Пример ако е во питање болест, мало дете онда да, а вака сами слободни, здрави прави, за еден курс, па сите одат на курс и работат, курсот не ти трае цел ден 7 дена, можеби еднаш до два пати оде во неделата по саат време.
Девојче ти животот незнам како го имаш сфатено ама не оди се по планот.Не дај боже еден да остане инвалид,падне болен,сообраќајка,итн животот ти се менува од корен.Ќе го оставиш ли партнерот зошто не е способен дома да придонесува со финансии.Бракот не е за еден ден,ќе имаат двајцата партнери успони и падови,они се тука заедно една целина да се туркаат за се.Значи пак кажувам се во договор,со отворени карти.Колку ли фирми се затвараат,луѓе без кров над глава остануваат.Финансискиот дел е менлива состојба.
Јас кажав еден период бев на грбот на маж ми ама и двајцата се жртвувавме, немаше излегување, на кафе да одам ми беше мисловна именка, носев тоа што го имам затоа што гледав дека стварно едвај крај со крај врзувавме.
Јас зборувам за случајот на девојчето, здраво, право, во цутот на младоста, па и дома да седеш арно не ти е досадно.
Тука си се зезнала. Има плата и има плата . И те како може со една плата да се стигне и да не ти е скапо. Глеј кај и со кого се мажиш . Знам дека сум оф топик, еве сама ќе се пријавам да ме избришат, само аман недокажана не сакав да останам .
Се' e ствар на договор. Ќе речев да лежела дома и да чека пари од него не е во ред, ама па и така се можи ако им одговара. Ама договор значи на двата да им одговара. Многу должење за ништо. Не знам како можи сам да не се свестил, ама ај да речиме глуп е не му текнало. Ќе му кажиш отворено и готово. Е од ко ќе кажиш и ко ќе видиш реакција тогаш или имаш или немаш проблем. И јас сум како членката, чекам некој да ми прочита мисли, а нема, па после ми се бери и ем сама се нервирам и се јадам, ем другата страна на крај ќе го добие дебелио крај оти не прочитала мисли. Зборајте, нема друго.
Е тоа е тоа таа се надевала и очекувала дека ќе се мажи за некој со голема плата и ќе ужива а тој имал други планови. И проблемот е пак во недоволната комуникација.
Триста мислења на темава, а девојчево не го ни прашала маж и' за пари. Само претпоставки, го срамнивте со земја човекот. Може благе везе немаат муабетиве. @Lalija2 Аман жено седни разговарај, маж ти е, ако со него немаш слобода, со кој ќе имаш. Седни зборете. Ако стварно не сака да ти даде пари, тогаш ништо од него да не очекуваш во животот.
Абе види треба и ум и способност да уловиш и задржиш некој шо добро печали. И то ти е работа . Башка па и да е помлад две три години од тебе, па да има и висока академска титула. Па и школо да ти плаќа. Мислам не знам како да ти кажам, стварно не е за сите . Модератор ај бришете ме, слободмо и бан. Џабе цел ден одмор имам ко дремам без везе, ај врне надвор, бар немам нечиста совест.
Ако се надевала на тоа, немало да заврши тежок факултет (жената пиша дека е биоинженер), ниту ќе си губела време на интензивни курсеви со цел што побргу да го научи јазикот и да се вработи по струка која е многу добро платена патем кажано, туку ќе си занимавала со шопинзи, фризури и нокти. А можеби баш и нејзината перспективна струка го плаши сопругот, може не сака да ја изгуби улогата на единствен breadwinner во семејството, кој одлучува за се, па вака ја саботира, не знам, само една претпоставка.
Да. Маж ми е, семејство ми е. Дел од нашето цело. Ако рече дека мора така, и имаме пари за тоа, нека учи. Прво што ќе направам, него ќе му дадам картицата, оти ми значи како се осеќа. Јас со години барав пари од маж ми, па навикнат од тогаш, иде дома и се вади од џебови на биро за д а не му остануваат парите у џеб, да има да земам. Мојата плата идеше само за кредити. И да нема за улошки? И он бил без работа, и не се сеќавам еден ден да немал пари. Сум префрла од мојата на неговата картичка за да има у секој момент. Ќе отиде надвор, да му рече некои ај на пиво, и да нема да седне, да с е срами. Тука може станува збор за бесчувствителен човек, немарен, невнимателен... Може не е скржав, само глуп малце и треба да му кажеш за да сфати. Може да треба само да му се објасни и не ја сфаќа ситуацијата. А и не знам како може на некој да му е срам од сопствен маж, мислам... Еднаш неделно барем пи*ката ти ја гледа, а срам ти е пари да му земеш за живот.
Аман девојче, аман! Ако сака дома ќе седи и ќе луксузира и нема да работи, ако така се договорени и двајцата и се среќни со тоа, која си па ти да кажуваш која е принцеза и да и креираш распоред кај можела работа да вметне. Боже боже! Некогаш стварно не знаете нос да си чувате подалеку од туѓи животи. Ова што ќе го кажам сеа може да здоболи ама еве некоја би работела, некоја нема да работи тој период на адаптација и учење и тоа нема да ги напраи нешто многу поспособни тие што работеле, ниту се нешто подобри. И двете одлуки се сосем легитимни, се додека сите инволвирани страни се среќни. Нејзиниот проблем е друг. Ако таа не може да се потпре на сопругот, немаат солидна база за комуникација, тогаш бракот и нема иднина и тоа е она што моментално ја загрижува. Сепак решението мора да си го бара во разговор со сопругот, без разлика на крајниот исход.
Дупла картичка е на една сметка. Сите пари на една сметка и две картички. Јас така имам направено со татко ми. Побарај си.
Јас стварно не разбирам како можи да нема осет чоек за... брачен партнер и да не му дај пари, ми делува на ок жена шо не троши на сите страни, па ај да се пази и чува... Или е надупен од својте или е во некој негов свет каде тој пали гаси и сите сакаат да се зависни од него.