Јас мислам дека мораш отворено да разговараш со мажот ти Лалија. Ова не е некој лесен проблем за решавање еднаш и два пати, значи живот делење е. Се уште сте на почеток замисли ќе имате деца па се разболило па требало нешто а ти него цело време ќе треба да му ги правдаш каде си ги потрошила парите. Значи мора подлабок и подолг разговор да имате бракот не е играчка.
Му викаш дека ти требаат пари и не ти остава или ич не му кажуваш? Тој нема осет дефинитивно, ама и ти да не си пасивна, да не не кажуваш тоа што ти треба? Не го оправдувам, ама може само не му текнува, смотан е, а не скржав.
Неколку пати кажав дека немам, не ми остави (изумил) . Еднаш тој ѓе праша кажав дека немам и пак заборавил да остави. Зборувавме пред ден/два тврди дека не сум во право и на лице место ми даде 200 еур, ама не прифати да направи дупла картичка.
Имате можност еднаш месечно да ти дава кога ќе земе плата? Да се договорите за одредена сума и да нема, заборавив, не ми текна.
Не знам друго, само сакав да ти кажам да не се споредуваш со никој. Ако во бракот на членка од тука функциираат со дупла картичка, не мора сите така. Секогаш кога се споредуваме со друг си отвараш нови проблеми. Секој си функционира онака како сака. Читам тука и со голем дел се согласувам. Би ти рекла без драма, да не бараш секој ден додека сам да се свести, да не кажуваш одоколу, да не се мачиш и да ќутиш туку...еве седни го сега пак и лабаво кажи си се' шо кажа тука, но без напаѓање. И уште ова. Не сум во брак, но знам дека кога бев помала многу ми беше срам да побарам од дома и уште ми е. Ми давале секогаш, ама и 100тка повеќе од тоа да ми требаше немаше да побарам. Значи не е нивна вина бидејќи не им се сонило дека ми требаат 200 а не 100 денари. Можи имаш голем проблем, можи е скржав, можи утре со дете да е уште полошо и да се мачиш сама, но нема да дознаеш овде. Мора да посветите 30мин на разговор на темата.
А што па си се фатила за таа дупла картичка, ете не сака да направи и не го терај со сила, кога сам ќе посака ќе направи. Еве за почеток направи план колку трошиш за цела недела за превоз до курс за кафе, сок и ужинка и во недела ќе му кажеш од понеделник до петок/ сабота потребни ми се 200 евра за тоа и тоа дај ми толку пари да не ти барам секој ден. Ако не ти даде пак ќе го потсетиш следниот ден и ќе видиш како ќе се одвива целата постапка.
Се согласувам. Убаво пресметај се на лист напиши и вкупна сума и кажи му секој понеделник да ти остава на маса, а не да заборава.
Јас мислам го почнав муабетот со дуплата картичка, па некако се осеќам како должна да дообјаснам зошто ја добив. Не дека некој треба да се споредува со мене. 200 евра или 500 евра според мене во странство се ништо пари, за да се крева толку многу тензија. Мм тогаш имаше стално службени патувања и се случуваше по цела недела тој да не е дома. Во една недела период, се може да ти се случи. Еве на пример излезеш од дома, заборавиш клуч, треба бравар да викнам, ќе треба тие 100 евра мин да ги дадам и после оп немам за леб. И башка што ми е не практично секоја недела/секое утро со кеш да се расправаш. Значи губиш дупло повеќе време, да одиш до автомат и да вадиш ќеш, а сегде се плаќа со карта. Пријателка наша они па имаа друг начин на функционирање. Имаше она посебна нејзина сметка и картичка и сопругот и надополнуваше месечно одредена сума на картичката. На пример 1000 или колку и да можат да си дозволат евра. И така може. Пак си далеку послободен, отколку да си пребројуваш секој пат на каса, дали у моментот имаш доволно ќеш со тебе.
Да не дозволиш на брачен партнер дупла картичка значи дека не му дозволуваш пристап до пари! На Лалија ниту и дава пари ниту и дава пристап. Не е до нетекнување,типов е контрол фрик и девојчево треба да бега од него.
Да ти одговорам на прашањето од пред некој ден. Како ние ја советуваме да не работи и сл? Не ја советуваме ние да не работи, сите ја советувавме да седне и да разгова со него. Да се најде каде лежи проблемот и да видат дали можат да најдат решение. И сите споделивме наши лични искуства. И дека такви ситни пари од 300-400-500 евра на месец не смеат да се проблемот во бракот, особено што тој заработува солидно. Значи не се без приходи и да направат огромна разлика тие пари. Тој дури и во ќар е она што е таму. И финансиски дури. А ако она сега работи без квалификаци освен што нема да може да се концентрира на учење како што треба и да фати услов за следен курс, нема којзнае колку да заработи. И на почетокот е најтешко ем шо не знаеш јазик, треба адаптација на средина, па бар да имаш малку време да најдеш пријатели. Да не се осеќаш фрлен негде на некој крај, кај никој нит знаеш, нит познаваш, нит разбираш. Она направила жртва заради него да отиде таму. Може и он да направи малку компромис за на неа поудобно да и е. Тука имаат они многу за разговарање. И убаво е според мене што имаше шанса да прочита различни мислења, да види дека не треба да е така, како што и е моментално. Дали фали љубов, дали доверба, дали разбирање...како и што она сака да направи и која и е целта/дали е целта Германија или среќен брак. Тоа се прашања што сама треба да си ги постави на себе и следствено акции да си превземе.
Не е се така црно бе луѓе, чим не ја одвел мајка му таму да им води економија. Шала на страна, ти не си малолетна, иди во банка и отвори си сама сметка или пак имаш и онлајн банки каде од дома можеш да отвориш сметка за 5мин. И твојата плата на твоја сметка нека си иде. И како што вели @Mantub кога тој нема осет биди досадна сега за сега. И еден апел до сите девојки, жени итн. никогаш ама апсолутно никогаш не дозволувајте да зависите од некого барем не во денешно време, турското помина одамна. И кога веќе се мажите поставете си граници уште на старт, подоцна е предоцна.
Најнова случка. Ви кажав ми даде 200 еур, купив чизми 49 еур. Ми останаа 150. Денес излеговме и ми кажа немам кеш дај ги парите. Иако имаше банкомат да извади. Повторно сум на 0. Сега пак треба јас да се молам. Значи хаос човеков.
Зошто да ги вратиш парите? Секаде може и со картичка да се плаќа. Твојот сопруг сака ти да зависиш од него и тој да има контрола врз тебе. Очигледно е.
По се ова напишано, мене ми стои дека човекот се коцка. Ај провери си ти убаво што прави тој и каде оди. Гарант ќе испадне нешто. Прашај паталец, не гаталец. @Lalija2