Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Да не претерваме сеа...

    Дете од 4 години да чисти, а мајката да седи на мобилен и да му диктира шо да прај-како да прај, не ми е баш ок...
     
    На BlackNight, bertold, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  3. no name5

    no name5 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2018
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски


    Колку само е точно се од збор до збор што си пишала .. Ете јас мака мачам со мојот 3 години сме во брак ако се расправаме за нешто тоа е за ова дефинитивно .. Кога ке му речам ке го направи и тоа не веднаш после 3 -4 пати повторување .. а сам да му текне НЕМА ШАНСИ , едино ако сме се карале пред 5 мин за тоа па ке почне као демек да собира кај шо фрлил или слично .. Незнам многу се нервирам и незнам како ке успеам и дали уопште ке успеам да сменам нешто ! Се сама правам готвам преам чистам , чувам дете пошто 80 % не е дома ради работа и плус одам на работа и на крај ке дојде тој и ке ми извала се за у рок од пола час и тоа повише и од детето ....
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Зборање, терање, потсетување.
    Станваш ти да прајш нешто, го фаќаш за уши и него и му даваш задача, без простор за преговарање.

    Се надевам твојата 'обука' пократко ќе трае од мојата :hug:
     
    На no name5, Pax и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Ти дека за уши си фаќала подолга обукава.:D
    За побрзи ефекти оклагијата се вади (за заплашување само).

    Да не се сфатиме погрешно, дека се шалам за се погоре пишано.:D

    За тоа со детето погоре потполно си во право претерување иако имам видено со свои очи кај блиска личност.
    Се разведе, таа со две малолетни машки дечиња, тој ни алиментација, па ни никакво внимание да им пружи и посвети. Таа мораше така да постапува, ама што ако децата од иста мајка родени. Едниот од револт што се правел под присила од неа сега со мал прст не мрда во бракот, а другиов па не и дава на жената да мрдне, цел живот по негово си средувал и не сака таа да крши ред. Барем си најдоа компромис со сопругите, кај едниве таа слугува кај другиве тој, ако воопшто желба да се храниш здраво и средиш по дома па ти е чисто е нечие слугување.

    За се во животот треба компромис, а и да го нема има тактики и техники како да се дојде до него, ако се сака. Ако не пак добро има чаре и за тоа.
     
    На hermosa и WildMk им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Научена со крекање да 'обучвам', во навика ми премина, па сегде кај шо одам некој 'обучувам' за нешто (facepalm) :rofl:
     
  7. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    :rofl:
    Некои машки можеш да ги оправиш со збор, ма да јас не сум налетала на таков се уште.:D
    Од искуство сфатив дека треба со дела, покажуваш и ги обучуваш како треба, ако е бистар па нека си најде тој и попаметен метод и побрзо нека завршува. Негова работа по кој метод ќе тера, важно да е завршено.

    Ај да не генерализирам, секакви мажи има и секакви жени не има исто така, наше е да откриеме како најуспешно да комуницираме и соработуваме меѓусебно, а за тоа треба временце, а богами и труд.
     
    Последна измена: 14 октомври 2022
    На Осе и WildMk им се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    11.072
    Пол:
    Женски
    Мислам дека после сѐ се сведува на самата свест кај мажот.

    Како што рече Вајлд, така им чини на некои мажи. Се прават на три и пол за ѓубрето да се фрли, по 10 пати повторување ќе го фрлат.
    А има и такви сами им текнуваат.
    За среќа вториот тип го имам дома.
    Додека бил со неговите, не чистеле дом онака како сега заеднички го чистиме. Ама имаме организација и заедништво како што треба.
    Бракот е заедништво, а не слугување. Зборуваме за оптимални услови на живот.
    За вонредни ситуации, друг муабет.

