@New live И јас така го сфатив ама не и досфатив. Иначе појасна идеја за понатамошен смер и дискусија на темата (ако веќе нема, пошто и ја слична и поврзана имав на ум некад /зошто толку зачестија разводите?) може да биде не/надминување на проблемите во бракот/ причини зошто толку зачестија разводите? Само ако може да се дообјасни @Igor80 .
Па тоа би била пологична тема... Ова испадна сакам кажам, незнам речам... Сите ќе си сватиме кој како сака, и на крај ќе се искараме
Памда, треба човека да го профатиш и зафакаш онаков каков што е, но тоа не значи дека не доаѓа до промени. Промените сами по себе доаѓаат во текот на бракот, зошто врска и брак не се исти. Заеднички живот каде делиш апсолутно се, каде одговорноста паѓа на двајцата , а особено кога ќе дојдат деца, доаѓа до промени. Не треба да се зема и здраво за готово, као таков сум каков сум, на брак секогаш треба да се работи.
Според мене најголеми проблеми во бракот се: 1. Очекувањата: од бракот, од партнерот, од заедницата. Некако мислиме дека ако се сакаме ќе биде ок, ама, некои работи не можеш да ги предвидиш. На пример очекуваш дека партнерот ќе се вложи во воспитувањето на децата колку и ти, ама не можеш да знаеш додека не станете родители. Очекуваш дека партнерот ќе расте и созрева во чекор со тебе и обврските, ама понекогаш не е така. 2. Непочитувањето или земање здраво за готово на партнерот и тоа што создале заедно. 3. Оддалечување заради обврски, стресови, несогласување околу важни прашања
Се менуваме, ама не можеме се' да смениме... посебно не, за да удоволиме другому. Карактерот е изграден уште на 5 години, однесувањето и границите ни се генерално етаблирани и можеме само да маневрираме во рамките на тие 'подесувања'. Иначе, се разбира дека мораш да работиш на врската... без разлика каква форма на врска е. Ако не правиш компромиси, нема да успеете. Пошто нема 2ца кои ќе се согласат секогаш-за се'. ... за тоа треба непрекината, отворена комуникација од двете страни.
Ама зошто да не се промени човек на подобро? Не значи ако го сакам дека не треба да работи на својот карактер, стабилност. Истото и за мене важи. Тури пепел на брак каде што нема подобрување во ништо. Бракот е компромис, мора двете страни постојано да вложуваат во него.Ако со маж ми не работиме на "поправање" на маните развод не ни бега.
Може да се промени на подобро но може да се промени и на полошо може и да остане ист, тоа е до него. За жал ние можеме да одлучуваме за самите себе и од себе да бараме да се промениме на подобро, за другиот он си одлучува. Секој со свој памет. Во секој случај каква и да биде промената таа во никој случај не треба да влиае на другиот односно ако некој се промени на полошо тоа не означува дека партнерот е должен да трпи ако нешто не е за трпење. Но и подобрувањето на подобро во некои случаи не значи добро за другиот напротив може да дојде до солење памет, не поднесување итн. Затоа односите треба да се градат на здрави темели и искрени намери и отворена комуникација
во сите бракови кои се проблематични, ова е во основа... Се жртвува секојдневно искреноста, за сметка на одржувањето на илузијата за 'успешен брак'. Најтешко е да признаеш кој си... некогаш и сам пред себе, а не пак пред друг...
Незнам што не можеш да разбереш? Го читам и јас убаво пишува еве прочитај пак и можеби не би поставувала вакви прашања Еве да скратам, карактер тешко се менува, промена незнам што значи тоа, може да добие добро платена работа да допринесува финансиски дома но затоа пак да не се врти дома. Опшествено ќе биде оправдан и ќе каже од мене живееме тебе ти е тешко обични домашни работи да завршиш. Жените, но и мажите имаат желби како сакаат да изгледаат нивните партнери, тие желбие се детерминирани од семејствата во кои израснале, за нив нормално е тоа што правеле нејзините а она што правеле во семејството на партнерот е најчесто неприфатливо. Затоа прво треба да видиш дали имаш слични сваќања за општи работи, па после да влезете во по сериозни врски. Но ако мислиш тоа јас се ќе променам, тогаш тоа ти е првиот чекор во разводот на бракот иако да можеби и не дошло сеуште до брак.
Никој не ја знае формулата за успешен брак сите ние колку и да се правиме паметни може да паднеме на тој тест. Но едно знам остави му простор на партнерот да дише, не го гњави секојдневно, не му прави непријатна атмосвера, размислувај позитивно, шетајте заедно ако сакате да шетате ако не шетајте посебно, не робувај на стереотипи, жената мора тоа, мажот мора ова, ништо не се мора мора да се умре само. По некогаш она што го сакаме ние нормално е да не му се допадне на партнерот и знам дека и мене ми е тешко да го кажам тоа но знам дека подобро да го кажам иако да во моментот ќе наиде на несогласување отколку да правам нешто со што ќе изгубам доверба кај неа. Сепак едно треба да му биде на секому јасно ние единствено одлучуваме за самите себе. самите сме си одговорни дали ќе се подобриме, дали ќе станеме полоши или ќе останеме исти. И покрај тоа што сме во брак имаме право да одлучуваме само за самите себе! Зошто и ако еден ден го нема бракот повторно ние самите ќе останеме на себеси тогаш и да сакаме веќе ќе го нема другиот да ни биде дежурен виновник за нас самите.
