Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.418
    Допаѓања:
    60.306
    Пол:
    Женски
    Па речи му. Не ти е срам да ме оставаш со 10 евра на таа плата што ја земаш? Не е дека легачиш, ќе научиш јазик и ќе си почнеш и ти, нема цел живот од него да зависиш.

    Мораш малку поостро, џабе тука пишуваме ако ти не си побараш јасно и гласно тоа што треба.

    Мене би ми било срам така да го гледам партнерот дека се мачи, се труди да се инкорпорира во ново општество и воопшто да не му помогнам, а можам.

    Мизерија.
     
    На sj *O*, Stressed Out, bicycle и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.263
    Допаѓања:
    18.377
    Ми делуваш како малку да си ја преиспитуваш одлуката дека си влегла во брак. Кон тоа го насочуваш проблемот, како изговор ти се парите.
    Во брак има искрен и отворен разговор, пробај да си го спуштиш егото и да поразговараш отворено ,јасно и гласно како овде што пишуваш.
     
    На sj *O*, sunshinebabe, Осе и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Lalija2

    Lalija2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Се преиспитувам затоа што тој за мене не мисли. Ме праќа во маркет не ми дава пари, ме тера со метро да одам по курсеви а не ми плаќа карта, бара да јаде торта а не купува тоа што е потребно да се направи торта. Имам пари од порано што си имав на страна ама и тие се потрошија и веќе немам ни јас од каде а тој си свирка. Зошто влегува во брак ако не му одговара на жена да купи карта,јадење, јакна било што. Знае дека учам по цел ден пола ден на курс пола дома, плус учам за мојата струка на друг јазик. Ни Господ не го создал светот за еден ден, и за мене треба време да мрднам од место во оваа држава и воопшто да почнам да заработувам.
     
    На sj *O*, 1209, sunshinebabe и 7 други им се допаѓа ова.
  4. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    3.057
    Им било непријатно од мажот да побараат пари, божеее (facepalm)
     
    На sj *O*, sunshinebabe, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Lalija2

    Lalija2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Би барала ти од некој што не му текнува никогаш да ти остави или даде?
     
    На Youknow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    Тогаш седни и поразговарај најискрено со него. Може неговата страна на приказната е друга. Кажи му се што те мачи, кажи му како се осеќаш. Кажи му дека парите не ги бараш за којзнае што туку за основни потреби и објасни му дека треба да има повеќе разбирање, дека стварно се трудиш со курсот и чекаш да се среди тоа, дека ти треба поддршка од него, поготово сега додека уште немаш работа.
     
    На Осе и Mnik им се допаѓа ова.
  7. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    3.057
    Би побарала од маж ми, со него сум одбрала живот да делам, и во добро и во зло, и во здравје и во болест.

    Не му текнувало самиот, леле страшно. Ти зошто не си директна со него туку пишуваш на форум? Ми требаат пари, дај ми 500 евра за месецов. Толку. Едноставно е, ама ти ја комплицираш работата.

    Ти потенцијално би имала проблем ако тој те мафта после овој муабет, не ти дава, те замара со глупости. Вака само му вадиш муабети, ги гледал сметките од продавница...па и јас ги гледам ги споредувам после овој ценовен шок што го доживеавме. Тоа ме прави стипса?

    Ако ти е непријатно да побараш финансиска поддршка, како планираш живот да градиш со него? Зошто ко така си се мажела за него?
     
    На sj *O*, sunshinebabe, strangewoman и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.926
    Допаѓања:
    6.154
    Пол:
    Женски
    Не просиш, сопруг ти е. А кога ќе имате деца и ако мора само тој да работи ти да седиш дома, и тогаш ќе се мислиш како пелени ќе купиш ако нему не му текне?
    Кога сте излезени заедно кажи му ај те молам застани кај банка да извадам пари. И не објаснувај многу зошто што и како, кажи ми требат. Ако почне да се инати тогаш веќе отворен разговор, кажи си се што имаш
     
    На sj *O*, Осе, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.949
    Допаѓања:
    90.139
    Пол:
    Женски
    @Lalija2
    Мене не ми е јасно како можете да живеете така,сопруг ти е и сами сте кај што сте.Значи еден на друг сте се.
    Отворено се зборува и се кажува,нема мое твое тоа треба да е ваше заедничко.
    И неговите примања и утре задутре твоите,какви се овие поделби и прашања кои се поставуваат.
    Не ми сте јасни не се запознавате ли не си ги знаете ли навиките,начинот на кои функционирате еден со друг (facepalm)
    Од тоа што прочитав јас мислам дека не ти е само проблем оваа со парите туку ти се запрашуваш и како во брак со ваков човек во иднина?
     
    На sj *O*, sunshinebabe, snegulkata и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Lalija2

    Lalija2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Моето двоумење за овој брак е поради неговиот однос. Тој прави да немам слобода да барам од него. Кога де брои и никогаш не дава како јас да одам и да барам. Секојдневни гледам дека не му е битно како живеам без пари.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.263
    Допаѓања:
    18.377
    Колку време бевте претходно заедно?
    Живеевте ли заедно пред брак?
     
  12. Lalija2

    Lalija2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    2 години, не живеевме заедно ама на гости доаѓав по 3 месеци редовно.
     
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.949
    Допаѓања:
    90.139
    Пол:
    Женски
    Ама си зборувала ли со него отворено,ете тој можеби не мисли дека е така,туку ти имаш ваков став и размислување.
    Да прашаш и да кажеш на човек што ти е се тука до тебе,не е ниаков срам,ниту просење како што велиш ти.Сепак добро заработувал тие се ваши пари не се негови само.
     
