Jedan ruski sveštenik tokom jedne besede reče: “Daću vam dve suprotstavljene teze. Upoznajte dobro osobu pre stupanja u brak. Druga je, ne možete da upoznate dovoljno tu osobu pre braka.”
Немаш пишано детали, ама ова што го опишуваш, тоа што вака се чувствуваш може да биде заради некоја лична твоја фрустрација, пример некоја неостварена цел, или може да ти биде и премор (работа, дома, многу обврски), може те фаќа монотонија, секој ден ти е ист... Или пак си почнала вака да се осеќаш зашто има нешто меѓу вас што почнало да недостасува. Премалку време еден за друг, немање желба за нешто ново, едноставно влагаш во некоја комфорна зона, се сфаќате здраво за готово, престанувате да се трудите еден за друг... итн, итн... Или ти фали малце време за себе, да наполниш батерии без него (доколку постојано сте заедно) или пак обратно, ти фали да сте малце повеќе заедно, да се посветите еден на друг, да внесете нешто ново во секојдневието, макар било и едно кафе во неделата да излезете некаде сами. Или пак ако сте постојано со луѓе, гости, патувате, ви треба време малце да бидете дома, сами, во мир. Размисли убаво што е тоа што ти недостасува или пак што е тоа што те презаситува, тука ти е клучот на решението. Мое мислење, еден општ совет до сите, обично кога ќе дојде ваква ситуација (а во секој брак ја има), мислам дека треба само да почнете да правите активности обратни од секојдневието. Само знам и сум сигурна дека не постои брак што не бил во слична ситуација. Кај сите понекогаш доаѓа нешто што ја прелива чашата, само секој треба да е свесен што е тоа и полека да се работи на бракот.
Сум слушал дека луѓето во брак имаат заеднички финансии. Ние имаме посебни обично ги делиме работите. Не дека пазиме 50/50 ама од прилика да не плаќа многу повеќе едниот. И функционира добро. Не знам како другите функционираат.
Во една тема за совети се потепаа кога двајца се во врска требало да плаќа све машкото вие во брак пола пола Не иде така
A eve sho ako ednıot od vas od x prıcına prestane da rabotı ? ınace nıe pr ımame zaednıckı fınansıı,bukvalno se zaednıcko kako ı treba da bıde vo edna saglam bracna zaednıca.Spored mene
Не знам дали си правам филм во глава, дали сум многу претпазлива или има причина за грижа. Откако останав бремена и добивме бебе малку се оддалечивме со мм, нормално до некаде беше зошто додека се опорави раната од пораѓајот, се здебелив од порано и малку несигурна бев во себе како ќе му се допаѓам вака па намерно одолговлекував. Во бременоста ни беше страв да имаме секс последните месеци и така некако бевме подалечни. Имавме секс конечно после неколку месеци, имаше одмор од работа и се зближивме како порано тие денови. Работи во смени, ноќна смена исто, на работа е опкружен со многу жени, таква професија имаме. Меѓу најмладите колеги е, повеќето се постари со него што работат и може дури да му се мајки (иако знам дека ни ова не е некоја сигурност). Малку му прочепкав во мобилниот кога бевме на одмор и видов дека една девојка, негова колешка што ја знаеме од наше средно две години постара е од нас, му пишувала за работа нешто прва неколку пати. Службен муабет беше, тој ладнокрвно и кратко и враќал, но не ми спомнал дека неодамна почнала да работи кај нив, малку ме налути тоа зошто обично ми кажуваше за колегите на работа. Го прашав и ми кажа дека почнала со работа летово, имале муабет зошто само они биле млади на рбаота.. Не е многу активен на социјални мрежи, стави од одморот неколку слики со мене и ќерка ни и една од него. На сликата со нас не му стави лајк колешката, на сликата што ја постираше сам му стави лајк и му искоментирала некои смајлиња вакви . И тој беше како зачуден, но маж како маж може само глуми мутав... Кога толку се зближиле за коментари, па и таму кај што е сам само лајкнува. Што има на оженет маж да му пишува како за работа се нешто демек и да му коментира. Убава, млада и слободна девојка е, а и маж ми е вистина убав и привлечен, посветува време на вежбање, среден е секогаш, може да и привлекол внимание... Од млади сме во врска, први сме си еден на друг и почнав да се плашам да не периодов му здосадив и не сум му толку привлечна или му текне да проба нешто ново. Колешката делува како заинтересирана, не знам што да си мислам... Можеби само имам страв во себе зошто татко ми ја изневеруваше мајка ми со колешки. Можеби е женска интуиција. Моментално е 3та смена на работа, му заврши одморот, не можам да заспијам од што мислите ми одат на неубаво.
Искрено на секој би му дошло сомнеж....не можеш ништо да знаеш со сигурност ниту да прашуваш зошто знаеш дека ако некој сака да лаже нема да ти одговори искрено. Се надевам дека нема ништо, може девојката е позборлеста, наметлива и слично. За коментарите можеш да го прашаш, зошто тоа е ту мач реално А, инаку за ова женети неженети. Имав колега кој што беше со 3деца и тоа третото беше месец дена можеби...што упорно ме убедуваше како јас и он си одговараме, секој ден буквално дури и страв почна да ме фаќа, ме чекаше после работа ме молеше да одиме на кафе.... А на работа си се допишување со жена му и цело време збореше пред мене лошо за нејзе, као здосадена му е ама тоа е мора деца да имаш у животот....
