Kade procita ti deka clenkata ima golemi ocekuvanja? Ako kniga od 15 eur e golemoto ocekuvanje, togas ne znam drugo sto e..
Можам да барам од моите ама јас во странство мажена да барам од родители од Македонија. Тој работи тука со факултет, на добра позиција е ажена му нема 10 евра во неа… Срам ми е да го кажам ова дома, до која точка стигнав. Еве и да работам( брзо ќе почнам) , зошто би била со маж што не се интересира што јадам што пијам,дали имам јакна, и дали имам пари за превоз. Еве од ова заклучив дека таа сака луксуз.
Па добро сега ако превозот и јакната се луксуз тогаш со сигурност девојкава е спонзоруша Боже ме сачувај
Големи очекувања се ако сака партнерот да и покаже дека се грижи? И како тоа нема да примети ако нема јакна пример, па ваљда гледа дека излегува тенко облечена на ладно време ако веќе не знае каква гардероба има. Сум израснала со човек што му беше битно парите во џеб и се намирено, епа како? Се надевам дека не е таков, мораш отворено да разговараш со него. А тоа дека не се интересира како се снаоѓаш во друга држава и како ти поминува денот и мене би ме повредило и би се запрашала со каков човек сум во брак.
Не реков дека ако не работи не треба да јаде и да пие ама не може да очекува да биде како кај мајка и, тато носи, мама меси, а јас само излегување да терам.
Еве тој плаќа и излегувања, и храна и стан, а таа не купила ништо за таа пола година за неа, а прашање е дали тој си има купено нешто за него. Од ова гледам дека има големи очекувања. Едит: Јас не велам дека ако не работи не треба да јаде ама од погоре напишаното мене ми делува дека е млада личност која од дома мама и тато до скоро и даваа џепарац и и плаќаа сметки и храна и очекува тоа и маж и да го прави. Да бидеме реални на денешно време кога е се неизвесно и кога има поскапувања на сите продукти не е тоа само во МК така е секаде не може да имаш очекувања со една плата да се подмират сите трошоци и да се лутиме дека за пола година брак си нема ништо купено, па добро од порано нема ли облека.
Подобро би било да се воздржиш од претпоставки, а уште подобро е да не даваш свое мислење на темата. Пола година не е ништо, не знам дали живееш во странство за да можеш да сфатиш колку е тешко на почеток, посебно кога не знаеш јазик. Од каде знаеш ти какви очекувања има девојката? И од каде знаеш дека мама и тато и плаќале се?
А дома тој случајно да не чисти, готви?Многу глупи размислувања имаш.Ептен големи очекувања има аиии леле ЛВ ташна му бара па тука плаче,бунди,скапи парфеми,скапа козметика.Зошто се женел ако мисли така да и прави.Ти кажуваш дека не знаеш на маж ти што му треба од облека дур сам не рече.Јас за мојот маж знам што треба да обнови од гардероба дури често знам сама да му купувам.И треба да и купи и облека и потреби што ги има една жена и подобро да и пружи од тоа што го имала кај нејзините.
Зошто најлесно е да кажеме само откачи го, тој е скржав. Ова е форум и секој може да си даде мислење. Тоа е моето мислење, не мора да биде точно ама не мора пак ни твоето да е точно. Членката нека каже во Мк дали работела и што. Јас на грбот на сопругот живеев 3 години ама никогаш не сум дошла на форум да пишувам вака така. Едноставно сама бев свесна дека доколку сакам работа на струка треба да жртвувам нешто, неможам да очекувам да имам од пиле млеко а само една плата. Дај бидете малку реални. И никогаш ама баш никогаш не се доведов во ситуација да барам пари. Бракот е заедница во кое нема мое твое, се е заедничко и најдобро е заедно да направат план околу трошењето на парите. Ајде вака обратна да е ситуацијата таа да работи а тој не. Тој да учи јазик пола година овде сите ќе кажете откачи го тој те искористува. Што сака повеќе од тоа.
Никој не кажа да го откачи. Советите беа да разговара со него. Членката нема потреба тебе да ти се оправдува дали работела нешто во Мк или не и ако да што или ако не поради што. Исто така членката никаде не кажа дека очекува од пиле млеко да има или да купува најскапа облека. Она збори за основни потреби! Ако е така, зошто ти три години ништо не работеше? Како не се доведе во ситуација да бараш пари, кога велиш дека три години ништо не си работела?!
