Заради родителите. Немам имот лично мој однив зависам. Ете ако ве интересира.. (несу ни во состојба ќирија да плаќа), а одлуката е донесена од моја страна. Само го чекам моментот тие да се помират со ова. Мислете малце пред да кажете, знаете и сами не е така лесно.. Не во ваква околина.
Ако си отидеш дома со спакувани куфери зарем ќе те избркаат? И најди било каква работа за почеток, за да си имаш свои пари.
А од каде си сигурна дека нема да ме избркаат? Јас кај моите родители работам така да све од нив зависит.
Нивна ќерка си, нивна крв, плус немаш дете/деца кои би им биле финансиски товар, како што си живеела со нив пред да се вериш, така имаш право пак да си се вратиш дома, а не да трпиш сè и сешто. Вереникот не те нашол на улица, за така да се однесува со тебе. Може твоите се од оние родители што живеат со мислата што ќе речат комшиите, ама ќе си се вратиш со спакувани куфери и ќе им кажеш дека твојот живот е поважен од тоа што комшиите ќе го зборат 2-3 дена, додека не најдат нешто ново за трачарење.
Зошто да те избркаат, не си во добри односи со нив? Нема да те примат дома ако им кажеш дека те изневерува?
Кога ќе му објасниш како тој се однесува, дека не е човекот шо си го замислуваше ќе те разберат и ќе те примат назат, не се плаши.
Море и мајка и татко да ме избркаат и никогаш да не ме примат, ќе просам ако треба и вц ќе чистам и со ваков лигуш, токмак не би седела. Нема жива сила што ќе ме натера да бидам под ист покрив, а камоли кревет со еден ваков недораснат мочко, неизживеано петле. Кои се тие родители кои сопственото дете би си го исфрлиле на улица за некој идиот кој не вреди ни пет пари?! Дај му ги клоците, оти секое едно оправдување што сама си го даваш, се подлабоко тониш. Твој е потегот!
Да не се лажеме постојат такви родители кои се малку заостанати со размислувањата дека раскинување со вереникот е брука и имотот почесто го оставаат на синот наместо да го поделат како што е правилно, еднакво и на брат и на сестра. "Ти си го избрала него, таму седи". Да да, ги има такви уште. Можеби тој тоа го знае и знае дека у случај доколку се реши да го остави нема каде да оди па знае дека нема таа друг избор и мора да седе и трпи а тој ќе прави што сака што не е изговор секако да трпи разни глупости, само гласно размислувам де. @gentle.girl немаш другарка на која можеш да се потпреш? Роднина на која што можеш да веруваш? Да бараш у меѓувреме нова работа и да не зависиш од твоите? Додека да застанеш нозе и се стабилизираш? Да пробаш сериозен муабет неколку пати со твоите? Било кој чекор е чекпр напред наместо да стоиш во место и да не превземаш ништо? Знам дека е тешко, ама верувај, живот со личност како твојот вереник ќе биде уште потешко во иднина.
Кога ве читам вака колку сум среќна што Бог ми дал сила да ги завршам токсичните врски што сум ги имала,не дека не сум била изманипулирана,сум била,ама не завршив со токмаците и кога ќе го сретнам едниот посебно,секогаш во себе си велам,фала ти Господе што ме спаси. Секој може да биде заслепен и манипулиран ама тоа треба да биде период никако судбина,никако свесен избор на таква иднина и живот. Бегајте што подалеку,посебно ако немате деца.
@gentle.girl девојче, се надевам не мислиш сериозно дека ваков с*рко(извинете на изразот ама не можам да најдам по соодветен термин), вакво себично створење има грам доблест и муда да се самоубие. Немој да се лажеш, тој спие со тебе, а само што ќе ти го сврти грбот за други размислува. Посебен круг во пеколот за сите (не)родители што ги третираат женските деца како да се најдени на улица. Како можеш сопственото дете да си го оставиш да страда, колку треба да си нечовек.
@gentle.girl Не си терет, воопшто, не размислувај така. Размисли само колку ќе ти олесни кога ќе ставиш крај на ова измачување. Биди среќна што немате деца, затоа што после потешко ќе биде, и за тебе и за детето. Ете, за старт поразговарај со роднината, што порано, тоа подобро.
Џабе не рекле " испод мира триста вира", мисли си само ти дека не е заводник. Тие таквите се трај си , прај си. Чекај чекај, тек ќе те читаме низ темиве тебе.
Лесно е ова да го напишеш, ама стави се на нејзино место. На душа ќе го носи цел живот ако овој се утепа пред нејзе
За што поточно да го носи на душа? Затоа што не му простила што не знаел да го чува во гаќи? Ај не и наметнувајте на девојката грижа на совест беспотребно.
А што треба да прави? Втор пат му се случува ова, истиов проблем девојкава го има напишано и пред неколку месеци. Треба цел живот да си дреме со прстот у нос дури овој нема прекинато да пишува по други? Јас да сум озбилно ќе отидам кај неговите, ќе им кажам каква е ситуацијата, повелете број од психијатриска установа, синот ви е суицидален, ама неверен и јас веќе немам ништо со него што да правам. Да видите како нема веќе да се закануваат дека ќе се убијат. Самоубиството е најстрашно нешто и никогаш и не е играчка за некој кретен да го користи тоа во обид жена да си зачува. А и родителиве од девојкава, јас најсериозно би им отишла и би ги удрила со свој камен по глава. Би им рекла сакате ли цело семејство да ни го срами, цел град да ни се смее? Сите знаат дека ме изневерува, дури мажени жени на кои им се пушта ми пишуваат дека ги замара. Кога ќе ги мавнеш по тоа највише ги боли. Некогаш сопственото дете не го гледаат толку, колку што си гледаат углед и чест во град. Крај краева млада е и работоспособна, со ситуација каде треба да се грижи сама за себе. Работа и кирија, како огромен процент од младиве во државава. Еве сум, работам две работи и плаќам кирија, значи можно е, ама вакви мочковци не можам ни една милисекунда да ги трпам.
Девојче бегај на време. Верувај кога ќе дојдат деца, уште полошо ќе биде. Таков манипулатор не ти треба во животот. Среќа на време што си увидела..... И бившата на маж ми ќе се фрлаше под воз, па ист викенд свадба правевме.....