Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Баш така. Не ја сфаќаат сржта на проблемот.
    Не е до парите, туку до комуникацијата, а и односот на мажот.
    А и суштината на бракот генерално е потпора и меѓусебно помагање во секој момент, во секој поглед, во секоја животна ситуација.
    "Крстот" може некогаш ќе го носи едниот, некогаш другиот партнер, но со посветеност, разговор и разбирање, сите пречки се надминуваат. За се има решение.
    А и ако жена остане без работа, одма се смета за неспособна и мрзлива, не знам како луѓево се дрзнуваат одма со осуди.
     
    На sj *O*, Stressed Out, Guns N` Roses и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    39.491
    Ова ми забоде очи. Ако е вистина а не преувеличување твое, тогаш мамлазов е се.ко од најдолен тип.
    Се плаши да не украдеш нешто? СаНтАмАрИјА(facepalm)
    И јас дојдов со сопруг во странство и живеев на негов грб можеби и подолго од просечно и купував и луксузи од негови пари. Ама тој е таков тип, галантен и фер. За себе не купуваше многу, не сака шопинг, за мене и за ќерка збор не велеше кога и да седнев онлајн, чак мерак му е ако се дотерав. За јадење и не станува збор. Со "добра" плата бар во западна Европа, се купуваат јакни и јакни и јакни. И ќе остане.
    Учев и јас јазик и после нострификација за да работам што сум учела во мк. Да беше маж ми како маж ти, ваљда ке се "исколевме" , не можам да трпам скржавштина , и точка.
    Некои луге сакаат ваква " tough love" кобајаги да употребуваат, нели она : на запад децата од 16 работат , не чекаат од родителите. Да , се е тоа во ред, ама за некој што не знае јазик и ИНТЕНЗИВНО го учи, 6 месеци се ништо. Да планираше ти цел живот да лежиш, а има такви особи, ќе го разберев.
    Наместо со разговор, овде со пасивна агресивност си праќате пораки. Он те остава без едно кафе на часови дури си, ти од гордост и инает не му кажуваш дека си игра со почитта твоја за него.
    Што знам, отворени карти се играат во брак.
     
    На sj *O*, CameliaMiller, Stressed Out и 21 други им се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Образована, возрасна жена си не дозволувај да те третира како недорасната тинејџерка и да те манипулира, зошто те викнал тогаш кај него? Да му средуваш по дома..

    Ваше си е ама незнам по кој принцип одете у живото и се лажете да тргнете у странство без да знаете што ќе работите и за колку време ке најдете работа.... Некој бре може у проституција да ве принуде ало.. Во странство се оде на сигурно 10000 посто, маните маж, дечко, мажите во денешно време се мамини синчиња, ќе ве издржуваат вас како да не..
     
    Последна измена од модератор: 11 јануари 2023
    На sj *O*, MG3, Мамичка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Вака кога ве читам некои овде се прашувам дали сте исто толку вредни надвор од форумов колку што ѝ се сипавте на членката. Сигурно и вие секој ден одите на школо за да учите јазик, одите и на работа, посветени сте на одржувањето на домот, чистење, готвење, пеглање, тек па посветување на деца и сѐ околу нив....:clap: браво за вас :|
     
    Последна измена: 11 јануари 2023
    На sj *O*, Anturium, CameliaMiller и 17 други им се допаѓа ова.
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.055
    Допаѓања:
    21.436
    Пол:
    Женски
    Мене па друго не ми е јасно. Шо има врска побогу дали е она по цел ден на курс или седи дома затворена или било шо и да прави ко поентата на муабетот беше дека човеков не и дава пари на неговата жена.
    Јас 2 години живеев од парите на маж ми, во Скопје.
    Секое сабајле пред да оди на работа ми оставаше пола од парите шо ги има во новчаник, без разлика дали сум планирала да излезам или да седам дома цел ден. Ете, да ми се најдат за било шо. Може изненадно ќе добијам, дома немам влошка (негови зборови).

