Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.002
    Допаѓања:
    14.231
    Пол:
    Женски
    Има луѓе што имаат пари и за дома и за куќа и кола и за кафани, не треба да те чудат финансиите. Има луѓе што се предобро организирани и имаат време за се. Не постои нешто како иживеаност за ноќен живот, не комплетно. Има луѓе што си сакаат таков стил и не гледам ништо лошо да уживаш така. Да се затворам така дома мене би ме убила монотонија. Полно предрасуди имаш во мислењето. Овие болдираните особено.
    Има луѓе што и на работа прават "неиживеани" работи и луѓе што во кафана се однесуваат најпристојно и стабилно за брак:)
     
    На Macito007, Waverly Raven, Maca Macka и 8 други им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.628
    Допаѓања:
    39.750
    Пол:
    Женски
    Дома да се затвореме штом се мажеме и родеме, ако не. Најверојатно членката е тазе мажена па интересно ѝ се по цел ден дома. Кога ќе дојдат деца, цел ден околу нив, па алишта, садови, јадења, чистења. Е тогаш не знам дали нема да сака да излезе да се исфура
     
    На Oneo, Waverly Raven, samovila.red. и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    17.643
    Едно е да излезеш и да се излуфтираш, ама секој втор ден, а имаш фамилија дома?
    Мене не ми е ок тоа. И да, ми делува ко неиживеано.
    Има луѓе во брак, на кои да им гори дома они мора да се излезени. Пр. Не ми е нормално дете гори дома од температура, а таткото пие по кафани со другари. А знам такви примери...
     
    На LanaDelReyQueen, LaTama, BlackNight и 12 други им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.628
    Допаѓања:
    39.750
    Пол:
    Женски
    Не е во ред.
    Членката што побара совет сама
    кажа дека кога е на работа воопшто не излегува. Тоа не е лицемерно. Сега има вишок слободно време и ваљда од досада излегува. Не е во ред дома со деца секој ден по кафани со друштво да шета. Ама па и ич да не се излегува оти веќе си во брак не е во ред.
     
    На Anie93 и 1209 им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    е ова, ич не чини!
    ти ги потценува чувствата.

    не можи тој да кажи ти како да се осеќаш!

    Мајмун!
     
    На lilly57 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Попаметно ќе си ги потрошам парите дури и да ги имам толку. Дома огромно печење ќе направам месго во кафана за мало мевце да фрлам тон пари пример. :) Тешко се заработуваат пари за така да ги расфрла човек. За ќерка ми би трошела, за такви глупости не.

    На 16 не сум се акала по дискотеки од јутра до сутра зошто сум си таков карактер, не па сега. И да неиживеано е да имаш фамилија што те чека дома и да одиш со дечишта да скиташ кои друга работа во животот немаат и нормално они чекаат да излезат и шетаат, не ги чека дома детето, што им е друга работа.

    Тоа де. Не знам што се мажат/женат таквите ако уште паметот им е заглавен во тинејџерските години.
     
    На BlackNight, Peppermintka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.628
    Допаѓања:
    39.750
    Пол:
    Женски
    Не зборувам само за по дискотеки. И јас не одам таму. Зборувам за кафич, да седнеш понекогаш на кафе со пријателка. Тоа не е неизживеаност. Да е така, еден куп неизживеани мајки има
     
    На IRBBB, simoncelicius, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Ама на членкава проблемот е друг. Цели ноќи не е прибран, доаѓа пијан дома, секој втор ден е излезен. Доликува ли тоа на човек што е возрасен и сака да основа фамилија, да има дете и жена што го чекаат дома, а тој да се однесува така. Уште и агресивен под пијанство. Red flag тотално.
     
    На BlackNight, Bezimenka90, MeowMeow и 3 други им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.628
    Допаѓања:
    39.750
    Пол:
    Женски
    Ама јас неа не ја цитирав. Туку ани на тоа што ти си го пишала. Според тебе кога ќе имаш дете не треба по кафичи да одеш. Грешка си. Еве како мајка на две деца знаеш колку ми фале да излезам во кафиќ да пијам кафе саат време без некој да ме прекинува?
    Секоја ноќ излавање до касно не е во ред и за тоа нема компромис тука.
     
    На BlackNight, Oneo, mssuniquee и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Секој има потреба да излезе, да се издува, да се почувствува млад и жив, не спиј на тоа уво “се погоди фамилијарен” оти и да е така, и тој тип на претеризам не чини, врзан за дома. Исто и за тебе, колку што знам млада си, што ако имате дете, излези, остани до подолго, уживај. Животот е краток за изигрување домаќинка.
     
    На orxideya, Oneo, christinnn и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.002
    Допаѓања:
    14.231
    Пол:
    Женски
    Мислам дека пиша два пати во месец да е пијан а не секој втор ден
     
    На lilly57 и forumce им се допаѓа ова.
  12. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Не знаете да читате тоа што го читате. Излегуваме со мм и друштвото заедничко, заедничко ни е просто е. Само не често, ако сме излегувале порано 3 пати неделно, сега е или 1 неделно или 1 во 2 недели. А почесто дома си собираме гости и супер ни е.
    Што има толку во кафич посебно, може и дома да дојде некој и муабет да си направам. Не реков јас изолирајте се од луѓе, но во брак секој втор ден да не си дома и да си излезен е катастрофално.
     
