Не е поентата да го праша, како партнети треба отворено да разговараат. Таа да си кажи шо ја мачи во последно и како таа гледа кон ситуацијата. Иако можеби преувеличува, тоа и е проблем и од сопругот бара помош, поддршка и рационално согледување на работите. Сопругот тука треба да продолжи да се однесува професионално, а рапорт кој влегол на работа не е обврзан да и дава, на крај и краева можеби и му промакнало како неважно, а тоа дека треба да бриши коментари или да и забрани на колешкава да му лајкнува или пиши коменати е апсурдно и токсично. Ако така се однесуваат во бракот, поарно нека се разделат.
Никој не ја "направи" несигурна, таа е веќе несигурна, затоа што како што самата опиша, таа се поправила, а маж ѝ се средува и вежба, се изгубила блискоста итн итн. Несигурноста нејзина е само разгорена од еден сасвим небитен коментар на една уште понебитна жена во нивните животи. Колку сака некој нека биде навалентен, ако јас игнорирам, нема што да им попувам на полнолетни луѓе како да се понашаат. Наместо да се соочи со вистинскиот проблем кој е меѓу нив двајца како пар, она ќе се занимава со тоа колку жени млади има маж ѝ на работа. Да го врзе во подрум најубаво, да си биде раат.
Не може да сме толку сигурни од тука ние дека е небитна и навистина нема нешто. Да му коментирам на некој треба стварно да ми е близок. Освен на сестра, мајка и другарки со години, не чуствувам потреба да коментирам на мажи колеги еве. Која е потребата? Женети какви работи прават на работа, знам од лично искуство сум видела како се пуштаат, им се пуштаат и нив, не би верувала слепо на маж и не би го правдала ако некоја жена си добила таква слобода да му коментира и пишува, а се знаат кратко. Делува дека му се пуштала, а дали тој ќе направи нешто или направил ние од тука не можеме да тврдиме. Зависи каков човек е и колку им е силен бракот.
Така кажи, оженетите прават, а не слободните раскалашни жени. Голема е разликата. Жената го опиша својот сопруг како "супер", не е тоа придавка и комплимент за луѓе во кои имаме доверба и на кои им веруваме. Значи, нема потреба никого да осудува и да раскажува како за неа се "слушале муабети" само за потсвесно да си го оправда либето и да ја игнорира недовербата која ја има кон него. Човекот не може да се тепа со секоја која ќе му лајкне слика, тоа се работи на кои ние немаме никаква контрола, како другите се однесуваат нема апсолутно никако да влијае на нас ако ние се однесуваме како сме намислиле. пс. Јас немам мрежи, ама врло страсно се гушкам, меѓу другото и со колеги. Оние кои ми се блиски. И во ниту една ситуација никому тоа не претставувало проблем, затоа што не е проблем. За зрели луѓе, стварно не е.
Точно, ТИ не чувствуваш потреба што не мора да значи дека јас или некоја друга мислиме исто и нема да коментираме. Секој гледа различно на тие работи. Можеби намерно сакам да искоментирам за да направам малку драма, можеш ли да ме спречиш? Можеби сметам дека е океј да коментирам така?
Им се пуштаат и на оженети имав пишано, не дека само женети се пуштаат. За неверство двајца требаат, не е само една страна крива, еден ако пушти водичка и другиот даде сигнал, толку е. Тука таа испитува терен, му пишувала, му коментира, сега останува дали мажот на членката ќе продолжи и ќе и даде простор за повеќе или не. И тоа како се пуштаат на женети, дупло постари за функции или за лична сатисфакција дека му растуриле врска/брак. Не го прави тоа што не сакаш да ти го прават тебе . Постои и карма. Посреќна ќе си ако некој дома има расправии поради тебе?
Од такви луѓе со размислувања како тебе полни се ваквите теми. Како немате емпатија кон другите жени не знам. Не сакам на никого да му правам проблеми во бракот, ни гледам поента на колегите да им пишувам и коментирам. Секој треба границите да си ги знае.
Да бидат како мене би цветал светот Само треба да читаш убаво што сум кажала и да не сфаќаш буквално.
Ако за неверство се потребни двајца, зошто си толку фокусирана на тоа како жените бираат мета? Како тебе некој маж на пример ќе те натера да му бидеш неверна на сопругот, може да споделиш баш ме интересира. Што ќе ти направи, ќе ти бае? Ќе ти коментира на слики за маж ти да се сомнева? Ако тоа е начинот, лекот е довербата. Ако ја нема, значи има проблем. Едноставно е, само вие комплицирате.
Некако почесто се мажите во моја околина со швалерки кои се слободни. Многу ретко за жена со швалер слушам. Жените, со исклучоци и да осетат некоја страст и флерт, повеќето знаат каде е границата и прекинуваат, мислат на децата и на бракот. Мажите (повеќето) мислат претежно само за нив, тие на функција мислат и што сакаат може да прават, не се свесни дека млади за пари им се пуштаат. Расипуваат бракови за секунда. На маж никогаш не му се верува 100%. Едното око на другото не си верува, не па на маж. Просто е.
Моето прашање не беше дали се жените растурачки на бракови. Прашањето беше како твојот швалер ќе те натера да го изневериш сопругот, штом толку се разбираш во стратегии.
