Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    60.296
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ќе го вика тоа, ќе плаче и ќе се лигави.

    Класична манипулација, како по книга. Гледаш дека постојано го прави ова, истото си го пишала претходно. Цел живот ли ќе се нервираш дури он си тера по други жени?
     
    На Nikolina35, tambelina, gjoker4e и 6 други им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Ако сака и нека се самоубие, само знај дека нема да го направи тоа и те манипулира. Не си го уништувај животот, остави го.
     
    На Oneo, minne992, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    8.607
    Пол:
    Женски
    @gentle.girl Јас би го оставила без око да ми трепне.
    Застани во своја одбрана, како што би застанала за своја ќерка ако утре ова некој неа и го прави.
    Неговото однесување прво е хазард за твоето здравје. Ќе ти пренесе некоја болест недај Боже.

    Ќе најдеш подобар некој што ќе те цени.
    Верувај ништо нема да му биде. Кога ќе сфати дека си го откачила брзо ќе те заборави и ќе прејде на некоја друга.
     
    На IRBBB, Angie1432, Oneo и 8 други им се допаѓа ова.
  4. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    60.296
    Пол:
    Женски
    Ова.

    Доволно е еднаш да не стави кондом и да закачи нешо. Плус херпес симплекс 2 и преку кондом се пренесува.

    Хпв па да не збориме колку има. Па после ќе се чешаш што те снашло. Цени си го физичкото здравје, коа више не си го цениш менталното.
     
    На tambelina, AneSk, Angie1432 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Навистина ли мислиш дека ќе се самоубие? Као демек многу те сака и нема да може да живее без тебе? Требало да му се изнасмееш в лице кога ти рекол така, зошто смешно е во ситуацијата.
    По мене те смета за многу глупава штом после тоа што го прави уште и те манипулира вака, па и му веруваш.
    Не ми јасно како, повеќе него го сакаш од себе си? Ќе му правиш него да му е добро или ќе си гледаш за себе?
    Јас би го оставила, па макар се самоубил. Секој нека си сноси одговорност за постапките, башка тоа што не му е прв пат.
     
    На Nikolina35, Oneo, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  6. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.483
    Допаѓања:
    5.264
    Пол:
    Женски
    Се додека не му простиш. После ќе заборави и пак исто. А ти само ќе губиш време и живци. Направи си муабет сама со себе, која си, што си, што заслужуваш и дали идиотот до тебе те заслужува. Замисли колку може да бидеш среќна со човек што стварно ќе те почитува. Ако толку силно го сакаш погрешниот замисли колку би го сакала вистинскиот. Без секој се може, посебно па без ваквите како твојот. Животот е многу краток, стави се себеси на прво место. И престани да го бараш доброто во него, го нема! Човек што е спремен на вакви работи во ниеден случај не може да е добар. Колку и да правел други добри работи. Не го идеализирај. Мавни му клоца и нека се убива. А нема секако, типичен плачко. Замини си достоинствено и дај си шанса да бидеш среќна.
     
    На marlonbrando69, cresa-jagoda, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.795
    Допаѓања:
    325.240
    Пол:
    Женски
    Да не е будала да се убие со куп жени околу него :D Тие таквите живеат 100 год, а жените покрај нив умираат млади од упропастениот им живот.
     
    На marlonbrando69, Nikolina35, MeowMeow и 23 други им се допаѓа ова.
  8. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Ова да го речи ќе му се изнасмеам ие речам а можи и да гледам.
     
    На lovely91, cresa-jagoda, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  9. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    3.055
    Каков џокер си користат вакви сељаци. Жената мора мнооогу да размислува за изборите што ги прави во животот, а најважен е изборот на животен партнер. Нема совршен партнер, ама ако тука утнеш многу ќе пропатиш. Наивноста скапо се плаќа.
     
    На Stressed Out, baby-star, manako1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    43.150
    Пол:
    Женски
    Не дозволвајте да се закануваат со самоубиство, мразам кога се игра со вакви сериозни работи, утре на некој кој навистина има проблем нема да му веруваш.

    @gentle.girl речи му дека ќе се јавиш на некој близок (родител, брат, братучед) дека си загрижена за неговата безбедност и здравје или закажи му на психолог, ќе видиш колку не му е дојдено до самоубивање.
     
    На Nikolina35, tambelina, Oneo и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    39.486
    Шо би рекла Ина: ах, е па ништо тогаш, се е океј.
     
