Е браво за тебе. Само што темава не е за фалење колку си успеала да завршиш во еден ден, туку за брачни проблеми. Кај женава има проблем, па сега и да се секира и да си набива комплекси дека не е супер жена како супер жените на форумов.
Мислам дека @hellocity треба да се стави на игнор дур не замете модератор малце. Нека трола сама со себе. Што се однесува до реалниот проблем на @Lalija2 . Како и сите други членки би те посоветувала да разговараш. Тоа за мене е основата на една здрава врска, брак, било каква меѓучовечка релација. Нема што да се чувствуваш дека просиш од маж ти. Па побогу маж ти е. За мене е најблиското нешто, мое семејство, прва личност и за добро и за лошо. Јас никогаш не сум за играње игри, па да чекам да му текне и слични стратегии. Кај мене е црно на бело, и ете функционираме за среќа. Би го седнала и би му кажала најотворено, дојдов тука ради тебе. Не сум мрзлив човек и тоа што во моментов не заработувам е затоа што имам повисока цел - да научам јазик за поубава работа по струка (ова ако случајно заборавил со кој се земал и како сте се договориле дека ќе терате). Кога веќе ми кажа дека се што е твое е и мое, нели сметаш дека сега кога сум со никакви примања треба да имам дел од твојата плата, или картичка, која ќе ми ги покрива основните мои потреби. Едноставно постави му директно прашање и соочи го со ситуацијата се дур не изнајдете решение. И на крајот... мораш да разговараш за ова уште сега зошто колку побргу го дознаеш "проблемот" или "причината" за ваквото негово однесување, толку побезболно ќе биде без разлика како ќе одлучиш ти понатака да тераш. Се друго е мачење, нервирање, и останување во лош брак без комуникација кој во иднина нема да станува подобар, напротив.
Тоа никој не го оспорува ама живот не е рамна линија. Секогаш има ups and downs. Јас не оправдувам седење дома без причина ама се додека се работи на нешто што подоцна ќе донесе бенефит за истата таа заедница не гледам нешто лошо во тоа двајца партнери да си бидат подршка еден на друг, зарем не се заколнуваат за "и во добро и во лошо..." или секој по својот пат, па после ќе се сретнеме некаде...
Значи ја сум татина принцеза затоа што седам дома и чувам дете и гледам куќа пошто детето на 1 год и 2 месеца почнаа антиб да не му делуваат од што е секоја недела болна во градинка?? Или по твоето муж ми треба да не остаи без скапан динар пошто јас во моментов не заработувам гледајќи го и неговото дете? Да и јас мислам дека секој треба да придонесува 50:50 ама ајде кажи ми ти во оваа ситуација како кога нема кој да ја прочу а 1 саат а не секој ден по едно раб време?
Др ситуација е тоа и е сосема во ред, ама во нејзиниот случај они немат дете и се прави и здрави. Го прочита нејзиното мислење или само да се пише нешто. Неможеш на некој да му ставеш нож на шија да ти даде пари..Не сме сите програмирани исто да размислуваме, мене ми е глупо да сум у странство дома затворена само на курс 6 месеци без евро.
@Lalija2 Вие имате проблем со комуникација но твојот би рекла има и некои други намери. Ова што ти го прави не е само безосетно туку и нехумано. Да немаш 5 евра во тебе. Па зошто молчиш? Не знам до каде си со учење јазик и кој степен ти е потребен за да работиш во струка, ама додека учиш најди бар парт тајм работа од 4 часа да не бидеш без пари. Да не заглавиш да бидеш дома ,да дојдат деца и да живееш од детски додаток. Иако овој твојов е за оставање.
Дечки, не сум никаква принцеза и не сакам да одлучувам за “неговите пари” , не одам два пати неделно на курс по еден час туку секој ден со тоа што од понеделник до четврток се оди на нормални часови (4 часа дневно) а секој петок одам на усна вежба и зборуваме 4 часа. Во меѓувреме патувам до школото околу еден час во еден правец. Секако тука има учење плус дома, домашна, и стручен јазик за мојата професија. Кажав дека ќе чистам по станови од следниот месец ( потпишав договор) и ќе работам 8 часа после курсот. Дојдов тука за да бидам успешна а не да спијам по цели денови. Проблемот беше што од сопствен маж немам поддрша. И дома кога бев не се луксузирав, сега уште помалку. Луксуз не е храна, карта, кафе.
А ја сум трачарка со аспирации да станам Достоевски. Еве ве, ако знаев дека имам такви аспирации. После форумов не бил едукативен. Човек учи по нешто ново секој ден. Чак и за себе.