Моите родители така функционираат, пример мајка ми плаќа сметки, татко ми пазари, па мајка ми ќе стави гориво, татко ми за натака навака коа одат дава.... Кога некој сака да си купи нешто ако е неговата плата при крај дава другиот, тргаат на страна кој како па се успеале во животот во однос на финансии
можам да ти кажам дека воопшто не ми се допаѓа твоето размислување, наместо да си правиш филмови со кои ниту ти не си мирна а и верувам го чепкаш него, седни и разговарајте како возрасни луѓе. Нели ти е малку глупаво да ти раскажува кој се се вработил кај него и слично па и ти нему, не само што е клише ете тоа мене би ми било нервозно дури....разговорр
Па иста професија имаме, затоа ми раскажува, 80% колеги и јас му ги знам. Тој вика дека нема ништо, само се дружеле дека се млади, НО секогаш има некое НО што ќе те копка. Таква беше во средно, со цело школо се знаеше, зборлива и упиклива е, затоа и се секирам. А и позната беше по љубовни скандали, често нови врски, преземање дечковци, сплетки правење. Не ми се допаѓа блискоста, а не можам да му забранам ништо секако. Сам ако не размислува и ни го расипе бракот, тоа е.
Грда ситуација, искрено посакувам да е само твој филм. Не знам што совет да дадам освен да го прашаш директно. Кажи му сѐ што мислиш.
Најдобро да седнеш да разговараш со него. Ама мораш и ти да се опуштиш вака ќе полудиш од мисли. Можеби тој секој месец ќе има млада нова колешка, вака за секоја ќе се грижиш? Седнете разговарајте за она што ти смета, ама и ако постојано чекаш некој траг, сигнал тоа психички ке те дотепа. И не можеш ти да држиш постојано страв за маж ти некоја да не ти го преземе. Тој не е дете. Ако така постојано го мислиш кај ти е крајот.
Не знам што требало. Ама се знае дека двајцата користат. Јас храна таа дом одмори пола пола. Лични работи секој сам по желба. Кога ќе биде тоа ќе се договориме сега и двајцата работиме. Не е фер еден повеќе да плаќа а исто да користи. И ние така. Не дека водиме сметководство ама од прилика да е 50/50.
Прво црвено знаме е што не ти кажал за неа, во брак сте треба да си споделувате сѐ. Буквално не сѐ ама вакви работи да. Сомнежот ти е на место,второ знаменце е коментарот и многу е навредливо, маж ти можел да го избрише коментарот со тоа би и дал до знаење дека нема потреба од такви коментари, ипак си има жена и дете. Мора да разговараш со него,кажи му што ти пречи немој да стискаш и собираш во себе. Немој да си правиш полошо,да те јаде јазна и да се измачуваш. Кажи му дека е невкусно да коментира само на слика каде што е тој сам и да и даде до знаење дека си го сака семејството. Богами, тој треба сам да знае што да прави во таква ситуација но очигледно малку му ласка. Да не претпоставуваме тука ти најдобро си го знаеш затоа разговарај.
Социјалниве мрежи или го упропастија денешниот човек или на површина ги исфрлија сите могучи најскриени и најужасни недостатоци. Зошто воопшто имате потреба од мрежи ако само ви предизвикуват немир. Јас немам мрежи, партнерот нема мрежи, сосема е можно така да се живее, среќно, и без "снимање" триста филмови за секој коментар, слика или лајк. Убава и млада, па још и слободна, веројатно планира да си најде на нејзе рамен, значи убав, млад и слободен. Не сите слободни жени се слободни за да забављаат женети мажи. Ваква жена каква што ја опиша, претставува опасност само и единствено ако маж ти биде иницијатор и тргне по тој пат. Со ова не се сложувам, баш напротив, може да биде и дека му е толку малку битна таа нова колешка што едноставно не била на дневен ред за муабет. Нема потреба да се пребројува бројчано стање на работа секој месец за да види дали има некоја млада и слободна за швалерација, зарем до толку нема доверба. пс. Црвено знаменце мене би ми било тоа што не се чувствуваш слободна да бидеш тоа што си пред партнерот со кој си направила дете. Чак и ти самата да не се осеќаш добро во своја кожа, милувањето и сексот и уживанцијата може само да ти помогнат да се освежиш и да се олабавиш и да не се плашиши јер си се здебелила, јер ова, јер она. Вие сте се одалечиле, една млада жена му стиснала лајк и одма криза на идентитетот. Непотребно.
Неа ја направивте несигурна, а каде е осудата за жена што коментира на женет маж од работа со кој работи само некој месец. Какви навалентни и досадни жени има што не си знаат граници, секој би се посомневал. Двојни аршини секогаш на форумот, во една тема "ако не ти е убав веќе здебелен, раскини му, не треба да си со некој што не ти е веќе привлечен", тука "кој ти е проблемот размисли си што се срамиш пред партнерот". Можеби е зошто физичкиот изглед се стави на пиедестал и не е како порано кога Стојанка и Трајче биле заедно и во добро и во лошо. Сега за мал проблем се раскинува и се трча по швалери и швалерки. Членката нека верува ама и нека проверува.
Прво, престани да се омаловажуваш заради физички изглед, нормално е телото да се промени после пораѓај, а и не е некој фактор во здрава врска или брак. Не знам како функционирате вие во вашиот брак, ама јас лично не би си правела дополнителен стрес и overthinking, туку кратко и јасно би му кажала како се чувствувам и што мислам за тоа и зошто се чувствувам така. Ако нема што да крие, и тој би ја продискутирал ситуацијата со мене и би постапил како што треба Не би имала веднаш сомнеж бидејќи постојат и многу луѓе, и мажи и жени кои прават такви работи за да направат некои сплетки помеѓу некој пар, ама пак ќе повторам ако се работи за healthy врска, брак или што и да е, ваквите личности ќе бидат решени по брза постапка За тие што викате дека тој што изневерува нема да признае, и да не признае со зборови, по реакцијата и постапките секогаш се дознава.