На социјални мрежи не е активен како што кажав, 200 следачи има само, скоро сите ни се заеднички познаници. Колешката ја имаме од порано, уште од средно кога бевме, не се имаа додадено сега. Не сме биле блиски пред тоа, заврши пред нас, на едно здраво во школо бевме. Сите ги додаваше таа, не сум правела проблем што ја има. Не сум правела проблем ни за други девојки, само сите пријатели ни се заеднички, од деца сме заедно, буквално од 15 години сме во врска и се ни е заедничко во животот. Сум немала причина за да се посомневам. Не му било ништо забрането ама и не ни правел некој проблем овие 8 години откако сме заедно. Не лајкнува непознати, не додава непознати, од работа-дома, цело време со нас е во слободно време, ако излегуваме пак заедно излегуваме зошто заедничко друштво од средно од клас имаме. Немало никаква причина за љубомора. Колегите му ги знам зошто после породилно најверојатно и јас ќе работам таму со него, затоа сме разговарале за тоа. Не ми се допаѓала таа девојка никогаш, немам слушано убави работи за неа. Се слушнав сабајле со една моја поранешна колешка што имаме работено пред да сум бремена, се префрли таму кај нив, се знаеме службено и имавме онака комуникација. Ја прашав одоколу за работата како и е таму сега, суптилно, ништо директно. Ми спомна баш дека имале нова колешка што била многу иритантна и дека не и се допаѓала атмосферата на работа многу периодов. Оговарала цело време за сите и цело време се "лепела" до маж ми. На пауза од работа им коментирала колку бил убав, зошто толку млад се оженил, можел колку сака жени да има во животот со тој изглед , а тој се "заебал" со мене, ќе му здосадел бракот сигурно кога тогаш. Не знаела дека се знаат со мене, па зборела и за мене, ете некогаш ќе дојде муабетот и до тебе. Јас ништо директно не прашав за неа, така излезе муабетот. Преспа после работа и пред саат време го седнав да разговараме. Му кажав за муабетов што бил и дека ми прави стрес девојкава. Кажа дека приметил и самиот дека му се додворувала, но самиот јасно граници и поставил и дека не била вредна таква некоја за да се нервирам. Знае за "траумите од детство", дека ме разбира зошто сум загрижена и не ме обвинувал што сум помислила така, само дека не сака да се нервирам за џабе. Пред одморот сакала да ја префрли до некаде со кола после работа, сама му се понудила, вика и реков "оженет сум, нема да е пристојно да те враќам во ова време, колку и да сме колеги и да работиме заедно, некои граници мора да постојат". Се трудел да се дистанцира, вчера не биле на смена заедно, кога ќе биле деновиве ќе му била на игнор и само службено ако требало нешто ќе разговарал. За коментарот и тој сметал дека не е пристојно што му искоментирала и дека ако пак преминува граници, пак ќе разговарал. Ќе верувам дека е вака, смирено реагираше на муабетот, не забележав нешто сомнително. После работа одма си доаѓа дома, но ќе пратам ситуација, ако нешто се промени, ќе забележам сигурно. Сепак женска интуиција не лаже. Знаев дека има нешто чудно со девојкава, не ми даваше мир мислата.
Sekogash ima realna prichina zaradi koja doagja do zaladuvanje.Ne treba da ja kazes no taa postoi megju vas dvajca I taa ne od preku nok. Razgovaraj so struchno lice mozebi ke se najde nachin da se premostat problemite. Subjektivno (ne se odnesuva na vas) ako hemijata fali cestopati e povrzano so sexot(Ili e neredoven, Ili kratok , Ili neposvetivanje na dovolno vnimanie, vreme, vodenje na premolcen inaet vo komunikacija, kriticizam, otsustvo na strast I dr).Otvoreno razgovor I zaedno pominato vreme e chekor napred.
Заедно пораснавме што се вика, најдобар другар ми беше прво и уште е така, најдобар другар и сопруг ми е, секогаш сме имале добра комуникација и било какви расправии сме решавале лесно. Не би сакала да го изгубам тоа што го имаме со него. Самата помисла дури ме крши на парчиња.
Јас само ќе кажам и ќе се запрашам колку треба да си на дното, проста и мизерна да чекаш на некој маж жената да му здосади за ти да легнеш со него.
Луѓе дали е нормално маж на 30+ години, со жена и две деца да трча нон стоп по татко му, да му дава да јаде, буквално се што ќе земе во раце прво на татко му го дава наместо на децава. Со него јаде, кафе пие, излегува само со него. Си прават сабајле договор што ќе прават каде ќе одат. Јас и децава како да не постоиме. Со мене само за секс и за домашни работи. Како слугинка да сум. Уште и се љути и се расправа ако не му биле испрани алиштата како да ме плаќа за тоа како да сум должна да го перам. Не знам како да избегам од овде едвај дишам од нервоза. Ме навредува, ме нарекува со погрдни зборови.. Никаква обврска спрема мене и децава нема, ниту спрема домов. Ќе почне нешто со молење, ќе растури и така ќе остави со месеци а јас се нервирам. Само спие оди на работа и шета. По цел ден спие. До сабајле скита. Не можам да го гледам веќе.