И така, ќе акаш 14 саати, за што? За да и докажеш на Хелоусити дека можеш сама и за 400 евра во џеб? Не е тоа проблем, ама глупо е, и губење време. Пошто најконструктивните коментари во однос на пари, учење јазик и даночни олеснувања ти ги даде @јolene . И секако, можеш од утре да работиш за 400 евра, или да научиш јазик и позадутре да работиш за 4000, на пример. Е сега, ако не знаете да комуницирате во бракот или тебе бракот ти бил само опција за бегање, па не гледаш иднина во него, тоа си е твое.
Како е губење време и глупо да работи 4 часа? Курсот е 4. Тоа е 8 часовно работно време. Па мора Билјарке да работи и да учи. Зарем треба да го моли за пари? Па таа може уште 3 год да не го научи и положи јазикот за да работи по струка. Цело време треба дома да биде? Да биде издржуван студент без 5 евра во џеб?
@Lalija2, ама ако не разговараш со него отворено, проблемот нема да го решиш и да се вработиш. Една членка убаво објасни погоре, кој ти гарантира дека ете и 500 евра, па и 1000 да ги земаш нема да ти каже, аа сега си вработена, ај по пола сметките и пак да немаш за себе. Зошто не е исто во брак пр. од 3000 евра негова плата пола за сметки и од 1000 евра пола за сметки. Осет и заедништво треба да се има.
Да го прочитав. Ако се брачни другари некој пат треба товарот да го поднесе едниот брачен другар др пат другиот. Не само материјално.
Да разговараш со мажот... и многу ми е жал што вака се однесува, ова не е одлика на добар маж, се надевам дека само грешам.
Не е било каков студент, туку жена му е Во брак нема мое твое, јас те издржувам, ти ме издржуваш. Мислам... дај не забегувај со мислењава жити се А штом дошло до тоа да го моли за пари, се знае колку е саатот! Само, девојчево треба да одлучи што и е целта и каква иднина има замислено. Ако не и е важно да остане во Германија, тогаш најпаметно е да се врати во МК, а ако сака да остане и да работи во Германија, тогаш нека стисне заби, нека работи било што додека не застане на нозе и после нека го шутне шутракот пошо тој подобро и не заслужува.
Поголем проблем имаат. Не разговараат, се срами да кажи на мажот или само си бара изговор. А тој или е смотан (шо не вервам до толку) или го прави свесно, што значи утре кога би имале било каков проблем, нека не е финансиски, нема ни да ја погледни.
Ете уште еднаш со математиките и престанувам. Не за друго, оти секој сам треба да си одлучи. Курс 4 часа на ден плус домашно 2 часа најмалку, плус 1 саат по правец рече дека и е. Кај е времето за да зготви, јаде, одмори... Е сега ако работи полно работно време како чистачка, од прилика е 1600-1700 евра просек, зависи у која покраина, БРУТО плата. Пошто маж и е подобро платен, он ќе биде даночна класа 3, а она 5 за да имаат повеќе приходи во заедницата. Поинаку не се исплаќа пошто, он ќе плаќа премногу данок. А тоа нема да му оди во прилог. Што значи дека она НЕТО ќе зема околу 1000 евра, а ќе работи 40 саати на недела. Епа ако работи секој ден плус курс, не знам од кај време. Вајда нема да спие. Па да не зборувам за време да има ако сака да излезе на кафе или ручек со пријателите од курс или некои роднини. Значи социјален живот 0. Кога и како она ќе се интегрира во општеството не знам. Времето за да го научи јазикот во овој случај ќе се пролонгира со сигурност. Втора можност е да работи 43 саати на месец, значи околу 9 саати на недела. Да зема 520 евра на месец, кои не подложат на данок. Што ова е далеку подобра опција. Ама дали со тоа што она ќе почне да работи, ќе се сменат односите меѓу нив не знам. За мене е бесмислено за вакви ситни пари, да се прават драми низ дома. Инаку со интензивен курс и 100% посветеност, за околу година ипол се стигнува до Ц1. Ако веќе она мора да се измачи и измалтретира, за да постеигне повеќе, за да имаат повеќе во иднина заедно, која е всушност целта само она да прави жртва и да вложува. Аман, ако сам не се цениш и почитуваш, кој друг. Јас искрено од никој друг повеќе у живот немам очекување, и се едно ми е кој што прави, ама од маж ми имам. Како и он што има од мене. И како што сум тука за него безрезервно и се ќе направам за него, очекувам и он за мене. Ама да ме прави будала у прв момент го шуткам и се што ми следува по закон ќе си зберам. Оти сепак колку и да го сакам, себе си се сакам повеќе и не сум глупа некој да се изживува со мене. А во брак се! Мислам нема поента, ако не се у сотојба отворено бар да разговаат за своите потреби. А дека он е толку глуп да не му текне дека нејзе и требаат пари, ахам да, секако.