@Ljubica87 јас би пробала пак со разговор ,ама после разговорот не да чекам на него туку буквално да му давам задачи. Пример доколку е буден наутро (за да не бидне расправија зошто си го разбудила) ајде ако може облечи ја малата јас да одам до тоалет. Мајка ми денес не може да дојде ,ќе ми помогнеш со машината \ручекот. И да кажи им нека не доаѓаат некое време. Тој мисли тука се тие јас можам да си одморам. Слична ситуација имам понекогаш дома ,мм па и јас понекогаш немаме желба за правење ништо а богами ни можност бидејќи свекрвче трча се да направи... Кога не е таа тука е вака се договориме кој што да прави. Пример тој ќе ја шета малата јас да исчистам раат или ќе ја преоблече додека правам ручек. Ќе пушти машина за садови\алишта додека ја хранам. Ама затоа ако е мајка му тука не фаќа ништо освен ако не му кажам земи тоа и тоа сработи.
Знаеш и јас сум таква. Не барам помош и ако јас нешто не направам, не ми е ок друг ако го сработи. Ама за детето да ти кажам, си сфатив дека и он е родител колку и јас. Е сега јас повеќе имам осет од него што, кога и како да се направи, па често му кажувам што да прави со детето (освен тое основни работи, хранење, пелени и сл). Но, и да не го сработи 100% правилно, со тек на време ќе се подобри. Значи не си ставај обврски на грб, он мора да "родителствува", а не да си го лади. Не е единствена обврска на таткото да го направи, а грешка е и кај жените што не завземаат став. Нема тука не можам и не знам. Мораш!
И кое е твоето решение кога со разговор не се решило?А зошто па да пази он да не почне да тера инат?Он е светиот маж во куќа?Зарем да го моли да се грижи за децата?Па негови се
Најпрво ќе му кажеш да станува порано сабајле за да го спрема поголемото дете и да го носи на градинка пред да оде на работа, оти ти секоја ноќ се будеш и не си отспана а целиот терет е на тебе. Ќе му оставеш тоа што треба за детето и он нека ја средува. За бањање ќе го викаш и тој да дојде за заедно да ги бањате децата или пак он нека го облекува едното додека ти го бањаш другото. За ручек, садови, чистење ќе му кажуваш ти, а не на него да чекаш да му текне. Ти си го научила со прст да не мрднува и сега почни да го поправаш. Он да седе пред компјутер со саати, а целиот товар дома да е на мене, е мало морген.
И јас сум научена се да правам сама, ама некогаш едноставно не се издржува. Кај нас ем се подделени обврските т.е. двајцата пресоблекуваме, бањаме, си играме, шетаме, носиме во/земаме од градинка итн. Бидејќи јас сум повеќе флексибилна со работата, нормално процентуално јас правам повеќе, ама нема мои/твои обврски во врска со детето па и домот, па пак има моменти кога „прегревам“ и ми треба одмор. Тогаш му кажувам дека неможам и они излегуваат за да одморам. Сигурно би функционирала и да не е тоа така, ама тогаш нема да можам воопшто да се посветам на детето и тој умор лесно ќе се претвори во нервоза и ќе се рефлектира на детето, кое ни криво ни должно ќе мора да ме трпи нервозна и никаква. Така да мислам дека тоа не е оправдување за мт што не учествува во одгледувањето на вашите деца. Знам такви примери и навистина ми е жал посебно за мажите што пропуштаат мал милион убави моменти од животот на децата. Еве можеш тоа да му го спомнеш, дека децата брзо растат и дека можеби еден ден ќе му биде жал што не учествувал во нивниот живот поинтензивно.
Има милион работи што може да и он тера инает не дај боже да дојде до тоа така само со разговор и со убаво да се реше
Абе што ги учите мажите да живеат со сите лагодности како во хотел. Разберете не е "помагање" неговата родителска улога. Задавај му обврски и нема што толку тинтрење по три пати одмор на ден, само затоа што одел на работа!
Сопругот/партнерот не ви е дете. Децата се на двајцата, родители сте 24/7. Кога ке си го избришете зборот Помош како да ви е комшија нема баш да имате вакви проблеми. И се се решава со разговор. Многу е едноставно.
Ќе кажеш на тие што ти помагаат да не доаѓаат. ќе го разбудиш сабјле да си однесе дете во градинка, нема да го оставаш да си поспива, зашто колку се твои толку се и негови децата, колку се обврските во домот твои толку се и негови. И крај. Што е бре ова научени како готовани маживе кај ги наоѓате бре вакви?
Ова со неизвршување на домашни обврски на мажите, изгледа важи за сите мажи во државава. И сите мора да ги 'превоспитуваат' жените во брак. Истата приказна беше и кај нас. Дај бе вие шо имајте синој, учете ги сами да си водат грижа за себе си. Не е некоја филозофија да знајш да си испржиш јајца, да не расфрлаш ѓубре кај шо одиш, да не оставаш ствари по сите површини низ дома... Мислам... еве го, 50 години ќе напрај и уште треба да го потсетувам за некои работи. Ова се учи од мали, не на 20-30-40-50-100 И ако сакаме да воспитваме деца, ќе си раѓаме наши, не мора вашите да ги воспитваме со децении. *Унапред се извинувам на сите родители кои ги третираат еднакво децата, без разлика на пол. За нив, не важи муабетов.
