквално би ја нарекла модерно племенска, со многу традиционални ставови за жените, кадешто во една куќа живеат еден куп. Тој кажуваше како за невестите се обезбедувал и личен фонд за ако има потреба еден ден не дај Боже и фамилијата од сопругот не смеат да ја пипнат таа заштеда. Значи кога и тие така размислуваат што треба ние да размислуваме. Се разбира ќе делиме скоро се', но како што никој не ти потпишува на нотар гаранција за среќен брак до крај на живот, така и ти не треба да веруваш слепо. Општо финансии на страна, да, но умислено конкретно со идеја за пари за адвокат, немојте да започнувате со брак. Сметам дека нашите мисли се многу моќна работа и при секој почеток треба да се позитивни, ама под услов на ничија милост и немилост да не се оставаме. Спојлер јас жими тоа правилно го напраив, со парите бев поумна одошто со срцето @tigrica92 , не паѓај со дух, сите грешиме, тоа не е ни грешка, туку во својата добронамерност тој спроти тебе си го гледала како да и тој поседува исти квалитети и на форумов голем дел од луѓево те поддржуваат, тие коишто обвинуваат и омаловажуваат жртва за мене се посебен случај за посматрање и не дозволувај во вистински живот да те кутнат наземи со духот. @WildMk супер ти кажа. Јас сум имала такви во околина и знам дека едноставно тоа била манифестација на нивен проблем , не на мој, на нивни токсини и фрустрации и од старт слабо ги зарецкував. Терај исправено, помудра поубава, посилна.
Според вас, како треба да се однесувам за да индиректно свекрвата и золвата сфатат дека се небитни? Многу сплетки ми прават ама не сакам да се карам. Игнор помага има резултат ама после некое време продолжуваат. Се однесуваат како тие да се му жени на мм. Како да им одам на живци доста тие мене ме прават будала.
Не ама цело време се утрапуваат и двете, на телефон висат прт пати дневно, го гураат носот секаде, како тие да се во брак со мм.
Кој виси на телефон? А за идењето, кажи им да не доаѓаат ненајавени и ако не ти е до гости, не ги примај.
Ако тој е тој што збори пет пати денот на телефон, тогаш тој е крив, не тие. Треба да си постави граници.
Се случува некоја криза дома....не е од сега, нешто умре во мене... Нема среќа дома, јас не сум среќна а страв ми е да седнам и да зборам со него. Страв ми е од здравствени причини,да не направам некоја беља. Можно ли е да одсакате некого после 10 години?
Освен ако се работи за психичко и физичко насилство, јас за друго би размислила. Кризи секаде има, немој да мислиш дека некаде е под конец. Посебно деца кога се родат, животот од корен се менува. Се случуваат и кавги и оддалечување, не е кај никого ништо непознато. А и ако имаш некоја минлива личност која си ја запознала во момент кога сте во криза, многу добро си размисли. Затоа што кризата може и да помине, најчесто поминува ако не се работи за некаков вид насилство, потоа да не ти биде криво, затоа што потоа секоја скршеница која е лепенка не е иста. Нема што да се плашиш, разговарајте колку е потребно, со разговор се решава. Понекогаш е потешко ама си треба и трпение. Доколку ги исцрпите сите начини за подобар брак, ако толку не ви е убаво и развод не е толку трагично, за да не се живее токсичен брак. Ама ти си знаеш најдобро, причината и секако дома како ти е.
malku potesko da se oslobodis od takvi,tie mislat deka ti si najgolemata konkurencija za niv,tolku se zaostanati vo pametot,zatoa najubavo toa da go resis so soprugot,da objasnis kako se cuvstvuvas,da mu kazis deka ne sakas postojano na tel da se so nego,deka toa ne e normalno i deka treba so tebe da razgovara za se a ne so niv,znam na sto mislis,imav edna takva svrekrva,sekoj den nisto ne i bese pogodeno,mene me boli glava nea uste poveke,samo za vnimanie,apsolutno vo se se mesase,ama veke ne ahhahahaha se preselivme i sega mi e super,a ti koga veke ne zivees so niv,smeni go i brojot na tel,bidi i ti kako niv sirova,so dobro nikogas nema da razberat
Никакво насилство нема, прекрасен човек е...добар партнер, другар, се.... за друга личност не станува збор, имаме прекрасен брак многу нормален ама мене хемијата ми умре. Не е од сега...веќе пола година трае вака. Не знам каде е проблемот.. тој е добар, јас не знам како да се вратам во нормала. А страв ми е да зборувам со него за ова затоа што би го повредило сигурно...тој кога ќе се изнервира се собира во себе и секогаш на притисок му влијае.
Еден голееемм проблем помалку. Да не си ти преуморна, депресивна, да не те мачи нешто? Крај, краева и до развод да дојде не е толку страшно ама според ова што го опиша јас би чекала време да видам како ќе се одвиваат работите. Верувај дека кај сите има вакви моменти. Посвети си време за себе, прави нешто што те исполнува, можеш и разговор со стручно лице, психолог да видиш на не има нешто што те мачи или неипсолнува. Јас на ова никако не би ставала крај веднаш. Би ги исцрпила сите начини да си го задржам бракот, затоа што верувај во денешно време многу тешко се наога добар брачен другар. Барем јас секојдневно дознавам за се повеќе разводи и искрено не ми е баш мило за тоа, баш секаде дека има насилство не би сакала да верувам, или лаги. Што знам понекогаш мислам дека и ние младите за се нешто наогаме маани. Ти држам среќичка да се расчисти проблемот, навивам да се вратите како претходно, среќно
Немогуче на сѐ ова што ни се случува (нам како луѓе и на светот), животот да нѝ биде рамна црта. Некаде ќе те удри. Ментално, емотивно, физички. Можеби ќе ти помогне да смениш рутина, да минимизираш обврски и малку да се посветиш прво себеси, а после и на партнерот. Имаме многу високи очекување и од себе и од другите, очекувањата нѝ се најголемото разочарување. Дај си време. Чувај се пс. Тоа што партнерот е добар човек, сопруг, татко, е одлично, но очигледно не е доволно за твојата среќа и задоволство, самата велиш дека не можеш да разговараш отворено, што не е ок. Ако не си задоволна нормално ќе поработиш на случајот, јас не би го исклучила и би разговарала со него, ако убаво му објасниш што те мачи, нема причина зошто да осеќа притисок, нема зошто да го штедиш, за вас се работи.