Пред да стапите во брак, јасно и гласно поставете ги границите кои знаете дека можете да ги толерирате, и едниот и другиот. Отворено и искрено да прифатите дека можете да живеете со таа личност. Ако не најдете компромис - секој на своја страна. Бракот (треба да) е одлука за цел живот. Не е еден ден, па 'Ај ако се заеби, од утре нема да важи' Цел живот! 50-70 години! Секој сам си знае со што може, а со што не може да живее. Затоа, нема ништо побитно од искреност меѓу партнерите.
Ама не е така како што пиша ти. Ја виде сликата и одма заклучок. Воопшто не седи она на телефон а детето да и чисти. Убаво си кажува има задача кога ќе стане да си ги здипли пижамите и да си ги крене на соодветно место а потоа да си го намести креветот. Кога ќе заврши со јадење да си ја исплакни чинијата со вода и да ја стави во машината за садови, кога ќе се избања да си ги стави валканите алишта во корпа за нечисти алишта. Кога ќе заврши со миењето заби да ја избрише водата од мијалникот. Да си ја напише домашната пред да игра. Игрите да не вклучуваат зјапање во екран. Ова се се нормални работи кои треба да ги прави секој од нас небитно на полот. Детето е веќе доволно големо да разбира. Му создава рутина. Јас од мала си ја гледав мајка ми како до 12 саат и беше се цакум пакум средено, секој ден смукаше и бришеше прашина. Кога пораснав ми беше интересно да и помагам. Навиката ја создаваш додека си мал и ја имаш за цел живот. Имам двајца браќа и на ниеден од нив не им е проблем кога му се јаде да стане и да си стави за јадење, ако треба и да си спреми нешто. Помалиот уште од четврто одделение го научив како да си спреми сам за јадење кога ќе дојде од школо. сигурно нема да ја чека мајка ми ако не е дома, да се врати да му испржи јајца. Некогаш ќе го видам дека си спрема сам и ќе се понудам да му спремам и вика абе не, што е ова толку комплицирано да не можам сам, остави ме. Додека татко ми па е сосема друга приказна. Ако мајка ми не му спреми облека за кога ќе излезе од купатило да има што да облече он ќе си седи така по бањарка цел ден затоа што појма нема каде му се алиштата. Недај боже да не е дома мајка ми на еден ден па он нема да знае да се облече сам. Или ќе јаде нешто на нога на шанк, и ќе остави така храна да стои цела ноќ. Не дека му е тешко да ја врати во фрижидер туку нема навика, знае дека мајка ми ќе среди. Зошто? затоа што баба ми така го научила. И мајка ми кога дошла како млада во таа куќа кога он ќе побарал јадење баба ми ајде стани донеси му жена си му. Срамота маж да става сам за јадење ти да седиш. И од срам мајка ми цел живот така. Е сеа ист случај беше братучед ми. од страна на сестрата на татко ми. Цел живот мајка му принесува. Ама кога се ожени, жена му го оставаше сам да се снаоѓа. Вика доаѓа од работа се соблекува и алиштата на под ги остава. Никако да ги крене. Јас ќутам. Сабајлето станува за на работа и бара алишта. Му викам не знам кај се. Види кај си ги оставил вчера, јас не сум ги закачала. Е да видиш како после тоа како си ги крева фармерките на место. Отиде во странство да работи, научи сам да пушта машина, сам да готви. Се лутишна него што те побарал а знаел дека си неспремна, а не се лутиш на себе што прифати нешто за кое знаеше дека си неспремна? Малку е дволично ова. Исто какои делот што го пиша дека он бил дволичен пто не излегува кога е на работа, туку само кога не е. Епа како да излезе ако знае дека сабајлето треба да стане да отиде на работа и да сноси одговорност за работата што ја работи? Мене не ми делува дека само излегувањето негово ти е проблем. Проблемот го имаш самата со себе. Не знаеш што конкретно сакаш и имаш измешани чувства. само самата себеси можеш да си помогнеш. Не слушај совет од непознати дали треба да вратиш прстен или не. затоа што ние како непознати не сносиме последици од влегување неспремна во брак или од прекинување на веридбата. Ти си таа што ќе се соочи со последиците. Јас до некаде те разбирам до некаде не. Најискрено не ми е јасен делот како си прифатила брак ако си знаела дека не си спремна? Јас исто не сум спремна за таков чекор без разлика на годините врска, без разлика на моите и неговите години. И му имам кажано дека не сакам сега такво нешто. И ме има прашано што ако сакам да те запросам, ќе ме одбиеш? Му кажав искрено да ќе те одбијам затоа што ти е искрено кажано дека не се чувствувам спремна па тој твој чекор би го сфатила како притисок. И сам знае дека не треба да ме запроси, барем не сега. Си требало тука во старт да бидеш јасна.
