Би го направила и тоа, еднаш така бев излезена и се напив он се смееше со мене, дури и он ми вика да излегувам и да се дружам.Јас излегувам кога јас сакам, не секој 3 ден. Претера да, и тоа му го кажав пред некој ден, вика дека нема простор за грижа бидејќи и со мене е.Само што сама си сум крива.
Па јас не реков дека тоа ми смета во моментов, туку тоа што се почесто излегува последниве два месеци откако се веривме.Мислам дека не е во ред.Како повеќе размислувам така повеќе сфаќам дека ја претера и тоа му го реков синоќа дека малку да си кажи стоп, не е сам …во таа смисла и дека вака прави оти мене не ми сметаше.Ама претера.
Ќе му направам така и јас, утре секако треба да излегувам хахах. Ќе биде и он на моево место во право си.Еднаш му направив така што заминав во друг град на гости и не си идев дома недела дена хх.Ме прашуваше кога ќе си идам, јас му викав утре, ќе дојде тој ден па че речам не, утре ќе си идам
Зависи колку е тоа почесто 2 до 3 во неделата е добро да изглегне а за повеќе можеби е за претерување
Горе напоменав дека ми е лицемерие тоа што кога е на работа ги одбива за излегување а сега вака прави.И тоа му го реков, и ми вика дека и со мене е, и толку.Но, сега секако нема да бидам дома па ќе го видам како ќе му се присака да седи дома и да ме бара хх. Сепак не е во ред неговото, а нема да го смени тоа па не знам дали е вредно пак да му напоменам.Мене ме загрижи однесувањето, бидејќи мислеше дека го врзувам дома ваљда не знам, запијан беше и сам си се расправаше, јас само му кажав да не претерува.
А толку ви смета што излегува сопругот? Мене ич не ми смета, има периоди кога е цело време дома и има периоди кога е излезен секој ден, јас си наоѓам друга занимација, исто и јас, се случува некоја недела секој ден да сум излезена со другарки, кафе, пиво, вечерни излегување, ручек…безразлика. Дома пак сме заедно, си наоѓаме начин да поминеме време зедно. Не сметам дека е лошо да се има социјален живот настрана од партнерот, ние така функционираме веќе 15 години, бракот ни е многу разумен и имаме здрав однос.
Одредени луѓе мислат дека кога ќе се земат завршува се тука и дека само ќе има работа дома работа секој е човек неможе се едно исто да тера
Не ми смета и мене, јас некогаш си обожавам да си седам сама и да си посветам време на себе, ама некако ја претера и затоа го кажав тоа,мене повеќе во ситуацијава ми смета неговиот одговор на моето прашање, детинесто за негови години.Незрело пих… Сепак треба баланс. А во последно време мислам дека претера.
@lilly57 Излегување и пиење толку често како да е неиживеан тинејџер, а не човек пред брак. Утре деца ќе имате, ти ќе го чуваш детето сама дома и ќе се расправаш со проблеми кога е болно, а тој ќе се опива и кафани ќе тера? Мене ми се чудни тие бракови, цело време излезени, а луѓе во години. Прво, трошок е, ние еве станбен кредит плаќаме, кола сакаме, сакаш да одиш на патување семејно, сакаш за детето да купиш работи, од каде пари толку за кафани. Не знам, штом одлучиш дека си возрасен за брак и деца тоа детско однесување се заборава. Второ од каде толку време, па работа, умор, треба и дома да се посветиш. Ние најчесто заедно излегуваме или дома гости си се чекаме, поекономично ни е и дружбата и слободното време заедно го минуваме. Многу ретко излегуваме сами, јас искрено и не сакам. Немам време ни финансии толку. Сум се изнаизлегувала пред бракот, што и иживеано ми е тоа. Нека си одат дечурлана и слободни луѓе по дискотеки и кафичи, што барам јас кога дома бебе ме чека. Дури и да излезеш некогаш, што мора толку често. Претеризам е за мене. Искрено секакви примери знам, си викам среќа се погоди фамилијарен мојов и си гледа за дома и нас, а не за друштво и акање по улици ко тинејџер. Не ми е мене јасно тоа често излегување и мене би ми пречело искрено. Да не го фатило страв пред брак па тера ергенски живот сега? Размисли си убаво, за брак не делува стабилно ваков човек. Барем за мои критериуми и размислувања. Не сум толкав либерал да ми скита мажот секој втор ден, а јас да го чекам дома испијанет и да го оправдувам дека му требало живот. Ако сакал да си шета нека си бил слободен човек без жена и дете. Се си има свое време. Такви однесувања доликуваат на сингл и ептен млади дечишта.