    @Lalija2 отворен муабет ти е решението. Отворен муабет е решение за све додуша ама како би постоеле темиве ако се збореше за се со правилните луѓе.
    Напрај си груба пресметка колку ти требаат лично на тебе неделно и кажи му директно. Заработуваш толку и толку, мене му требаат толку и толку неделно, за ваму за таму. Не ми е убаво да ти барам секој ден и тоа е. Не е некоја филозофија освен ако нема нешто подлабоко, е тогаш не ти се парите проблемот :)
     
    На sj *O*, Anturium, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  6. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    28.520
    И одма врати му со сериозен одговор - ти ме заебаваш мене? Забораваш дека не работам ? Од каде ми пари кога ти твоите ги криеш како змија нозете! ? Си ми дал ли за да имам?
    ЗАСРАМИ ГО БРЕ!

    Кажи му - ми треба кеш, ама оти вака нервозно реагираш ми е незгодно да ти кажам за моите основни потреби!


    Значи РАЗГОВАРАЈТЕ! И ако почне со муабетот се е наше заедничко , веднаш покажи му го празнот новчаник и потесети го на ситауциите кога си барала а он заборавил да даде.

    По она што го изнесе на форумот за вашиот брак, мислам дека си имаш работа со скржавец, себичњак, мислам дека си имаш проблем и со мајка му и сестра му кои го ,, учат " како со тебе да се понаша, мислам дека во бракот ќе сте си секој за себе ... Дај Боже грешка да мислам!
     
    На sj *O*, Oneo, ZAHRA и 12 други им се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.527
    Допаѓања:
    12.708
    Пол:
    Женски
    Што ја земал со него кога знаел дека неќе да ја издржува а знаел дека ќе мора да ја издржува, што се женел.. Ако му требало некој да му јаде од храната дома да не се фрли, требало да си земе куче, а не да се жени..
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    може братот мисли дека се живее на вода и воздух?
    дека и дома седење е супер?
    :?:
     
    На flower30, cresa-jagoda и нина122 им се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Да не знае човек дали да ти се смее на муабетов или да те жали
     
    На sj *O*, Anturium, Stressed Out и 15 други им се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.527
    Допаѓања:
    12.708
    Пол:
    Женски
    Не мисли дека се живее на вода и воздух, ама очигледно дека не мисли дека жената заслужува да има пари.. Ок другото, ама не ми е јасно како не приметува дека жената со месеци не отишла на фризер, тоа косата сигурно и е испорасцветана како метла, дека не оди на депилација, дека цела е обрасната, дека облеката цела и е излитена од перење, толку ли нема очи, ќор да е ќе примети..
     
    На sj *O*, cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    у право е до негде чоек
    и ја првото мислење коа и` го прочитав сакав да пишам зошо отишла со празен џеб, ама ми текна дека после ќе треба да се објаснувам со бар 5 жени, и дека неам толку време у животот
    факт е дека не се иде необезбеден, ни до продавница. За у продавница носам вишок пари, не па за у Германија
    неќам да се иживљава вака некоја стока врз мене
    ова е изживување
     
    На sj *O*, AneSk, ZAHRA и 3 други им се допаѓа ова.
  12. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Пиша дека имала пари, ама сите ги потрошила.
     
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    епа, чоекот е дефинитивно стока...
    не знам шо друго да кажам
    муабет уште утре
    ако не развод.
    и нека си ги носи парите у гроб
     
    На sj *O*, ZAHRA, Lady D ❤️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.055
    Допаѓања:
    21.436
    Пол:
    Женски
    У право и не е у право.
    Ако си со погрешен човек, ќе се плашиш муабет да направиш.
    Ако си со вистинскиот, по гаќи да идеш у Германија ќе ти обезбеди се шо ветил
     
    На sj *O*, Anturium, Oneo и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Не е за да се плашат
    Него не знаат.
    Некои може и се плашат, ама за вакво нешо не моеш да се плашиш да правиш муабет, пошто ова е катастрофа реално.

    утре нека не му праи ништо за јадење, саботажа па муабет
    А кој пазари за дома ме занима? Он или заедно?
     
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Јас не би тргнала некаде во странство а да немам работа некој да ме издржава... знае се од старт што те чека.
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Јас сум у странство, од мене почнувам работам по 9 часа, јас 5 месеци во Мк се организирав, и супер ми е, си живеам со цимерки. Јазик повеќе научив на работа, муабет со колеги..во маркети..
     
    На MG3 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Каков е тој брак каде што има поделби на мое и твое?
    Што доколку едниот партнер остане без работа или е спречен да работи поради болест или инвалидитет краткорочно или долгорочно? Нека си се снаоѓа штом не допринесува финансиски?

