Решение е членката да си траже работа или да се врате назад во Македонија со сила убавина не бидува, сепак негови пари се и он одлучува кај ке одат.
Мене не ми е. Да се бламирам од маж ми? Мислам не сум отишла комшијата од 70+ години да го прашам за улошки па да ми е блам. Само јас работам моментално, зимам апла надпросечна македонска плата па маж ми да се бламира да ми каже дека нема не знам гел за брада? Што ќе се мажам тогаш побогу ако се срамам од човекот
Не не, саат и пол е само... Ама се правам, перам, чистам, работа 8 саати, чувам дете, готвам секој ден, учам... И тоа е океј, не е несреќен партнер
Не реков во тој контекст, зборам за тие жени дома шо дремат шо не и се работе сакат да се принцези и очекуват од машкото пола од зарадата да и дава на нив.
А дали вие би се нафатиле да работите а мажот да ви учи курс 6 и више месеци, и да нема скапан денар и да траже по 2 3 евра од вас, па гарантирам дека пола од вас би го испудиле како куче.
Погоре кажав дека го правам тоа моментално, у последните 3 месеци. Нити тој е избркан, нити мене круна ми паднала. Секој месец од моја плата ставаме на негова картичка.
Тие шо дремат и не им се работи од ќејф ако си имаат таков договор со мажот, тоа е. Се е ствар на договор. И јас дремев 2 години и се правев принцеза. Ама ако она тоа го очекува, треба од старт да си даде до знаење па на него ако му одговара, топ. Сите среќни. Ако не му одговара, јбг. Ќе си најдат решение П.с. не го очекував јас тоа, корона се задесила
А зошто да не се нафатиш да работиш кога гледаш дека се труди?Едно е он по цел ден да лежи да не придонесува на ниеден начин друго е да гледаш дека оди на курсеви средува дома,готви итн.
I maz, i brat, i dete, i roditel- site bi gi poddrzala ako/koga ima potreba, a sum vo moznost. I obratnoto vazi.
Учење на курс, доедукација, студирање се долгорочен влог за целото семејство. Секако дека ќе го поддржам, ако има потреба и ако можам и хонорарно ќе работам. И ако поради одредени причини остане без работа, ќе бидам со него и ќе му давам од нашите пари за секоја потреба, па и луксуз под услов да имаме можност за луксузирање со една плата. Ќе го оставам ако не работи и троши од нашите пари за да се коцка, дрогира, пијанчи.
Не ми треба на мене дома слуга да ми готве, да ми чисте, треба ми еднаков партнер како мене што 50-50 ке придонесуваме за финансиите во домот, јас киријата, тој сметките, јас храната тој превозот..итд
Полоши од тие што не даваат свои пари се оние што ги земаат и парите на сопругата и ги чуваат кај себе. @Lalija2 не ти е лоша идејата да се вратиш во Македонија. На твое место, јас тоа би го направила. Затоа што не сакам да живеам живот каде не добивам разбирање и треба да молам за да добијам нешто и, друга работа, за да размислам за иднината со таков човек и дали да продолжи бракот.
Абе теоретски може и она мини џоб да најде за 520 евра на месец, 9 саати на недела. Шо значи петок попладне и сабота да нема воопшто време. Недела да се спреми за курсот и толку. Ќе пати слободното време за со маж и, ама ако тоа е цената да се плати. Е тука веќе не ја гледам поентата на бракот ако она 7/7 дена само со обврски е и се измачува крај со крај да сврзе. А не се зависни од тие пари и нема да им направат разлика ако ги зема или не година време. За цело работно време воопшто не се исплаќа особено кога нема квалификации. Тогаш џабе мачење е, повеќе данок ќе плати. Има различен даночен систем и даночни такси Германија за разлика од Мк. Во моментов што она не работи и се во брак, он плаќа помалку пари за данок. Доволно е месечно само таа разлика да и ја дава и да се среќни и одморени и двајцата. Мислам пари никој пат доста, тоа е јасно. Ама не и по секоја цена. Особено на почетните степени јазик, потребно е екстремно многу учење и концентрација. Пошто се е ново. Секој збор, секоја примена, секое правило. И ако целиш да го научиш јазикот до некој повисок степен, најдобро е да се посветиш 100% само на тоа. И јас одам на работа сега и земам курс, ама не се споредува со тоа на почетокот. Два пати на недела по саат ипол, испраксана сум сега текстови од 300-400 зборови да пишувам за пократко време. Сега не учам нова граматика и примена, туку финеси, што веќе си ги сретнал и предходно. И полесно е. Пошто го користиш јазикот нон стоп.
Домот не го сочинуваат само финансиите.Ако во моментот е невработен автоматски има повеќе време за обврските дома.И веќе ако бараш 50-50 тогаш треба 50 да мие,чисти,готви.А како па во бракот се сметаат тие 50 посто.Он ќе измие 3 тањири ти 3 или како?
Мажена си? Ова што го пишуваш е нереално. Брак не се дели 50:50. Замисли, едниот зима плата 18 000 другиот 90 000. Трошоците дома се 20 000. На тој со 18 000 му остануваат 8 000, на другиот 80 000. И? На летовање едниот може у Дојран, другиот на Бахамите..( ако и за одморот треба да се учествува 50:50) Има моменти кога е 100:0, 70:30
Луѓе во денешно време мора и двајцата партнери да имаат финансии незнам што не е јасно.. А и со една плата ништо не стига се е скапо.