Убави ти рекла свекрвата, со пијан човек не се расправаш, не можеме да бидеме свесни многу како ќе рагираме кога сме под дејство, не треба да е оправдување дека пијан сум па не знам што правам, ама едноставно нема да ефект ако се расправаш во тој момент, само ќе се нервираш, а тој може нема ни да се сеќава утре на кавгата. Почесто излетува сега оти не работи што е и нормално, кога работиш немаш време за излегување, изморен си и ограничено е, кога си слободен е нормално да имаш повеќе занимации и да излегуваш почесто. Може не си навикната и ти смета сега оваа промена, ама нормален е фактор да излегувап повеќе кога си слободен. Седни и разговарај дека ти смета начинот на кој реагирал, кажи му дека не ти смета што излегува само сакаш да бидеш сигурна дека е привремено и дека кога ќе имате обврски повторно(тој ќе има) ќе си се врати на старата рутина. Тоа што се сомневаш за бракот е нормална работа, се случува повремено да се прашуваш, ама мора да откриеш дали има некоја друга подлабока причина зошто од една кавга не си сигурна дека сакаш да се мажиш. Како што рече не знаеш да објасниш како се чувствуваш, мора да има некоја позадина за оваа ненадејна појава, или има нешто што не си го признаваш на самата себе или имаш поголем проблем. Мене овој конкретно проблем ми личи на банална работа за да не сакаш да се мажиш. Сите пиеме понекогаш, сите излегуваме и сите правиме вакви киксови, во брак не е поразлично, мора да има и компромиси, ама мора да де запрашаш дали е само ова тоа што ти смета. Дали се осеќаш дека ќе стане секојдневие да претерува со пиењето, дали мислиш дека не си безбедна ако пие, мора да има некоја поширока позадина за твоите чувства и само ти можеш да сфатиш што е. Инаку веројатно така изреагирал оти си направил филм дека сега пробаш да го контролираш кога сте пред брак, некои луѓе им треба време да сфатат дека не се работи за контрола туку за потреба од сигурност, ти сакаш да си сигурна дека нема да имаш таков живот и бараш потврда, ама мажите имаат малку различен мајндсет па сигурно помислил дека сега ќе се промениш и ќе бараш контрола над него, особено ако предходно имал слободна да излегува колку и кога сака. Моментално пошто има промена во животот, сигурно и тој е малце испаничен, пијан бил и моментот го понел да изреагира така, измешани чувства. Не го оправдувам ама конкретно проблемот тука, како што кажав, не е излегувањето туку тоа што на различен начин гледате на проблемот.
Епа тоа ми е муабетот, нека излези ама повеќе а гледа да мисли на тоа дека не е сам, бидејќи во оваа ситуација жената на еден од другарите негови спомна да излеземе ние, ама они си сметале дека повеќе им одговара машко друштво.Не дека ни кажаа потврдно дека ќе идат со нас, ама зошто да не се размисли на тоа?Арно викаш ти тинејџер не е.Утре дете ќе имаме и не сакам така.И тоа не сум го спомнала ама утре не знам дали вреди да зборувам, бидејќи он секогаш ми викал зошто се грижам кога поминува и со мене време и дека правиме работи заедно и излегуваме итн. И демек нема простор за расправии бидејќи не сум запоставена. Околу домашните обврски немам збор, ми помага и се сложуваме околу тоа со компромис. И не ми е јасно отсекогаш си шетал вака по цел ден и ноќ, не редовно ама се дешава и мене тоа ме вознемирува сега, извесен период не, но повторно во мене се пробуди старата јас, кога се расправав пред неколку години за овие работи.
Па да, има позадина.И не сум спремна и мислам дека ради тоа не сум спремна.Неговото однесување кога ќе се збунам за неговото излегување во одредени ситуации.
Епа тогаш не ти е проблемот излегувањето, проблемот ти е друг и иако не си конфликтна особа, пред брак мора да ги расчистиш тие работи, не ставај здравс нога во трн. Ако не си сигурна, не се мажи додека не бидеш, оти развод е потешко за психа и финансии отколку вратен прстен.
Секој брак/врска си е различна и прави си како тебе ти одговара. Ти смета, одма кажи му, да се реши проблемот. Немој за мир во куќи да премолчуваш работи што ќе те јадат во тебе. Подобро на време да видиш ако не е човек за брак и заедница, него цел живот да имаш проблеми и да го чекаш цели ноќи кога ќе си дојде. Млади ли сте, неженети ли му се другарите? Да се оженат сите и деца да добијат, ќе ги снема полека сите до еден. Ние први бевме од друштво што се земавме, летово пола друштво се ожени/омажи и сега веќе главна тема е каде да се шопингуваат ствари за бебињата, а не каде ќе се излегува. Затоа ти викам се си има свое време. Ако се тие неженети, најверојатно тоа влијае. Ние никогаш сме немале проблем да се караме за излегување зошто секогаш сме си биле дел од заедничкото друштво и дел од нашето слободно време. Сме излегувале често во парови и супер ни било и ни одговарало. Сме си гледале прво ние да сме си на прво место и нашата врска, па после се друго. Кога планираш со некого фамилија гледаш со него да си како што треба, после доаѓа се друго. Твојов делува како секогаш да бил таков проблематичен со излегувања. Може и пред неколку години бил доста млад и му доликувало, но сега кога решил да ја запроси девојката треба и малку посериозно однесување и гледање за вашата заедница и вашиот дом, живот. Најверојатно се работи за страв од брак и за тоа фамилијарен живот, жена, деца. Можеби не сте ни двајцата спремни, дури и ти се двоумиш. Ние млади стапивме во брак ама секогаш сме биле луѓе што имаат зрела врска, иако се земавме млади лично спремни бевме за брак. Дали сте можеби млади доста и вие? Можеби е најдобро да не брзате за бракот, овој пробен период добро ви дошол.
