Го кажуваш тоа од лично видување/искуство или само затоа што така си слушнала од некоја комшивка што не успеала во друго па според неа странците ги работат само "нечистите" работи па и таа нема избор? Моето петгодишно патешествие по институции, клиники и сл. во Германија кажува нешто сосема друго. Од медицински сестри, бабици, лекари, економисти, информатичари и сл. нема во сектор во кој нема да најдеш наши. Нашите дипломи ни во Мк не ни вредат нешто посебно а не пак надвор ама затоа има личности баш како оваа членка кои решиле да се потрудат, да инвестираат и да стигнат до некаде. Е сега, тоа не е баш лесно како два плус два. Треба учење, време и посветеност целосна. Токму тука и фали подршката од тој којшто најмногу треба да и ја даде. Тие што остануваат вечно да чистат вц-а се тие што на почетокот се полажуваат кога ќе видат повеќе пари од Мк и се посветуваат само на печалба. За нив е губење на време и пари учењето. Сами сте контрадикторни, ем нашите ги бива само да чистат ем не чини ако некој сака да учи. И не е точно дека фалат само физички работници, напротив фали најмногу квалификуван кадар. Секој може да чисти ама не може секој во медицина или ИТ да работи.
Многу ми е жал што не испаднало добро по тебе. Ти одеше кај него,а тој доаѓаше наваму ?или не му се трошеше пари на летови? Девојче,штом не ти дава пари,не ти дава картичка размисли како понатаму. Тешко ке ти биде. Твоите знаат дека не ти дава пари?
Маже Че ми речите вака така си нагаѓам, ама овој сака да бидиш зависна од него, ако имаш дури и подобро платена работа од него, душата ќе ти ја извај.
Којзнае тој што очекувал од бракот и што си мислел. Што план сте имале и што те мотал? Не дека ќе врзам некого за мене со ортома, ама ние кога сме се земале, сме го користеле секое слободно време да бидеме заедно, а не брачниот партнер да ни го пополни просторот и времето кое нема со кого друг да го пополниме .
Точно тоа и го прави. Сега е зависна од него. Утре ако се вработи,нејзините пари ќе бидат заеднички,а неговите ќе бидат негови.
Доаѓаше и тој, во врска беше друга личност. Моите не знаат, не сакам да ги нервирам и преку камера да им кажувам вакви работи. Тој зборуваше дека има пари и три деца да чува сега, дека ме треба да работам било што, тој бил тука за се, да учам јазик и да не мислам на друго…
Ги прочитав скоро сите мислења. Според напишаното очигледно е дека не сте доволно блиски со партнерот. Пред да се стапи во брак се разговара отворено за се, буквално. Тој треба да е свесен дека тебе ти требаат пари и да остава барем половина од платата да има дома ќеш да си земеш кога ти е потребно, а не постојатно да бараш од него. Искрено и јас би се замислила со каков човек сум во брак доколку сум во ваква ситуација.
Вака да те подучам нешто. Во живото никогаш не треба да се сведиш да бидиш зависна од некого. Мислам дека отстарт си имала мајндсет таков демек тој пари ова она, ама глеш за ситни работи шо ти прај? Земи учи го јазикот и што и да ти е професијата и осамостои се. Јас обично бракот го гледам како безрезервна поддршка еден на друг, ама се повеќе и повеќе гледам дека грешам и сум романитизирал многу. И по извесен период преиспитај се мажот всушност кој е, оти гледам дека те чудат овие работи.
Епа земи,ете иако не можеш и не сакаш прави се и ти на три ипол и почни новчаникот да му го вадиш од фармерки од палто нека си стои на видно место и земај си,или ако не е тука прашај го: кај ти е новчаникот да си земам пари Јас мислам дека преувеличуваш со тоа што ти е глупо од сопствен маж да земеш пари да побараш а тој упорно вели дека тоа може да го правиш кога ќе посакаш . Ако е брак засонован на здрава врска и љубов вакви глупости не би биле пречка за да се стегаш па дури и љубовта кон него да ја изгубиш.Не знам
Во тој случај кажи му јас да знаев дека вака ќе биде ќе си останев во Македонија на струка ќе си работев и ќе си имав свои пари. Јас ради тебе дојдов ако не пак дади му предлог да се вратите во Македонија.
Искрено совет размисли си дали можеш со тој човек да живееш, затоа што за добар брак треба да имате добра комуникација. Не е работата само да си во Германија. Искрено според мислењава добив претстава дека си се излажала поради приказните на маж ти, нема да треба да работиш јас имам доволно.
Разбирам. Мислам дека сте избрзале со одлуката за брак и сега имаш три сценарија. Првата да го оставиш и да се вратиш назад,додека не дошле деца. Втората да останеш , да се мачиш уште две год.колку што претпоставуваат членкиве од дијаспора дека ќе ти биде потребно за јазикот, да подработиш нешто додека најдеш солидна работа па да го оставиш.Но е долг период. И прашање дали ке биде година ипол-две. Не секому исто одат јазици. Имам другарка лекар која не го научи доволно германскиот за да работи ко лекар,со три деца ја напушта Германија, не сака да работи друго што е нормално, а не сака ни да биде домаќинка и да живее од социјална помош за децата. И третата, да останеш во Германија зависна од типов што не ти дава пристап до картичка. Да запоставиш и работа и школо,и да му родиш деца.
Абе истото ова му го срочи и него. Не може да те остави така. Па семејство сте. Во брак нема мои, твои пари. Домаќинство треба да се одржава. Ми ги троши мојот парите, му ги трошам, никогаш не сме дозволиле да биде тоа дискусија некаква. Некогаш имаме повеќе, некогаш помалку. Некогаш знам да претерам, некогаш он не знае да излезе од кафана. Ама буџетот дома тој ни е. Ако некогаш треба поголема работа да се купи, ја давам платата па од другата се живее. Не си отишла таму ти да просиш, па ни чистачка да биваш. Ако продужи ова, нема на долго да функционирате и можеби стварно е решение да си тргнете секој по свој пат.
Во целата ситуација само ти си жртва, си оставила добро платена работа, убав живот, мир и спокој, семејството си го оставила за нервози, беспарица, непознато место..
Изнапишавте еден куп страни, а уствари излегува дека они двајца немаат комуникација ко што треба. Ете и дал 200 еур, за некој ден пак нека му побара, сигурна сум пак дека ќе и даде. Да беше тој толку скржав, немаше 200 еур да и даде, или ќе се направеше лом со неа и немаше да и даде ништо или ќе и дадеше 30 еур пак. Знам што значи скржав човек, а овој не личи до толку дека е таков, туку дека немаат комуникација. Мм никогаш не ми рекол имаш ли пари, знае дека знам каде се, си земам. Може нејзиниов не му текнува, можда е дебел во главата, можда мисли дека она си има уште свои пари. И како тоа ја тера да оди со метро, а она нема пари? Како може да ме тера некој, а ја да не му речам дај ми пари, да чекам да му текне сам? Кога гледам не му текнува, ќе му речам