Мене не ми е нешто многу во криво дечкото, твоит замисли се твој проблем. Ти сама ми делуваш ко со измешани чувства и не знаеш што да правиш.
Не станува збор за прави или криво. Ти би била во брак само оти тоа се очекува од тебе, ама меѓусебниот однос со партнерот не ти штима?
Не затоа викам она има помешани емоции, не е сигурна во себе. Она не знае што да прави затоа сметам дека сепак не е главната причина он, туку она што прифатила
Болдот е проблемот, не тој, не излегувањата туку ти. Кога ќе го решиш тоа, тогаш ќе можеш да размислуваш за брак.
Таман го воспитале по 'македонски'. Жената ќе седи дома, ќе чисти, пери, готви, чува деца; мажот ќе си го тера животот ко пред то. 'Маж' е тој! Поназад зборавме за 'превоспитување' мажи. Само не за излегвање, туку за извршување домашни обврски. После некоја година, вака ќе бидиш:
Да бе, таја е проблемот. Сигурна сум дека тебе многу ќе ти биди убо, тој да излегва, а ти да седиш дома со мајка му. Така?
Ама девојчево има некоја своја замисла за брак и како сака да функционира со партнерот, а овој човек не и' одговара колку што сфатив според муабетот. Океј е да не ти штима и да се мислиш дали воопшто да стапиш во брак со таков и таков човек. Подобро сега што се преиспитува отколку кога ќе е во брак да се кае. Океј е и тоа да знаеш што сакаш и да си ги отвориш очите пред да се врзеш со брак. Ова е она што многупати се коментирало по темиве во смисла гледајте со кого се земате. Во врскава не е проблем што дечкото излегува, проблем е што нејзе и' пречи и не го добива вниманието што таа го сака. Можеби и нему му пречи што и' е проблем неговото излегување. Затоа сериозен муабет треба да се направи што сакаат двајцата и како си ја замислуваат иднината. Ако не ја бива, не ја бива и подобро тоа да се знае пред брак за да не стане проблем некогаш во иднина она што се гледа дека сега е проблем.
И да не ти обрнува внимание? Да се договори со тебе да излези, а да излези со другар му и да те остај со мајка му, во 5 до 12? тој дел го прочита шо го пишеше чупето? *Тешко дека ќе најш другарки во то време. Сите исто ко тебе, зафатени со домот и децата...
Јас мислам да не е проблемот ,,докажување на себеси " дека бидејќи ја побарал тоа не мора да значи крај за изглегувања со друштва и по кафани туку може и сега да си продолжи со тоа. Некако такво е станато друштвото денес само да буцка а него му е криво па да се докажува , знам два вакви примери.
Не Не значи крај на излегување со друштвото, ама значи приоритет има сопругата. Абе сега се вериле, прв пат му е дома, треба да не мој да се донаслади од нејзе, а не да оди да му го држи на другарите. Треба да не слегва од нејзе. Мене ми стој ко насила да го натерале да се ожени.
Не беше договор само рековме, меѓутоа дојде другар му и заминаа.А претходно го одби за излегување, па можеби затоа и он дошол на гости.Има уште една ситуација тука,неговата жена дојде кај нас и сакаше ние четворица да излезиме, и она го праша ама рече ќе видиме вечер.Јас не го сметав тоа за проблем во тој момент и не реков ништо бидејќи тие веќе беа излезени. Не сум јас нонстоп дома оти не сакам или морам, излегуваме и ние ама најмногу ми беше проблем што се испонаша неубаво, а немаше потреба. И сега денес сфати дека згрешил ама не му давам пристап да ми зборни.Сакам да си ја оладам главата и да размислам.
Не рационализирај. Рекол едно-напрајл друго, без да се консултира со тебе. Ако сега не пресечиш, ќе си продолжи со таа пракса и во иднина. Ти ќе седиш дома со болно дете и не, нема да мојш да излезиш, а тој ќе си оди со другарите на кафе.
Па и не е баш така дека не сака односи и дека тука ме запоставува, јас сум таа која не сака. Инаку, не е од дома “натеран” да речам за да се жени, туку дека веќе сме 7 год заедно и сакаме да одиме странство.