Подобро во Македонија да живееш отколку таков живот во странство. Знам многу така што странци им ветуваат бајки и фантазии, се лажат по виза и странство, странец бил модерен, подобар од нашите мажи тука, таму излегува ништо не е бајно и сјајно и многу често има разводи. Не си ни прва ни последна на која ова и се случило. Може сте се запознале на интернет и не сте се знаеле доволно или сега си покажал право лице, само не личи на некој прекрасен човек.
Наш е, се знаеме долго време ама кога почнавме врска тој веќе беше неколку години во странство. Нема правила, луѓето се тешки манипулатори.
Девојче животот е долг и никогаш не знаеш што може да ти донесе. Најубаво ти реков ако нејкеш отворен разговор побарај му 10 евра од денес за утре можеби (во твојата глава) ќе се понижи еднаш ама ако не ти даде ќе знаеш на што си и срамот е верувај негов не твој. Еве јас цел живот работам останав трудна, родив детето не можев да го запишам на 9 месеци некако едвај го запишав на 10 во градинка. Останав без работа. Еве ја година и 2 месеца е и дома седи од што не може една недела здрава да сврзе, најдов некоја работа ни по струка ни по ништо отиде јабана нема кој да ми ја чува кога е болна. Ишто треба да прави маж ми? Да не остаи Без скршен денар? Не бе златна... Сите пари што мои што негови стојат на едно место, јас да барам за пелени ли треба или за улошки? Мисли додека ти е време.
Па ова е главниот проблем, а исто многу влече за мајка му и сестра му. Еднаш пред нив ми рече да ми даде картичка за нешто и од тогаш ништо од пари и картички. Морам да кажам и дека има можност тие да му зборуваат нешто ма таа тема ама немам докази. Бидејќи зошто ако ми кажа така од еднаш се смени,а муабетот по некоја случајност тие го слушнаа.
А баш сакав да ја спомнам множноста за влијание од надвор... Тоа што свекрва може да ти скрои од позадина друг тешко...
Dali nekogas te prasuva kako si? Dali si vklucena vo negovite planovi? Dali pravite dogovori,primer sto ke se gotvi,kade za vikend? Za vo idnina? Drugo sto me stvarno interesira e dali zbori skrisno so negovite? Ili so prijateli dali si vklucena vo razgovori ili ednostavno ako on saka da se odi nekade se odi i tocka tvoj zbor ne se slusa/pita... kako negovite se ponasat so tebe? On so tvoite?
За се друго се договараме и никогаш немаме проблеми за тие работи. За иднина заедно се планираме, тој вака се однесува добро со мене. Проблем е само тоа што за пари кога се работи го нема. Со татко му сум во супер однос, мајка му се прави дека не постојам кога се јавува, ни да праша ни ништо, како син и да е сам тука. Сестра му исто знае да провоцира и да бара пари индиректно или мајка и да бара за неа. А ништо лошо лично не сме имале
Dobro i mojata znae da zbori vo ednina oa mojot ja potseka deka sme.mnogina,i mojata znae da si bara pari pokloni no nikogas ne e zemal/pustil bes da mi kaze...kako on na toa reagira? Primer koga ke go prasa so pravas sine? Odgovara vo ednina ili veli: nisto eve sedime so lalija,zbori vo mnozina?
Можно е да му ја имаат наполнето главата, ако самиот тој дозволил. Ама сепак, ти си му жена. И не може во рок од шест месеци знаејќи дека немаш пари да не ти даде ни триесет евра. Кога ќе зборуваш со него за картичката, прашај го дали неговите имаат некакво влијание и види што ќе ти одговори. Мислам по реакцијата можеш да приметиш дали неговите му рекле нешто. Јас да сум би го прашала, ама за тебе не знам навистина, не се срами за пари, тој ти е маж. И нека не ти биде тешко да зборуваш отворено со него, мисли на иднината со таков човек.
Има голема веројатност од таму да дува ветерот. Мојата му ја пребројувала заштедата на мм додека бил сам. Сакаше да продолжи со контрола и откако се зедовме ама овде наиде на ѕид. Од свадбата сакаше тие да ги земат собраните пари со нив дома за она да ги преброи ама на крај остана само со буќетите в раце да ги однесе, за инает и бонбониерите ги оставивме во колата со нас (ние останавме во хотелот таа вечер). Се нервирам значи какви идиоти постојат.