    На Мамичка, Peppermintka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Фала на непобараниот совет. :D Нас ни е одлично, а јас си уживам во овој живот. ;) Ме чекаат дома, немам цел ден на форум да се објаснувам, дадов совет на членката, не ме интересираше вие што мислите. Поздрав.
     
    На 1209, cresa-jagoda, Peppermintka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.628
    Допаѓања:
    39.750
    Пол:
    Женски
    :clap::clap:

    Еве сама сум дома, без маж. Абе ми се иде некогаш да одам некаде и да не се вратам три дена. До толку е дојдено. Алишта, садови, јадења, средувања,чистење. Па и двете се болни сега, главата не знам кај ми е. Во овој месец до кај моите што имам одено два пати, еднаш на роденден и толку. Цело време дома и само врискање слушам. Веќе нервно попуштам.
    Па мене мош ми е поубаво во кафич да седнам. Едноставно ДА ИЗЛЕЗАМ ОД ДОМА. Дома сум по цел ден секој ден.
     
    На Oneo, joy1, simoncelicius и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.002
    Допаѓања:
    14.231
    Пол:
    Женски
    Па тебе како што ти е дома убаво, на друг му е надвор. А и по мои пресметки некако како трошам па надвор секогаш ми испаѓа малце поскапо, а бар не се замарам да средувам и спремам некогаш.
    :D инаку, супер се заедничко друштво ама немаш ли другарка една блиска ете што сакаш време само со нејзе да поминеш? Малце "женски" муабети не ти фалат ли во брак.
    Супер ако ти е убаво и си среќна ама имаш бебе како што знам нека стигне до 4-5 години здравје боже, па ќе ни кажеш дали е преубаво само дома да се седи и само за дома да купуваш
     
    На Oneo, joy1, simoncelicius и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Peppermintka

    Peppermintka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2022
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    Порано се гледало само за домот, сега толку дојде се да биде прифатено и во брак се однесуваат како деца, затоа толку разводи и неверства. Колку женети ми се пуштале на излегување, ги гледаш со бурма на рака, а ти приоѓа пијан. Седи си дома чиче, глеј си жената, не на нас 20 годишни да ни приоѓаш и со нас во дискотека да сметаш. :puke:
     
    На orxideya, simoncelicius, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.628
    Допаѓања:
    39.750
    Пол:
    Женски
    Излавање во кафич додека си во брак е новото ненормално:D:D
     
    На Oneo, Waverly Raven, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.597
    Ти прочитав некои претходни мислења и тешка е оваа твоја ситуација. Претходно велиш не сакаш да се мажиш одма, ниту тој немал намера да те притиска, и како се деси да си сега верена и да живееш со свекрвица? Ако разбрав убаво, ТАА имала идеја дека вас ви е време да се земете, па претпоставувам го ,,мотивирала, , да се верите. Тој спокоен може да продолжи со момчешки живот, јер дома има жена , таа радосна и полна планови за вас, а ти ? ...
    Осеќам ќе те читаме во снаи и свекрви и полошо ќе биде, ако не најдеш сила сега, да ги распраиш работите.
     
    На IRBBB, Ugly Duckling, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Додека има баланс не е лошо и да излези, досега не правев проблем затоа што одеше на работа и ретко излегуваше,времето го поминуваше со мене.И затоа реков дека ми е лицемерно тоа.Кога ти е мака,за лошо кога сакаш да си имаш поддршка сум јас тука, а кога не е на работа како да сака повеќе да оди со нив.Ме викал и мене, сум одела и јас,ама проблемот ми беше неговото однесување кога го прашав,како да се исплаши дека јас ќе викам оти излегва и буквално напад, бидејќи за да испадниш ти во право,нападот е најдобра одбрана.


    Сега се прави како да ништо ни не е било.Пијана работа.Не знам ни дали воопшто вреди да се разговара.Иако си се знам себе си, не би замижала и да го оставам така.Но, дали вреди?Ете тоа ми беше поентата.Видов и дека домашните многу не го зеле под свое,и дека премногу му дозволиле.Не сум тука да го воспитувам,не сакам така.Буквално разочарувачки е кога ќе влезиш во брак и сфаќаш дека можеби се е исто и никогаш нема да е така како што сум си замислила.
     
  20. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски

    Да, осетив дека ќе ме бара и реков не сум спремна.Малку ме налути тоа што ме побара иако ете знаеше дека не сум спремна,меѓутоа зборевме и треба да одиме странство па да не се одолговлекува ради документите.Друг сплет на околности беше тогаш.Многу се збунив, и навистина беше неисправно од негова страна.Со оглед на годините, не би требало да чекаме бидејќи не сме баш мали, но сепак мислам дека не сум спремна за брак со него, а не воопшто за брак.

    Можеби тој страв ми потекнува од тука.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.