Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Каде го пиша тоа
     
  2. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.527
    Допаѓања:
    12.706
    Пол:
    Женски
    Со факултет пишала, јас на факултет разбрав, нема врска.
     
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Па добро де. Значи потенцира дека си ускратува од своите потреби и се сведува само на најосновните, за да не троши многу негови пари. Не знам како сфати дека девојката бара луксуз.
     
    На sj *O*, sunshinebabe, Watermelon96 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Па баш од тоа се жали дека не си купила ништо, а не спомнува дали тој си купува.
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.094
    Пол:
    Женски
    Ако јакна е луксуз за храна што ќе остане? Што ќе биде храната,книгата? Кавијар, вила…
    И што е срамно да бараш од Македонија пари? Родители ти се, ќе ти помогнат.
    Срамота е да кажеш дека јакна било луксуз.

    А кај ти прочита дека и плаќа излегувања. Ај најдобро според тебе нека биде робинка, домакинќа. Затоа е мажена. :drunk:

    А кој побогу те праша за твои пари и како ти се договараш со маж ти? Не си ти тема на муабет. И кажуваш дека е себична барала луксуз. Тебе маж така да ти рече светот ќе го превртиш. Не пласирај совршен брак.

    Не е скржав туку прост. Она има манири очекува тој да и даде пари, и нормално маж и е. Има право да бара, особено ако не работи и учи курс за да се вработи. Срамота е да не може една јакна да си купи,а тој да искача да шета и нејзе да не ја регистрира. Жално е ако немаш подршка од маж ти и ако не е свесен дека ти студи, дека облеката ти е мала и дека си несреќна. Ебате таков партнер.
     
    На sj *O*, Stressed Out, bicycle и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Јас не прочитав дека се жали за тоа!
    Проблемот е што мажот и нејзин, не и дава пари за основни потреби!
    Читај како што е напишано. Не толкувај по свое!
     
    На sj *O*, sunshinebabe, elenaklasik и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    За пола година во брак да бара јакна, ако не била во брак јакна кој ќе и купил. И не кажав јас дека е срамно да бара од нејзините од мк пари таа си кажа и мене тоа ми боди очи демек јас сум мажена во странство и овде имам се. Мојот маж работи во странство и е со факултет и може и мора да ми овозможи се. Криза е секаде во светот.
     
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Престани со толкувања!
    Никаде девојката не пиша дека мажот и МОРА да и обезбеди се, но додека учи јазик и да најде работа, човечки е да и помогне на својата сопруга.
    Ако не, без јакна нека иде сега во зима, зашто според тебе јакна да има некој не е основна потреба! Потсети се се што ти купуваше и како живееше во тие три години. Сигурно гола не си идела!
     
    На sj *O*, Stressed Out, Luna91 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Колку брачен стаж е неопходен за јакна да и следува?
    И што да праи до тогаш, да шета нагрната со јамболија, или најубаво ич да не излегува, арч да не праи?
    И ти ако не беше во брак тие три години, кој ќе те издржуваше?
     
    На sj *O*, Stressed Out, Luna91 и 29 други им се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.527
    Допаѓања:
    12.706
    Пол:
    Женски
    Не се трипајте за 30-40 евра јакна, и чизми, 100 евра највеќе да фати сѐ, треба да смрзнува додека да почне да работи? Па ако и било за да трпи глад, и да оди гола и боса, испопарталена што се мажела за овој, можела тоа сето и сама да го трпи во странство додека да научи јазик и да се вработи..
     
    На sj *O* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Summer wine

    Summer wine Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2022
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Сопруг ти е и со него додека пиеш кафе ќе си ги кажеш маките и ќе решите проблемите, а не на форум да бараш спас. И најубаво ти пиша некоја членка погоре да ти даде повеќе пари за подолг период да не му бараш ден за ден.
     
    На sj *O*, hermosa, sunshinebabe и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Сигурно додека не е била во брак имала и јакна и облека не одела гола.
     
    На MG3 и Mnik им се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Значи ти во тие три години, ништо не си купи, никаква облека, ниту јакна, ниту долен веш, ниту обична маичка.
    Браво! Од каде купуваш, па се се толку голем квалитет?
    Или предлагаш на членката да не купи ништо, да иде со скината јакна за да не бара од сопругот.
     
    На sj *O*, Luna91, bicycle и 7 други им се допаѓа ова.
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    7.189
    Пол:
    Женски
    Па искрено и должен е да и овозможи пристоен живот. И не, не е исто да се омажиш во ист град/општина и да смениш живеалиште, па и дури да идеш во скроз нова држава и да почнеш од нула. Во тој случај и те како ти треба подршка и материјална и психичка за да се снајдеш и осособиш сама да печалиш.
    И одењето на курс и изучувањето на нов јазик и исто така работа и инвестиција која после ќе резултира со подобри приходи во заедницата. И да на сопругот му е обврска да ја обезбеди финансиски, кога она одлучила дека ќе остави цел еден живот зад неа, ќе ризикува и ќе појде кај него.