Баш истото сакав да и го пишам на @nena2010. Tакви ги прават мамичките. Знам по многу примери во животот ,првенствено мајка ми ,па свекрвче па комшии ,роднини. Додека ќерката треба да помогне да се постави масата ,на синот се спремаат алишта за после туш ,доручеци и сл само ако рече ќе се туширам одма се скока чекај јас... итн исто и со сопругпт правеле/прават. После мажите мислат дека и со жените треба така. Буквално превоспитување е,ретко ,ретко некој маж да е свесен дека тоа е погрешно ,среќа мојов некои 60-70 % е. Си има моменти не дека не ,ама кога би го споредила па со некои ,ехее гоолема разлика е.
Мамичките да не се и самите мизогинисти нема да пораснат мажи што не мрдаат со прст по дома. Тоа се тие патријархални улоги што уште си опстојуваат и уште жените треба да си ги превоспитуваат мажите. Инаку мноогу се свесни дека е неправедно, ама им одговара и се прават како да не приметуваат, нормално кога и нивните татковци, браќа и сите други мажи исто се однесуваат.
@Ljubica87 треба на лице место да му кажуваш . Еј ај додека го направам ручеков шетни ја малата/ додека ги капам пушти машина и т.н САКАМ ДА ОДМОРАМ некако мачно се осеќам . Задачи моментални давај а не муабет да правиш и да испадне за џабе . Маж ми апсолутно прави се . Ама се . Кога сум со децата и обратно. Едит: имам другарка со иста ситуација и ист маж. Ама никогаш не ми се пожалила . Бев на гости и ја гледам едното дете плачи другото нешто и бара а таа му вели на сопругот - срце ако си гладен кажи ми да ти наместам . Или друга ситуација јас на гости она му пегла алишта . Искрено кога имам гости дома на мм неможе ни да му текне нешто да побара од мене, осет има . Мислам дека е како ти ќе си се поставиш. Ти не си безвредна да трпиш толку. Мораш да превземиш нешто.
Таа наведе дека проблемот е до неа и дека таа многу му допушта. Ист е и проблемов кај другарка ти само таа ете не ти се пожалила досега, што укажува дека или не и пречи тој така да се однесува или и пречи ама не ти спомнала. Поверојатно е да не и пречи бидејќи девојчињата од мали нозе се учат да се поодговорни и повеќе задолжени по дома, па тие така воспитаните ќе пишат маж ми не ми помага по дома или со децата, а за каква помош станува збор кога и на него тие му се заеднички обврски и задолженија?!?! Дома мажот не е во вечен хотелски смештај, ама повеќево мајки како да ги учат и воспитуваат баш така да се осеќаат и однесуваат покрај жена, независно дали тоа е мајката или сопругата. И во друга тема пишав жените некако не како да не успеваме да сфатиме дека преку улогата на мајки и воспитувачки имаме моќ да одгледаме многу поодговорни и поемпатични генерации на деца, машки и женски. Ама па и во право си како ќе му се поставиш и го научиш да се однесува така ќе те третира и ќе биде третиран. Тоа е двонасочна улица си се подразбира тоа.
Дефинитивно е многу битно како ќе се поставиш на почеток,читам и сфаќам колку добар потег ми бил тоа иако не планирано,едноставно така за мене е природно,не му пеглам алишта,сам си пегла,сам се пакува за по одмори,пушта перална,сушара,верувале или не машината за садови ни еднаш не сум ја пуштила,ама па има мал милион ситници за кои е невоспитан и ме вадат од такт па морам да сум папагал over and over па ствараме тензии и така Околу ќерка ни,што правам јас исто и тој,скроз. На мажите мора константно да им се зборува,направи ова,направи она,како во еден калап да се правени,разликата е во тоа што некои соработуваат,некои не али темелите на здрав брак и поделба на обврските се прави од сам почеток и најбитно од се да сте свесни со каков човек и карактер влегувате во брак.
Во еден калап се правени. Калапот е: Конзервативна патријархална 'традиционлана' средина. Истата онаа 'традиција', за која пискаат и врискаат луѓе, дека требало да се 'сочува како наслетство'. Ебати наслетството, ако ти е поќе штета, отколку корист.
Јас ја почитувам традицијата ама не делот кој што е наметнат од маж. Растена сум со мотото дека мажот е алфата и дека треба да има хиерархија. Јас тоа никогаш не го прифатив ни пак ме привлекуваа такви мажи. И до карактерот на детето е дали ќе го прифати тоа. За жал повеќето потклекнуваат и што е уште пострашно жените кои што му ја "дуваат супата" на нивното маженце се чувствуваат како тие демек се столбот на семејството. Се додека не почнат да пишат на форумов како им е тешко.
Мислам дека полека се искоренува. Гледам доста млади мајки кои на децата им даваат исти обврски, а не ќере да пере и чисти од мали нозе, а батко да свирка. Се надевам ќе се искорени глупоштинава