Ете така парите се дома не се ниту кај мене ниту кај него. И двајцата знаеме кај стојат и секој си зима колку му треба. Ама секогаш на почеток на месецот си правиме план, колку ни се трошоците и колку ни остануват за трошење. Јас кажав зошто не работев на почетокот, ама и не очекував со една плата да сум како некој со две плати,бев реална.
Сигурно и пред да се земат и двајцата знаеле каква ситуација ќе ги очекува. И тој знаел ваљда дека ќе треба да и помогне финансиски дури почне да работи? Она никаде не пиша дека е со него за тој да и го финансира животот, туку дека моментално ситуацијата е таква. Ете и ти погоре си пишала бракот е заедница нема мое, твое, а пишуваш дека девојчето имало преголеми очекувања. Што ќе се деси ако некој месец тој остане без работа, она треба да не се замара за него? Можеби е млада и не знае како да постапи па пишала тука. Сама е во друга земја без грб. Грешката нејзина е што не разговарала со него, ама кога си со некој човек го научуваш и знаеш што можеш да збориш со него и дали ќе те разбере. Ете од колешки од работа што слушам и од другарки во брак сите кријат пари и мажите од нив и жените, а јас со дечко ми се на купче дека уште од почеток така сме си, се делиме. Сите се различни не знам сите што ја нападнавте веднаш.
Мене повеќе ме интригира фактот што не разговарате отворено со партнерите. Излегува дека стапувате во брак со непознати лица. Многу едноставно се кажува. Ти планираш да ми дадеш пари? Ако продолжи така да се однесува, од сабајле до вечер ќе му зборам. Ако од вашите партнери се воздржувате од комуникација, тогаш сте на многу лош пат. Не ја разбирам потребата од брак ако не си сте тука еден за друг и да си помагате.
Епа не е исто твоето и нејзиното. Таа нема пристап до парите како што си имала ти. Што значи дека мора да го моли за улошки. Пошто ако и остави како што ти оставал тебе сопругот нема да треба да бара и со тоа да се нервира. И да, у маркет за 10 евра не можеш ама апсолутно ништо да купиш. И јас не прочитав дека девојката сака луксуз. Храна за нормален живот не е луксуз.
Значи и тебе те финансирал сопругот, само што твојот во случајот бил свесен дека ти требаат пари за да преживееш, нејзиниот не е. Ова не значи дека ти треба да коментираш дека девојката бара луксузни и скапи работи, а ти си била реална. За да купи книга за курс, ако за тебе не е основна потреба, тогаш не треба да даваш мислење во темата, ниту да се дискутира со тебе.
Јас не ја нападнав само кажав дека треба да разговара отворено со маж и, не треба да очекува да му текне нему да остави пари. Може работи од сабајле до вечер и тој треба да мисли и за тоа. Едноставно гледаш првиот месец е така, вториот месец кога ќе зема плата седнувате и разговарате отворено овие пари се од платата, трошоците за кирија, храна, превоз се толку и еве колку остануват. Таа да си каже мене за часови ми требаат толку пари. Заедно да одат да пазаруваат за дома. Незнам зошто пак вие го напаѓате него бил скржав.
На факултет работел пиша, не работи 12 часа на ден молер па да е уморен.. Академски образован граѓанин, да нема трошка емпатија кон својот животен сопатник.. Што кога ќе имаат деца, треба да му вика на секое снемување памперс, памперсот се потроши, детето во понеделник се искака 6 пати, во вторник 8 пати, и до едно парче памперс да му објасни како ги трошела за да има покритие на парите што ги дал.. Ако нема осет дека она има потреба од интимни влажни марамчиња, кафе на факултет, пари за книги, влошки, чизми, јакна, облека друга, па и шминка не е луксуз да си купи, правење нокти не е луксуз, одење на фризер не е луксуз, забар не е луксуз, тоа се се основни потреби, ако нема осет за неа, утре за децата па ич нема да има осет.
Јас убаво цитирав каде членката вели за пола година си немам ништо купено. Поубаво кажано од ова здравје. Не е за книгата работата.