Здраво девојки, Живееме во странство со мм, јас сум бремена на крај, мм е вреден ми помага дома многу, имаме убав однос ама понекогаш ме вади од такт. Одсекогаш сме сакале да купиме куќа тука јас и он. Пред некое време гледавме една и му текна да ја купат со брат му и да ја издаваат само, ние да не живееме таму. Као бизнис нешто да правеле, мм вика морало да се ризикува некогаш. Мене не ми се допадна таа идеа затоа што не ме ни праша што мислам и затоа што јас ќе зимам многу помалку пари одкако ке се породам. А 2 куќи неможеме да купиме. Таа за 15 год би била наша па утре ден дели ја мисли на друга. Брат му не се замара со ништо ниту знае да поправа нешто, таков си е човекот. Јатрва ми нема да учествува пошто не работи и немала пари на сметката ( видел во банка) кога биле на разговор за кредит. Јас му кажав немој утре ден да излезе како и секогаш ти да мајсторишеш да одржаваш... И му реков пошто он си одлучил со брат му да заборави на сметката каде што штедиме. Он се налути премногу као наместо да сум му помагала јас сум му одмагала, па после вика од моите пари не ми барал. Наместо да сум му била поддршка јас не сум му дозволувала ништо. Сум се мешала во машки работи, полна сум била со комплекси. Зошто ми кажувал на мене, јас реков ако мислеш дека вакви раб треба да се кријат нема проблем. Секогаш ме вреѓа во напнати ситуации... па после вика као сум била многу осетлива. Јас сум свесна дека јас избувнувам и реагирам "бурно" тоа е моја мана на која работам. Ама јас само сакам јас и он да створиме нешто да се трудиме... Незнам дали само претерувам и дали треба да си седам на страна и да си ќутам.....
Извини, ама што??? Не, не реагираш бурно, реагираш тотално соодветно на ова: Не давај ни пара за куќата, на крајот ќе биде таа негова и на брат му, не твоја. Убаво си му рекла. Нема ти да им ги финансираш сите фикс идеи. И како тоа не бара твои пари, а се лути што си му рекла да заборави на заедничката сметка? Не, ама веќе не знам што можеш да направиш, веќе ја купиле. Очигледно маж ти не се замара да функционирате како семејство, така да твоите пари што ќе ти останат ставај ги на своја сметка, кај што тој нема пристап. Се надевам ќе имате син, инаку тешко на ќерката со ваков татко.
Се буни нон стоп како сум неблагодарна и избувнувам за се нешто. Не ја купиле уште ама планираат. И бевме дог додека да не купиме нешто на никој да не кажуваме. Он на сите негови раскажа....Да ќе имаме здравје син и сакал демек за него нешто да направиме. Јас му реков заедно да и му реков и татко му правел куки се па починал млад и џабе му е се сега... као прва сум била кога требало да се зимаат пари а последна кога требало да се даваат. Пошо он плаќа дома сметки јас храна шетање одмори... он зима дупло поголема плата од мене.... криво ми е што попуштам секогаш и јас се убивам од плачење, а он пак си тера по свое. И секогаш јас сум крива. Он мене ме подржувал бла бла ама јас не ризикувам 15 години и огромни суми на пари. Не сакам да бидам таква да кријам пари ама очигледно ќе морам....
А вие сега живеете под кирија? Што бизнис е тоа ако купите куќа и ја издавате и со парите плаќате рата за купената куќа, а вие под кирија живеете исто. Па уште машки работи биле
Да под кирија живееме, као ако се купи таа куќа од киријата само ќе се плаќа кредитот. Ама кад тад ќе мора од и да се дадат вака пари можеби нема секогаш да има кираџии, нешто ќе мора да се поправи.... Човекот што е сопственик на куќата така правел бизниси порано. Ама порано и сега не е исто ништо. Ме излудуваат некои негови размислувања. Му реков што сака нека прави да не рече после јас не му дозволувам, ама листот ќе мора да го сменам после.
Може киријата од куќата ќе е многу голема, па ќе го покрива и нивното живеалиште и рата за да отплаќаат....
Јас стварно не разбирам, ако од киријата го плаќате кредитот, како сте вие во добивка? Ем кредит на банка, ем кирија кај што живеете сега. Земете кредит и купете куќа во која ќе се преселите и плаќајте го кредитот, на крај куќата ќе е ваша, а не сте фрлале пари и на кирија и на кредит туку само на кредит. Да, ама ако не е на пола со брат му. Колкава треба да е киријата за и ваму да плаќаат кирија и кредит да плаќаат и пола на братот. Шанси нема.
Каматата е огромна, затоа што се работи за голема сума на пари. Сам ќе треба цела плата да му ја рачунаат за кредит. И затоа и мојата сметка ја рачунале во банка и штедната сметка и утре ден детето што ќе зима пари. Јас му го реков да купиме куќа која пример еден спрат да го издаваме, а на друг ние да живееме барем знам ќе е мое. А не за 15 год пола пола и не дај боже да му се случи нешто пак детето наше ќе остане без ништо... пошо правиме се за него нели.