Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Не е иста таа традиција што треба да се искорени и таа што треба да се зачува ,реално имаме доста убава традиција во некои сегменти и греота е да изумре.
    Но ,треба и надградба да речам.

    Сепак ние новите генерации на мајки треба да се потрудиме да ги воспитваме децата што е можно поеднакво во однос на домашните обврски.
    И да ги бришеме табуата.
    Еве пример мм не сакаше да ја пресоблекува и бања бидејќи била девојче ... не знам зошто.
     
    На WildMk, Angie1432, Pax и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    970
    Ne samo toa, nego aj sto im e tesko cel zivot sluguvajki na maskite clenovi na semejstvoto, tuku istoto go ocekuvaat utre od snaata koga sinceto ke se ozeni. Togas ko da uzivaat gledajki kako se maltretira necija tugja kerka, pa uste i pamet delat i odma nema da cini tugjoto ako se odnesuva poinaku. Gi znaete onie situacii: dvajca se vrakaat isto vreme od rabotai svekrvata i vika na snaata aj pobrzaj da mu postavis da jade dodeka da se presoblece, pa od rabota ide kutriot!!!!!! I edinstvena tema za muabet im e - kakov rucek napravi, zasto ovde ne si iscistila poubavo, pustas poluprazna masina za perenje, leleeeeee tragdeija, na race ke si isperes itn itn... Listata e beskonecna za zal
     
    На WildMk, marlonbrando69, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со се што си напишала, а за последнава реченица нема врска полот, претпоставувам утре и за машко исто ќе ти извади некој изговор. Само излитени фрази и бедни изговори, затоа од најмали нозе на децата укажување на мажите дека децата и се околу домот се заеднички обврски.
    Во животов независно од пол треба сите да знаеме самостојно да се издржуваме финансиски и да си го одржуваме раатот и редот во домот. Во заедница е поубаво бидејќи двајцата ако разумно си се договорат да си ги делат обврските многу е полесно, ама проблемот е што мајки, а па и жени воспитани дека треба да му угодуваат на мажот продолжуваат со ваквата традиција и однесување. Е таа треба да е канселирана, тој дел од традицијата, не сета.
    Традиција како традиција има и убави корени и надежи убаво да се доразвие и продуктивно одржи и продуктивно одрази врз животите во иднина.
     
    На WildMk и Осе им се допаѓа ова.
  4. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Не е изговор ,еве го сега ја преоблекува испадна еден период да треба да ја чува после градинка по 2-3 ч. и кога има ,,каки" одма вика бечи бечи ,па мораше. Е од тогаш знае и да запне тато ќе ме бече,па пак мора.
    Јас го заебавав претходно дека ако имаме машко само тој ќе го пресоблекува ,се смееше само.
    Значи некое наметнато мислење му е.
    Затоа и кажав да бришеме табуа.
     
    На WildMk, cresa-jagoda, NewMama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    За тоа пишав треба да им се укаже на мажите, не знае да се научи, нема изговор ама не можам, ама не сакам, ама не знам како. Се се учи во животов, а не како членкава пиша ем таа се завршува по дома а исто така очекува тој сам да посака и прави.
    Гледаш поздаборава да сработи му укажуваш и му остваш што е негово да си го сработи. Нема жена за помош, мајка, која и да е да притрчува по него и да му ги завршува неговите задолженија и обврски.
    Секој своето, ете и ти убаво си го потсетила што му е должност, нема машко, женско дете, се заеднички со секое детенце.
     
    На WildMk, cresa-jagoda и Осе им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.373
    Допаѓања:
    114.315
    Пол:
    Женски
    Ма дај доста со тоа ваква средина оаква средина. МРЗИ се!! МРЗИ!!! Не им барај орпавдување, јок мајките така ги научиле не знам бабите ги размазиле. Само изговори и ништо повеќе. Сржи на маж да фати нешто по дома. а не одма леле срце душо мило најмило аман те молам мрдни малку со прстето..
     
    На Nikolina35, neno0o, Stressed Out и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Да ,затоа пак ќе речам ,новите генерации мајки имаме задача да го исправиме ова :)
    Еве уште еден прост пример.
    Праам палачинки и ми се оси во тоалет ,нормално го оставам мм да пржи. Се враќам и ја слушам па што ти си земал зошто не ме викнавте ...
    И каков маж ќе биде тоа кажи ми ?
     
    На Daniela93, elenaklasik, Pax и 2 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Не се мрзи... ич не се мрзи.
    Така им чини.

    Им чини друг да води сметка за се'.
    Има чисти алишта, ама не ги интересира процесот кој треба да се случи за да ги добие.

    Ќе фрли чорапи на земја, пантолони онаму, блуза не знам каде... па ти ќе ги собериш, па ќе ги поделиш по боја и материјал, па ќе пуштиш машина, па ќе се исперат, па ќе ги спружиш, па ќе ги испеглаш. па ќе ги здиплиш, па ќе ги наредиш во плакарот.

    Никогаш не праел, нема појма и не го интересира.