    Свекрвата не верувам дека нешто посветила внимание да го научи, ама можеби самите животни случки довеле да си биде самостоен, а не мамин цмиздрач.
    Маж ми е навикнат да готви, а и сака да готви, пушта машина за садови, смука. Ми ја призна мојата навика за хигиена и не се буни. Јас сакам уредност, чистота во домот и гледам дека веќе и нему му одговара така. Хаос и двајцата нѐ спобудалува.
    Не знам дали дефинитивно е до мајката школото, ама посигурна сум дека е до свесноста на личноста.
    Маж кој е свесен што значи домаќинство, учествува во истото.

    За промена на навиките кај мажите само разговор и задавање задачи сѐ додека не се навикнат самите.
     
    На IRBBB, cresa-jagoda, lovely91 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. mishovska

    mishovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Имам едно прашање:

    Имам чувство дека комшиката флертува со мм. Разведена и без деца. Порано не се замарав ми ми беше кажал мм дека и сменил некоја сијаличка на фарот на колата напред.
    После демек земала нова кола, односно користена е па да и ја проверил рачната, дали била во ред.
    Ама после забележав дека всушност она мене ме знае, јас неа не. Мене не ме ни поздравува, а ме гледла од страна што се правам. На пример му рекла на мм дека многу внимателно возам.
    Мајка и исто само да го види на патот и одма муабети. Живеат заедно ќерката е околу 25 години, мајката 50 години.

    Е, пред некој период почна да ме нервира, кога сме заедно, ќе се скрши да се поздави. Е тогаш ја зебележав. И оти прозорот и е на улицата, а излезе мм она или мајка и ќе се најде некоја причина да излезе на прозор и да растрга муабети.

    Последен пат, беше паркирана колата во близина на прозороти мм сакаше да ги стегне штрафовите на гумите, оти ги менивме и мајка и се нацртала и го прашушува глупости и замара.

    Ќерката па го видела на патот кога се враќал од работа и му дофрлила види каква нова фризура имам. Сега се вратив од фризер.Мм и одговорил честито и си продолжил.

    Му реков на мм да не се муабети,или нека зборува ама да им даде до знање дека не е заинтересиран за долги разговори,оти искрено ме нервира ова. Он демек му бранам. Немало ништо, ќе излезел папучар ако кажувал само здраво на брзање.И така се скаравме. Не можел да ги избегнува комшиите.

    Ние сме и двајцата 34 години. Мислам дека ќерката флертува, а мајката ја поддржува целата ситуација.
    И искрено они не се криви нашле па така прават. Овој мојот ми стои дека му е убаво да му прават муабет.

    Сега на крај јас сум љубоморна без причина.
    Што да правам?
     
    Последна измена: 15 октомври 2022
    На IreNey9 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.453
    Пол:
    Женски
    Мислам дека добро си и сфатила намерата.
    Од она што го знам од други вакви примери е дека на вакви жени е залудно да им ставаш до знаење дека преминуваат граници зошто немаат осет. Нема да престанат. Познавам случаи каде што и пред жена му си дозволувале да флертуваат. Да се самопоканат на вечера за двајца, да дојде непоканети, ненајавена на врата со роденденски поклон за мажот, кога тој не го слави роденденот. Абе тоа е браколомац со тапија.
    Таа да имала осет, срам или што годе немало ни да прави како што прави. Точно се лепат за фино воспитани мажи кои се премногу културни и галантни за да бидат груби со нив.
    Единствено чаре е да се прекине контакт со неа. Кратка и формална комуникација со нив. Буквално на добар ден и пријатно. Кога ќе побараат услуги да ги откачувате и да си имате изговор. И вака се додека не се промажи со некој и да и се пренасочи фокусот зошто тоа и е целта.
     