    @Lalija2 ќе си седнеш и ќе му објасниш дека не ти е убаво што си постојано без средства и дека не се осеќаш сигурно така. Според мене решение не е секој ден он тебе да ти дава пари и да си ограничена со буџет. Не знаеш кој ден што ќе ти се задеси и колку пари ќе ти притребаат.
    И јас на почетокот бев како тебе, се преселив и почнав курс. Додуша две години нон стоп учев и бев по курсеви и испити. Сите беа интензивни. Почнав од А1 па сега сум Ц2. Постојано изморена по 4 часа на ден курс и 2 часа за домашно, немав сила да работа. И не можев, не знаев јазик.
    Мене сопругот иако секој ден ме прашуваше и ми оставаше пари, не го гледав како решение тоа. Башка кога сегде се плаќа со каричка.
    Ние отидовме во банка и ми направи полномошно на сметката. Добив втора картичка и далеку подобро и попрактично ми беше, отколку ќеш.
    Дури и сега години покасно уште имам полномошно, иако веќе со години си заработувам сама.
     
    На sj *O*, Kaja991, sunshinebabe и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.989
    Допаѓања:
    135.253
    Пол:
    Женски
    Ве молиме дискусијата да се одвива без навреди едни кон други. Кажете си мислење, дадете совет, убаво искажете се. Ако забележете несоодветно однесување пријавете, не ја продлабочувајте кавгата.
    Секое несоодветно однесување ќе биде санкционирано.
     
    На ЕмајотаП и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    5.588
    Пол:
    Женски
    Zosto moeto posledno mislenje e izbrisano?
    Sto mu falese?
     
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ама чекајте бе луѓе, како она што незнае дали членкава има друга јакна ама бара нова, така и вие не знаете дали она нема воопшто никаква јакна. Мене не ми е верно дека шета само по дуксер или џемпер, дека до толку нема јакна од порано, ама ете ако сака нека каже, па да не ја терате дискусијава во погрешен правец.

    @buba4e89 имаше членката пишано меѓу првите мислења, дека се плаќал он, и излегувања.
     
    Последна измена од модератор: 10 јануари 2023
    На Мамичка и MG3 им се допаѓа ова.
  18. Lalija2

    Lalija2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Дечки благодарам на сите за советите.
    Маж ми занеше што ме чека мене во странство и секогаш зборуваше дека нема мое/твое и дека нема да осетам разлика. Ама сега не е така, немам денар во мене еве и сега дома сум се вратив од курс тој е на работа и да ми треба сега 5 евра немам во мене и нема дома. Едноставно не ни прашува. Читам дека една членка имала полномоштво од маж и за неговата сметка, знам пример каде што маж и жена имаат заедничка сметка и сите пари од двајцата одат таму. Мојот маж за пари никогаш неѓа зборувано со мене освен на почетокот кога се беше “наше”.
    Друго, не сум ни спонзоруша ни очекувам да ме рани и дотерува ама во брак од кој друг да барам кога учам јазик до Ц1 кој 50% државата го финансира и морам да одам секој дем. Дипломиран биоинженер сум, учам јазик за да добијам работа во струка, ќе почнам да чистам додека да научам јазик, ама за сето ова време додека трчев да средам документи (адреса, престој, осигурување) трошев ситна заштеда од Македонија и дали 30 евра ми има дадено за 6 месеци. Кога бев во Македонија мајка ми ми купуваше алишта бидејќи мислеше дека немам ништо купено од што цел ден учам а не дека немам пари. Пред некое време му спомнав, тој ми кажа да барам кога немам пари. Е сега да лесно е , ама секој ден да барам по 20-30 евра како да просам не сакам и да се чуствувам непријатно. Не знам дали намерно или не тој со паричникот оди и во вц. И да, се дотерува тој редовно, скапи парфеми, ресторани и се по ред. Плаќа дома се да, ама јас цела зима бев на капут што го носев од Македонија и што не беше зимски, јакна си зедов од дома што ми остана бидејќи дојдов со еден куфер. И не е до немаштија, тој е тука пола живот не е од вчера и тој е инженер, и не барам кули и вили ама една чоколада ако земам што тој ја купил се осеќам бедно.
     
    На NoirSerpentine, sj *O*, eli25 и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Зошто не му бараш секој ден?
    Ако нешто промрчи, кажи му дека не си дошла таму кај него за да живееш како просјак.
    Зошто чувствуваш нелагодност.
    Маж ми го чувствувам како најблиското нешто. Ако ми треба, му барам, ако спие, му земам. Не се лути, жена сум му.
    Ако и тоа не успее, ти си имаш поголем проблем од немање јакна.
     
    На oblace1, sj *O*, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Lalija2

    Lalija2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Не знам, непријатно ми е. Тој сам никогаш ми нема дадено, како секој ден кога ќе станам сабајле да му кажам дај ми пари. Секогаш ќе треба да се објаснувам за што ги барам.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.