    Мајка ми ден-денес ако нема ручек кај брат ми вели: “Леле шо ќе јади брат ти!?!“
    А за снаа ми е: “Ништо не зготвила“

    *Баба ми на 80, татко ми 60 ... Бог да ги прости... ако и' останеше од ручеко, ќе се качеше горе со едно пајнче манџа, рацете и' се тресеа и ќе речеше: “Еве сине, да не си гладен“
     
    На Nikolina35, nena2010, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.432
    Допаѓања:
    38.422
    Пол:
    Женски
    Мажот ми е растен со мајка и баба, не правел дома ништо, апсолутно ништо, па од ко сме земени дома работи и повеќе од мене. Од машини пуштање, спружување алишта, правосмукалка, прашина, чинии миење, итн.
    Дури бевме во заедница првата година добивав коментари од баба му, на три жени тој да ја мети собата наша, ама така почнавме од почеток се заедно и еве 8 години така тераме. За децата па да не кажувам со првото е целосно посветен тој сега, за бебето станува и ноќе иако е на работа за неколку саати.
    И не сметам дека ми помага, туку сме рамноправни.
    Од друга страна пак девер ми е тотална спротивност, а исто се растени.
    Или до мажот е или жените не ги оставале од почеток да работат низ дома.
     
    На mal.ecka, Осе, violetblue и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Според неа изгледа папучар.:D
    Претпоставувам ја знаеш приказната за двете пријателки, еднава и раскажува на другава дека ќерка и има одличен брак и маж бидејќи си делат обврски, а синот имал ептен лоша жена затоа што и тој делел обврски со неа и го правел сосем истото како зетов, ама ај...

    Не е битно кој што и како ќе каже, вие гледајте да си имате слога и раат.Тие што мрчат и да ви е лошо или добро секако ќе мрчат.
    Игнорирај ги само кажувањата од небитни личности и правете си како ви одговара најдобро на двајцата и за доброто на ќеркичката.
     
    На Осе, cresa-jagoda и WildMk им се допаѓа ова.
  11. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    * Мајка бе, ми дојде топличко на душава, ама па до толку размазување не е добро, многу арно не е на арно.
    Сепак ми наметнува да се запрашам дали е се до културата или има удел и карактерот особено презаштитничката улога на родителите, мајките конкретно?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Културата.
    Ако беше до инстинктот и женските исто ќе ги третираа.
     
    На Осе и Angie1432 им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Токму ја замислив сценава:lol::lol::lol::lol:
     
    На mal.ecka, cresa-jagoda, Pax и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Што знам, можеби дека женските од мали побрзо ги учат да се посамостојни од аспект на успешно водење на домакинство, а современиов живот не научил да сме самостојни и од финансиски аспект ми делува дека жениве сме комплетни и многу понезависни од маживе.
    Па родител како родител ќе притрча напомош кај тоа дете на кое му е неопходна повеќе помош.:D
    А можеби е само културата во комбинација со презаштитничкото мајчино однесување.
    Како и да е ова треба да се измени и пишавме како е тоа возможно.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Не, не.
    Специфично беше кажано: “Ти си женско, треба да знајш то-то и то. Ти си машко треба да знајш то-то и то“
    Цел живот го слушав од сите околу мене...
     
    На Осе, Angie1432 и mira.mira им се допаѓа ова.
  16. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Fuck them all.:devil:
    Било је то некад, промени си требаат и постојано се случуваат.
    Како што жена ја бива за се по дома и на работа, така и маж.
    Еднаквост пред се.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    7.332
    Edno sfativ za ovoj pola vek zivot deka bez razlika kolku se educirani, prosetani roditelite koga ke dojde podelba na imot prorabutuva balkanskata matrica vo koja sinot e bog , a se drugo posle .
    Najchidno e sto I zenskite deca se treniraat od ragjanje deka taka treba I toa e pravilno od tipot Zar na brat da mu delish(najgolema grev vo semejstvoto). Zatoa zenskite deca se posamostalni, poobrazovani, posnaodlivi I porabotlivi vo zivotot. Mozeme da zborime za ednakvost kolku sakame , kako bi bilo koga bi bilo , no realnosta e totalna neednakvost. Potrebno e golema promena vo kolektivna svest I vo svesta na roditelite.
     
    На riba79, Nikolina35, Dayandnight и 2 други им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.373
    Допаѓања:
    114.315
    Пол:
    Женски
    Е ќе си го видам тилот кога ќе одам измеќарка по некој.
     
    На WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Затоа сам си ја средува детската откако ја има.
    И знае каде се става алишта за перење.

    сами си ги упропастуваме децата, ги месиме ко тесто и после не ги бива. Е нечеш.

    П.С. и не се лажете дека само машки така.
    знам девојчиња што имаат циклус а мама уште им проверува газ.
     
    На Oneo, IRBBB, nena2010 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    И јас знам исто случај каде девојче од 15г не знае газ да си избрише а па брат и е самостален од мали нозе. Што сакате да се смени кога најгледаниот детски цртан Биби и Боби претставува девојче што е секогаш средено паметно и чисто а машкото тотална спротивност. Ама тоа е веќе за во друга тема.

    Да се навратиме : ЖЕНИ не си замислувајте дека ја имате контролата ако ја правите секоја една работа околу домот и децата. Вие не сте мајка на вашиот сопруг вие му сте жена.
     
    На IRBBB, Angie1432, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.