    На sj *O*, Oneo, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    @Lalija2 треба да напраиш муабет со него.
    Сите тоа ти го кажавме, пошо ние од овде не можеме да ти помогнеме, освен пари да ти даеме
    или дома да ви доеме да го натепаме хахахаха
    треба да му кажеш дека периодов дур не идеш на работа, дека ќе ти требаат одредени финансии за живот
    договорете се за некој износ, на месечно ниво кој би ти го давал
    ти глеј забрзано да го научиш јазикот
    ако е руски или германски пиши ми, ќе најдеме и на интернет негде.
    значи, мора да праиш муабет
    и не го глеј ко просење тоа
    само треба да си ги кажеш потребите
    за шо ти е маж, ако не моеш да му кажеш?
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    2.341
    Пол:
    Женски
    Пресекувај на време, да не си тргаш маки цел живот. Братучеда моја таков маж скражавица има. Бел ден не виде жената. Тој толку стиснат, што мисли едни панталони се носат дур не се излитат, па после нови. Ако купи нешто низ нос и излегува. Таа сирота како се носи, за греота е. Ама воспитано патријархално си го трпи. И дечиња имаат, тој не се смени. И од нив крати само да ги калапи во банка.
     
  16. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    3.994
    Пол:
    Женски
    Верувам таа да имала, немало да се мачи и да учи јазик од 0, на курсеви и што уште не ако имала Се од дома (сите знаеме како живее работниот народ во мк ) Но, не го оправудам ни неговото, кажи му отворено дека бар за основни работи мора да имаш џепарлак, договорете се,израчунајте дали двневно,неделно или месечно и колку да ти даде.
    Доколку не се согласи, ти си знајш најубо како да си постапиш
     
  17. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Ако не работиш не можеш да очекуваш да ги имаш сите задоволства, стави се и ти на негово место ти само да работиш а тој да троши како ќе се чувствуваш. Овие месеци додека да почнеш да работиш направи си приоритет што имаш за што ти требаат пари и разговарај со него. Јас кога се зедовме со маж ми не бев вработена ама парите секогаш маж ми ги оставал дома на место каде што и јас знам каде стојат, што и да ми било потребно сум купувала ама пак јас сум карактер што си ги пружа нозете колку ми е долга чергата и никогаш не сум трошела пари без потреба и тој тоа го знае. Не сум дошла до ситуација да барам пари за улошки. Ама пак и јас бев свесна дека не можам да си купувам облека за мене а тој само работи. Купував нај неопходно. Најдобро со него отворено да зборуваш. Извини вака а колку години имаш вака по мислењава ми стоеш како многу млада.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  18. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.357
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    Поглуп муабет немав прочитано
    Таа вика дека за основни работи и требаат пари а не за луксуз. Јас ако не барам од маж ми од ко ќе барам ? Тој зарем не гледа дека таа оди на курс па во маркет требало нешто? Не знај да праша дали и треба нешто?
    Скржав и незаинтересиран за неа во туѓа земја.
    @Lalija2 разговарај и кажи дека ти требаат пари за основни работи. Види како ќе реагира ако почне да се буни тогаш сериозно разговарај на ова тема. Значи само со него мораш ние џабе да си гаѓаме вака било така било
     
    На sj *O*, 1209, flower30 и 20 други им се допаѓа ова.
  19. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Па таа сама кажа дека не го интересирало дали има јакна и незнам ти што. Можеби и членката има премногу очекувања. Мене ако маж ми не ми каже немам тоа и тоа јас од каде да знам дали има или нема. Така да и таа треба да си каже, за јадење исто така треба да си зборуваат. Едноставно двајцата да седнат да зборуваат. Јас и маж ми така функционираме, кога се зимат платите правиме план за цел месец за сметки да се платат, за храна, за бензин и што остане за непредвидени трошоци. И двајцата знаеме каде стојат парите ако на некоб му притреба, така беше и кога не работев. Ама од пишаното на членката имам впечаток дека членката има големи очекување и сега гледа дека не е баш така и го напаѓа мажот дека е скржав.
     
    На sj *O*, Mnik и MG3 им се допаѓа ова.
  20. Corika

    Corika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2022
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    2.521
    Пол:
    Женски
    Boze me sacuvaj sto napisa? Ako ne raboti ne treba ni da jade? Kakvi crni luksuze devojceto nema eden gevrek da kupi dodeka se trudi da nauci jazik za da bi rabotela? Ocigledno e ili Germanija ili Avstrija? Znaes li deka tuka ti treba pari za prevoz? Treba pari za voda? Treba za se....ako ne raboti ne znaci deka yreba da se izivljava so nea... tipceto dobro e znael deka stom ja zima za zena minimalno 1 god nema.da ima primanja,mora da nauci minimum A2 za vo fabrika,ako si ima dobra struka treba i do C da se odi... ne e taka lesno bre zeni kako sto vikate,ne rabotis i tocka mizerucaj...

    @Lalija2 razmisli si dobro so kakov zivees,stom cim si padnala na negov grb promenil ponasanje... mila ako znaes makaj malku pokusi da vlezes nekade na rabota,pa postepeno se dosovrsuvaj so jazikot za tvojata profesija... od tvoite ne baraj,ke gi nasekiras a so tvojot sedni i ubavo razmisli si... dokolku ti trebat knigi gi imam site do C jas ke ti gi dadam samo nemoj da se skratuvas od ucenje
     
    На sj *O*, Carpe Diem New, bicycle и 6 други им се допаѓа ова.