@lilly57 Овде не е муабетот дали и колку треба сопружниците да излегуваат сами со друштво. Тоа е индивидуално. Проблемот е што тебе ти пречи и како да постапиш за да се надмине тоа. Дефинирај прво што ти пречи. Дали е запоставенста и недоволното внимание од него, опивањето негово, кажаните зборови, кавгата ли... Кога ќе решиш што сакаш ќе си разговараш со него. Не кога сте изнервирани, не кога е пијан и уморен. И не само да спомнеш нешто (ко успори) со пола уста и да чекаш да те сфати. Ќе си објасниш убаво, дијалог ќе си развиете. Неколку пати напомена дека не си личност што се кара и дека ти пречи, ама неможе да избегнуваш разговор за да не случајно ви се случи кавга. Не сакаш драми, ама заминувањето на првата кривина е доволно прифатлива драма за тебе?! Размисли што е потешко или полошо. Врските се полни со конфликти, кавгите ќе ги има секогаш. Ако мислиш дека ќе имаш врска во која никогаш никој за ништо нема да се кара премногу идеализираш. Во врските каде што никој за ништо не се кара обично има некој слон што се навива над парот, или има многу фрустрации, недоречености и незадоволство, а посебно е знак за инхибирана комуникација. Во најинтимната врска не треба да има табу теми, стегање дали да се каже или не мислата, или слаба комуникација. И кавгата е потребна некогаш, само да не оди во екстремни драми. Води кон разрешување на проблемот, подобро разбирање на другиот и неговите очекувања, мисли и емоции, подобра комуникација меѓу вас. Тоа треба да го направиш а не да се пуштиш во одмаздничко однесување. Многу лош совет е тоа искачај и пиј и ти како него. Многу незрел совет. Прво тоа не е начин на разрешување на проблемот туку на усложнување. Секогаш имај си свое јас и свој интегритет. Ако на пример, јас мислам дека е лошо неговото однесување сигурно нема да си го погазам мојот став и јас да се однесувам како него, чисто за да види тој како изгледа. Не се спуштам под своите стандарди особено не ако сакам и на него да му докажам дека тоа не е во ред. Со тоа што и ти истото го правиш (во иста мерка и често и со пијанчење) ти само му потврдуваш дека е во ред. Утре ако имате деца и вакво осветничко однесување си го правите еден на друг пред децата, ова ќе ти биде уште поочигледно, зошто на децата ќе им бидете пример и модел за копирање. Тие ќе ти бидат огледало.
Не се случило тоа ама се плашам од се моментално. Како што кажаа погоре членките, има позадина за мојата грижа.Не сум доволно храбра за да вратам прстен, ама ако морам нема да се срамам.Јас самата не знам што сакам, и знам дека не сум сигурна во него во еден момент, а во друг момент направил доста работи кои што би требало да ги прави секој маж за добра врска.Долго време,доста долго време не се случило да ми се развика безврска,затоа што и самиот викаше дека сега се средил и не е несозреан и дека сфатил дека сака да градиме заедно, и затоа се решил да ме побара за жена.Уште пред некој месец кога ме побара првите денови беше се убаво, ама јас осеќав немир, и он тоа го осети и ме праша дали сум сигурна за брак, и зошто не делувам баш радосно. Не дека не бев радосна, друг сплет на околности беше тогаш.Ама мислам дека повеќе сум несигурна отколку тажна што ме побарал.Не сакам да одам контра себе си, и затоа сакав вечерва да си заминам од тука.Не сакам да се лажам себе си, а не сум сигурна дали сум спремна за овој брак, ниту пак знам точно да прецизирам што сакам. Збунета сум.Овој настан ме направи да помислам така.
Во право си, но јас се плашам што и ако зборувам и он мене не ме сфати ? Што ако јас кажам се што мислам, ако тој мисли дека е во право.Ма јас многу пати сум му рекла дека не знае да комуницира како што треба и дека не прифаќа критика.Демек јас преовеличувам, и он не прави ништо лошо за јас така да реагирам.Мојата приказна е долга,мислев дека сме средени, но еве исплива неговата страна што некогаш ја имал,ваљда сум во заблуда.Треба да поработам на себе, мислам дека доста сум психички исцрпена и од други работи. А со оглед на тоа што сум многу осетлива особа, јас не сакам кавги затоа што ме тераат да бидам слаба и да заплачам, а тоа не го сакам.Секогаш кога нешто во тој момент ми смета јас го кажувам,сма очигледно дека не сум му негов фокус.