+ако приметиш дека неговите му збореле, тогаш те советувам убаво да размислиш дали сакаш да продолжиш со него или да имаш деца со таков човек.
Ништо чудно да му зборат, гледај да не ти ги троши паричките, сега таа не работи, ти р'мбаш, не дозволувај да ти ги јаде за глупости, да останеш без ништо.
Јас би со картичка. Мислам дека подобро ќе се осеќаш кога ќе можеш да си извадиш колку ти треба, отколку постојано да го потсеќаш дека треба да ти остави.
Мене не ми е јасно. Кажуваш дека си пола година во странство и толку не успеа било каква работа да најдеш, макар за викенди стан да чистиш, во ресторан или на други места каде што не бараат перфектно да зборуваш. Сигурно не си по цел ден на курс, па и да си по цел ден до сега ќе знаеше колку толку некоја основа за комуникација за да најдеш работа.
Eden dobar muabet ke si napravis ke si objasnis sto imas svoi troskovi i jasno i glasno ke mu kazes deka ti trebat za toa i toa pari i deka treba da ti dade a ako mu potkazuvas samo ili se pravis sramezliva skromna togas ne ocekuvaj nisto.utre dete ke vi se rodi i toa dete si ima svoi troskovi ti dade 20e a so tie pari mleko li ili pampers da kupis.pa daj te molam jasno objasni mu se deka treba da bide maz a ne pederce za da se cenka za sitni pari.
Де бе, луѓе што ви е? Тек отишла таму, као одма треба да се снајде за се. Пола година и не е некој период, а и јасно кажува дека ја чека работа. За кој курац е мажов? Само за убави денови? До толку ли ова, до толку ли она. Утре може ин нема од некоја причина да работи и што, она треба у прслук да ги чува парите?
Коментаров воопшто не е на место. Не е поентата на еден брак да не можеш да се ослониш на партнерот за кратко, кој патем може да си дозволи финансиски да ја подржи заедницата. И зошто да оди да чисти по станови или куќи, да го развлече курсот, па боже мој отишла таму заедничка иднина да градат, не е на печалба. Брак е. Треба да биде разбирање и љубов, не иживување и преживување. Не е човечно така. Башка што воопшто не е едноставно да се научи јазикот и да се опуштиш да зборуваш за само 6 месеци. Години трае процесот на адаптација. Две години не работев само учев, третата волонтирав за искуство. После на два пати најдов работа од прва, значи денес праќам св, утре интервју и почнувам со рок кој јас го бирам. Ако не вложевме во мене, никој пат немаше да најдам солидна работа. Мм има дадено минимум 2000 евра за моите курсеви, плус месечни карти околу 60 евра на месец. Да не зборувам за целосна слобода што ја имав/имам да си дозволам што сакам. Парите што ги инвесиравме во моите курсеви си ги вратив за два месеци и помалку. Тој беше со став дека не сум пошла кај него да сум чистачка. На крај тој ме охрабруваше да најдам работа иако јас не се осеќав спремна. Во тој момент се плашев дали можам и на моменти ми се чинеше дека ми прави притисок, од сегашна гледна точка сум била и повеќе од спремна. Ама промена на средината и вклопување во ново општество и те како може да ти влијаат на самодоверба. И колкав е еден ден, дур на курс и дома и домашно се околу 7 саати. Дома да среди, перална, садови, ручек и да се видиме со маж, поминал денот. Башка исцрпува и изморува постојано слушање на туѓ јазик. Напорно е пошто бара ментална активност. Кога и работа да бара. И зошто да бара кога финансиски не се во криза? Контрапродуктивно ќе биде ако се гледаат работите на долг рок. Па не се за еден ден само. Ако имаат проблем со доверба у брак, треба што поскоро да си расчистат на што се и како се, ако не се осеќаат убаво заедно да не си губат време. А не она да се мачи физички и психички, за ситни пари. Проблемот не смеат да се 400 евра на месецот, колку и ќе потроши. Истите тие пари ги зема тој со даночнато олеснување пошто она е невработена.