    @Lalija2 пред да појдеш да живееш кај него не разговаравте за вашата иднина? За твојот курс, вработување? Не разговаравте што дотогаш? Не правевте заеднички планови?
    Разговарате, планирате воопшто нешто заедно?

    Јас мислам дека вашиот проблем е недостаток на комуникација. Ти имаш едни, тој други очекувања, а ни едниот, ни другиот кажува што мисли и што сака.
     
    На sj *O*, Anturium, Stressed Out и 12 други им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    7.202
    Пол:
    Женски
    Да ама нејзиното и твоето не се исто.
    Таа оставила се во мк, за да дојде тука заради него. Можеби имала работа во мк, ја оставила фамилија, пријатели, дошла овде да живее со него. Можеби да не била таа врска со него, односно брак, се уште ќе си била во мк. Ќе бил друг партнер и друга ситуација.

    Ти си одбрала да дојдеш сама овде. Заради себе си. И не ти пречи да живееш во ВГ. Мене ми пречи. Јас не сакам да бидам со други цимери освен со него.

    Еве јас работев ден пред да дојдам. Имав солидна плата и во мк. И дојдов со заштеда овде. Ако ја трошев цело време мојата заштеда ни 6 месеци нема да издржев. 700 евра ми чинеше само првиот интензивен курс. А карта, а книги, а јадење..
    И замисли земав приватни часови германски во мк. Бев околу Б1 ниво ко дојдов, и пак не можев да зборувам. Кога почнав на курс од А1 видов која е разликата да ти предава роден германец и некој во мк. И дома слушав нон стоп вести и радио и јутуб видеа за да научам побрзо. И ко помислам сега па повеќе од 8 саати на ден бев окупирана со учење. Буквално ко втор факултет ми беше.
    Плус пиша дека е со високо образование. Значи и треба одредено јазично ниво мин. В2, претпоставувам Ц1 за да ја нострифицира дипломата овде. И околу нострификацијата има трошоци, кои после се рефундираат и времениски трае неколку месеци. Значи колку поскоро го добие јазичниот сертификат, толку побрзо ќе ја легализира дипломата и може да почне да работи и печали солидно. Значи работа со 30 дена одмор, со платено прекувремено, да смееш да останеш дома болен без некој да ти мрчи. Или пак да имаш избор да не работиш 100%, туку само пола и пак да печалиш ок.
    А без признато образование се знае колку ќе спечали. Мин.саатница на каса, пекара или мек доналс или чистење. А не е тоа целта. Барем мене не ми беше.
    И факт е, за подобра работа треба временски да инвестираш. Или за нострификација или за аусбилдунг да направиш. Ама и во двата случаи ти треба правилно научен јазик.

    И зошто да работи за викенд. Па ако работам и за викенд, а од пон - петок сум на курс, кога ќе прошетам и ќе се видам со сопругот? Па зошто сум дошла тогаш?

    Фактички оставаш полагоден живот, за да се мачиш негде сам без пријатели, без фамилијата, без поддршка. Па не фала.

    И со муабетот јазик научив повеќе во маркет и на работа аман не ми прави смешки. Кој јазик, кој вокабулар, која граматика. 30 вида само на пасив постојат. 3 вида на употреба на модални глаголи. Ако не ги научиш на курс, нема да можеш да се разбереш подалеку од маркет. Како ќе отидеш на лекар или аптека и да се разбереш ко човек. Или пак со агенцијата за вработување и најбитно за интервју за работа. Како ќе им докажеш дека си доволно напред со јазик, за да те земат за работа.

    Нејзе и треба 100% правилна граматика, да е способна да пишува и чита правино. А не со измешани падежи и родови. Каша попара. Се учи јазик со комуникација тоа е точно, но откако ќе имаш солидна база. И тоа комуникација со гермнци, а не со наши балканци, самоуки.

    Со години го учам и работам и го применувам јазиков, па пак некој пат не можам да разберам нешто и барам низ речници што значи некоја фраза. Ќе смешаш еден префикс aus со auf па си кажал погрешен глагол/именка. Или пак службен герански, кој ни родени германци не можат да го разберат.
    Мислам аман.
     
    Последна измена: 11 јануари 2023
    На sj *O*, Anturium, CameliaMiller и 19 други им се допаѓа ова.
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Епа јас дојдов заради себе и затоа немам проблеми а не заради маж.