    На Waverly Raven, Nikolina35, Dayandnight и 3 други им се допаѓа ова.
  11. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Прво да не се нервираш . Што те нервира ? Некој што не ти е близок не те почитува ? Наместо ти да си љубоморна таа нека биде. Покажи и дека вашиот однос е цврст со маж ти. Фати го за рака кога поминувате покрај нив. Поздрави ги. Прашај ја како е рачната, како е светилката. И се надевам дека маж ти е само културен . Баш замислував ако на мм му побара комшија услуга дека нема да рече не. Зошто би рекол не ако може да помогне. Ама ако смета и тој дека некоја флертува со него ќе ја откачи. Пример архитектката што ни го правеше дневниот престој има 24г а маж ми 36. Кога бил во фирмата ми кажа дека му се пуштала као демек исти вкус имале бла бла и тој и кажал дека имаме 3 деца и 4то на пат ,дека сум прекрасна и слично ама искрено не веруваб мислев ми се прави мене фраер . После кога дојде таа да контролира работа (мм беше на пат) ме праша каде е 3тото дете и ми рече мн си убава не се познава дека си трудна и јас бев као wtf и ми текна на глупостите од мм. Се изнасмеав.

    Едит : пред маж ми два пати до сега ми дофрлиле без да го видат кога сме шетале па се скинавме двајцата од смеење . Исто сега брзо јас бев позади возачкото седиште со бебето а тој возеше. Бевме на пешачки застанати и една убава девојка на точак му намигна и се сврти два пати некој осмех му праќаше, ама пак се изнасмеавме . Мене воопшто не ми пречи што си имам згоден маж баш ми прија. Не си се нервирај за џабе ако ти си тоа што му треба него.
     
    Последна измена: 15 октомври 2022
    На IRBBB, mishovska, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Daniela93

    Daniela93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2020
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    763
    Да се надоврзам во однос на машки - женски очекувања од претходно.

    По мене цел живот викале како и што да правам, уште од дете си имав задолженија низ дома. Брат ми ќе наполни 25 уште малце, апсолутно поима нема од животот, сам да остане утре, гладен ќе седи. Нити работи, нити придонесува некако, целосен паразит е. И гледаат дека почнува тоа да им се удира од глава, ама тие таков си го направија, со тоа седи сине, ние ќе направиме.
    Тотален друг однос имаат кон мене, ама никогаш нема да признаат нели. Ама затоа еве ме мене на другата страна од светот, а тој денес од кревет е проблем да стане. Ја жалам онаа што некогаш би го зела за маж, затоа што ја чека истото што баба ми го правеше цел живот, а тоа е да изиграва слугинка наоколу.

    Јас сум тотално друга приказна од мајка ми и баба ми, иако цел век истото ми го мелеа. Дури добивав од скоро сите, млади и постари жени што ги познавам, па и мои другарки, коментари како било глупо маж ми да готви или да чисти заедно со мене. Ок, нека ми се смеат, нека го мислат маж ми папучар, ама јас не сум таа што го мрази маж ми дека ништо не фаќа низ дома, двајцата побрзо ги завршуваме обврските, не е еден одморен а друг отепан, па ни останува време за серии гледање, шетање и квалитетно поминато време заедно кога не сме на работа двајцата.

    Така што, не е дека тие се ретарди или мрзи, јас скроз ги обвинувам нашите родители, поготово мајките за нивото на замарање што машките членови го поминуваат во извршување на секојдневни обврски, а тоа е скоро па никакво.
     
    На Oneo, butterfly6223, elenaklasik и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Ivanceto38

    Ivanceto38 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Se soglasuvam totalno so tebe. Bravo
     
  14. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Женски здраво!
    Прв пат пишувам во оваа тема, пред некој месец се верив.Не сум имала проблеми одамна, добро беше се.Немам проблем голем ни сега,меѓутоа имавме кавга а подобро би рекла сам со себе си се расправаше, јас одамна веќе сум смирена особа и не сакам кавги.Беше излезен и се врати запијан,па едно мое прашање го воведе во ситуација да ми се издери и да се понаша како мало дете, буквално безврска, викам ало само прашав, што те нанервира тоа толку, вика ти мене ме зафркаваш и потоа се правиш дека ништо не си имала на ум у позадина(точно е), меѓутоа не сакам сега да зборувам за тоа што ме наведе на таква постапка.Банална ствар.Е сег јас периодов сум осетлива и он излезе пак, и јас веќе почнав да размислувам каков брак имам, и дека не е здраво да се расправа.Ми смета за во иднина, јас си сум многу смирена личност сега, не сакам кавги, ама сакам почит за возврат.