    На Biljarkata, _beautyy_, Angie1432 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    Кој се тие куп жени? Дечко што е способен да заведе некоја за да е добие нема да бара секс за пари.
     
    На TanyaClover и Осе им се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто упорно го браниш.
    Гледаш дека не те почитува, не ја сфаќам потребата да го одбраниш.
    Од каде знаеш дека немал секс со некоја од девојките со кои има пишувано?
     
    На crimson, Oneo, Aschenputtel и 7 други им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.433
    Пол:
    Женски
    Џабе совети, пак ќе му се врати, ќе се смират and they lived happily ever after.:inlove:
     
    На CoverGirl10, LiquidLuna, Oneo и 9 други им се допаѓа ова.
  15. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    Кој го брани? Кажувам дека не е способен да заведи девојка, не е фраер, може да има секс само за пари со дрољи.. Колку толку знам колку му работит кликерот за флертување (скоро ич)..
    Едниствено нешто замижав на све затоа што беше фин сомене добар беше (на почеток) и разбира дека су донесла погрешна одлука.
    Изгледа требало подолго време за да се запознаеме поубаво.
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.795
    Допаѓања:
    325.240
    Пол:
    Женски
    нели и на една мажена и се пуштал?И она ли е дроља?Дечко ти е дроља не жените на кои им се пушта ;)
     
    На marlonbrando69, Nikolina35, Amellie13 и 24 други им се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.433
    Пол:
    Женски
    Тогаш како успеа тебе да те заведе ако не е способен?
    Ништо лично, не го бранам, ама ме интересира.

    Види, ако наумил да го стори тоа, ќе го направи па што сака нека е.
    Не дозволувај да те манипулира дека ќе се убие, затоа што нема да се случи тоа.
    Тој нема да се промени, а ти раскрсти додека е време зошто и во иднина ќе си маваш глава у зид.
    Треба ТИ да му бидеш доволна, а не проститутки, а и којзнае за колку други не знаеш.

    Таа воопшто не ја контактирај, таа така заработува за леб, грешката во него ја барај.
    Како сестра те молам, не си ставај трн во здрава нога.:)
     
    На marlonbrando69, gjoker4e, minne992 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    Мажената се обрати кај мене, се пуштал на фб (сите јаки на тастатура).
    Ви благодарам на советите.
    Ќе гледам да се тргнам што поскоро..
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.354
    Допаѓања:
    26.240
    Пол:
    Женски
    Не ми изгледа како да сакаш да се тргнеш од него .Ти упорно бараш некоја магија да се случи за да речеш ќе останам со него. Зошто мислиш дека ќе успеете ако си со него ? Зошто уште се мислиш а не почнеш дс си го средуваш животот?
     
    На Biljarkata, CoverGirl10, Oneo и 11 други им се допаѓа ова.
  20. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    60.296
    Пол:
    Женски
    Шеќерот ми се качува кога ве читам. Не тебе конкретно, туку менталитетов наш Македонски како не има моделирано и репресирано.

    Фин бил на почетокот.

    И тоа нас ни е критериум и паѓаме во несвест како тоа демек е нешто вау, а уствари е основна човечка култура, да си фин према сопствениот партнер. Па тоа е bare minimum бре, странец од улица да го начекаш може фин да е со тебе. Зошто паѓаме колективно во несвест кога некој има еден (кој иначе треба да е основен) квалитет нема никад да разберам.
    Максимално си ги имаме спуштено критериумите, жена ќе го трпи некој смрдло што на проститутки пишува, ќе си се понижи максимално, ќе си го укопа достоинството, оти некој фин бил.

    Жената може да е домаќинка, кариеристка, мајка, љубовница, жонглер со свекрви и јатрви, да е секогаш средена за токмакот и пак оти не знаат што сакаат у животот и им е досадно ќе идат да го брцаат во други.

    Ние се трпиме, и остануваме со некој кој е.......фин.

    Направи го и ти истово, отиди со други мужи, еве не мора ни да одиш, пиши си само, па види како ќе поминеш. И со него, и општо низ нашево општество.

    И сами сме си криви. Никој не може да ме разубеди дека не е така.
    Ќе ме лаже, ќе пишува на све живо што носи сукња, ќе брка проститутки а жената ќе го трпи.
    Оти фин бил.

    Опрајте се луѓе, најсериозно.
     
    На princess02, marlonbrando69, sweet-cherry и 44 други им се допаѓа ова.