Јас не реков дека не е така ,јас реков да не има влијание психата негова накај ова шо го пишав а друштвото да допринесува за истото. То дека треба да е како шо велиш треба но то дека ние сами си го заебуваме истото во денешно време е друго. Оти да е ко порано да нема како и нема каде ќе видиш колку работи би се смениле. Сега чупињата дома му одат од старт односи кога сака и едноставно веќе се му е исто дали жена или девојка. То е сосем друга опширна тема.
Ау... па претходните мажи, ич не излегваа со другарите, ич не пиеја и се' помагаа низ куќи. Немој, не ме смеј! Не се жените криви. Мажите се криви. И мајките нивни, шо не ги научиле каква одговорност е бракот. ко нас шо не учат дека треба да се приклониме кон мажот, така треба и нив да ги научат да се приклонат кон жената. Порано беше уште полошо за жените. Супер е сега шо е вака.
Од збор до збор! Големо влијание има заедницата каде што растат и се воспитуваат.Тоа што го гледаат како дете и го применуваат.Има и ретки случаеви кои станале подобри луѓе иако растеле во девијантна фамилија со искривени сфаќања и погледи кон животот.
Размислено ти е девојче, само треба да го изговориш. Не го сакаш човекот и ок е тоа. Кажи си, не си губи време и не му го губи неговото.
Мене никој ништо не ме убедил и очигледно упорно не сваќаш шо зборвам така да не зборам веќе шо мислиш ,мисли си.
Колку мразам вакви работи во друштво , да буцкаат за нешто. И денес ќе е за излегување ,утре за чување деца , за работење дома... Такво друштво воопшто и не му треба. И не сваќам зошто не излегуваат целото друштво заедно со жените ако веќе мора да се излегува толку често. Неколку пати членката пишува дека некое време не работи ,колку време ќе му трае тоа и дали има план да работи повторно. Мене некако тоа заедно со честите излегувања ми изгледа како проблем.
Бара работа, ама тука неговите се криви бидејќи од работата каде што си замина го поддржуваа, иако беше он во право.Кога работи не прави вака, ама сепак таква личност е, сака да излегува и не му е мака и цел ден да е излезен, без разлика дали со нив или со мене.
kakva vrska ima dali chupinjata mu odat doma i dali imaat odnosi pred brak so odgovornostite vo brak? prvo, ako od zhenata se bara da e nevina do brak, normalno togash i mazhot mora da e nevin do brak. odamna ne sum prochitala pozaostanato mislenje na temava!
@lilly57 Постави си неколку прашања: 1. Што квалитети гледаш во него поради што си се одлучила на брак? 2. Што те задржало 7 години? 3. Која е ТВОЈАТА визија за животот, не заедничката. 4. Кои му се слаби страни, што би ве уништило? Мој совет, што и да одлучиш: Живеење со свекрва НЕ! Од злато да е и НЕ!!
@lilly57 да ти кажам нешто златна,штом воопшто се двоумиш значи нешто не штима и јас сум речиси сигурна дека не треба да стапиш во брак и да свртиш нов лист,па макар и 15 години да сте биле заедно. Во моите претходни долги врски често имав сомнежи,си велев Боже како ќе најдам брачен партнер живот да живеам,со нив не се гледав во иднина,многу прашалници,сомнежи,маани преку кои не можам да преминам,често проблемот го барав во мене,да не претерувам,дека не постои совршенство итн... Кога почнав со мм се беше поинаку,кога дојде време за таков чекор јас немав никакви двоумења,воопшто,во душата осеќаш дека тоа е тоа,а тој е далеку од совршен НО има маани преку кои можам да преминам. Ако сега се колебаш понатака мислам дека уште потешко ќе ти е,размисли добро,посебно пред да добиете деца.
Па ако сите генерациски не воспитувале да се приклониме кон мажот и се останато,како пола од жениве тука искоментираа дека мажите си чистат готват пеглаат?! Значи нешто се сменило.Веќе не се срамат жените од развод а мажите од тоа да готват и чистат. Воспитани сме така ама повеќето сме сфатиле дека тој начин на живот ниту го сакаме ниту ни одговара.Работите се менуваат,полека ама сигурно.