    Дури размислував дали е добро да се омажам или ако веќе не се гледам тука да си одам, бидејќи се плашам од иднината.И кажав и на свекрва ми бидејќи и она слушна дека буквално сам си се скара.Она ме советуваше дека со маж пијан не се прави муабет и да не претерувам со тоа дека не сум сигурна во иднината на бракот.

    Викам јас не се срамам да си заминам ако нешто не е во ред, не морате ни вие.Ми рече демек утре зборувај со него, па размисли.Не сум ве видела да се расправате и сега ради една ствар не реагирај така.

    Се чувствувам спремно од една страна за брак, а од друга страна не!Се плашам, навистина се плашам за иднината и дали ќе биде се во ред.Инаку он ја претера со излегување со другари, иако излегва и со мене.Ама никогаш не сум му рекла со умисла да се расправам, бидејќи не ми сметало толку многу, ама денес некако се доведов во ситуација да размислувам дали сум му доволно вредна или не.Сега не работи веќе месец дена и фазла и излегува почесто.

    Што би ме советувале?
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.585
    Тебе сега не ти смета многу да излегува и да се враќа пијан, а утре со дете, мислиш нешто ќе се смени?
     
    На BlackNight и IRBBB им се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Некако многу работи пиша а ништо не кажа :|
    Како тоа сам се кара? Во вистинска смисла на зборот?
    Тоа излегување доколку е пречесто и се враќа стално пијан секако дека на секоја би и сметало. Не барај помош на форум кога само вие двајца можете да си го решете проблемот, седнете и разговарајте, кажи му што се ти смета и дај му време да се промени доколку и тој самиот смета дека постапува погрешно, во спротивно секој по својот пат дури не е предоцна со дечиња
     
    На simoncelicius и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Среќа па ете можеш да увидиш многу работи пред брак.
    Немој да мислиш дека ќе го смениш, а бракот сам по себе не е лесен и си бара компромиси, разбирање и смиреност.
    Да не зборуваме за деца, па обврски.
    Ти секако мораш со него да разговараш, тоа не бега.
    Но, ти треба сама да седнеш и да размислиш до каде ти се границите, па со тоа ќе сфатиш дали да тераш со него или не.
     
    На BlackNight, IRBBB, Stressed Out и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Не е пијан секогаш, еднаш до два пати ако се запил во месец или подолго.Ама на кафе оди почесто, исто и вака во кафана.Не престанаа да го бараат откако се вери.Збор му немав речено оти не ми сметаше, ама денес ви кажав дека се осетив неубаво, а синоќа му реков ајде да излезиме рече ајде, и дојде на гости другар негов и замина со него.А за иднината се плашам оти не знам дали ќе биде се во ред.Не можам да објаснам што мислам.


    Јас не ставам под тепих, би му рекла утре се.Но, он мисли дека е во право да излегува бидејќи и со мене поминува време.Да, ама сега е почесто неговото излегување.Кога оди на работа воопшто не излегва.

    Малку ми е лицемерно тоа.Бидејќи кога е на работа гледа да не излегва а кога не е, сака да си шета.Мислам дека сум запоставена во последно време иако тоа му сум го кажала и ом тврди дека со мене е секој ден и дека нема потреба да зборувам така.
     
  19. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    7.323
    Otvoreno zboruvaj sto ti smeta.Ili probaj on izleze I ti izlezi so drugarka I dojdi so pijana da vidis Kako ke reagira(glumi barem deka si pijana).
    Deka negovoto e normalno, ne e normalno , Kako I da svrtish. Vo Brak nisto ne mozes da smenis Ako prethodno ne se smeni.
     
  20. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Машки
    А што има лошо во тоа ако еднаш до двапати ако се запие во месецот не значи ако се оженил дека тука завршува животот
     
    На Anie93 и elimkd им се допаѓа ова.